Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Во нашиот правосуден систем абортусот не е убиство. Можеби премногу размислувам како правник, ама според мене никој не треба да го органичува правото на абортус на оние на кои им е потребно. Понекогаш бременоста е ризична за мајката, зошто во тој случај да и се одземе правото да ја прекине? Девојки, жени стануваат жртви на кривично дело - силување, па остануваат не по своја желба волја бремени, зошто да им се ограничи правото на абортус. Мислам дека кампањиве за укинување на абортусот се чиста глупост. Дали е подобро да се роди некое детенце за кое родителите не се спремни да го чуваат, а некои не го ни сакаат и тоа детенце да стане бездомник, да остане нешколувано цел живот, да биде на маргините на општеството, само заради тоа шти некој мисли дека абортусот е убиство. Се што не е родено сеуште не е човек, а ако не е човек неможе да се смета за убиство.
    Јас кога би се нашла во таква ситуација да треба да родам дете, а да не би имала поддршка од партнерот, мислам дека не би абортирала и тоа е моја одлука. Ама зошто да им го скратиме правото на избор на оние кои мислат поинаку од нас? До кога ќе упатуваме осудувачки погледи кон другите, наместо да си ја гледаме нашата работа?
     
    На Hipster, Ej-bi, meche и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    17.880
    Пол:
    Женски
  3. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Izvini vaka ti mene me zaebavas ????? Ili ne si ni svesna za eden del postot sto go napisa?????
    Sto ke pravela ona na 13-14godina pa boze sacuvaj vcera dobila.......
    E tuka na ovaa nemam komentar .....A sto digala ona nkze bre na 13 svesna e ona kolku godini se tpa t.e kolku malku se i deka e dete ....nie ne osuduvame nikoj tuka no za vakvi postovi se napnauvam i se nerviram a sigurno ako e siluvana ili dr nikoj nema da i kaze nisto .......bog da cuvaaa
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stefan83

    Stefan83 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pozdrav na site. Se naogam vo nezgodna situacija. Devojka mi stana trudna. Momentalno ziveeme vo Dubai i toa tuka e seriozen prestap, ako doznaat i dvajcata ke odime vo zatvor (posto sme imale seks a ne sme zemeni).
    Sega razmisluvame da dojdeme zaedno vo Makedonija kade bi mozela da napravi abortus.
    Jas iskreno bi sakal da go socuva bebeto, no ako ona odluci za abortus kade bi mozele da otideme, kolku pari otprilika bi cinelo i dali bi imalo problem posto ona ne e Makedonski drzavjanin (od Singapur e).
    Vi blagodaram mnogu
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    36.573
    Пол:
    Женски
    На ГАК абортусот е околу 16 000 денари без плави картони.
     
  6. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    ^Моја другарка правеше кај Таше во Битола мислам за 9000 денари, но пред 2 години.
    Можно е сега да е поскапо.
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.940
    Допаѓања:
    123.516
    Се забранува втор абортус во тек на една година
    Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во следниве случаи: доколку бременоста претставува опасност за животот или пак би довела до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, според предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура, јавува Дневник.

    Сепак, втор абортус во иста година ќе биде можен и во следниве случаи: ако се утврди дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело како силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

    Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста.

    Оваа, како и второстепена комисија за прекинување на бременоста, ја формира министерот за здравство за секоја здравствената установа во која се врши абортус.

    Izvor -novatv.mk
     
  8. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50


    Дечко како што тргнале ќе го забранат абортусот и во Македонија. :puke: Така да барај чаре на друго место. ;)
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    36.573
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав за ова во Дневник. Изгледа имаат за цел да ги поттикнат жените да не абортираат.
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Во кратки црти што опфаќа овој нов закон:
    Прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на десет недели.
    Прекинување на бременоста не може да се изврши ако од прекинување на
    предходната бременост не поминала една година.
    ^ освен ако има проблеми со здравје за мајката или плодот или ако бременоста е резултат на силување, и тоа треба да го одобри комисија.
    За прекинување на бременоста до десет недели бремената жена до здравствената установа за вршење на прекинување на бременост доставува писмено барање.
    Кон барањето, бремената жена доставува наод од извршен ултрасонографски преглед, како и медицинска и друга потребна документација.
    Докторот е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности и ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата, методите за вршење на прекинување на бременоста и да ги запознае со можностите и методите за спречување на бременоста.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... XzH4O7BUBE

