Ај прекини со вакви срања. Како што сфатив ти не си ни останала бремена. Не знаеш како е да растеш сама дете. Така што твоите совети задржи си ги за тебе!
Не останав но мислевме дека сум останала.Сакав да и дадам поддршка за полесно да одлучи бидејќи рече дека пола пола и е за дали да го роди бебето.Чувството дека немав поддршка од партнерот мене ме растажи тогаш ,а ќе останев бремена бидејќи после долга врска од неколку години тој ми рече дека сака да се венчаме и да имаме дете , одбиваше да користиме заштита,не осудувај кога не знаеш што сакав да кажам.Сакав да кажам дека е убаво што дечкото ја поддржува членката и е до неа во ваков момент ,а не дека одма треба да расте дете сама без татко .А за советите имам право на слободно изразување на форумот,која си ти да ми кажеш да не го искажувам моето мислење?
Сакав да кажам ако е среќна што е бремена да го роди детето ,и дека е сон на многу жени .Не мислев конкретно на некоја жена ако не може да забремени,а тебе ти посакувам да си дочекаш таква среќа ,велат кога многу нешто силно посакуваме ни се исполнува. Се извинувам ако погрешно е што и честитав ,само сакав да и дадам поддршка.Се сложувам со се што кажа ,се е важно од одгледување,растење ,финансии ,љубов .
Секој со својот сон, Јас на 20 години не би била среќна баш, туку избезумена. Секако, тоа сум јас. А таа ако е среќна и е на чисто со ситуацијата, нема да пишува тука. На сите ви посакувам остварување на желбите. Тоа со силното посакување, на П.Коелјо ме потсеќа, што го читав како млада, ама да ви кажам, нема веза со реалноста (Сега огорчената "тетка" ќе се испрати од овде),доста е од мене
A ti porasna 10 deca sama li? Sekoj so svoeto mislenje,ili samo ti imas mislenje a drugite kazuvaat sranja? Kasni porasni
Луѓе дајте немој со негативни коментари,целта е да се помогне на девојката,сега и треба поддршка а не да чита негативни коментари.Да се чувствува подобро,а не лошо.Се разбира,кој е среќен со непланирана бременост,ама животот продолжува понатаму и целта на нашето постоење е да бидеме среќни.Сигурно нема да пишеме еј како не се заштити или еј имаш само 20 години за мајка ти е рано.Дајте малку позитивност ,совет од мене да се ставиме во кожата на другиот пред да кажеме нешто.
Za toa sama razmisli si,razlicni soveti ke dobijes od forumot i nakraj odlukata ke ostane pak na tebe. Ako mislis deka nemas zivot so nego,voopsto i ne prodolzuvaj..ama ako go znaese toa zosto ne se cuvavte?
Прво и основно, би донела ново битие на светот, за кое ќе бидеш одговорна и ќе треба да се грижиш 24/7. Животот ќе ти се промени доживотно. Размисли екстремно многу дали си спремна за тоа, дали баш тоа го посакуваш сега. Второ, во брак треба да влезеш спонтано со искрена желба и намера. А не поради бременост. Не знам какви проблеми сте имале што сте се карале, но ако нешто не чини и навистина ти смета, не треба да го занемаруваш и игнорираш само затоа што си останала трудна.
Не кажувај совети од ситуација што би било кога би било. И ти не и даваш совет, туку и поттикнуваше среќа и поддршка за да го роди со една романтизација ба ситуацијава. И членката кажа дека таа не гледа иднина со него.
Чоек тебе и името ти е инспирирано од шпански сапуници. Доста се лигавиш, исто и јас не се осеќав спремна на 20 години ама ИЧ со тој човек, а сега сакам со сегашниот партнер и се чуствувам сто посто спремна. Значи до нејзе е, да си одлучи, што и да одлучи нема да згреши, ако никој не ја предомислува од страна.
