Се слуша вољата на жената, сепак она е таа што не смао го носи туку и цел живот го гледа после тоа. Ова се субјективни фактори во кој законот не навлегува, а реално смешно би било и да навлегува. Инаку да суштински нема голема разлика ова со прекин после 10тата недела и сега е така колку што сум чула. Малку е според мене непотребна консултација со психијатар или психолог, но океј, ајде ако е бесплатно т.е во склоп на абортусот, нека им биде.
Рекоа дека во крајниот закон нема да го има делот "Брачниот партнер треба да се извести за интервенцијата". Така да дечкото ке дознае за абортусот само ако девојката му каже. Докторот нема да биде задолжен да го извести, нити да го праша дали се согласува со аборусот. Надвор од темата за законов, лично мое мислење: одлуката е на жената, и само на жената. Како што може да го роди, дури и ако таткото не го сака тоа, исто може и да абортира дури и таткото да не го сака тоа.
На други теми сум пишувала за ова, тука ќе резимирам и ќе додадам. 1) Сум ЗА тоа имање заедничко дете да биде ствар на договор меѓу мажот и жената. 2) Сум ПРОТИВ тоа жената да ја продолжи бременоста доколку партнерот не сака дете со неа. И тој има право да не сака потомство со или без неа. Нека оформи дом со некој кој сака деца. Јас во кожа на маж грдо би се чувствувала да знам дека така ме “насамарила“ некоја. 3) Но, доколку мажот сака дете, а жената не сака, праведно е да има со друга жена која сака потомство. Затоа што како што сум против бр. 2), така сум и против наметнување и терање на жената да роди дете иако таа не го сака тоа. Тука не може да има рамноправност, затоа што детето не го носат 2та партнери по четири и пол месеци и жената со самата бременост и породување поминува низ промени, здравствени, физички, хормонални. Колку и да им изгледа на мажите едноставно во стил „како сме дошле сите на овој свет?“ не е толку безазлена работа. Секоја бременост меѓу другото е и ризик и ставање на глава во торба (доволно е мајката да заспие на погрешна страна за да се промени животот е нејзин и на нероденото бебе), не е едноставно да носиш две души.
Дефинитивно ова мора да се прочита Zdravo mamo Jas sum tvoeto bebe. Seuste ne me poznavas, zatoa sto sum stara samo nekolku nedeli. Nabrzo ke me zapoznaes ti vetuvam. Zensko sum! Mamo deneska bese mnogu srekna, na site im raskazuvase za mene, imas prekrasna nasmevka. Deneska koga mu kaza na tato deka si bremena ne mi izgledase sreken, mislam deka bese lut, zosto mama? Ne me saka, ne mu e milo kako tebe? Togas on napravi nesto strasno, te udri, te osetiv koga padna, i kako so racete me zastituvase mene, jas sum vo red, ama se plasam za tebe, ti rece prosti mi i kaza deka te saka, no zosto go napravi toa. Ne mi se dopaga toa mama! Uste malku ke mozes da me vidis, stomakot ti e pogolem, gorda si na mene. Deneska bese vo prodavnica i kupuvase za mene mnogu raboti, bese tolku srekna. Isto taka mi peese, imas najubav glas na svetot. Mama mozam da mrdam so racete i nozete! Koga ke gi stavis racete na stomakot me skokotkas, i togas jas mrdam. Se smees. te sakam mamo! Deneska pak dojde tato i pak te udri, rece deka moras da abortiras, i deka ne me saka, me rastazi. No mama sto znaci toa abortiranje? Objasni mi, zosto ne me saka? Ne zboruvas so mene mama, dali e se vo red? Mamo veke ne go dopiras svojot stomak, ne mi pees, ne mi zboruvas nisto, zarem ne me sakas? Jas uste te sakam so seto svoe srce. Mislam deka si tazna! Stara sum 21 nedela, mama zarem ne se gordees so mene? Odime nekade, nekade kade sto nikogas ne sme bile, vozbudena sum, izgleda kako bolnica! Mamo se plasam. Srceto ti cuka