Душо, на истава тема на лупата можеш да впишеш Плодност, и ќе ти излезат сите мислења каде го има овој збор. Јас пробав, успева, само ќе штиклираш да ти ги прикаже резултатите од оваа тема. Инаку, постои и медикаментозен абортус, со апчиња. Нормално, се даваат и пијат под контрола на гинеколог. Јас имам такво искуство (при посакувана бременост во која плодот не се развиваше и морав), не е опасно, физичката болка е издржлива и нема да се грижиш дали ќе останеш стерилна, макар што јас мислам дека тоа со стерилитет после киретажа веќе не постои, барем не во нормални здравствени установи кога се прави (мислам, не на црно во некоја шупа). За стерилитет после абортус сигурно постојат и достапни статистики. Ти посакувам сила да го издржиш овој период, да најдеш поддршка во себе и блиските, ако е можно, и отворена сум за разговор ако имаш потреба.
@Andrea_ Во најблиска фамилија имам родители на дете од 1година кои имаат по 35 години и се земаа и родија дете зошто мислеа дека им тече времето, а воопшто не се компатибилен пар. Long story short, се разделиа со карање, со драми, со све.. детето ни само не знае кај расте и со кого, ко топка го подаваат. Двајцата го сакаат детето, ама они не се поднесуваат и тоа влијае и врз него. Возрасни, образовани, финансиски одлични, угледни луѓе.. Не се раѓа дете со некој со кој не се гледаш во иднина. Тек за дете кога ќе треба да се договарате, ќе пукне уште толку работата
Здраво девојки.. Не знам каде да го пишам мислењево ама зошто сум и повеќе од сигурна дека сакам да абортирам ќе го пишам овде. Вака.. Последната менструација ми беше на 13 јули и следната требаше да ја добијам околу 9-11 август. Имам доста редовен циклус и се решив да направам тест за бременост на 11 август (воопшто не очекував бременост, само сакав да ја елиминирам како можност). На моја огромна жалост, тестот беше позитивен мислев дека можда е лажен па го повторив и пак беше позитивен. На 13ти бев на доктор за да проверам hCG и ме презакажаа за денес за да провериме резултати и ехо. Нивото на hCG ми рекоа дека не е многу високо што значи рана бременост, а на ехото не се гледаше ништо ниту во матката ниту во јајниците. Исто така ми рекоа дека треба да чекам некоја недела дури нешто не се покажи на ехо па да продолжиме со медикаменозен абортус. Немам никаков розев или црвен исцедок, во тој поглед се е океј, само болка во долниот дел од стомакот како пред добивање. Прашањето ми е, дали постои некаков начин сето ова да се заврши без апчиња (со инекции на пр.) и пред да почне фетусот да се развива? Самата помисла дека сум бремена и дека треба да чекам нешто да расте во мене па после да крварам со големи парчиња крв и огромни болки ме ужаснува и не можам да спијам веќе една недела.. Киретажа / вакум не доаѓа во предвид, никогаш не сум била под анестезија и премногу ми е страв. Избезумена сум и сакам овој кошмар што побрзо да заврши, се надевам дека на следен преглед нивото на hCG ќе се намали..
Jas Kako Sto mislam NEMA drug nacin.Prvo GI pies apcinjata I dva dena krvaris i go isfrlas fetusot I posle na kontrola gledaat Dali e se izlezno ako ne e ti pravat kiretaza..Te cistat
Не ми е јасно, кога станува збор за несакана бременост зошто одма не даваат абортус. Моја другарка исто, чекаа да се развие, да добие срцева па после и дадоа апчиња. Ваљда е некој начин да ја убедат жената и да дадат време да се предомисли. Друго објаснување немам на ум. Инаку абортус, сакан или не, нема друг начин да се изврши. Апчиња или киретажа.
Баш така, не само што нема да се предомислам, туку само поголем стрес ми се ствара, буквално со тахикардија се разбудив вчера, а си имав најнормален пулс 60-65 макс во мирување пред сето ова. Знам дека за вонматерична бременост даваат инекции ама за ова стварно не разбирам зошто ништо не даваат. По некоја моја логика полесно би било да се спречи некако баш сега кога не е ни оформено..
