Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    592
    Истото и со мене беше. Се измалтретирав за сите пари и нерви и здравје.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    Јас па имам скроз различно искуство. За жал до сега имам поминато 3 спонтани абортуси, од кои 3 пати се чистев со киретажа, еднаш со апчиња. И тоа од првата киретажа не ме исчистија убаво па морав да идам по втор пат да ме доисчистат, па после 11 месеци одвај ми се оправи ендометриумот. Вториот спонтан решив да пробам медикаментозно, многу лесно поминав без никакви компликации и комплетно се исчистив. Со ендометриумот немав никаков проблем и после 3 месеци останав пак бремена, но за жал пак имав спонтан. На инсистирање на докторот да го пратиме плодот на испитување, се согласив повторно на киретажа. Од тогаш се поминати 7 месеци и јас пак мака мачам со ендометриумот.

    И јас имав првиот пат предрасуди за апчињата, иако сегде во светот повеќе се препорачуваат. Сепак природно се чистиш, ама ете пусти страв од болка. Шансите да не се исчистиш целосно со нив се премали, исто како што не би требало да има проблеми со киретажа, па еве јас не бев исчистена како што треба..Примери има секакви.

    Сепак, ризиците за некои компликации да се случат со медикаментозно чистење се многу помали, отколку со киретажа. Се што апчињата прават е го тригерираат природниот процес на исфрлање на плодот од телото. За разлика од киретажата која сепак е интервенција на која примаш краткотрајна целосна анестезија и со помош на инструмент го гребат ендометриумот за да го отстранат плодот. Доста познато е дека често доаѓа до проблеми со ендометриумот, како што имав и јас, а некогаш дури се случува и да го изгребат и несакајќи ѕидот на матката и да дојде до Ашерман синдром, па недај боже ако дојде до тоа, после треба со дополнителни интервенции што инволвира пак целосна анестезија да го решаваат тој проблем.

    Секако секој си одлучува за себе и дај боже веќе никад да не се соочуваме со вакви одлуки. Само сакав да го споделам моето искуство, зошто некако ми личи дека апчињата се табу тема кај нас, иако во Америка, Англија и во другите поразвиени земји во светот повеќе се препорачуваат. Убаво е да бидеме свесни за можните компликации и од двете методи.
     
    На Melanija Meli, Mumoftwo30, kitsune и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    33.680
    Пол:
    Женски
    И јас имав некое лошо искуство со киретажата. Додуша самата интервенција помина во ред дека со анестезија бев и успана целосно, ама одпосле е маката.

    Ми се пораметил и мене ендометриумот, едвај до 7мм стигаше и тоа во пикот на овулација, а за бременост треба над 8мм. Некако го средивме со матичната и пак почна да си се здебелува како што треба.
    Неќни друг проблем, ми се запушиле каналите од киретажата. Сум имала благо запушување па успеа да ми ги средат и сега се проодни, фала Богу. Баш и докторот таму го прашав од што може да се запушат кога веќе еднаш бев бремена, ми рече штом си имала киретажа ете.
    Изгубив и нерви и време, се прашував зошто не останувам бремена а толку брзо останав првиот пат.

    Сега вака размислувајќи назад се прашувам дали требаше да изберам да се исчистам со апчиња, дека киретажата многу лошо влијеше на мене.

    Секој метод си носи свои компликации, да не ме сфатите погрешно, само си кажувам искуство и дека можеби требаше да ја изберам другата опција, ама тоа е нема назад.
     
    На kitsune и Hygge-girl им се допаѓа ова.
  4. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    Колкав беше плодот кога имаше медикаментозен? Мислам дека многу зависи и од тоа. Јас имав мисед во 11та накај 12та гн, а плодот беше застанат во 8+2 гн, абортусот ми се случи дома, но мораа да ме дочистат. Бидејќи првично ме убедуваа дека се е во ред со плодот, не ни знаев дека тоа што ми се случува е абортус. Болки имав како контракции, како појаки менструални а ја иако природно породена претходно не знаев да ги препознаам. Да знаев дека е мртов плод во прашање може ќе се напиев кетонал, ама во секој случај два дена со болки појаки бев. Може ме дочистија зошто самото тело ми го исфрлаше плодот, односно не добив таблетки за медикаментозен кои што можеби на др начин делуваат и дочистуваат се, ама кога отидов на преглед (неколку саати пред да ми се случи абортусот ) на приватно и кога се утврди мртов плод, го прашав докторот дали може со таблетки, ми рече не, големо е ова. Не знам дали мислеше на самиот плод како плод или севкупно со се гестациската кеса и жолчното ќесе кои растеа. За вториот абортус пак, ми сугерираа со таблети, бев 8ма гн а плод одговараше за 5та гн, тука ми велеа дека е мало и дека ќе излезе, ама мене ми беше страв како ќе поминам. Затоа викам, може зависи и во која недела си и за која одговара плодот а инаку да, секаде низ еу даваат прво таблети и ако треба и 3м така ќе чекаат да се исчисти, неголи да гребат.
     
    Последна измена: 26 јануари 2024
  5. kitsune

    kitsune Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    И јас после мисед и киретажа го имав истиот проблем со ендометриумот. Многу нервози истерав поради тоа. По консултација со ивф специјалист бев и на терапија 2 недели со естрофем и 3 месеци на суплементи за да го здебелиме. Со сегашната бременост иако настаната по природен пат бев до 12та недела на естрофем и суплементи за секој случај поради тој тенок ендометриум. Уште сум во страв дали ќе го износам до крај. Да можам времето да го вратам апчиња би земала.
    Мислам дека овие несакани ефекти од киретажата треба да се споделуваат почесто...
     
