Девојки благодарам за поддршката, иако премногу се плашев поминав добро колку што можев.. Сакав да ве прашам дали е нормално да имам вртоглавица, станав малку и ќе паднев ми се стемни пред очи..
Девојки повторно јас, сеуште имам силна вртоглавица и гадење, дали е нормално сеуште да трае или треба да се загрижам, да се јавам во болницата?
Најубаво да се јавиш. Мене ми рекоа дека е можно да ми се лоши или да повраќам неколку саати ама гледам вчера си ја правела киретажата. Најубаво да се јавиш и консултираш со гинекологот.
Да, можеби затоа што движев ми беше така, сега повеќе одморам и ми се смири и гадењето и вртоглавицата, ти благодарам на прашање ❤️
Стомакот ми е некако отечен, претпоставувам нормално е, не крварам засега воопшто само малку кафено на бришење, само ова што ми се повраќа не знам дали анксиозноста ме работи, читав милион работи што може да тргне наопаку и тешко се справувам, не можам да спијам воопшто.. не знам после колку време од интервенцијата може да се појават несакани ефекти..