Нема што да се спречи Оплодено е и сместено у матка најверојатно Опцијата киретажа земи ја во предвид Ке мора да почекаш некој ден да направиш нова бета Ако расте одиш медикаметозен аб ако не се исчистш ок одиш на киретажа Понеболна опција да паѓа сама бетата т е да биде биохемиска бремемот Али начинот за абортус пак е тој апови или вакум
Вонматерична е сосема друга ситуација, цела процедура е, не е абортус со инекции како што изгледа. Разбирам во каков хаос си, ама немаш баш опции. Смири се, што е тоа е.
Не сум личност која што може да поднеси големи количини крв пред мене, среќа менструациите не ми се обилни, едноставно лошо ми е, многу пати кога ми земале крв од вена ми зуеле ушите и ми се вртело, стварно не знам како ќе го поднесам сето ова искрено..
Мислам дека немаш проблем во тој поглед. Имав медикаментозен и освен што е болно, не крварев нешто претерано. Имав и втора неуспешна бременост и тогаш морав киретажа. 0 болка и нормално крварење, само што крварењето траеше по две недели ако добро ме држи памтењето. Повеќето денови едвај капки на улошка. Индивидуално е но мислам дека голем процент немаат обилни крварења, поготово не со киретажа.
Совет: подобра опција киретажата, медикаментозниот абортус знае да не го дочисти плодот сосема, а болки да имаш. Барај киретажа, и не мора да има срцева реак. Доволно е да се види на ехо плодот, можеш да правиш абортус.
Zdravo devojki, me interesira dali abortusot so apcinja moze da se napravi vo privatna klinika ili samo vo drzavna?
А зошто мислиш дека се огромни количини крв? И како би направиле абортус ако нема плод? Мора да има плод па да направат абортус, можеби нема да се вгнезди и нема да има ни потреба од абортус односно само телото ќе го исфрли со циклус. Знам дека е мачно да се замараш ама пробај да се опуштиш и да оставиш на докторите.
Заради тоа што самите апчиња нели провоцираат контракции и ја отвараат матката за да се исчисти целосно а и знам дека телото уште од почетокот почнува да ствара повеќе крв за да го поддржи растот на плодот. Се надевам баш на тоа сценарио дека нема да се вгнезди и ќе биде само “хемиска” бременост иако за жал најверојатно нема да е така.. Не знам, константно ми се вртат црни мисли на пример што ако искрварам премногу па се онесвестам или си го доведам животот во опасност, што ако не е успешно па ќе треба да ме чистат уште еднаш со киретажа и ми направат некоја механичка повреда па циклусот да ми се промени трајно, што ако циклусот после ова ми стане нередовен па после ќе биде уште потешко да ги следам плодните денови итн.. Ако не ми беше редовен циклусот, сега немаше ниту да знам дека сум бремена, зошто користевме заштита во поголемиот дел од чинот само не на почетокот и предсемената течност си го направи своето.. Читав секакви лоши искуства, има и такви каде што поминале лесно, слично на нормален циклус само малце пообилно крварење и знам дека не мора да значи дека и мене ќе ми се случи лошо искуство ама ете, health anxiety is real..
Немој да си правиш вакви лоши сценарија. И да треба да правиш киретажа, 21 век е, има и болници и опрема, нема да ти прави некоја самоука бабица во гаража. Ништо од тоа нема да ти се случи, ни циклус ќе ти се поремети, ни плодни денови, ниту нешто ќе ти оштетат. Можеби после тоа првиот циклус да ти порани или задоцни и толку после тоа ќе ти се регулира. Овде само психичкиот дел е најтежок што треба да го поминеш. Барем мене така ми беше кога ме правеа киретажа.
Постои и вакум аспирација како најбезбеден начин во Систина никаква повреда на матката нема а и крварењето е минимално како циклус 2-3дена. Јас не ти препорачувам апчиња.
Дали таа процедура ја прават со локална или тотална анестезија во Систина? Не живеам во Мк и се мислам дали да доаѓам таму за ова, зошто тука каде што сум мислам дека нема вакум опција и е исклучиво само со тотална анестезија. И зошто не апчиња?
Баба ми викаше, што ќе дојде ќе мора да се помине. Секако не може да ти е сеедно, но не мисли на можни последици и црни сценарија. Крварење ко крварење, ќе пројде за неколку дена, нити ќе изгубиш свест, нити ќе искрвариш.. две деца имам родено по 4 кила, со премногу изгубена крв, нити сум се онесвестила, нити сум умрела циклусот ќе ти се врати ко шо ти бил. Не си прави да ти е потешко од што секако ти е.