    Сосема сум за абортусот, за слободата на избор на жената, но реално повеќе се согласувам со министерот. Со исклучок на тоа дека ќе мора да се чека 3 дена после советување, воглавно е во ред да биде имплементирано во законот. Имаат право овие од Хера дека ако некоја жена нема финансиски услови 3-4 пати да ја посети здравствената установа (еднаш за ехо, еднаш за советување, еднаш за интервенцијата... што кај нас може и по два пати за секое да ја враќаат :^) ), многу се зголемуваат шансите дека ќе се откаже од абортирањето. Некако не се доискажаа за темата втор абортус во една година, иако како што јас разбрав ако се оди на комисија не би требало и тоа да е проблем. И министерот рече дека ќе се среди делот за брачниот другар, за да не фигурира никаде дека тој треба да биде внесен во одлуката за абортирање, зошто тоа е избор САМО на бремената жена.

    Се на се задоволна сум, и мислам дека законов си е ОК. Со тек на време ќе ги средат и деталите, мислам дека тоа не е толку големи проблеми за да не се расчистат.
     
  11. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Само едно дообјаснување во однос на тоа ако трудницата нема финансиски средтсва да посети ги неколог неколку пати (во однос на ехо, советувалиште и интервенција). Ехото и советувањето се прави во еден ден, нема потреба трудницата да се враќа во установата неколку пати(советувањето одзема најмногу 10 минути, како и до сега) Освен интервенцијата која секако е за неколку дена. Не знам само зошто толку прашина се крена за законот кога и постоечкиот е сосема ист, само терминолошки се разликува и секако во делот на глобите. Зошто до сега, од 1972 година на никого не му текна за ,,спорниов,, закон?
    Јас само не се согласувам со одредбите кои се однесуваат на прекинување на бременост кај малолетна трудница(барањето го поднесува родител или старател). Хипотетичка ситуација: девојка на 17 години останува трудна од својот партнер кој има да речеме 26 години. Се сакаат младиве и сакаат да го задржат детето, но еден од родителите или старателот на девојката од некоја причина не ја одобруваат нивнаа врска и секако се против нивната керка да го роди детето кое е плод на нивната љубов. Е сега, што во тој случај? Дали тука малолетната трудница има право на изјаснување? Не е дообјаснето или јас не го разбирам тој дел. И во уште еден дел не се согласувам, повторно ке наведам хипотетичка ситуација: жената затруднува, но има циклус во наредните 2-3месеци (ова е не така редок случај). според законот може да се изврши интервенција до десетата недела од бременоста. Што ако таа дознае дека е трудна во третиот месец односно 12 недела и не сака да го задржи плодот?
    Ова е само мое мислење, не му се обраќам на никој за да се најде повикан, но ако некој има одговор на моиве прашања, слободно пишете.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав од емисијата, без разлика на годините, трудницата сама одлучува дали сака да се подлегне на интервенцијата. Значи ако не сака, никој не може да ја натера. Ама ако сака да абортира, потребно е родител/старател да ја потпише согласноста бидејки таа е малолетна.
    А ако се надминати 10те недели, тогаш задолжително е да се појави пред првостепена комисија и да си ги изнесе причините за потребата од абортус. И во законот е напишано дека тоа може да бидат лични, финансиски, семејни или здравствени причини. Значи жената ќе може да каже под кои околности дошло да се надмине рокот од 10 недели, и да се изјасни зошто не сака да роди (дали бидејки е млада и не е финансиски способна за дете, или можеби има веќе деца, па не сака уште едно... и слично).
     
