Не сум испитала а искрено и немам намера, последно како демек од ТСХ, го средив и тоа и веќе не сакам да слушнам за испитувања, ми се лоши да ти кажам право. Некои и по два пати ги испитував и немам сила веќе, што биде нека биде. Ако е до квалитетот еве година време и витамините пијам, и глутен исфрлив, се изморив веќе. Како треба да биде ќе биде. Се надевам нареден пат и нас ќе ни се посреќи Уште да решам кога да биде тој нареден пат Девојки не читајте се и сешто, оставете што можело да биде од киретажа, ќе најдете милион објаснувања. Така само со страв и негативна мисла ќе се полниме. Секогаш и за се може да се случи нешто несакано. Убава мисла и се ќе среди, колку и да ни е тешко.
Здраво, закажав абортус во Систина со вакум, несакана беше бременоста, со заштита со се’. Сега е скоро 6та недела од бременоста.Релативно сум млада (21) и во ниеден случај со партнерот не сме спремни да станеме родители. Многу ми е страв од самата процедура. Ве молам некој да сподели искуство или барем да ме утеши, ваков психички стрес и страв мислам дека немам никогаш доживеано.
Јас правев киретажа со вакум во Систина. Прво потпишуваш документација, сестрата уствари те прашува и пишува, потоа ти даваат спаваќа да се пресоблечеш и чекаш да те викнат за процедурата. Влегуваш таму ,доаѓа анестезиолог и ти стваат целосна анестезија. Се будиш после во собата каде што беше и мислам дека два саати си таму додека не ти кажат сестрите дека може да те земе некој. Не е ништо страшно, не осеќаш ништо и брзо е.Со лесно
А дали би знаела каде во Скопје можам да испитам крвна група? Ми побараа документ, но ја немам на документ истата. Фала ти многу за одговорот.
Со упат на трансфузиологија во Државна. Мислам дека приватниве лаборатории не испитуваат крвна група.
Јас не сум од Скопје, но тука живеам и не би можела да побарам упат од матичниот лекар за истото… нема некој друг начин?
Во Систина испитуваат крвна група, само не знам точна цена сега колку е (пред 2-3 години беше 1200 ден). На Трансфузиологија на клиника исто можеш приватно да испиташ.
Крвна група се испитува на трансфузиологија и не мора да имаш упат. Со упат само ти е поевтино. Можеш и во Скопје и во родниот град, нема врска.
Истото го направив и јас и секој ден се каам за тоа. Нема ден да не го помислам душата ме боли. Сега си уплашена и нормално е да реагираш вака но размисли убаво дека ова ќе влијае на тебе после . Јас после 2 месеци од абортус пак останав бремена и овој пат решив да го раѓам. Во јуни ке станам мајка се надевам еден ден ќе си простам за тоа што го сторив . Имам 23 години.
Јас па мислам дека секој си има право, нема потреба да се наметнуваат мислењата, не и стварај вина на членката и онака сигурно и е тешко, ти ако си се каела, можеби друг не, едноставно не сме сите исти.
Нема што да се плашиш. Одиш потпишуваш документи со целосна анестезија е процедурата 5 минути и после те префрлаат на интезивна да кажам. Ќе ти дадат и капки ерготил можеби и циклопрогинова да пиеш и тоа е.