Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Леле Кети браво ептен се израдував за вас, нека ти е со лесно бременоста и со среќа :inlove:
     
    На Keti30 и pepita82 им се допаѓа ова.
  2. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...јас на темава гласав во корист на поколенијата што следат, и во име на здравиот разум и човековата хуманост...

    ...сум против секоја елиминирачка метода, било тоа дали е абуртус, геноцид, виртуелен бан, еутаназија...и слично...

    ...причината за ваквото мислење ја наогам во вистината дека секоја од горенаведените елиминирачки методи е немоќ, неуспешност и очај на поединци за да се соочат со реалните проблеми во текот на нивниот живот...

    PS.Bо случај на медицински докажана малформација на плодот во раната бременост сум за абортус.
     
    На Sunshine88 и minne03 им се допаѓа ова.
  3. oblinessa

    oblinessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Абортус?

    Здраво форумџики :)
    Ме интересира, знаете ли колку чини абортусот во приватна и во државна клиника, и која е целата процедура околу закажување интервенција?
    Во однос на интервенцијата, колку време трае? Болна ли е? Дали има последици кои се забележливи за другите членови на семејството? (да не смееш да се движиш, огромни болки итн..)
    Сè што знаете, а мислите дека би било корисна информација, ве молам споделете :)
    Имајте убав ден!
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    ^Пролистај поназад ке најдеш се што те интересира. Неколку пати е даден одговор на овие прашања.
     
  5. oblinessa

    oblinessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Дали ти е потребна книшка и дали во неа нешто се заведува во неа?
     
  6. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Немој да го абортираш детето молим те, подобро роди го и дај го на посвојување, вака ќе имаш грижа на совест која ќе те пече цел живот и нема да ти дава мир! Познавам неколку што се одлучиле на абортус и знам како им е сеуште и после неколку години. Има луѓе без деца, кои толку многу сакаат деца, а неможат да родат. Еве и јас, имам 35 години скоро, еден спонтан позади мене и многу ми е тешко за тоа бебе што не сум го родила, a толку многу му се радувавме кога дознавме дека сум забременила. А замисли како би ти било тебе кога стално ќе си спомнуваш дека ти си и пресудила на таа невина душичка. Колку и да е незгодно од околината, од родителите, се поминува, ама грижата на совест не поминува никогаш... ќе сонуваш секоја вечер што си дозволила да направиш и дека после нема враќање. Убаво размисли те молам, детето што ќе се зачне е живо уште при самиот процес на спојување на машката и женската клетка, создаден е живот, а не е цвеќе да го скинеш и готово, завршена работа! Разговарај со твоите родители, од кај знаеш...можеби ќе наидеш на поддршка и тоа детенце ќе ти го просветли животот, затоа немој ти сама да си го зацрниш!!! :hug: Да можам сигурно би ти помогнала некако или барем да те гушнам цврсто за да знаеш дека сигурно не си сама на овој свет, и не e ништо завршено со таа несакана бременост, туку баш напротив, почнува нешто божествено! Сигурна сум дека во твојата околина има некој што ќе биде со тебе.
     