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Слабо гледам вести, па не ни знаев дека постоел предлог-закон околу абортусот. И случајно слушам на радио "....реакциите околу законот против абортус...." и си викам штооо :o ? Нема шанси да го забранат, тоа е апсурд! По кратко истражување на тмава заклучив две работи

    1. Ова новинариве наши или се неписмени или не си ги проверуваат информациите пред да ги објават! Не е ЗАКОН ПРОТИВ АБОРТУС туку е ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ!!! И тука пола македонија рипна, без да знае ни што е ни како е. Само да се бунело и да се плука, макар и да немаш појма на што! Ах леле...

    2. Кој е проблемот всушност? Ги исчитав и двата закони, и стариот и новиот. Новините се едно писмено барање (кое не гледам зошто би било пробл да го напишеш, и кое тоа твое право се загрозува со него) и ова околу малолетните. Се друго е старо, или барем мене не ми изгледаше како особено важно.

    А зошто да не знаат родителите дека нивната малолетна ќерка сака да абортира? Треба да знаат, одговорни се за неа до полнолетство, а и, почит за позрелите малолетнички, ама мислам дека добар дел од нив немаат поим за ризиците и последиците.

    Во врска со советувњето (пошто гледам дека на нашие феминистички организации тоа им е проблем), само би кажала дека е и повеќе од потребно, не само заради едукација на бремените, туку и за да се освестат малку докторите, знам за случај каде докторот не само што не се трудел да ја премисли, туку и ја поддржал....

    А инаку да, секој треба да има право на избор,тоа го поддржувам, исто како и законот кој мене ми делува коректно.
     
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Да да,ептен ни е супер во државичката и партијата и се пари топка сме,па што убави закони,па и за абортусот тоа е супер!! |( Господ да чува значи.
    А, дали во посовремените земји го има овој закон? Или само некој да си го полни џебчето? :)
     
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Против абортус сум, зборам од гледна точка што денес се повеќе се употребува како контрацепција, но ова со законов е глупо. Да се заштитело здравјето на жената. А што доколку таа итно, мора за жал да абортира??? Ако и е загрозен животот и нема друг избор??? Кај нас дур се одобри барање жената ќе се породи.
    Кога ќе им текне дека треба СЕКСУАЛНО образование да воведат а не глупи закони!!!
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Idonea ќе сакаш да ги постираш членовите од стариот закон и новиот сакам да ги прочитам убаво, за да коментирам дали е исто или не е.

    П.С овој е вајда стариот
    Закон за прекинување на бременоста
    (22/72, 18/76 и 19/95; пречистен текст – приватна редакција)

