Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    можеш да ја прочиташ темата за абортус од почеток до крај и ке ти стане јасно се за абортусот
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    се сложувам..
    самото одење на болница и самата помисла дека ке убиеш живот како што читам тука пишуваат е многу болно за секоја жена па уште и да биди осудувана.има разни контрацепции да ама како што тие се избор така и абортусот е избор. како да те осудува некој за што си се одлучил пример земам да јадиш. некој можи то го сака а ти го нејќиш и сега што...?јас имам другарка што абортирала и немојте НИКОЈ АМА НИКОЈ ДА ОСУДУВАТЕ оти некој можи утре тебе ќе те осуди за некоја постапка :shake: :shake: :shake:
    како би ви било вас...................?????????????
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Jас го подржувам абортусот ако се нема услови да се одгледа тоа дете или ако детето има амномалија.Подобро да се спречи мачењето на детето уште на почетокот отколку потоа цел живот да проси или по канти да оди и да ги преколнува мајака му зошто го родила.Се разбира има одредена граница како што е сега моментално до 12 недела да абортираш, после тоа одиш на комисија и тие проценуваат дали да абортираш.
    Малку ќе бидам надвор од темата во Кина познат ви е присилен абортус на бременост во 5,6 па и 7 месец за да се намали популацијата.Е за тоа сум големо не да се абортира во подоцнежните месеци е рамно на убиство оти зборуваме за дете, а не за фетус.Има една потресна статија кој сака нека ја прочита ама не ја препорачувам за тие со слабо срце :worried: ќе ја ставам во спојлер
    Ова сведоштво е извадок од изјавата на една жена со прекар Wujian од Кина, дадена пред Том Лантос Комисијата за човекови права на Претставничкиот дом на САД на 10 Ноември 2009 година.
    Потресна вистинска сторија на една од милионите жени во Кина, кои се соочуваат со присилен абортус во 7, 8, па и 9-ти месец од бременоста. Сето тоа е легализирано со кинеската политика на едно дете.

    Моето име е Wujian. Јас сум родена во мало село во северна Кина. ...
    Беше пролет 2004 година, кога дознав дека сум бремена. Беше убаво да се почувствува како овој живот расте во мене: какво чудо! Во исто време, јас бев и многу исплашена бидејќи немав дозвола за бременост или дозвола за раѓање, што значи дека според кинескиот закон, на ова бебе не му беше дозволено да се роди во овој свет...
    Набргу мојот стомак почна да расте. За да го заштитам моето бебе, морав да се сокријам во една многу стара куќа во оддалечена област. Внатре воопшто немаше електрична струја ... Секој ден ме исполнуваа страв и осаменост, но се додека можев да го имам моето бебе, можев да поднесам се. ...
    По некое време владините претставници за планирање на семејството дознаа за мојата бременост. Тие направиле целосен претрес во обидот да ме уапсат, и откако не можеле да ме најдат, наместо мене го фатија татко ми. Тие го однесоа татко ми во притворниот центар и го тепаа секојдневно. На четвртиот ден по фаќањето на татко ми, еден сосед дојде и ми рече дека татко ми умира: тие ќе продолжат да го тепаат - дури и до смрт - додека не отидам во локалната болница за да ми биде направен абортусот. ...
    Многу брзо по ова, се случи најлошото: неколку владини претставници од планирање на семејството провалија во куќата каде што се криев, и без зборови ме одвлечкаа во нивното комбе.
    Штом влегов во комбето, сфатив дека и друга мајка веќе беше таму. Таа ми кажа дека е бремена со нејзиното прво бебе и дека таа има 28 години. Таа немаше дозвола за бременост или дозвола за раѓање, а беше во 7-ми месец од бременоста. Толку многу сакаше да го задржи нејзиното бебе што почна да се бори со владините службеници во комбето. Одеднаш, еден од претставниците на владата (на негови 20-ти години) ја удри по лице и таа почна да крвари од устата. По таа навреда, таа извика како лав и продолжи да се бори со претставниците на планирање на семејството.
    Еден час подоцна, комбето застана во болницата. Откако ме извлекоа надвор од комбето, видов дека таму имаше стотици бремени жени - сите беа како само свињи во кланица. Веднаш ме одвлекоа во посебна просторија и без претходен медицински преглед, една медицинска сестра ми стави интравенска инекција окситоцин. Тогаш ме ставија во просторија со други мајки.
    Собата беше полна со мајки кои штотуку поминаа низ присилен абортус. Некои мајки плачеа, некои мајки тажеа, некои мајки вриштеа, а една мајка се виткаше од неподносливи болки на подот. ...
    Ме одвлекоа во друга помала соба. Една медицинска сестра извади голема игла, долга 8 инчи за интрамускулна инјекција. ...
    Во тој момент, само јас бев мајка во собата. Почнав да ја преколнувам медицинска сестра, плачејки,

    Јас веќе добив инекција со окситоцин, ве молам дозволете ми да одам, ќе отидам колку е можно подалеку, нема да кажам никому за она што го направивте за мене и ќе ви бидам благодарна до крајот на животот.

