Потрагично ми е да гледам млади под 20 години,се земале само заради дете. И ајде зурли тапани децата направиле дете. И после шо правиме? Како тие ќе го гледат ? Од кај пари за да му обезбедиш основното на тоа дете? Свекорот и свекрвата работат како луди на стари години,таткото вози камион или е оден у странство и го нема да се прибере ни за роденденот на малото,мајката се сама,и то само натаму наваму-гледаш малата ја шминка,цигари и дава,како некоја кукла и е-занимација си имала женската,ногу се замара да направи човек од тоа дете,да го научи на нешто. Ете,јас имам многу другарки шо се земаа многу млади и си имат деца сега. И гледам како стојат работите,со мажот,со детето и ми се плаче. Затоа не викајте дека кај за една уста има таму и за две,има многу повеќе од тоа. И секој си има право на избор. Да се гледаше друго на работите кај нас во врска со абортусот немаше да биде така,немаше децата да гледаа деца. Секој има право на избор,и ние не треба да го осудуваме. Негово дело,негов избор шо ќе прави.
никого не би осудила секој си има право на избор но јас лично сум против абортусот па тоа е исто како да убиеш некого
Како прво не гледам ни турски ни шпански ни индиски серии.Како второ самата тантела кажа дека му простила го сакала и решиле да продолжат и двајцата заедно но се одткако другата жена не прифатила абортус и нејзините родители се против и не ја поддржуваат незнае што да прави.Разгледај и ги другите мислења во другите теми колку само се радува на бебето и колку се плаши кога почнала малку да крвари и колку се израдува кога и кажале дека е се во ред со бебето.Таа не ни сака да абортира само во таков момент што нејзе и се случува човек на се ке помисли.И мислам дека само бара некој што ке ја поддржи во тоа да го задржи бебето.И тешко е да простиш неверство ДА.Но тој признал и се кае секој прави грешка.Луѓево што се разведуваат треба ли да си ги убијат децата?Ова дете е веке создадено ја мине и 13недела значи не е ни само фетус како што некој сакаат да ги наречат.Бараше девојката совет и мислење јас го дадов најдобронамерно никој не осудувам акл сакс нека прифати ако сака немора нејзина е одлуката.А со другите што не го имаат истото мислење немислам да се инатам и објаснувам до недоглед.
тантела срцка прави како што мислиш дека треба ако мислиш дека ке ти биде подобро ако абортираш тогаш абортирај ако мислиш дека ке ти биде подобро да се омажиш за тој човек што го нарекуваш вереник тогаш омажи се за него иако викаш дека си му простила не заборавај дека позади неговата грешка ке се роди бебе кое што ке треба да го издржува да го зема на викенди да ги слави родендените со него да го зема за празници а ти ке треба да бидеш тука покрај него и да му бидеш како мајка на тоа дете пошто кога ке дојде за викенд ке треба да го гледаш и твоето и нејзиното дете за вас може и ке има и ке нема пари али за него ке мора да одели месечно алиментација и не е само кај со има за една уста има и за две јаденјето е најмал трошок кога ке почнат родендени крштевки па се разболелео па сирупи вакви такви па тргнале на школо па книги работни алишта ташни патики чизми винтијаги е тогаш ке си ја тропаш главата кога за твоето детете ке нема а за другото ке мора да има ке мораш да работиш и да придонесуваш а дел од парите ке мора да оди во алиментација незнам како ке легнеш со него кога знаеш дека се валкал со друга па и дете и направил шо ебач ке беше овој кај оди деца сее секаде сепак ке напоменам дека не те осудувам напротив те подржувам било која одлука да ја донесеш и со самото тоа што си му опростила си докажала колку големо срце имаш ти но знај нели и она не сака да абортира значи го сака превише и она и верувај и она како ти ке се бори да го добие него а бидејки и двете ке имате деца од него шансите ке ви бидат исти пак ке речам ти ја посакувам сета срека на овој свет и се да излезе ок па пиши ни да знаеме како ке се одвиваат работите кај вас
Ама ситуација, да не си во кожа на тантела Јас би го мразела вереникот доживотно за вакво срање. Ако реши да го абортира, вереникот може ќе се сврти кон бебето што ќе остане и наеднаш другата особа ќе си добие и маж и дете, а тантела ќе си остане со голема тага и разочарување. Можеби другата тоа и чека,да го добие за себе, откако тантела со причина ќе го остави. Ако го остави и вереникот и се откаже од бебето, може ќе запознае во иднина нов маж со кој ќе си бидат едно единствено семејство и ќе биде благодарна на Господ што сето ова е само лош филм од минатото, а можеби ако не се појави нов маж цел живот ќе се прашува што ќе беше... Ако остане со вереникот и го роди детето во пакет добива и второ дете за викенд кое не е виновно за глупоќата на тато му, а си заслужува исто што и нејзиното, не е фер да биде игнорирано и лишено од таткова љубов и не заслужило омраза од маќеа. Ако остане со вереникот и надојдат милион проблеми и финасиски и емотивни, можеби набрзо целата љубов кон вереникот ќе стане омраза кон некој што и го упропастил животот, па тогаш ќе биде подобро да си останел со другата и нејзе да ја упропастел... И сето ова без поддршка од родители и блиски... Секако грозна ситуација што ќе го обележи целиот живот во иднина, тантела со Господ напред и се надевам дека во иднина нема да те мачи тежината на одлуката која треба сега да ја донесеш.
Абортусот остава трајни последици Жените коишто ја прекинуваат првата бременост не само што си го загрозуваат здравјето, туку и здравјето на бебето во следната бременост, открива истражувањето за коешто пишува Дејли мејл. Само еден абортус кај младите жени може да остави трајни последици и да предизвика проблеми во следната бременост, предупредуваат експертите. Докторите предупредуваат дека само еден абортус може да биде пресуден и да направи огромна штета, којашто може да биде и фатална.