    I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
    Член 1
    Прекинувањето на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена.
    Правото на прекинување на бременоста може да се ограничи само заради заштита на здравјето на бремената жена.
    Член 2
    Заради заштита на здравјето на бремената жена, прекинувањето на бременоста не може да се изврши по истечувањето на десет недели од денот на зачетокот.
    Прекинувањето на бременоста не може да се изврши и пред истекот на десет недели од денот на зачетокот, ако е тоа особено штетно по здравствена состојба на бремената жена.
    Прекинувањето на бременоста не може да се изврши ако од прекинувањето на претходната бременост не поминала една година.
    Член 3
    По исклучок, прекинувањето на бременоста може да се изврши и по истекот на десеттата недела од денот на зачетокот, како и пред истекот на една година од претходното прекинување на бременоста по барање на бремената жена во следните случаи:
    1. кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето;
    2. кога врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци;
    3. кога до зачетокот дошло до врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба над немоќно лице, обљуба над малолетно лице, обљуба со злоупотреба на положбата, заведување или родосквернавење;
    4. кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзината здравствена состојба.
    Како тешки лични, семејни, материјални и други прилики се сметаат особено: потешко нарушени брачни односи, постоење на асоцијални појави во семејството, тешки станбени услови, материјална необезбеденост, нарушување на здравствена состојба на членови на семејството и бројот на децата во семејството.
    Прекинување на бременоста од претходниот став ќе се изврши доколку се оцени дека со прекинувањето на бременоста нема да дојде до потешко оштетување на здравјето или до непосредна опасност по животот на бремената жена.
    Член 4
    Бришан со 18/76.
    Член 5
    Постапката за одобрување и извршување прекинување на бременост е итна.
    Во постапката за одобрување и извршување прекинување на бременост се обезбедува чување на службената тајна и почитување достоинството на личноста на бремената жена.
    Член 6
    Заради навремено запознавање на жените со последиците што можат да настанат поради прекинувањето на бременоста и со средствата што се применуваат за спречување на несакана бременост:
    1. здравствените организации на здружениот труд, во рамките на своите задачи, во своите планови за работа предвидуваат предупредување на бремената жена и нејзиниот брачен другар за штетноста од прекинувањето на бременоста по здравјето на жената и нивно запознавање со можностите и методите за спречување на несаканата бременост;
    2. здравствените организации на здружениот труд што во својот состав имаат дејност за заштита на мајката и детето, преку диспанзерите за жени и деца и лекарите од општа медицина особено во селските подрачја должни се преку активен метод на работа да ги имаат во постојано внимание жените во генеративниот период, укажувајќи им на предимствата од примената на контрацепциските средства и методи во спречувањето на несаканата бременост и на штетните последици од прекинувањето на бременост по здравјето и животот на жената како ефикасни фактори во планирањето на семејството.
    Здравствените организации на здружениот труд, во местата каде што нема специјалистичка гинеколошко-акушерска дејност, се должни на лекарите од општа медицина и на другиот медицински кадар да им овозможуваат да се здобијат со потребните стручни знаења и искуства во примената на контрацепциски средства и методи за спречување на несаканата бременост.
    Член 7
    За помасовно и навремено запознавање на жените со последиците што можат да настанат поради прекинувањето на бременоста и со средствата што се применуваат заради спречување на несакана бременост:
    1. установите за социјална заштита и другите организации што се занимаваат со прашања на заштита на мајката и детето, воспитно-образовните установи и работничките и народните универзитети, во рамките на своите задачи, се должни во своите планови за работа односно програми да ги опфатат и прашањата за укажување на жените и мажите како и на младината на штетните последици од прекинувањето на бременоста и на предимствата од примената на средствата и методите на контрацепција;
    2. воспитно-образовните установи се грижат во својата работа да вклучат воспитување на младината за хумани и здрави односи меѓу половите.
    II. ПОСТАПКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
    Член 8
    За прекинување на бременоста до 10 недели, бремената жена со потребната медицинска документација, добиена од лекар специјалист по гинекологија и акушерство, се обрнува во здравствената организација на здружениот труд, која ги исполнува условите предвидени од член 21 од овој закон.
    Пред прекинувањето на бременоста, лекарот ќе ја предупреди бремената жена и нејзиниот брачен другар на можните штетни последици од прекинувањето на бременоста по здравјето и животот на жената и ќе ги запознае со можностите и методите за спречување на несаканата бременост.
    Ако бремената жена, по предупредувањето остане при своето барање, лекарот ќе изврши прекинување на бременоста за што води книга за евиденција.
    Доколку лекарот утврди дека се изминати повеќе од десет недели од денот на зачетокот или дека прекинувањето на бременоста не го дозволува здравствената состојба на бремената жена, ќе ја упати на првостепена комисија за одобрување на прекинувањето на бременоста.
    По приговор против одлука на првостепената комисија решава второстепената комисија.
    Првостепената комисија се формира при здравствена организација на здружен труд која во својот состав има диспанзер за жени со советувалиште за планирање на семејство и за контрацепција, а второстепената комисија во здравствена организација на здружен труд што ги исполнува условите од член 21 на овој закон.
    Член 9
    Комисиите од претходниот член се состојат од по три члена - лекар специјалист по гинекологија и акушерство, лекар специјалист по интерна медицина и социјален работник. На членовите на комисијата им се определуваат заменици.
    Претседател на комисијата, по правило, е лекар специјалист по гинекологија и акушерство.
    Комисиите имаат секретар што го определува здравствената работна организација при која е формирана комисијата.
    Член 10
    Првостепените комисии ги формираат општините.
    Две или повеќе општини можат да формираат заедничка првостепена комисија.
    Второстепените комисии ги формира републичкиот секретар за здравство и социјална политика.
    Член 11
    Барањето за прекинување на бременост се поднесува писмено до првостепената комисија.
    Ако бремената жена е малолетна или лишена од деловна способност, барањето го поднесува односно дава согласност за прекинување на бременоста родителот односно старателот на бремената жена.
    Кон барањето за прекинување на бременоста се приложува:
    - потврда од лекар специјалист по гинекологија и акушерство дека жената е бремена и дека и е укажано на штетните последици од прекинувањето на бременоста;
    - наод и мислење од лекар специјалист по соодветната гранка на медицината во чија област спаѓа заболувањето на бремената жена односно болеста на родителот (член 3, став 1, точ. 1 и 2 на овој закон), потврда од надлежниот јавен обвинител дека е покрената кривична постапка (член 3, став 1, точ. 3 на овој закон) односно потврда од општинскиот орган на управата надлежен за работите на социјалната заштита односно од установа за социјална заштита или од здравствена работна организација, ако прекинувањето на бременоста се бара поради причините од од член 3 став 1, точка 4 на овој закон.
    Член 12
    При разгледување на барањето за прекинување на бременоста на седницата на комисијата можат да присуствуваат бремената жена и нејзиниот брачен другар.