    Сестрата не одговори на моето преколнување - изгледаше како дрво.
    Потоа продолжив да и зборувам,

    Вие сте ангел - како медицинска сестра или лекар кој помага во спасување на животот на луѓето. Како би можеле да станете убиец со убивање на луѓе секојдневно? ...

    Набрзо таа многу се налути од она што го реков и ми рече дека премногу зборувам. Исто така ми кажа дека за неа нема ништо сериозно во врска со целата оваа работа. Таа го работела тоа цела година. Исто така ми кажа и дека имало над 10.000 присилни абортуси во нашата област [област, а не земја] само во таа година, и мојот беше само еден од нив. Бев вчудоневидена од нејзините зборови и сфатив дека јас и моето бебе бевме како јагне на даска за сечење. Конечно, ја стави долгата игла во главата на моето бебе, во утробата. Во тој момент беше крај на светот за мене, чувствував како дури и времето да застана. ...
    По инекцијата, моето бебе беше многу тивко во текот на целиот ден. Бев толку наивна, што мислев дека можев да ја напуштам болницата, бидејки завршив со принудната инјекција. Се прашував дали можеби моето бебе имеше доволно среќа за да може да преживее.
    На мое големо изненадување, следниот ден ме одвлекоа во хируршка сала. Побараа да легнам на хируршката маса, тоа беше гилотината за мене и моето бебе. Додека лежев на хируршката маса открив дека имаше крвави отпечатоци од прсти на ѕидот, оставени од страна на други мајки при операцијата на присилен абортус.
    Еден доктор ми кажа дека јас веќе им предизвикав премногу проблеми, бидејќи моето бебе требаше само да излезе по инјекцијата. Но не се случи како што се очекуваше, тие одлучија да го исечат моето бебе со ножици на парчиња во мојата матка, а потоа ги вшмукаа деловите со посебна машина.
    Што сторив во мојот живот со што го заслужувив овој вид на казна? Какво зло беше сето тоа? Дури и диво животно, како тигар, ќе го даде својот живот да го спаси сопственото бебе тигар. Како мајка и човечко суштество, не можев ли јас дури и да го заштитам животот на моето бебе?
    Немав време да размислувам, со сила почна таа најстравотна операција. Можев да го слушнам звукот на ножиците како го сечат моето бебе во мојата матка Можев да почувствувам како малку по малку моето бебе беше сечено на делови. Беше одвоено од моето тело. Тоа беше месо од моето месо, коска од мојата коска, дел од моето тело. Тој вид на болка не само што го уби моето тело, туку ги уби моите емоции и чувства.
    Како можев да бидам мајка? Што не беше во ред со мене? Плачев додека му зборував на моето бебе и сакав да умрам заедно со моето бебе во тој момент. За мене ништо веќе во овој свет немаше значење. Всушност дел од мене веќе умре, дел од мене веќе беше заминат, заминат засекогаш.
    По некое време патувањето во пеколот - операцијата, беше завршена, и една медицинска сестра држејки со пинцети ми покажа дел од крваво стопало. Низ моите солзи, сликата на крвавото стопало беше врежана во моите очи и во моето срце, и толку јасно можев да ги видам петте мали крвави прстиња. Веднаш бебето беше фрлено во корпата за отпадоци. ...
    Конечно, ми беше дозволено да се вратам дома од болница. Не јадев ништо, па дури не пиев ни вода неколку дена. Едвај зборував со некого. Од време на време, го слушав жалењето на татко ми. Тој беше ослободен откако мене ме фатија, но беше страшно тепан, му требаше повеќе од еден месец за да се опорави физички. Гледајки го татко ми, размислувајки за моето мртво бебе, плачев и дење и ноќе, и во мојот ум постојано доаѓање сликата на малото крваво стопало. Физички се опоравив по околу еден месец, но психички и духовно - никогаш! ...
    Додека го пишував ова кратко сведоштво, повече пати плачев и не можев да продолжам да пишувам. Знев дека има милиони кинески сестри кои страдаат и ќе страдаат од истото од кое пострадав и јас. Кој може да им помогне? Кој може да ги спаси? Политиката на едно дете и присилен абортус убија милиони невини животи во Кина. Како може овој нехуман криминал да се запре? Кога може овој нехуман криминал да се запре?
    Постои и линк за онлајн петиција да запре овој криминал
    http://www.womensrightswithoutfrontiers.org/index.php?nav=sign_our_petition
     