    На elena.mak, Serafima, bebaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Секако дека сум за тоа да постои опција абортус и мислам дека никој нормален не би забранил абортус. Замислете да се забрани абортус знаете ли што ќе стане со нашите животи? Затоа да не се занесуваме со тоа дека ние немаме право да уништуваме туѓи животи и слични срцепарателни изјави, затоа што ако тргнеме така треба да се забрани и мастурбацијата и сексот кој завршува со предвремена ејакулација или секс со кондом на кој исто така се уништува нечии живот бидејки таа сперма ако завршела во нечија матка ќе се родело слатко и фино детенце. Само би ѓи прашала оние што се против. Дали е подобро да го родиш без да имаш услови да го одгледуваш на правилен начин или воопшто да не го родиш? Значи стаете се во улога на жена во брак знаете ли колку пати може да ви се деси да останете трудна? Тука зборуваме за редовен сексуален живот во кој неможете вие нон стоп да користите кондоми или слична заштита, и неможе мажви секогаш да го вади пред да срши. Секако дека се огромни шансите покрај саканите деца 2-3 да на тој начин родите уште неколку доколку не потои опцијата абортус. Сте се прашале ли како ќе ги издржувате тие деца. Лесно е и јас да морализирам дека сум против дека тоа е убиство..... Но ставете се малку вие во таква ситуација па тогаш кажете дали сте за или против. А уште пострашно е ако сте млада 17-18 години кога имаш планови пред себе факултет, патувања и одеднаш ти се деси бременост. Зарем би ја фрлила во вода сета своја иднина кога тоа може да се среди за половина час кај гинеколог кои ќе те чинат 200 евра. Прашањево е многу комплексно и не е толку едноставно да го разберат особено помладиве кои сакаат тука на форумот да испаднат нешто многу паметни и морализираат а недај боже нив да им се деси прво што ќе направат ќе трчаат кај некој гинеколог на диво да се исчистат без никој да знае.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    13.524
    Пол:
    Женски
    :^) А демек нема да има грижа на совест ако некаде на светов има дете за кое не знае ништо?
    Имам искоментирано на темава дека за да можеш да поминеш преку абортус без психички тоа да те прогонува треба да бидеш сигурна во својата одлука, да веруваш дека тоа е правилниот избор и дека можеш да се носиш со тоа целиот свој живот. Ама истото важи и за посвојување. Ако една жена не е во состојба да се грижи за тоа дете (не дека не го сака, но едноставно не е спремна да има дете во моментот), и реши дека не може да абортира, туку ќе го даде на посвојување, јас мислам дека 99 од 100 пати на крај ќе го задржи. И што со тоа после? Работите нема да се сменат, сеуште нема да има услови за дете, што значи дека тоа дете сега е осудено на тежок живот.
    Јас се имам изјаснето дека сум ЗА абортусот, но не би можела да го дадам моето дете и да заборавам дека постои. На крај сум со студиите, и сум во сериозна врска со човек кој е ситуиран, што значи дека доколку сега би забременила би го родила (и си стојам на тоа дека досега не сум била спремна за дете). Но, дури и да сум во брак, и да имам две деца кои би ги сакала неизмерно, доколку се најдам во ситуација да немам доволно средства за добар живот и забременам по трет пат, и тогаш би абортирала (познавам и такви случаеви).
    Абортусот е избор. Свесен избор кој секој треба да го направи откако добро и силно размисли за сите последици. Избор со кој треба да живееме до крајот на животот. Можеби би било тешко, ама сепак треба да постои како избор, баш за тие неродени души. Зошто може 1 бебе да има среќа да проживее убав живот, ама за секој еден фетус кој би завршил така доколку не би бил абортиран, постојат десетици други кои најверојатно ќе посакаат никогаш да не биле родени.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...мислам дека на топиков, затоа што е многу осетлив не треба да има нафрлање на зборови, гатање за и околу тоа што може да се случи со животот во иднина и слични испади од страна на конфликтни и неупатени мислења од особи инспирирани од нивната конфликтно-егоистичка и импулсивно-неразумна природа...

    ...ова го напишав затоа што кога се работи за една така деликатна работа како што е абортусот, мора сите да знаеме, дека плодот не е сперма ниту пак предвремена ејакулација, туку се работи за живо битие кое е во форма на својот развој ( и тоа е медицински докажано )...