    Член 13
    Bo постапката пo барањето за прекинување на бременост комисијата ќе ја предупреди бремената жена односно на подносителот на барањето на штетноста од прекинувањето на бременоста по нејзиното здравје и ќе ја запознае со можностите и методите за спречување на несаканата бременост, како и со постојните советувалишта во здравствените работни и други организации од кои може да побара совет заради спречување на несаканата бременост.
    Член 14
    Комисиите работат на седници и одлуките ги донесуваат со мнозинство на гласови.
    Комисиите се должни да донесат одлука во рок од три дена и тоа: првостепената комисија од поднесувањето на барањето за прекин на бременоста, а второстепената комисија откако ќе и биде доставен предметот по приговорот од бремената жена.
    Ако рокот од претходниот став не може да се запази од оправдани причини, тој рок не може да биде подолг од седум дена.
    Член 15
    Прекинување на бременост може да се изврши без одлука на комисијата ако поради непосредна опасност по животот и здравјето на бремената жена не може да се чека одлука на комисијата или ако е во прашање започнато прекинување на бременост.
    Лекарот што извршил или довршил прекинување на бременост без одлука на комисијата, должен е во рок од 24 часа за тоа да го извести работоводниот орган на здравствената организација на здружениот труд, a работоводниот орган е должен во рок од три дена за случајот да ја извести првостепената комисија.
    Член 16
    Одлуката на првостепената комисија му се соопштува на подносителот на барањето веднаш на седницата на комисијата.
    Против одлуката на првостепената комисија може да се изјави приговор на записник веднаш, или писмено во рок од 3 дена по соопштувањето на одлуката. Записникот по приговорот, заедно со сите списи, без одлагање се доставува до второстепената комисија.
    Одлуката на второстепената комисија е конечна.
    Член 17
    За работата на лекарот односно комисијата се води записник и книга за евиденција.
    Документацијата, во врска со работата на лекарот односно комисијата, се чува како доверлива медицинска документација, во посебна архива на здравствената организација на здружениот труд.
    Член 18
    Начинот на работа на лекарот како и начинот на работата на првостепените и второстепените комисии, обрасците на записникот и на книгата за евиденција (член 8 и член 17) ќе ги пропише републичкиот секретар за здравство и социјална политика, во рок од 3 месеци од влегувањето во сила на овој закон.
    Член 19
    Здравствена организација на здружениот труд кај која е образувана комисија, најдоцна до крајот на месец јануари во почетокот на годината е должна да поднесе извештај за својата работа за претходната година до органот што ја формирал комисијата.
    Член 20
    Надоместокот за работата на членовите на комисијата, на нивните заменици и на секретарот на комисијата паѓа на товар на буџетот на општината односно на Републиката.
    Висината на надоместокот од претходниот став ја определува органот што ја формира соодветната комисија.
    Член 21
    Прекинувањето на бременоста се врши во здравствена организација на здружениот труд која во својот состав има гинеколошко-акушерско одделение кое ги исполнува минималните услови за работа според Законот за здравството и прописите донесени врз основа на него.
    Член 22
    Прекинување на бременост врши само специјалист по гинекологија и акушерство или лекар на специјализација по истата гранка на специјалност, под надзор на лекар специјалист по гинекологија и акушерство.
    Член 23
    По извршеното прекинување на бременоста жената се става под медицински надзор најмалку три дена.
    Под посебен медицински надзор и контрола, се ставаат особено жените по првото прекинување на бременоста.
    Co цел да се спречат последиците, жените со РХ негативен фактор, по првото прекинување на бременоста, добиваат анти Д гамаглобулин.
    Член 24
    Ако при довршување на започнатото прекинување на бременост основано се посомнева дека е во прашање кривично дело, работоводниот орган на здравствената организација на здружениот труд во која е довршено започнатото прекинување на бременост должен е за тоа веднаш да поднесе пријава до надлежното јавно обвинителство.
    Член 25
    Здравствената организација на здружениот труд во која е извршено или во која е довршено веќе започнатото прекинување на бременост е должна за секој случај на фетална смрт да поднесе пријава до надлежниот орган во рок од 3 дена.
    Член 26
    Стручната работа на комисиите и на здравствените работни организации во кои се врши прекинување на бременост подлежи на надзор согласно со Законот за здравството.
    Член 27
    Административните и финансиските работи на комисиите ги врши здравствената организација на здружениот труд кај која е формирана комисијата.
    III. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
    Член 28
    Co парична казна од четири до десет плати ќе се казни здравствена организација на здружениот труд за прекршок:
    1. ако спротивно на член 5 од овој закон не обезбеди чување на службената тајна;
    2. ако спротивно на член 15, став 2 од овој закон не изврши соодветно известување во утврдените рокови;
    3. ако спротивно на член 8 и член 17 на овој закон не обезбеди водење на записник и книга за евиденција за работата на лекарот, односно комисијата, или ако не обезбеди посебна архива за чување на документацијата во врска со работата на лекарот односно комисијата;
    4. ако спротивно на член 18 од овој закон не поднесе извештај за работата до надлежниот орган;
    5. ако спротивно на член 23 и 24 од овој закон не поднесе соодветна пријава до надлежниот орган во утврдениот рок.
    За дејствијата од претходниот став ќе се казни за прекршок одговорното лице во здравствената организација на здружениот труд со парична казна од една петтина до една половина од плата.
    Член 29
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија".


