Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.606 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Да, и од тој аспект сум задоволна, јас испаничив поради крварењето и човекот го удавив, после ми беше срам да му се појавам на преглед :tmi:
     
  2. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Ви благодарам женски, ќе се јавам за кај него да закажам. Па со Господ напред.
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Не се плаши за физичка болка, јас не осетив никаква ама баш никаква болка, за 15 мин те будат, малце те држат да се убаво освестиш и си одиш. За психичката болка за жал таа е, ама мора да сме силни, наредната бременост успешна ќе биде. :l:
     
    На mona2022 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Супер поминав имав силни болки ама ги издржав и плус што гинекологот ми рече да пијам кетонал само 3 часа траеа болките вчера бев на контрола и исчистена сум целосно само што уште крварам ама ќе помине и тоа а супер се чуствувам што поминав лесно
     
    На Sonjuska36, mama*rose, GoldLeo и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Супер, баш ми е драго што сè заврши добро:hug:
     
    На Unicorn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    ајде вака кога ми правеа киретажа(мораше) никој ништо не ми кажа за последиците, сега во втората бременост до 7 недела некаде имав секој ден болки во долниот дел од стомакот и сигурна сум дека беа од оштетената матка бидејки е гребена ја прашав матичната вика немаат врска болките со киретажата(или толку разбира) во првата бременост никогаш не осетив ни најмала болка иако кратко траеше 7 недели и 5 дена. сега беше се во ред од 7ма недела ниедна болка за да во 18та недела 3 пати јаки грчеви во јајниците бев на доктор рече омекнато грлото на матката но е затворено, страв ми е да не ми се скратило грлото од претходната киретажа 3 пати барав да ми го мерат не сакаа рано било ☹️ денеска сум 19 недела и 1 ден и имам болки цело време во стомакот не поминуваат лежам цело време пред 3 дена бев на лекар ке одам пак за некој ден таман помислив дека чим влезеш во 4 месец бременоста е сигурна оп постоел и касен абортус во 2ро тромесечие треба уште пред да сме трудни гинекологот со се да не запознае а не сами да дознаваме се и да се трауматизираме ☹️
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.125
    Пол:
    Женски
    А зошто да те запознае со нешто што може и да не се случи. Нема да ти е полесно ако цело време стрепиш и се плашишда не се случи нешто, верувај. Постојат и грешки во здравството, не викам не, ама немој со толку недоверба, имај верба во докторот, или одбери доктор во кој ќе веруваш. А болки, па сите имаме, ете и јас имав денес а сум 26та недела веќе, нормално е, се шири матката, а не можеш да споредуваш прва и втора бременост бидејќи различна поставеност на плод, сега и мускулите се полабави, ти може имаш помал праг на толеранција на болка, се е можно. Уживај во бременоста, нема ништо да ти донесе стресот. Ни ехо на секои 3 дена е сигурно дека се ќе биде во ред. Одмарај чим е омекнато грлото, внимавај малку и се ќе биде во ред. Со лесно!
     
    На MinnieM, Meckicja и snowqueen им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Не ти беше киретажата со вакум? Каде ја правеше?
    Како што ти кажаа погоре, болки може да се има цела бременост затоа што матката се шири. Јас во 7 месец имав болки, дури кривев цел месец а имав нормална бременост. Не се плаши, ако мислиш дека докторот не е добар побарај мислење од друг, мирувај колку можеш, и слушај доктори на кои им веруваш. Ако така гледаме ризик секогаш може да се појави недај Боже. Гали меше и опушти се колку можеш повеќе.
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    киретажа во чаир класична бидејки се сомневаа на моларна бременост добро поминав но еве сега во 19 недела проблеми☹️досега не сум имала болка ова наеднаш ми дојде стомакот ми е бааги пораснат па не сум имала болки да речеш од ширење на матката и. т. н туку стравот ми е да не ми е оштетил цервиксот од киретажата па сега да е скратен и затоа да се болките а некеа да ми го мерат ни матичната ни државна ни чаир од друга страна многу жени после киретажа имале нормална бременост и родиле здрави деца, инаку одмарам и ке одмарам до нареден преглед за некој ден и скрининг втор имам наскоро
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Прво мисли позитивно, второ појди си на уште едно мислење и замоли да ти измерат должина на цервикс, на приватно ако треба плати. Многу жени со претходни киретажи имаат следни успешни бремености. Чим грлото е омекнато треба да се следи не може да ги игнорираат твоите барања, смени лекар ако треба.
     
    На snowqueen и Meckicja им се допаѓа ова.
  11. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Колку време после абортус остануваат симптоми на бременост?
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Кај мене околу една недела.
     
    На mona2022 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    А дали треба да се крвари, јас втор ден немам ништо само розевкасто на бришење. Не знам дали е нормално?
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Нормално е, јас имав минимално една недела, па после 2 недели пак ми се појави. Бојаџиев кажа дека нормално било има, па нема, додека се среди. Циклус добив околу 40 ден. Да знаеш дека нема на време да ти дојде, доцни 2,3 недели да не се плашиш. После 3 недели оди на контрола, ако имаш потреба и порано секако. Во извештајот сигурно ти има пишано.
     
  15. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Фала ти, јас скроз снемав откако пиев капки еве веќе од синоќа. Не знам дали ќе се врати пак или не. Ми рекоа за 14 дена контрола ама ќе појдам порано да видам дали е се во ред.
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Не е страшно, ако ти е на мисла ќе одеш и порано, не се плаши, кај Бојаџиев беше?
     
  17. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Не, кај Шуплиновска некоја. Не ми се чекаше па реков кој ќе се падне тој истиот ден отидов.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.125
    Пол:
    Женски
    За почеток од овде дојди во труднички муабети и не се сеќирај повеќе. Се ќе биде добро!
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sonjuska36

    Sonjuska36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Може некој што поминал да ми каже нешто повеќе за абортус со таблети.Прва таблета испиена што ме чека понатаму кога ке испијам уште две? Да се спремам :)
     
  20. Die young

    Die young Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мила како помина ? Добра си
     
    На Sonjuska36 му/ѝ се допаѓа ова.