    ...а, гинеколозите се пред се медицински лица кои се грижзат за здравјето на лугето, не би требало да се орудие за убиство како што некои сакаат да ги наречат за сума од 200 евра...
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Мислев да го напишам само еднаш моето мислење, ама после ова што си го напишала неможам да се воздржам, а да не одговорам. А бе како така лесно си го кажуваш тоа "може да се среди за половина час кај гинеколог кои ќе те чинат 200 евра" , како така бе, какво е ова размислување ако може воопшто да се каже дека е размислување. Зборуваш за некои чизми, јакна, ќе земеш 200 евра, ќе си завршиш работа и баш те боли, па што, ќе се правам женска ипол. Не девојче, не е тоа решението, како прво има да го вади секогаш пред да сврши ако не е во план бременост, и те како ќе го вади. Еднаш несакана бременост, ајде абортирај, после мажов пак немора да го вади пред да сврши и што, пак на абортус?????????????????????? И така 20 абортуси, а? Има средства за контрацепција, кое време живееме, кондоми, антибеби пилули, ама не е се 100% сигурно, затоа ќе си го вади, дете е тоа бре алооо, бебе, живот, зарем повеќе вреди задоволството од неколку секунди што ќе се ејакулира внатре со 100% ризик од бременост отколку нечиј живот?! АКО НЕСАКАШ БРЕМЕНОСТ; ТОГАШ ИНФОРМИРАЈ СЕ И ЗАШТИТИ СЕ!!!!!!!!!!!!!!!
     
  11. oblinessa

    oblinessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Не побарав мислење, поставив прашање.
     
    На Noemi, Ale.Ambrosio4 и Spidy им се допаѓа ова.
  12. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Извини душичке.
     
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Што се извинуваш? Да е совесна ќе се распраша по клиники а не по форуми.
     
    На Lepaaa и Andromaster им се допаѓа ова.
  14. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Ми се допадна твојот одговор и еве да ти одговорам на прашањето. Да потребна е книшка за да извршиш абортус и секако дека се заведува абортусот во книшката. Инако душегрижници кои делат совети има колку сакаш. Луге убиваат луге па немаат грижа на совест а не за еден абортус. Мислам децава многу гледаат филмои.
     
  15. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    А јас мислам па дека децава се пердашат со кој стигнат и после молат Бога некој да не ги дознае што гомнарии прават!
     
    На Sunshine88, katalina и Lola-M им се допаѓа ова.
  16. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Остави ја Форко, не и се секирај, Господ да и го прибере побрзо паметот и да се покаjат тие што имаат направено нешто такво, несакам називот да го спомнувам. Јас се откажувам од темава, толку, што имав да кажам, кажав. Епа сега секој со памет во глава :fubar:
     
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Прво како можеш да убиеш невина душичка кога тоа уште не е ни оформено.
    Втора работа,можеби и се случило недајбоже на некоја девојка,ја силувале или дечкои несакајки па и раскинал или нема со што да го чува,тогаш подобро е да се роди и да се мачи и детето и мајката,таа самохрана а детето без татко и да немаат за леб,или да забременила од тој што ја силувал па да го роди и да не знае кој е татко на детето?
    И трето,постојат девојки на моја возраст или помлади,постари и секако дека ке абортираат на 13-14 години кога неможе дете да чува дете,па таа само што добила! Еве јас имам 17 години (уше малце 18) и до 24 несакам да родам од чиста причина затоа што сакам да завршам факултет и да се вработам и да бидам своја личност,несакам на 20 да родам и да бидам домаќинка,цел живот да слугувам на некого и да бидам неписмена и цел ден да рибам дома и со комшики кафе да пијам и да оговарам.
    Така да секој си има право што сака да си прави со својот живот.
    НЕ ГИ УБЕДУВАЈТЕ ДЕВОЈКИТЕ ДА РАЃААТ! НЕЗНАЕТЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ,АКО ИМ БИЛО СЕ ДОБРО И СОВРШЕНО,СПРОТИВНО ОД ОВА ГОРЕ НАВЕДЕНОТО СИГУРНО НЕМАЛО НА АБОРТУС ДА СЕ ОДЛУЧАТ! И спомнато е погоре,да го родам и да го дадам у дом?? Па ако веќе како така се решила да го роди па нека го чува,како така ке го израсне ке и помогне некој,а не да го дадам у дом,па цел живот да се мислам дали некој ми го земал детето или уште е у дом,што ако никој не го земал што ке прави после 18 по улици ли ке спие,или ако го земал некој па го тепал,па дали е гладно или жедно,што е криво едно бебенце кое веќе си го родил во дом да го дадеш? Па затоа девојки,ПРАВЕТЕ КАКО ШТО САКАТЕ ВИЕ! ВИЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА СИТЕ ВАШИ ПОСТАПКИ ВО ЖИВОТОТ,САМО ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ КАКО ВИ Е,И ВИЕ НАЈДОБРО СИ ЈА ЗНАЕТЕ СОСТОЈБАТА,АКО МИСЛИТЕ ДЕКА Е ТОА ПРАВИЛНО АБОРТИРАЈТЕ АКО НЕ ГЛЕДАТЕ ИЗЛЕЗ,А АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА ГО РОДИТЕ,НЕ ГО ДАВАЈТЕ ВО ДОМ!!КЕ СЕ НАЈДЕ МАЈКА,ТАТКО И НЕКОЈ КЕ ВИ ПОМОГНЕ КОЛКУ И ДА Е ЛОШО.
    Поздрав. ;)
     