    Самостојни членови од Законот за изменување и дополнување нa 3aкoнoт за прекинување на бременоста
    (18/76)

    Член 13
    Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на СРМ да го утврди пречистениот текст на законот.
    Член 14
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија".
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Погледни ја емисијата каде што се збори за ова, баш ги набројуваат сите земји каде е воведен овој закон (или сличен на него). Дури се изненадив кои европски земји се многу строги на темава, некои дури и сосема го имаат забрането абортусот.
    И самиот министер кажува дека ние сме некоја средина, а бидејки овие од женската организација не дадоа некои добри аргументи за спротивната страна, мислам дека добро е смислен законот.
    И најбитно од се, во законот стои дека доколку се оди пред комисија, трошковите ги сноси државата. Значи ако сакаш да абортираш, и ги исполнуваш главните услови за тоа, ќе си ја платиш интервенцијата. Ако искочи нешо поише, државата бара од тебе да се појавиш пред комисија, и ти го плаќа тоа. Мислам дека си е коректно.
     
  18. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Еве во кратки црти (всушност ова е целата разлика, останатите делови се препишани). Мислам дека проблем беше досегашната (не)примена на законот, затоа не сме биле запознаени со неговите членови
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Абе чоек ние ако почнавме толку да се современизираме уште којзнае колку работи треба да се сменат...смешно е ова :|
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако девојката сака да абортира а дечкото не,што правиме сега тука?