сепак размисли,кажи им на твоите,абортусот не е мала работа,може да има тајни последици....не избрзувај со одлуките исконсултирај се прво,можеби еден ден ке се покаеш за тоа....ама твое е да одлучиш што ке правиш
Angela20 размисли добро не е мала работа ,а дали знае некој од родителите?и тие треба да се покрај тебе во вакви тешки моменти.
Оди во Систина, барем цела болница е сега, колку толку да го намалиш ризикот, што и да се случи има доктори од секоја област.
Ме изнервира рекламата на владата која ја емитуваа пред 1 час, па затоа и пишувам...Татко алкохоличар, мајка болна од сифилис, 6 болни деца, дали би ја имале одата на радоста, ако извршил мајката абортус.. Се извинувам, но само прости, неписмени и необразовани луѓе можат во денешно време да бидат против абортус.Тие кои во својот живот не прочитале ниту една книга, а се осудуваат на вакви реклами. Тоа е право на секоја жена...Да станеш родите е голем благослов, но не по секоја цена..Има млади девојчиња кои лесно потпагаат под влијание, и на кои единствен излез им е тоа..Има уште милион ситуации..Неспремност, сиромаштија итн..итн... Свесни ли се што значи абортус на диво...И кога бил забранет, абортусот секогаш се извршувал (но на диво)..а тоа носи милион последици... Секоја жена има право на свој избор, дали ќе одлучи да биде мајка или не во тој момент. Абортусот до 3 месец не е убиство и нека не ви го перат мозокот болни и прости луѓе.. Убиство е несаканиот детски живот, приморан да се роди во никакви услови, да расте по домови без мајчинска љубов, гладен и жеден за се, без нормално детство, без никаква љубов, изложен на лошиот третман во домовите за деца без родители...А тек условите за посвојување на тие дечиња се потешки и невозможни.Ретки се оние дечиња од дом кои се усреќиле кај некои родители. Посебно споредбата со Бетовен... И јас ја сакам неговата музика и и се воодушевувам, (себично нели како и сите вие) но каков бил неговиот живот, проблемите со неговиот слух се токму од неговите родители...Срамота за рекламата..срамота во овој век...
Да не се пофторувам ПОТПОЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ СО ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ! СЕКОЈА ЖЕНА ИМА (ТРЕБА ДА ИМА--онаму каде што е забрането) ПРАВО НА АБОРТУС!!!
СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ИМА МОЗОК! Да се надоврзам јас на вашето мислење. Кога ќе се заштити, и кога нема да експериментира, нема да дојде до несакано забременување. Е сега недај Боже ако е силувана, тоа е веќе друго. Ама од невнимателност? Нема оправдување.
Точно да, но како во државава наша секоја жена да има мозок, кога немаат тие што не водат...Рекламираат како мајка болна од сифилис треба да има дете, наместо прво да се излечи па после да размислува на бременост..Бар сме денес посовремени од времето на родителите на Бетовен...Последиците од глувонемост од што се? Останувам на ставот дека само прости, неписмени и необразовани луѓе можат да забранат право на абортус..
Некогаш и при најмногу внимавање и заштита, може да дојде до бременост. Се случува, нели? Од предсемена течност, пукање на кондомот и слични ситуации. И што тогаш? По секоја цена да се роди? А да те прашам, дали знаеш што е morning after pill или Норлево? И тоа е еден вид средство за абортирање, кое сепак не секогаш е успешно. Само апстиненцијата штити 100% од забременување. Јас сум за абортусот како право на избор, а не метод на контрацепција. Секоја вистинска жена што ќе одлучи да абортира, абортира со силна и реална причина. Сигурна сум, дека соочена со опциите и можностите жената носи правилна одлука. Не судам никому, ниту пак прашувам, сигурно дека не е лесно да се абортира, затоа што подоцна ќе мора да се живее со тоа, а верувам дека не е лесно.
Ангела, незнам што имаш направено до сега, гледам последен пост ти е на 5ти јануари, но ако сеуште немаш закажано абортус, направи прво преглед на гинеколог и прашај си за абортус со канила (вакуум). Побезбеден е, и е за вакви случаеви на рана бременост, а воедно и поевтин. Го прават во амбулантски услови доста од приватните акушерски ординации. Процедурата е иста но кај нив помалку ќе платиш за разлика од големиве приватни болници.
Мене ме нервира и рекламата каде што девојката му кажува на дечкото дека е бремена а тој продолжува да си гледа фудбал. Значи многу ме интересира кој ги прави тое реклами. Сигурно некој без основно. И си стојам на ставот ДА за абортусот и тоа е право на жената.
Не сум ја видела таа ...Ниту сакам да ја видам..И јас сум за тоа дека треба да се внимава, но за жал се случува..Никој од убавина не абортирал..Тоа е сигурно најправилниот избор во тој момент..
Сепак да ! http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=B9wX1Pqcl4k GULABICA VALE-DJONI DALAVERA
Колку што прочитав, сите овде се ЗА абортус. Дури и оние што велат, НЕ, НИКАКО, тоа е чедоморство бла бла бла... ОСВЕН ако не дај боже силување или компликации. Е па драги мои, тоа значи дека СТЕ ЗА. Затоа што ако си ПРОТИВ си против и точка. Нема АМА. I rest my case. Btw. Јас секако сум ЗА абортус, затоа што живеам во 21-ви век. П.С. А што се однесува до вас верниците, што верувате дека Господ создал се‘, зарем тоа не важи за абортусот?
Да,да може да абортираат и помлади од 18 години ама со потпис од родител.После полнолетство си аборитраш по своја одлука.
Spsema se soglasuvam. Jas vikam DA za abortusot, ako veke ima neposakuvana bremenost. Ja sega imam dve mili kerkicki(bliznacki kako mene i sestra mi) se vikaat Ivona i Ivana. Ne mozam da disham bez niv. Pred 4 godini koga doznav deka sum bremena se isplasiv i resiv da abortiram. No na samiot pat do bolnicata se predomisliv i resiv da se otkazam od abortusot bidejki toa ne e sekogas najdobriot izbor. No, sekoja zena ima pravo da bira dali ke go rodi deteto ili ne.Samo ke im preporacam na trudnicite dobro da rzmislat pred da abortiraat bidejki nazad vrakane nema. [mod-kirilica:vsc2z3dm][/mod-kirilica:vsc2z3dm]
сакам да пршам дали апчњата за абортус мозат да се најдат во секоја аптека и дали треба да бидат препорачани од доктор
Најверојатно мислиш на оние апчиња кои се пијат 72 часа од ризичниот сексуален однос.Значи тоа не се АПЧИЊА СО КОИ СЕ АБОРТИРА туку АПЧИЊА СО КОИ СЕ СПРЕЧУВА несакана бременост.(под спречува не се мисли на контрацептивно средство) Иначе да ги има скоро во сите аптеки,и не нетреба да бидат препорачани од доктор иако е пожелно да се посети стручно лице,ако не друго бар да ви објасни поубаво што им е намената на тие апчиња !