Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. tara111

    tara111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo, tie sto imale abortus so tableti, kolku vreme po abortusot ste dobile ciklus?
     
  2. Heeeyhey111

    Heeeyhey111 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Mene mi docnese nekolku nedeli, kako i da e ..ne e strasno, ke si dobies najnormalno, ne se skiraj
     
    На tara111 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Heeeyhey111

    Heeeyhey111 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Devojki da ve prasham posle abortus(mojot bese medikamentozen ,so tableti) sledniot mesec si dobiv ciklus najnormalno, no sega dve ipol nedeli posle toa, imam nekoja kafeavka,bledo rozeva tecnost od vaginata ovie dva dena i toa premalce, po nekoja kapka na den. Da ne znae nekoja od vas sto bi mozelo da bide?:(
     
  4. AEM_mama

    AEM_mama Нов член

    Се зачлени на:
    13 декември 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Што би направиле доколку сте на мое место?
    Бремена 4ти пат непланирано во 4та гн. Имам 3 девојки од кои најстарата е 14 год. Со најмалата на 6месеци имавме тешка операција на црева (иначе сега е 8год). Мене сеуште ме држи некој страв околу неа на пр кога јади, спие,кога е настината итн. А 5год спиев во дневната бидејќи буквално се тресев кога го гледав девојчето. Дење некако се издржуваше луѓе околу мене муабет работа ќе помине денот. Само што се стабилизирав од таа состојба оваа бременост ми дојде како шок се ми се сруши. Мм вика твоја е одлуката дали ќе абортираш ама некако се филма демек што ако е машко ( неговата неисполнета желба). Закажана сум за во понеделник за киретажа ама како што поминува времето тој се повлекува и многу малку контактира со мене.
    Навистина не знам што е исправно? Ако одам на киретажа сигурно ќе го разнишам односот со него а ако раѓам ќе се изгубам самата себеси. Финансиски не стоиме лошо работи тој, јас, имаме дополнителна работа од дома то е се ок. Старите и од негова и од моја страна се ни ваму ни таму. Не даваат никаква поддршка само викаат вие си знаете.
    Сакам да знам било кој да е во моја кожа што би одлучила?
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.231
    Многу е неблагодарно да се рече раѓај или не
    Сметам дека тоа било план на дедо Боже и сигурно има причина зошто е тоа така
    Ја би родила ако сум ок психички
     
    На Elenpelen, lala15 и Angella7 им се допаѓа ова.
  6. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    272
    Јас да сум на твое место би родила доколку стоите финансиски и со нерви добро а за помош не се сомневам ќе имаш од маж ти и од ќерќите 100 % поддршка , останатите се мање битни. Сепак твое право е што и да одлучиш
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    8.332
    А што ако не е машко на истото мислење ли ќе е?
     
    На Adidas888, Anyshka и fbaby им се допаѓа ова.
  8. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    11.733
    Пол:
    Женски
    Зошто да го разнишаш односот со маж ти ако одлуката ја остава на тебе?
    А што ако не е машко?
    Не може никој од страна да ти каже што да правиш, ама според ова што го пишуваш не ми делуваш како да си спремна за уште едно дете.
    На крај одлуката секако си е твоја, како се чувствуваш и како мислиш дека е најдобро, така.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    Ти е најважно како се чувствуваш, сепак имаш три здрави дечиња и секако ако решиш важно е да се осигураш дека е добар плодот. Може имаш простор да размислиш и да направиш некое испитување до 12 недела се смета како безбедно за абортус. Не избрзувај размисли со ладна глава. Поздрав се најдобро.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Бев во некоја слична ситуација, го родив и ни за секунда не се покајав. И јас би рекла дека е Божји план, така верувам. А тоа дали е машко уште одма освести го маж ти да не се филма, не ќе раѓаш дете само пол да погаѓаш, може е женско, што и да е...
     
    На SummerGirl, Anyshka, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Твоја одлука треба да е, како и да си сакаш. За машко/женско немам коментар искрено... Ако се решите за 4то, што и да е, нека е живо.

    Јас да бев на твое место, мислам дека би го задржала. Штом имате финансии, имаш и поголеми девојчиња кои сигурно ќе бидат многу од помош.