Ако некој и даде поддршка да роди, тоа е лигавење, ако и даде поддршка за абортус, тоа е исправно? @Andrea_ како што ти мислиш, така. Ти најдобро знаеш за што си спремна оти може да ти е криво ако го родиш ама може да ти е криво и ако абортираш. Ти си ја знаеш најдобро ситуацијата, не ние на форум.
Во ред ,немав намера некого да навредам.Да,што би било не е туку било,значи знам како е партнер да не ти пружи поддршка и осетив тага затоа кажав така дека барем тој не го негира бебето.Само не сакав да се осеќа таа лошо ,кога веќе има поддршка и плус таа рече и сакам и не сакам бебе ,50 /50.Не коментирам за да се карам со некого,ок?Ме разбра сега?
Ајде човек не смее да пружи поддршка,да искаже мислење?Хаха абе тоа е само шпански збор кој значи убава ,никот го ставив во смисла дека сум убава како личност (одвнатре),нема блага везе со сапуници.Секако дека е до нејзе,но штом овде прашува барем да наиде на разбирање,да чуе различни мислења,да добие поддршка.Не се лигавам ,мене знаеш како ми беше ако останев бремена тогаш а не ми дозволи дечкото да одлучам и јас?Се осетив безвредно, бескорисно,тажно ....
@Andrea_ , одлуката мора да ја донесеш ти сама. Млада/стара тоа везе нема, нема погодено време кога ќе си спремна. Детето е најубав дар, но и голема промена во животот, особено ако е неочекувано. Бара голема жртва и откажување од многу работи, ако ништо друго барем привремено. Мајка ќе си цел живот. Ако не гледаш иднина со дечкото, немој да градиш, не треба бракот да се заснова на тоа дека си останала трудна па морало да се земете. Не. Но, од друга страна, ако решиш да го родиш детето и без да бидеш во иднина со него, тој ќе е присутен во твојот живот на некој начин зошто ќе сака да си го гледа детето, штом велиш се радува и сака да го задржиш. Треба убаво да размислиш ТИ што сакаш, ти си таа чијшто живот се менува тотално, он може да си каже сакам да го родиш или не сакам да го родиш, а тоа што ќе решиш ти е друг муабет.
На ова би додала @Andrea_ ,одлуката е твоја колку и негова ,слушна дека нема да имаш проблем во иднина да бидеш пак мајка.Убаво е кога си дознала за бременоста дека си осетила поддршка од таткото на детето,ама стави на кантар од една страна си ти млада девојка животот е пред тебе,тоа дете ќе те врзе доживотно за тој дечко ,ќе бидеш во контакт заради детето барем ,а ти немаш убави спомени од минатото со него.Друго,може ќе сретнеш нов човек со кого ќе изградиш дом и семејство,а тоа дете ќе постои и со тоа контакт со сегашниот дечко .Ако добро те сфатив,ти сакаш да го задржиш бебето,но исто толку и не си сигурна дека сакаш.Совет и мое мислење,дај си време да размислиш со студена глава,сега си сигурно збунета,со доста големи емоции .Што и да решиш , најважно од се е да го направиш изборот кој е најдобар за тебе .
Ти дечко колку глупости испотреска во 3 различни мислења, дефинитивно не смееш да даваш совети на други. @Andrea_ Многу си млада и многу ти е рано. Немаш стабилна врска и добро е што сама си свесна дека дечкото не е добар за тебе и не гледаш иднина со него. И јас делам мислење дека големи се шансите и намерно да те забременил. Претпоставувам се работи и за значителна разлика во години меѓу вас. Види, има девојки кои се доста зрели и спремни за деца на твои години, ама повеќето не се. Ама тие што се, обично имаат работа и стабилна врска. Имаш многу пред тебе. Зошто би сакала да имаш дете со некој со кој не сакаш иднина? Имаш пред тебе години, за учење, за шетање, за журки и за дејтање. Кога ќе запознаеш некој keeper, ќе сакаш 100% да имаш потомок со него.