Здраво девојки. Имав интервенција лани во јуни со вакуум аспирација во 6та гн и процедурата помина добро, без некакви последици. Циклусот последниве 2-3 пати ми е променет, односно првиот ден кога добивам крвта е свежа и пообилна, без згрушоци, но ми трае максимум 2 дена, и циклусот ми доаѓа на 20-23 дена, а пред интервенцијата ми беше регуларна на 28 дена и ми траеше околу 3-4 дена. Симптоми на ПМС скоро и да немам, освен последниов пат. Правев ПАП во декември, се беше во ред. Хормони испитав исто и тие се во ред. Неколку пати бев на ехо, и тоа е се во ред. Малку сум исплашена што би можело да е, и дали постои простор за паника.
Mislam deka se ti e vo red mene mi trebase skoro 3 godini da se vrati se vo normala posle abortus jas abortirav dekemvri 2017 pa duri 2020 mi se vrati se vo normala
Дали некој може да сподели искуство после абортус за колку време се добива менструација и се регулира циклусот.
Се извинувам не е прашањево за темава но не можам мирно да спијам без да прашам за совет. Имавме однос со дечко ми со кондом+pull out. Но кога го менуваше кондомот во вадењето му се тури сперма на седиштето но избриша и јас после без да ми текне седнав тука. За време на втората партија повторно со кондом откако сврши го извади од мене и седевме така гушнати, ме допре со полниот кондом на вагината но не беше пукнат. Сега дали да пијам апче за дем потоа додека сеуште не поминале 72 часа или не?
едуцирај се и во иднина тие апчињата не ни помислувај да ги пиеш се додека нема реална потреба за нив т е се додека не сврше внатре или не пукне кондом Сега не паничи не пиј апче ама прочитај малце повеке
Jas bev so medikamentozen abortus i dobiv 33 dena od krvarenjeto znaci nekoi si 4,5 nedeli , bev na kontrola posle prva menstruacija i se bese vo red pozdravce
Понекогаш размислувам како би изгледало детето ако не го абортирав. Ќе си имаше и тоа детство, спомени, прва љубов, прв бадник со семејството, прв одмор на море , прв училишен ден, прво излегување во град , прв бакнеж, ке имаше живот.. јас сето тоа му го одземав.. само зошто не сум спремна.. не сакам одговорност, колку само сме себични понекогаш. Душата ме боли ...
Боли но сигурно си имала причина за тоа .И ќе страдаше поготово со овој суров свет ,можеби не е утеха но барем малку да ја ублажиш болката .
Здраво, знаете ли цена на киретажа во Санте? Искуства? Утре имам закажано и прилично сум исплашена и растревожена ко никигаш до сега, аномалија на плодот има и ме советуваа и Димчев восистина и Елма во санте да заврши бременоста поскоро........
Колку после медикаментозно чистење на 5та недела е нормално да се крвари? Крварев неколку денови после тоа намали на оксидирана крв. 14 дена така. Еве од сабајлево повторно крв. 16-ти ден од апчето
Iskonsultiraj se so doktor, mene ne mi kaza kolku vreme ke krvaram rece deka e kaj sekoja razlicno da ne panicam, ako ne e obilno krvarenje sekako. 12ti den krvaram ama poslednite 7 minimalno, me sovetuvaa vo Sistina da ne se banjam so topla voda periodov i stvarno imase uloga vo krvarenjeto.
Во Систина ви понудија опција дали сакате класична киретажа или медикаментозен абортус или вие сами си побаравте?