    Имаш пренатални тестови кои се прават уште од 9/10та недела. Имаш фора да ги направиш, и да видиш како ќе се резултатите. Исто, поради проблемот со најмалото девојче, би отишла кај некои од најдобрите доктори за скрининг барем. Јас ти го препорачувам Димчев во Систина.

    Сепак на крајот од денот, што и да одлучиш, твоја одлука е и немој да чувствуваш грижа на совест.
     
    На SummerGirl и nice-girl им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.571
    Пол:
    Женски
    Би го родила, секое дете се раѓа со својата среќа, не можеш да знаеш дали ќе има некој проблем или нема да има, јас жива би се изела здраво дете да абортирам а ги имам сите услови да го исчувам.. Сепак одлуката си е твоја, размисли убаво затоа што нема назат.
     
    На SummerGirl, Joanna28 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  13. Elena Eci

    Elena Eci Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Dobra vecer. Bi ve prasala Dali znaete kolku cini abortus vo drzavna. Vi blagodaram
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.231
    Беше ли на гинеколог?
    Што се случи
     
  15. Eva.Radica

    Eva.Radica Нов член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки. После 4 години повторно на форумов само поради било која би се нашла во ситуација како мене. Сакам да споделам искуство, зошто никаде не се зборува многу освен тука по некој коментар.
    Имено имам 5 годишно дете, и останав повторно бремена. Веднаш решив дека не сум во можност да раѓам, па со тешки маки бев кај матична, упат кој го даваат реда ради, за да не се шеташ на ГАК , иако пак се шетав. Крвна група направив, следниот ден после 5 саати дремење на клиника ми дадоа апчиња дома да ги испијам. Ништо таму не се пие. Едно дента, па задутре дента уште 4( две вагинално и две под јазик). После 40 минути почнуваа болки, трески, нагони за повраќање. Во следните 5-6 саати болките можеби издржливи, незнам, но поради температура и повраќање и болки во исто време- ГОСПОД го видов. Цел ден млитава, одвај на нозе застанав. После 4 саати почнав да крварам. Денес има поминато две недели, притоа се уште крварам и пред два дена на контрола кај матична испадна дека сум полна, односно има многу остатоци од бременоста и треба да идам на чистење.
    Отидов на ГАК, докторот ме врати да сум дошла после три недели ако не сум имала температура( да не речам сепса ако не сум фатила). Денес правев крвна слика повторно и црп по налог на мат. , црп мирен ама се друго- немирно. Температура 37,2 цел ден.
    Затоа вака драги мои, покрај целата голгота што ја доживуваме кога ќе решиме да не родиме, од која и да е причина, ве молам да си идете на киретажа и да ме им верувате на докторите како што мене ми рече док." Јас сум доктор не си ти, не им се случува на сите да не биде нешто во ред, уживај". Иако напоменав дека прагот на болка ми е низок, има слаб организам и често се разболувам. Тоа е го ветер, нивното его е најбитно.
    Сега се празници незнам кој пат да го фатам. Систина не ќе биде под 35.000 , а ги немам. ГАК ќе ме нафтата, притоа три недели сум дома, ако останам уште ден и од работа ќе ме избркаат, а јас сум катастрофа и физички и психички.

    Така да, убаво размислете каде и како ќе ја правите процедурата.
    Извинете на долгиот пост, но мора да сте спремни дека може да ви се случи и ова што мене ми се случи.
    Посакувам ниедна веќе да не се најде во ваква ситуација, но тоа е живот.
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.231
    Жал ми е што дошло до ова
    Мој совет јави се во Плодност кажи ситуација и прашај колку ке те кошта
    Од 15.000 не е повеке
     
  17. Eva.Radica

    Eva.Radica Нов член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Фала ти. Во моментов и убав збор ми е поддршка. Неможам да патувам во Битола. Во лоши односи сум со маж ми. 18.500 плус преглед ехо 4000 во Ремедика. Вчера телефонски ми кажаа. Систина не ги добив.
    После празников ќе си го барам чарето. Поздрав и убави празници. Господ да е со сите нас.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.231
    Значи 23.000 ремедика
    Пиши шо ке направиш
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eva.Radica

    Eva.Radica Нов член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Ќе пишам. Утре се рамно 3 недели откако ги испив апчињата и откако крварам. Ќе одам до ГАК прво да видам што ќе кажат, па ќе одлучам што понатаму.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.