Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Со целосна анестезија. Не за апчиња затоа што трпиш многу болки и може да не се исчистиш скроз, и на крај пак да те прават киретажа.
    Се надоврзав на коментарот на @dead.flower23 затоа што се согласувам и истото го мислам.
     
  2. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    586
    Апчиња мислам само во државна. На приватниве одиш директно на киретажа.
     
  3. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    Подобро дојди овде тогаш 200 до 300 евра ќе дадеш но знаеш дека нема гребење на матката и никакви болки не осеќаш ни крварење и не влијае на циклусот земаш терапија 3 недели и на 4тата недела добиваш значи не ти се пореметува циклусот . Апчињата прават контракции јаки и крварење а притоа не се 100% дека ќе се исфрли плодот и на крај пак ке завршиш со гребење. Тој избор.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Да се прашуваш шта би било кад би било е непотребно, не знаеш дали ќе крвариш многу, не знаеш дали ќе искрвариш и шансите за тоа се непознати, не можеш да знаеш, така да не се оптоварувај сега. Се случува спонтани со циклус да се исчистат и да не знаат жените дека се бремени, немаш потреба од стресови сега. Јас со ултра редовен циклус, до саат ми доаѓало со години, едвај останував бремена и со двете деца, по неколку години сум се мачела, е сега откако се породив со второто пак ми шета циклус од нигде никаде. Нема зошто да се замараш за плодни и неплодни денови, користи си заштита и тоа е тоа.
     
  5. Isiii0102

    Isiii0102 Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Сакам да ви споделам искуство дека знам на некој ќе му треба, како што ми требаше мене. Денес имав абортус со вакум, целосна анастезија и природно отварање на матката со вагиналети.Целата интервенција беше 21.500( во 5та недела) со дополнителни трошоци за преглед и крвна група. Имаше болки, но се издржуваат, сега за сега се океј со некое минимално крварење и многу слаби грчеви во долниот дел на стомакот( докторот ми кажа дека е нормално).Контрола по доаѓање на циклусот, се надевам ќе биде се океј
     
  6. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Девојки пак јас, денес ги добив резултатите од крвната слика и хормонот е на повисоко ниво од што беше пред 10тина дена. Сега е hCG 2350.. Не можам никако да се одлучам која процедура да ја направам, немам ниту сон ниту апетит и цело време се обвинувам за ова, знам дека ќе звучи лошо ама ми доаѓа да се простам од сите ете толку сум уплашена од како ќе испадни сето ова.. Пробувам да не мислам и да се занимавам со други нешта но мислите си стојат во позадина, не можам да се помирам дека од играчка плачка си направив со животот.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Девојче дај смири се, не си прва и последна што абортира. Следно размисли за заштита и тоа е што е сега, се случило. 2350 може да се види и на ехо веќе, така да може веќе да одиш на лекар и да одлучиш побргу за да немаш време за нервози.
     
    На Elliana и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    8.343
    Пол:
    Женски
    Висока е бетата и веќе на ехо ќе се види. Ако си решена за абортус, оди и што побрзо заврши си работа, ниту прва-ниту последна, не се форсирај со такви мисли, нормално е да ти е криво, ама до толку не се секирај. Заврши со време, што порано тоа подобро.
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.086
    Веќе ако си одлучна за абортус немаш што повеќе да чекаш.
    Колку порано, толку поубаво.

    Еве јас сум со 3 спонтани и со сите 3 бев на киретажа и добро поминав.
    Имам едно дете на пат е другото.
     
    На Isiii0102, Elliana и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  10. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сум ни прва ниту последна. За заштита имам размислено и ја користевме (секој пат користиме) ама ете пак се случи и затоа ми е толку криво + не од вчера имам односи, информирирана сум за овие работи. Трето одлучна сум да абортирам 100 % и не е по моја желба тоа што се уште чекам (не живеам во Мк) па така тука каде што сум дури утре ми закажаа преглед (закажано е пред 1 недела). И уште нешто, не сум толку исплашена ради процедурата туку можните компликации отпосле. :)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Исто и за компликациите, не мисли, немаш простор за мислење и готово. Ништо нема да смениш, тоа е реалноста нажалост. Само биди храбра.
     