    На Nade-sunrise, WildCherry и Spidy им се допаѓа ова.
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    ZDRAVO MAMA.
    JA SAM TVOJA BEBA.JOŠ ME
    NE POZNAJEŠ,TEK SAM PAR
    NEDELJA STAR.UBRZO ĆEŠ ME
    UPOZNATI,OBEĆAVAM TI.
    DA TI KAŽEM NEŠTO O SEBI?
    MUŠKO SAM,NAZVAĆEŠ ME
    LUKA, IMAM PREDIVNE PLAVE
    OČI I SMEĐU KOSU.NEMAM
    JOŠ,ALI IMAĆU KAD SE
    RODIM.ŽELIM BITI DOKTOR
    KAD PORASTEM,TI ĆEŠ ME
    PODUPRETI,JEL TAKO? VOLIM
    TE MAMA!
    MAMA,DANAS SAM BIO TAKO
    SREĆAN,SVIMA SI PRIČALA O
    MENI,IMAŠ PREDIVAN
    OSMEH,KAD PRIČAŠ O MENI
    TAKO SI SREĆNA.DANAS SI
    REKLA TATI DA SI TRUDNA,
    NIJE MI SE ČINIO
    SREĆNIM...ČINI MI SE DA JE
    LJUT...ZAŠTO MAMA? ZAR ME
    ON NE VOLI? NIJE MU DRAGO
    KAO I TEBI.ONDA JE UČINIO
    NEŠTO STRAŠNO,UDARIO
    TE,OSETIO SAM KAKO SI PALA
    I KAKO SI RUKAMA ZAŠTIITILA
    MENE,JA SAM U REDU ALI
    BOJIM SE ZA TEBE,REKAO TI
    JE OPROSTI I DA TE VOLI,ALI
    ZAŠTO JE ONDA TO UČINIO?
    NE SVIĐA MI SE TO MAMA!
    NAPOKON ME MOŽEŠ VIDETI
    STOMAK TI JE MALO VEĆI I
    JAKO SI PONOSNA NA
    MENE,DANAS SI IŠLA SA
    SVOJOM MAMOM I
    KUPOVALA ODEĆU ZA MENE,
    BILA SI TAKO SREĆNA.PEVAŠ
    MI TAKOĐE, IMAŠ NAJLEPŠI
    GLAS NA SVETU.I KAD MI
    PRIČAŠ OSEĆAM SE TAKO
    SIGURNO,VOLIM TE SVIM
    SVOJIM MALIM SRCEM!
    MAMA MOGU DA MRDAM
    RUKICE I NOGICE! KAD
    STAVIŠ RUKE NA SVOJ
    STOMAK,GOLICAS ME I
    MRDAM SE I TI SE ONDA
    SMEJES.VOLIM TE MAMA!
    DANAS JE OPET DOŠAO
    TATA,OPET TE JE
    UDARIO,REKAO JE DA MORAŠ
    DA ABORTIRAŠ I DA ME NE
    ŽELI,RASTUŽIO ME JE,ALI
    MAMA,ŠTA ZNAČI
    ABORTIRATI? OBJASNI
    MI,ZAŠTO ME NE VOLI?
    NISI PRIČALA SA MNOM,
    MAMA JEL SVE U REDU?
    PROŠLA SU 3 DANA OTKAD SI
    VIDELA MOG TATU,NISI
    DIRALA STOMAK,NISI MI
    PEVALA,NISI MI PRIČALA
    NIŠTA,VIŠE ME NE VOLIŠ? JA
    TE JOŠ UVEK VOLIM SVIM
    SRCEM.MISLIM DA SI TUŽNA.
    STAR SAM 21 NEDELJU,
    MAMA,ZAR NISI PONOSNA NA
    MENE? IDEMO NEGDE,NEGDE