  4. joana1

    joana1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Само ме интересира дали абортусот се врши со упут или тоа воопшто нема врска... каде можеш да се обратиш..? и дали можи да се изврши со помош на некои апчиња.?? кои се тие..? колкавна е нивната цена
    ви благодарам.. Ч)
     
  5. Ivuskata

    Ivuskata Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    А може ли некој што има искуство со абортус да ми каже дали по абортусот се останува неколку дена во болница или одма пуштаат и за колку време се прави..дали треба потпис од родител?!ве молам помогнете ми..поздрав
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.804
    Пол:
    Женски
    Бидејќи си полнолетна не ти треба потпис од родител. Од болница за неколку часа пуштаат, ама цел ден ќе си зашеметена, а искрено не знам колку долго трае процедурата.
     
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ако си полнолетна не ти треба потпис, а за останување во болница не би требало, ако нема компликации..
     
  8. tosic92

    tosic92 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    of lele
     
  9. lane90

    lane90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Незнам како е во државна болница но со сигурност знам како е во Систина. Се јавуваш и си закажуваш. Чини 5000 денари + 2000 денари за анестезија. Бараат и картонче за крвна група- ако немате направете си на друго место, ако имате плави картони тоа е бесплатно кај матичниот лекар. Во систина тоа чини дополнителни 1000 денари. Процедурата е многу едноставна. Одиш во закажаниот теримн, те прегледува докторот и потоа одиш во соба каде што се пресоблекуваш. Те повикува сестрата и те носи во една не многу голема просторија- добро опремена со некаква си технологија. Седнуваш како на класичен гинеколошки преглед и доага анестезиолог кој што ти прави муабет за да ти го оттргне стресот и нервозата. Ќе ти каже дека малку ќе ти се сврти во глава и навистина за 10 сек. ќе ви се врти. Малку после тоа веќе сте заспани. Кога ќе се разбудите сте веќе легнати во кревет во соба. Целата процедура трае верувајте само 5 мин и вие не сте свесни за тоа затоа што сте заспани. Се будите после 10-20 мин и малку сте зашеметени од анестезијата но не е страшно. За кратко може повторно да заспиете но тоа не трае долго. Најчесто ги држат до 1 час но ако не се чуствувајте добро никако не станувајте да си одите. Може да добиете нагон на повраќање но не е страшно брзо поминува. Ќе дојде сестрата ќе ви даде 5 капсули кои ќе треба да ги пиете 5 дена- по 1 на ден и плус ќе треба да купите капки кои чинат 98 денари и истите треба да ги пиете 3-5 дена во зависност од крварењето. Малку ќе ви биде тешко во стомакот но не трае долго. Кога ќе бидете дома поспијте уште малку и веќе нема ништо да осеќате. Ќе бидете исто како кога имате циклус, ке ве боли малку стомак и нормално ке крварите како и секој месец за време на циклус. Заборавив да напоменам дека дента не треба да јадете ниту да пиете било што. Ни вода ни мастика ни бонбона- за да може да ви стават анестезија. Доколку ве интересира уште несшто слободно прашајте
     
    На rider му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Имам искажано став на оваа тема и нема да се повторувам. Она што сега сакам да го кажам е, да тешко е во денешницава со немаштијата, се почесто се нема, но што со оние кои имаат пари, имаат се а сепак абортираат??? Од причина, кариера....знам дека е лично право, ама па понекогаш изговорите за абортус се не сватливи...
    И уште едно да додадам, што ако тоа дете го гледа само мајка? што ако се раведе? Зошто да биде осудувано детето?
    Јас имам братучетка се разведе додека беше трудна со 2ро и сега 3(последното е од 2 брак) прекрасни интелегентни сина, кои се исто како и оние деца што живеат со 2 родитела...Со одлични оцени и успеси во животот.
    Или јас? Татко ми почина....Што ми фали мене??? И мајка ми немаше пари, остана сама со мене на светот.....Работеше и за 9000 само да имам да јадам, ме запиша и на факултет....
    Зар некој треба да ме осудува, и да ме деградира???
    Лично право е и не осудувам никој, само лошото е што ние сме ѓубре од нација и едвај чекаме некој трач да слушнеме.
    Искрено БРАВО за сите мајки кои успеале сами во животот!!!! А ако правилно си го воспите своето дете, тоа дете секогаш ќе ја цени и почитува, и ќе се гордее со нејзиното дело.
     
    На bile1302 и AnaMKD им се допаѓа ова.
  11. rider

    rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    I jas lichno sum za , sekoj ima pravo na sopstven izbor neli?!
     