prebzo, doktorite zboruvaat so tebe, imam loso pretcuvstvo deka ke se sluci nesto loso. Mnogu, mnogu, mnogu sum uplasena mamo, kazi mi dali me sakas, te molam, te molam! Jas tebe te sakam! Mamooo sto mi pravat? Me boli kazi im da prestanat, te molam mamo pomogni mi, te molam.... Mi kazaa sto si napravila, i deka toa se vika abortus! Zosto, zosto? Zosto toa go napravi? Veke ne me sakase? Mama mene mi e mnogu zal, dali nesto loso napraviv? Te sakam, te sakam so seto svoe srce, no zosto me ubi? Sto napraviv, zosto go napravi toa? Navistina te sakam mamo! SRCE KOE NIKOGAS NEMA DA CUKA! OCI KOI NIKOGAS NEMA DA GLEDAAT! RACE KOI NIKOGAS NEMA DA TE DOPRAT! NOZE KOI NIKOGAS NEMA DA TRCAAT! USTA KOJA NIKOGAS NEMA DA PROGOVORI
TSS немој со вакви коментари ме утепа со ова иако не се пронајдов во приказнава но има жени и девојки кои ќе се пронајдат себеси во ова и ќе направиш да им е уште потешко Сигурна сум дека никоја жена не го прави абортусот со насмевка на лицето туку засекогаш останува жар во душата,затоа не го распалувај тој оган!
Јас се извинувам ако повредив некого...немав таква намера... Значи ова го најдов на нет и едноставно морав да го споделам...Секако дека тоа никој не го прави со насмевка на лицето...далеку од тоа...едноставно го прочитав страшно ме погоди и само сакав да го прочитаат они кои се двоумоат дали да прават или не...секој кој си решил да абортира не може никој и ништо да го спречи.. Да нагласам дека не го запоставувам правото на жената за абортус...тоа е нејзино лично право...
ти дали си нормален/а???? па која жена од чиста волја ке оди да се прчи и да дозволува да ја гребат по матката ако вистински нема причини за сето тоа ??? што мислиш ти лесно е тоа психички да го издржиш???? сигурно 100 пати се имаат премислувано сигурно безброј непроспани ноки има поминато и ај те молам со вакви срцепаратални писма обрати се на друго место едино нешто што ме револтира во животот е баш ова некој што три чисти нема од ова а упорно дели совети
ева мислам не е убав муабетов „дали си нормална“ и да верувај има и такви што абортираат без око да му трепне. жално знам ама има секаков народ. и да, баш е срцепарателен! во права смисла на зборот! кога абортусот е поради медицинска причина или веќе ако претходно имала деца во ред ама кога гледаш дека деца од 16 17 години абортираат баш буквално од што се збеснати... што се шират пред кого ќе стасаат е тоа богами не е во ред. и после ајде абортирај. која не знај кој е татко, која не ја зема наводниот татко и тако даље... и пак не им иди ум
девојки да ве прашам дали сте запознаени,дали кај нас се врши медикаментозен абортус,абортус со лекарства?
стефани оваа тема е за абортусот да се консултираме и да делиме совети а не да се ставаат вакви постови постото е убав али не е за оваа тема тука е темата за други работи околу абортусот кај што како колку а не сега срцепаратални постови кои на некој ке му ја отежнат работата уште толку оти рековме дека никој не оди со насмевка на лицето да абортира тука е ем физичката ем психичката болка пак ке речам постот е убав ама не е за тука
мислам дека постои али до некој аси 4-5 недела ептен рано после се оди со абортус со вакум некаде до кај 6 недела и после тоа е абортус со киретажа
никогаш не сум за абортус ама никогаш!. нетреба да се одземе живот кој е во тебе и е дел од себе тоа не е виновно за ништо што сме правеле ние а за нас ако не го сакаме треба да внимаваме на време и едно има многу што би сакале да се мајки а со потешкоти успеват или се уште се борат за тоа!. абортус да ама ако има вистинска причина неисправност или били какви здраствени пречки.