    GDE NISMO BILI,UZBUĐEN
    SAM,IZGLEDA KAO BOLNICA.
    JESAM LI TI REKAO KAD
    ODRASTEM DA ŽELIM BITI
    DOKTOR? NADAM SE DA SI
    UZBUĐENA KAO I JA,JA NE
    MOGU ČEKATI!
    MAMA,PLAŠIM SE.SRCE TI
    UBRZANO KUCA,DOKTORI
    PRIČAJU S' TOBOM,IMAM
    OSEĆAJ DA ĆE SE NEŠTO LOŠE
    DOGODITI.JAKO,JAKO,JAKO
    SAM UPLAŠEN MAMA,RECI MI
    DA ME VOLIŠ, MOLIM TE! JA
    TEBE VOLIM!
    MAMA ŠTA MI TO RADE? BOLI
    MEE, RECI IM DA PREKINU,
    UŽASNO ME BOLI,MOLIM TE
    MAMA,POMOZI MI,MOLIM
    TEEE!
    NE BRINI MAMA NA
    SIGURNOM SAM,SAD SAM SA
    ANĐELIMA U RAJU.REKLI SU
    MI ŠTA SI URADILA I DA SE TO
    ZOVE ABORTUS!
    ZAŠTO,ZAŠTO? ZAŠTO SI TO
    UČINILA? VIŠE ME NE VOLIŠ?
    ZAŠTO SI ME SE REŠILA?
    MAMA,MENI JE JAKO
    ŽAO,JESAM JA NEŠTO LOŠE
    URADIO? VOLIM TE! VOLIM
    TE SVIM SVOJIM SRCEM,ALI
    ZAŠTO SI ME UBILA? ŠTA SAM
    UČINIO DA MI ONO URADE?
    MAMA,ŽELIM ŽIVETI! BOLI
    ME KADA TE NIJE BRIGA ZA
    MENE,NE ŽELIM BITI
    TU,ŽELIM DA ME VOLIŠ
    OPET,ŽELIM BITI
    DOKTOR,ŠTA SAM UČINIO DA
    BI ME UBILI?
    MAMA,VOLIM TE!
    ZAISTA TE VOLIM MAMA!



    На латиница е ова,го ископирав.Прочитајте го се надевам ке ви помогни во вашата одлука за/против абортирање. :)
     
    На Mama25 и Cliona им се допаѓа ова.
  19. oblinessa

    oblinessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Жити мајка прво со реферативе на српски и со попувањата keubies malo bebe!!!!!!!!11 Дали јас ќе се распрашувам по клиники или на форум ,сама одбирам :) Вие нели, ако сакате одговорете, ако не сакате не морате..
    Благодарам за информациите како и да е :)
     
    На Sardinija21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gladiola

    gladiola Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    130
    EPA devojki za onie do 18godini Ne osuduvam Samo ova ke Kazam izvinete za direktnosta Ne rashirajte noze na sekogo zatoa posle izleguva dete dete da raga :)
     
    На Mama25 и minne03 им се допаѓа ова.