  12. Unattainable

    Unattainable Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Поминаа скоро две години од мојот абортус што во склоп на околностите бев принудена да го направам за да не се смеаат луѓето со мене како што кажаа моите родители.Значи се беше прекрасно,долга врска,љубов премногу,секој ден заедно(од исто место бевме)аама пукнат кондом и бременост....Тогаш почна кошмарот што сеуште неможам да го заборавам....Ми рече дека не е спремен да биде татко од кога им кажав на моите родители дека сум бремена...дека нема да ме земе ама ме сака.Која трагедија бе ме сака ама не сака татко да биде и ке ми плател абортус,еј кога ке ми текне 3 недели плакајки го молев да го задржиме бебето ама не и не камен срце да пукне и на крај таткоми со цело негово понижување ме прати во болница да го решам проблемот нели да не се смее народот со нас.Бев под целосна анестезија не почуствував ништо освен празнина на срцето и многу ноќи неспани,се заради ѓубрето кое дојде после тоа да ми плаче дека згрешил...за по 2 месеци да се вери со друга оти нели нашата голема љубов заврши за еден ден..Тоа е тоа секој има право на избор ;( ;( ;(
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    ;( ;( ;( Многу тажна приказна.
    Јас верувам дека во универзумот си постои некоја рамнотежа после секое лошо, да има нешто добро за што вреди да се живее, па така и оваа болка, во брзо време ќе ти ја надокнади со нешто прекрасно и вистинско, бидејќи ова што поминало не било доволно добро за тебе а нешто подобро допрва ти следи.
    Само позитивни мисли и ти посакувам во брзо време вистинска љубов и најубаво бебе.
     
  14. tufica

    tufica Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    секој има право на избор... во март оваа година абортирав, поради тоа што бившиот не го прифати бебето и така веќе бевме на крајот и кај најде да се фати баш тогаш :doh: после абортусот бев среќна, знаејќи дека и да го задржам ќе немав никаква среќа, и моите немаше да ме подржат... после 6 месеци останав бремена повторно, но сега сум пресреќна, заедно со сегашниот дечко се радуваме :$
     
    На candise20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Unattainable секое лошо за добро е..... не е некоја утеха но тоа е вистината....мораш да одиш напред.....радувај се што на време си се откачила од него....и дека нема да страда друго невино детенце што е најмалку криво што татко му е дебил......
    сама си... бори се во животот.....
    тоа детенце цел живот ќе било со себичен татко.....

    и јас си родив детенце без кое сега не можам ни секунда..... мнигу „се сакавме“, ќе бевме заедно, ќе си помагаме....за после 2 год повторно да останам бремена...да абортирам...да се разведам..... вака барем само 1 дете страда- не 2.......
    го сакам детето ни тешко е сам без партнер...со тоа што во нашава затуцана македонија шансите да најдам партнер кој ќеме сака и ќе го рпифати детето се многу мали.................. а тој ќе си продолжи со животот, бидејќи која и да ја најде ќе го „истрпи“ неговото дете за саат 2 или ќе го оддели од детето....

    а јас веќе нема да барам парнер...некој кој ќе ме сака.......туку и да се појави некој прво ќе ги исполнува критериумите на татко....

    офтопик.....можеби малку себично....но треба да размислиш дека си спасил едно детенце од лош живот

    не велам дека абортусот е добра работа......но зар да родиш дете кое цел живот ќе биде непотполно е подобро ( било од материјален било од социјален аспект :(
     
  16. Unattainable

    Unattainable Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3


    и јас се тешам со тоа...дека сум направила вистински избор како тебе сум била силна...
     
  17. joana1

    joana1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам дали знаете колку пари е абортус со вакум и каде може да се направи .
    И дали е несто ризично
     
  18. Alissa

    Alissa Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Секаде каде што прават абортуси прават и со вакум, тоа зависи која недела си јави се во приватните клиники Систина, Ремедика или Св. Лазар бидејќи штрајкуваат во државна. Не е ништо ризично не се секирај. За Систина ја бев целата сума е 8000 ден., имаш и погоре напишано.
     
  19. lane90

    lane90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Во Систина бев јас и таму е со вакум. интервенцијата и анестезијата чинат 7.000 денари + тест за крвна група 1.000 денари. Ако имаш картонче за крвна група не е неопходно да го правиш тестот во Систина.
     
  20. tantela

    tantela Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15

    Мила моја можам да ти кажам само биди среќна што на време си видела со каков човек имаш работа и сепак си можела да абортираш верувам дека ќе најдеш човек што те заслужува и понатаму ќе имаш многу поголем избор за тоа каков ќе ти биде животот...можеби ќе звучи грубо ама си се спасила од човек што според ова што го прочитав не знаел што точно сака а таков не ти треба...јас немав избор веќе беше касно и сега ќе се борам до крај за ова детенце што го носам.