Има и многу примери на деца кои заради сиромаштијата питачат, паднале во канџите на дрога и проституција уште како малолетни во обид да заработат. И деца кои од многу мали работат наместо да учат. И деца што никогаш немале да облечат нешто убаво, немале саглам оброк, немале услови ни хигиена да водат, девојчиња што место влошки користат весници. Ама ги сакале...океј. Живот се случувал.... Јас на 20 бев студент, психички малце така лабилна, пари имав од стипендија. За разлика од сега кога сум вработена, со колку толку искуство во работата и свои пари и далеку подобра од тогаш.Па не избрзав да раѓам оти утре можело да немам пак, оти само ќе ме уништеше. Ниту сега би раѓала оти утре може да немам. Немам ни сега уште услови, колку може и да сакам деца. Да живот се дешава, ама своите желби ги прилагодуваш на тој живот, или во превод нозете ги пушташ колку ти е долга чергата
Далеку од тоа дека деца треба да се растат во неповолни услови само за да се избегне абортус.Ама не е секогаш се црно и бело во животот.И богати малтретираат деца и некој од нивните се дрогираат.Така да нема правила.И јас бев истата како тебе се додека не бев финасиски стабилна и со добра заштеда не сакав да се мажам.Се омажив имаме услови за 5 деца.Немаме ниту едно 3 години се бориме.Така да се има,секакви прикажни и не сакам да судам кој кога и зошто
Да децата успеале затоа што сакале да успеат а не да бидат како родителите. Немаш леб ти да јадеш ама ќе правиш уште 5 деца и после се нема сиромаштија.. Баш слушав една изјава на фондацијата на Тамара од Србија, кажа дека најчеста причина што се сиромашни не е од што така им е судбина, тука главна причина најчесто бил таткото или бил пијаница или се коцкал, здрав прав ништо не работел и кажува "жал ми е за децата затоа и затоа има фондација". Може да се случи да изгубиш се , пожар да избие, земјотрес, поплава. А работаа ако изгубиш ќе се стснеш 2-3 месеци додека најдеш нова не трае вечно и кој сака да има може да најде работа веднаш, дрва ќе одам ќе цепам по куќи, ќе кречам, ќе местам паркети... Не мора да сум пријавен ама ќе се снајдам за толку.. Се е изговор. Е сега ако си во тешка ситуација а немаш уште деца, застани ти на нозе после чувај има време за деца... Може некој има пари ама не сака деца да чува едноставно не е спремен не се осеќа дека ќе се снајде како родител.. Некој нема услов да чува 3 деца има куќа за 2 деца за комотно да растат, а нема доволно за да купи поголема... Што има врска која е причината, за абортус. Кој сака нека абортира кој не сака немора. И темата е абортус, значи веќе забременила жената како да се врати назад и да стави заштита? Веќе биднало касно е да се кае што не користеле заштита, затоа и постои абортус.
И затоа твоја обврска ко родител е да му обезбедиш соодветни услови, не да го родиш оти "желбата за детеце ни беше поголема од сѐ" и после на еци пеци да му ја оставиш судбината. Ааа иначе многу ми рекле Ама знаеш, после може ич да немаш деца. Еве си кажувам, и да немам, нема да ми е поголема болка него да го родам неспремна.
Јас се согласувам ама сите не размислуваат исто.Не сме сите исти.Нема правда и правила во животот.Секоја болка има своја тежина,не можеш да мериш.
За мене лично има врска која е причината за абортус.Мој личен став е за тие што не сакаат деца не треба ни да ги прават.Со исклучоци на жени кои се малтретирани од своите мажи,аномалии,сексуални напади итн.Сосема ми е во ред некој да не е спремен и цел живот,и да не сака да има воопшто деца.
Ама дошло веќе до забременување и не сакаат дете... Од кај знам може се надевале на неплодни денови па имале незаштитен однос.. Може пукнал кондом или апчето за ден потоа не функционирало..
Можеби,се е можно.Ама во други теми кога некој ќе напише сличен случај незаштитени односи,можност за бременост,апче за ден потоа,автоматски се пишува-прво едуцирај се па стапи во односи итн.Ама сега е ок се случило.
Тебе лично не треба, уште повеќе не смее да ти има врска што некој друг одлучил што ќе прави во врска со себе. Твоите причини се валидни, апсолутно, ама единствено врз тебе и твоите лични одлуки. А сите имаме свои причини и различна точка на пресврт во конкретен момент. Туѓите избори и туѓите причини никако не се наша работа, оти ние не сме ни најмалку засегнати од нивните последици.
Јас кажав мој став и мое лично мислње.Не гледам како моето мислење може да влијае на нечија одлука.потенцирав-лично мене.
Дај модератор нека ги брише овие затуцани конзервативни мислења. И онака им е доволно тешко на оние кои абортираат, уште да читаат вакви глупости. Да бев модератор жими се ако не ве банирав трајно. Како не ви е срам за туѓ живот да коментирате. Од толку теми на форумов тука ли ќе си го мерите мајчинството? Личниот став дома да си го кажете у вашето 12 члено семејство со 4 генерации, а не кога ќе ви свика свекрвата да се тресете ко лилјак.
Еми убаво што си имаш ти твое мислење, али мислити, срати и цвече брати не е исто. Прво ембрион не е бебе, друго абортус на развиен плод еве и јас ќе го кажам бебе не е дозволен, освен кај тешки здраствени проблеми и плус ако абортус е убиство на бебе и секоја што абортира го прави тоа без чуства, зашто тогаш не е пракса да се роди бебето и да се убие одма од медицинско лице?
Ај што имате ЛИЧНИ мислења кои се однесуваат на ДРУГИТЕ луѓе и на ТУЃИТЕ избори (баш интересни реченици прочитав, вика, ја имам лично мислење ама за тоа што прават другите ) па и ги изнесувате во темава да стојат тука ко народен суд врз нечија душа. Префрлете ги мислењава во подфорум политика, право, морал итн. Овде некој душата си ја распостила. Греота е да го камшикувате со вашите ЛИЧНИ мислења. Имајте малку осет како влијае кога некој ќе ви го прочита ЛИЧНОТО мислење за неговата ситуација. Не се правете на триипол, "ја не мислев ништо лошо". Мислеше да посолиш, и тоа како.
Ако е таква логиката, тогаш во кој момент тој плод станува дете, станува живо суштество? Дали има точно дефиниран момент кога тоа се случува?
И ти имаше лично мислење дека геј паровите не треба да се остварат како родители.И твоите лични мислења се однесуваа на туѓи избори.Ти размислуваше како твојот личен став ќе влијае врз нечиј избор?Да не одам офф топик со други теми. Нема точно дефиниран момент.Има многу различни ставови биологија,правна,религиска(во христијанската се смета од зачнувањето)во другите религии подоцна,научна преспектива.Секој верува во тоа што се води низ животот