    На Lacrimossaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Во петокот, значи пред 6 дена правев крвна слика (hCG 2350) и ехо. На ехото во истиот ден не можеше да се види ништо. Ме замисли сето ова сега.
     
    Последна измена: 22 август 2024
  13. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Нема да имаш компликации не се секирај. Модерна е медицината денес, плус тоа е рутинска процедура. И јас сум со киретажа, па еве здрава права сега со супер матка и бремена. Не се плаши:hug:
     
    На Lacrimossaa и Noemi им се допаѓа ова.
  14. Isiii0102

    Isiii0102 Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, сакам да ве прашам колку време по киретажата имавте темен исцедок. Јас веќе 3та недела имам уште, не е обилно ептен малку ама сепак имам. Имав прекин од 2 дена и пак почна по малку, некој ако има искуство да сподели
     
  15. mia0216

    mia0216 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, само што направив тест и испадна позитивен. 24 часа после односот, се напив Норлево, но за жал односот беше точно на ден на овулација, па апчето беше неуспешно.
    Многу сум исплашена и не сакам да имам деца, не сега. Не сум во најдобра ситуација, ни метално, ни финансиски, па ова е страшно за мене. Според моите пресметки само што почна 6та недела. Ве молам да ме упатите што и како да се прави понатака, јас поим немам што е следно. Читав по форумов дека има и со апчиња, киретажа, или пак со вакуум, но не ми е најјасно тоа, а воедно и немам кого да прашам за совет.
    Ви благодарам
     
  16. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Прво треба да одиш на гинеколог, да утврдиш бременост по недели. Потоа ќе ти даде матичниот упат за на ГАК или Чаир (зависи за каде ќе се решиш, ама таблетарно мислам може само на ГАК, а во Ремедика ми понудија со вагиналета лани, ма да исто е мислам, ќе ти ствара контракции и апче и вагиналетата) . Ако одиш на државно, на ГАК идеш на преглед, па на психолог и разговор со анестезиолог, понатаму како беше со редослед не се сеќавам, за медикаментозен мислам ти даваат едно апче таму па другото за дома, нека кажат поупатените членки, а за киретажа те закажуваат. Ако си гладна и жедна наутро може веднаш да те задржат. Интервенцијата трае кратко, под анестезија, не е болна. Потоа се прима и фузија со антибиотик (уште максимум 2 часа лежиш), ти даваат рецепта за капки за исфрлање крв од матката и рецет за антибиотик и те праќаат дома. За цената не знам која е, тоа најубаво на ГАК да прашаш. По приватниве сега сигурно е накај 25 до 30000. Јас лани 20000 платив. Ама тоа лани, најубаво да се јавиш и телефонски да прашаш.
    Но, прво и основно оди на гинеколог.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mia0216

    mia0216 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за објаснувањето, ми разјасни многу работи. Инаку за вагиналета, го исфрлаш плодот само или мора после да те чистат?
     
  18. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Вагиналетата Исто како медикаментозен, сам се исфрла по пат на контракции кои се како циклус, таква болка, но секогаш постои ризик да не се исфрли скроз плодот па да мора да се прави киретажа особено ако е во понапредна недела. Заради оваа причина јас се одлучив за киретажа, не сакав да крварам па да чекам да се исфрли, имам и многу низок праг на болка. Едноставно сакав да заврши се, што побрзо. Медикаментозен е подобар зошто нема толкава траума врз матката и ендометриумот, но како што пишав, има и ризик од неисфрлање на плодот скроз.
     
    На mia0216 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mia0216

    mia0216 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јасно, фала ти многу
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Што направи девојче? Заврши ли со процедурата?
     
    На Lacrimossaa му/ѝ се допаѓа ова.