Девојки имам голема двоумица... бремена сум скоро месец дена по мои пресметки..усте немам направено гинеколшки преглед. но размислувам на абортус. се осекам многу млада, со незавршен факултет...станбеното прасанје на мојот децко усте не е решено.. а и не способна да гледам дете. да напоменам дека мн се вардевме но се случи. дечко ми е спремен , вика го сакам ако не го сакаш роди го и дај ми го... Дајте ми совет незнам сто да направам а некако и се плашам од последиците од абортусот
мила немој ако дечко ти го сака немој да абортираш нешто најлошо што може да и се случи на една девојка е абортус ти кажувам од искуство
nemoj da abortiras ako si mlada ....se ke se sredi poleka od koga ke rodis imas vreme i fakultet da zavrsis i se so imas vo plan da si zavrsis ako si imas svoi celi vo zivotot.....ako abortiras ke imas golemi posledici najprven psihicki a i fizicki ako dojdi do nekoja komplikacija da ne mozis da ostanis bremena ima mnogu takvi slucaevi ....a najvazno od se e toa sto abortusot e najgolem grev vo zivotot i deka e isto so ubistvo......te molam razmisli i nemoj da donesuvas brzi i nepromisleni odluki i znaj deka sega si majka i vo tebe rasti zivot .....nemoj da go odzemas.....pozzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzz [mod-kirilica:15ku9hto][/mod-kirilica:15ku9hto]
Кога веке си бремена и дечкото ја прифатил бременоста немој да размислуваш на други работи поради кој подоцна може да ти биде мака,знам сега ова ти се чини како целиот свет да се срушил над твојата глава но со тек на време ке се помириш од искуство ти кажувам јас сум мажена од 18 години уште помлада од тебе знам какво е тоа чуство но во овие 7 години во брак никогаш не реков ех требаше да абортирам.Факултетот пак ке си го завршиш ке видиш.Сепак пред да одлучиш размисли многу пати.
ти си млада а јас што да кажам ? па јас кога останав бремена имав само 18 години ама ние го сакавме ова дете, едноставно сватив дека коцките полека полека ке се редат, на почетокот живеевме под кирија , сега сме кај мене дома , понатаму здравје боже планираме да си купиме плац и полека полека да почнеме.. Сакав да запишам факултет оваа година ама бидејќи бебуш ке биде многу мал се одлучив за другата година да запишам , ако се сака се се може.. замисли сега да абортираш, ке завршиш факултет, ке го решите стамбеното прашање и што послем ако не можете да имате деца? цел свет ке ти се сруши пред тебе и џабе ке биде и факултетот и станот и се.. затоа размисли подобро бидејки абортусот не е мала работа ..
Извини немој да се лутиш ама мора малу да те поправам како прво не се замале само заради детето пошто пред да го направат имало љубов и долга врска.Како второ ако немаат во главата ни грам мозок и 40 години да имаат кога ке станат родители детето ке го шминкаат и ке му даваат да си игра со цигари како што нагласуваш.И 40 години да имат родителот ако бил во странство тамо ке биде,ако возел камион пак камион ке вози ако свекорот и свекрвата решиле да му помогнат на своето дете и 40 години да имало пак ке им е дете и ке работат како луди да му помогнат.И неверувам дека повеќето твои пријателки што имаат деца имаат толку трагичен живот како овај што го опиша.Ова го пишувам бидејки и јас сум родител кој на 18 години го роди своето чедо а сопругот имаше 20 и имаме сосем нормален живот работа нормална и дури дојде ред јас ги издржувам старите и им помагам сега како што тие ми помогнале во првите година две во бракот.Секој со својот крст на главата си ја дочекува судбината свесен за своите постапки и одговорен без разлика на годините и да имам уште еден живот пак би го направила истото со истиот човек се исто како во овај живот.И да напоменам немам ништо против абортусот и од одамна ова не е табу тема кај нас.
^Ај поштедете ја темава од срцепарателни слики и раскази. Не сме малоумни како прво. Како второ, фетусот не размислува. Фетусот во првите неколку недели е само зигот плус неколку клетки на пат да оформат ткиво. Абортусот е право на секоја жена која под одредени околности забременила ПРОТИВ своја воља. Колку нездрави бракови и заедници се склучуваат само заради тоа сожалување, кој завршуваат со развод- траума за децата и родителите покасно. Ајде да раѓаме сите на 16 ако не, само за да нема вакви потресни слики и приказни. Не може да знаете под какви околности забременила секоја жена која се одлучила на абортус. Доволна траума и е самиот процес, не мора вие да ги осудувате сите што ќе се појават на темава. Еманципирани жени сте побогу, стегнете се.
Кога најрано може да се направи абортус, молам да кажат тие што имаат искуство, тој методот со вакуум во сите ли приватни клиники го прават? Во Систина слушнав дури во 7 недела дозволуваат.
Абортус со вакуум се прави ДО 6тата гестациска недела најдоцна. А најрано секако што се утврди бременоста. Јави се и прашај си најдобро за подробни информации
Сакав да прашам за абортус со вакуум, нели тој се прави до 6 недела, а во систина рекоа дека дури во 7 месец вршат абортус. ако има некој одговор нека ми објасни
Епа вака немам лични проблеми но сепак ме интересира и сакам да знам во врска со абортусот... Дали абортусот се врши со упут или тоа воопшто нема врска... каде можеш да се обратиш..?? до колку недели се врши абортус.?? и дали можи да се изврши со помош на некои апчиња.?? кои се тие..? колкавна е нивната цена ви благодарам..