Имавме лани една дебата на училиште за абортусот и јас бев против. Сеуште си стојам зад тоа што го кажав тогаш. Има толку многу парови кои што сакаат да добијат бебе и се мачат со години, а некои се решаваат на абортус без око да им трепне. Постојат ли толку бесчувствителни личности? Знам, дека бебето тогаш не е сеуште оформено, тогаш не е ни бебе. Но, самиот чин е толку грозен. Не ги осудувам лицата кои се решиле на абортус, но, исто така не ги ни оправдувам освен ако е од оправдани причини (макар што има толку жени кои што и покрај тоа што имале големи проблеми се решиле да родат, така да, тоа е релативно). Едноставно, ако морате да продолжите со својот живот без дете до вас (причина: години, семејно насилство, итн.. има безброј причини) подобра опција е посвојувањето. Сигурно има парови кои "умираат" за да имаат барем едно дете, замислете само колку би биле среќни со детето коe не сте можеле да го одгледате. Колку само би ги усреќиле тие родители. Така да, според мене абортусот треба да биде крајната опција, затоа што со тоа можат да се предизвикаат како психички проблеми, така и неплодност и ред други проблеми.
Да го родиш па да го дадеш на посвојување е подобро од абортус? Како па да не.. Потоа цел живот да страдаш и да живееш со прашањата: Како е? Каде е? Среќно ли е? Ме осудува ли? Погрешив ли? Подобро ќе абортирам и ќе се измачувам со прашањата: Ќе можам ли да останам повторно бремена? Се ли е сега во ред со мене? Тука ли ми се матката и јајниците? Дали ми се во добра состојба? Да не се оштетени? Ќе се намали болката со времето и прашањата ќе престанат да лебдат веднаш по посакуваното забременување. Грешка може секому да му се случи! Да си најсовесен на светов ако треба да те снајде, ќе те снајде. Ќе пукне презервативот, нема да забележиш и оп бебе! Е ако не си подготвена да станеш мајка, немаш услови да чуваш бебе што правиме? И како може некој да каже дека таквите личности немаат чувства? - Да не сте им во кожа! Не верувам дека оние кои прават абортус го прават тоа од кејф. Абортираат како да одат да извадат заб - без око да им трепне а? Ок, разбирам против абортусот сте, тоа е вашиот личен став, меѓутоа да осудувате и етикетирате некого дека е злосторник, убиец, нема чувства, а притоа велите дека не осудувате, епа не иде - лицемерно е. Една мака е да посакуваш да имаш деца, друга да си бремена а да не го посакуваш тоа. Не мора да се прават споредби тоа се две сосема различни теми. Непосакуваната бременост е сериозна емоционална состојба!
А како е да си им во кожа на децата, бебињата кои се абортираат ? Зарем може некој да биде толку себичен ? Си гледаш за себе, мене ми е подобро вака, така, онака. А детето ? Како му е него подобро ? Пред да станеш родител треба да бидеш свесен и да ги ставаш потребите на детето пред своите! Јас велам секогаш избери живот ! Знаеш, сега гледаш така, но, кога ќе се ставиш во улога на бебето ќе размислуваш поинаку. Секако дека е подобра опција посвојувањето! Јас сум посвоена ! И живеам во прекрасно семејство сега. А што ако мојата биолошка мајка абортирала ? Немало да постојам! Не сум лицемерна, само кажав дека децата-жени кои што на 15 год. забременуваат и легнуваат со кого сакаат не ги поддржувам. Грешка е, секому може да му се случи! Но, за некого - моите родители, таа грешка - јас, може да им биде најскапоценото нешто во животот! Затоа некогаш треба да се замислиме малку. Пред да легне било кој со некого, треба да биде свесен за последиците. Затоа постојат книги, интернет, родители - информации достапни насекаде. А толку дезинформирани луѓе, чудо.
Ти си среќна што имаш мајка и татко кои те посвоиле и ти пружиле се во животот. Но има уште стотици деца кои не ја делат твојата судбина. Прашај ги дали се и тие среќни!?
Не бил и никогаш нема да биде. Сега е само малку подобро регулиран, и воведени се некои нови правила. Погоре во мислењата ги има.