Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Unattainable

    Unattainable Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Благодарам душо на убавите зборови :angel: јас се уште се надевам дека ке ме чека нешто подобро
     
    На tantela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Го поддржувам абортусот и фала богу што се немам најдено во ситуација на несакана бременост.. ме интересира дали е вистина дека настануваат компликации по абортусот, и дали ако првата бременост е абортирана, подоцна шансите за пак да се забремени се многу мали? Имам доста читано на оваа тема по разни форуми и скоро сегде овие работи беа означени како мит, а не вистина. Наводно компликациите настанувале само доколку абортусот е воден од страна на недоволно обучени доктори, и дека заради тие компликации следната бременост е отежната, а не дека самиот абортус по себе ги намалува шасните. Што ке кажете вие на ова?
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.469
    Допаѓања:
    13.528
    Пол:
    Женски
    Како што си прочитала, точно така си е. Да било толку страшно да поминеш низ абортус, тие што абортирале еднаш, немало воопшто деца да имаат. Битно е да се оди кај стручно лице. И заб да ти вадат, ако одиш кај некој лаик ќе те измачи и може да ти остане некој корен недоизваден, а не па абортус.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alissa

    Alissa Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Девојки, сакам да ве прашам после абертусот колку време не треба да имате секс слушнав нешто месец дена до 40 дена ама ова од пријателки не од гинекоолок. Знае неккој точно да каже ? Ви благодарам
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    се додека не прстане крваренјето а и пред однос посета на гинеколог обазезноали некаде2-3 недели секако без односи најмалку а после тоа обавезно заштитен однос
     
  6. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Абортус - прекинување на бременоста

    Здраво.Ми доцни веке 9 денови, а сакам да абортирам.Каде можам да прашам за абортус по нашиве клиники и дали ми треба упот од гинеколог.Ве Молам За Помош ! ;(
     
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ангела можеш и по приватниве клиники да се јавиш и да се распрашаш, а ако сакаш за поефтино иди на клиника на гинекологија, и за тоа секако ќе ти треба упут.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Дали ти е потврдена бременост? Може да доцни и од други причини, не само ако си трудна.
     
  9. Liiana

    Liiana Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    1
    Секој има свое право а јас сум за да , гледам дека има многу случаеви што девојката останува бремена а дечкото кога дознава раскинува а за тие к*син тие треба да се убиат што вина има девојката ти треба да се пазиш а за тие малолетни што сакат да абортират по 2 пат абе девојче кај ти беше паметот 1 да али по 2 пат.... баш сакам да знам ти абортираш и после на другиот партнер му кажуваш дека не си абортирала и гинекологот гледа дека си абортирала али не инаку јас не сум абортирала дај боже никогаш а и ако се случи не сакам да абортрам
     
  10. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0

    Да. Проверив 3 пати со тест за бременост и беше позитивен.
     
  11. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    А таму треба некако да се закажи или... пошто цитам овде колку повеке денови се чекаат толку е поризичен абортусот.. :(
     
  12. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Те молам оди во приватна клиника, не е мала работа оди во Систина прашај, имаш уште една недела да размислиш не брзај, абортус најдобро е да се направи во 7 недела а ти сега би требало да си 6 недела, што ти касни 9 дена. Оди прво на преглед кај гинеколог, во приватна клиника не ти треба упат од гинеколог се се наплаќа на приватно. Ама размисли уште еднаш, не брзај
     
    На Angela20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    не сум тука јас ниту било кој од феминките да соли памет, но ако си во можност да го родиш роди го. Немој заради некоја грешка да се каеш цел живот. А доколку абортираш гледај тоа да го направиш најпрофесионално а за последиците нема некој што може да ти гарантира.
     
    На Angela20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    :sweat: Многу ми е тешко вакви работи кога ќе сретнам или прочитам некаде. Просто ми паѓа тешко и ми е жал.
    Не сум некој фанатик да протестирам гневно против абортусот, само откако пола година се обидував да зачнам, знам која среќа претставуваше за мене кога го видов тестот позитивен. Знам и колку многу девојќи тоа го посакуваат. - додека кај некои други е обратно :worried:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  15. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Твое право е и сигурно си свесна за тоа што ќе го правиш, секако размисли убаво уште еднаш. Најдобро оди во приватна клиника, во Ремедика е најевтино од приватните
     
    На Angela20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0

    А одприлика колку би можело да чини еден абортус да не знаете.. а секако ке одам во приватна клиника,еве штом ти викаш дека Ремедика е најефтино таму ке одам. Благодарам на информацијата
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мислам дека е над 9000 денари али заврти наназад по страните ке видиш имаат пишувано девојките колку пари ево приватниве и да да знаеш тоа ти е најдобар избор да одиш да абортираш на приватно кога веке си решила на државно екако ризично е а може да ни кажеш зошто се одлучи на абортус? ако не ти е промлем се разбира
     
  18. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0

    Па една од причините е што сум премногу мала имам 20 год а и штотуку почнав со студиите, а исто и дечкоми студира и двајцата сеуште не сме подготвени да бидеме родители.
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    еве разлистав јас наназад најдов за сиситина 7000 ден -1000 денари за крвна група ако имаш картонче со проверена крвна група тагаш понеси си го со тебе и нема потреба од 1000 ден плус и не заборавај да провериш дали си RH+ или rh- ако си негативен ке треба да примиш инекција која кошта околу 3000 денари ај па пиши ни како ке биде со лесно
     
    На Angela20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angela20

    Angela20 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0


    Значи да си го земам картончето, јас сум нулта Rh+ и нема да има потреба да примам таква инекција..и ке треба да закажам за во систина.Благодарам за информациите Ева.Поздрав