  6. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    Другарки две ми имаа лошо искуство, една запуштени канали, утврдено со хсг, другата Ашерман, утврдено веќе трудна и едвај догура до крај, одма ја породија во 9ти штом влезе, ама едвај, среќа мало и бее бебето па некако го собра иначе тоа жилите внатре беља праат. Абе интервенција е, не е зезанција ама сеа некогаш за жал неизбежна е и таа.
     
    На viktorij му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kitsune

    kitsune Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Љубопитна сум, како се утврдува ако си веќе трудна? Се гледа на ехо? Ако да, во која недела и утврдија?
    Јас од тоа највеќе се плашев, а знам дека со хистеро се утврдува.
     
  8. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    На скрининг и утврдија со 4д
     
    На kitsune му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    Плодот одговараше за 8ма недела, а откривме дека имам мисед во средина на 10та недела. Уште во сам старт не беше нешто како што треба, плодот имаше срцева акција, но имаше и некои чудни структури што не им беше јасно на докторите што се случува баш. Бев под строго мирување и со клексани. Немав никакви болки, само ми се појави мал кафеав исцедок и одма уште истиот ден отидов во Систина каде што се увиде дека прекинала срцевата акција и плодот заостануваше со гн.

    Ако се сеќавам добро од тоа што читав и ми беше кажано од докторите е дека се прави медикаментозен абортус до 10та макс 11 гн. Најверојатно како што викаш кај тебе било веќе касно, а јас сум го фатила последниот воз…
     
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    А со клексаните како правеше? Тогаш не примав, со оваа бременост примав од старт и се плашев многу ако треба киретажа не дај боже што како, колку прво треба да се прекине пред интервенција
     
  11. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    Одма ги прекинував кога дознававме дека имам спонтан. Со медикаментозниот мислам дека почекавме 24h од последниот клексан пред да се напијам од првото апче. Последниов пат кога останав трудна од прв ден на позитивен тест почнав да примам клексани, после 2 недели бев на прва контрола и се увиде дека е blighted ovum. Уште истиот ден имав киретажа, а последен пат примив клексан претходната вечер.
     
  12. Bulka12

    Bulka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Zdravo, izvinete sho taka upagjam vo razgovor, me interesira shto e toa Asherman? Blagodaram
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, се утврди од што се спонтаните?
     
  14. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    Kako zhili vo matkata shto ja delat na dva ili ppvekje pregradi
     
    На Bulka12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    За жал не со сигурност. После вториот спонтан мислеа докторите дека може е до мутациите, бидејќи во плодот што го испитуваа најдоа парченца згрутчена крв и плус на испитувањето излезе дека сум позитивна на Лупус антикоагулант, MTHFR, PAI-1 кои се поврзуваат со повторувачки абортуси. Сепак пак ми се случи спонтан, ама blighted ovum, иако целосно бев покриена со терапија од суплементи, до клексани, па и пролутекси и криноне гел. Blighted ovum најчесто ја поврзуваат со хромозомски или генетски проблем при делбата на клетките, така што може е и различна причината од претходните два кои ми беa мисед, незнам…Ниеден доктор до сега не ми потврди со сигурност. Ги имам направено сите можни испитувања поврзани со спонтани абортуси и ништо друго освен мутациите не се најде…
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Значи од таму потекнува митот "ако си абортирала, нема да можеш да родиш". Имам и медикаментозен абортус после кој останав бремена на прв обид, но и таа бременост не беше успешна и морав на киретажа затоа што беше моларна. Медикаментозниот беше болен ама да можев и вториот пат ќе го одберев.
    Јас имам мисед и после моларна бременост. Испитав се, проблем не најдов. Ми се врти во глава да е до квалитетот на јајце клетките и пред да почнам со обиди за следна бременост сакам да испитам АМХ. Некои викаат дека нема врска со квалитетот, некои викаат дека има. Дали имаш испитано ти?
     
  17. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    Да, го испитав лани после вториот спонтан и тогаш ми беше 0.8, што се смета за ниско…Иначе ниско ниво на AМХ примарно го поврзуваат со ниски оваријални резерви. Помали резерви немора да значи и понеквалитетни јајце клетки, иако се зголемени шансите за тоа. На квантитетот на јајце клетки за жал неможеме да влијаеме, ама за среќа може да работиме на подобрување на нивниот квалитетот. Има многу успешни примери кај жени и со многу пониски АМХ вредности…Мене ме советуваа заради ниските вредности да не губиме време веќе природно и да идеме со ивф. Моментално сум во процедура за трето ивф, па со господ напред. Се надевам дека конечно ќе ми се насмевне среќата.
     
    На Vera55 и Angella7 им се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    За квалитет на јајце клетките користам и коензим ку 10 и витамин Е. Уште тоа ми остана :@
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Kolku sto sfativ cesto i se povtoruva nesakana bremenost.
     
  20. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Фала на инфо. Ти посакувам да ти се наполни мешето, срцето и рацете :hug:
    Ништо не пијам година дена, на гинеколог не сум била не памтам од кога. Ми се смачи од витамини и ширење нозе ама ми се јавуваат некои искри желба да почнам. Не се силам, нека дојде само. Се осеќам како да не сум доволно испитана, нешто ме копка, па си барам. Ти имаш испитано АМХ?
     
    На Hygge-girl му/ѝ се допаѓа ова.