Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.614 глас(а)
    72,9%
  2. Не, никако

    601 глас(а)
    27,1%
  1. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    5.798
    Пол:
    Женски
    Никогаш досега не сум имала потреба за абортус,нормално бидејќи досега не сум останала бремена.Сега доколку останам,сигурно нема да абортирам,а мислам дека и во иднина доколку ми се случи да останам бремена уште 2-3 пати дека ќе си ги родам,нормално доколку не ми претставува проблем зравјето.Значи абортус оправдано е само заради силовање,нарушено здравје на мајката или бебето и сл.а заради факултет или дека биле мали,па било грешка...сега тоа е,како си го направил така и ќе си го гледаш.Не се мали за да имаат сексуални односи,а се мали за дете :?: мора да си ги сноси последиците секој,оти покасно сигурно ќе се кае за абортусот во младоста
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Па 20 и нешто годинишна возраст и не е мала за секс, ама е доста не искусна и не зрела возраст да се стане родител .
     
  3. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    И јас сум против абортусот поради мое лично искуство .. Останав бремена на 19 год. Како што прочитав на првата страна еве го моето мислење за тоа дека би немале можност за да можеме да го нахраниме тоа дете па попрво јас нема да јадам за тоа дете да има уште кога ги видов 2те цртички на тестот созреав одма и мислев за во иднина ... Но за жал го изгубив бебето .. Во врска со темава секој си има свое мислење но јас би го забранила абортусот ...
     
    На bebaa, Serafima и zalosna им се допаѓа ова.
  4. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Jас сум верник и навистина мислам дека детето е божји дар, нов живот подарен од Господ. Имам едно девојче, но абортирав едно машко. Во тоа време кога го абортирав мислев дека ја правам најисправната работа на светот, да не анализирам сега зошто. Но како одминува времето, јас се повеќе се чувствувам како убиец и се исповедав пред свештено лице за таа моја грешка, но уште себе си не сум си простила самата на себе.Блиските личности околу мене ги разочарав и тие не знаеја и се уште незнаат зошто го сторив тоа. А детенцето ќе се викаше Александар.И ќе живееше со мама и тато во преголема вистинска љубов. Бев блесава и повредив многу сакани луѓе.Затоа мој најискрен совет е ако несакате деца заштитете се, и не ги убивајте ако тие почнат да живеат во вас. Само Господ дава живот и тој знае зошто, а ако ние му се спротивставиме на новиот живот ќе бидеме казнети, верувајте ми. поздрав мили мои
     
    На Whitecloud95 и eticka им се допаѓа ова.
  5. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Јас лично воопшто не го подржувам абортусот. Повеќе внимание треба да се обрни на контрацепцијата! Треба повеќе НИЕ ДА ВНИМАВАМЕ и ВООПШТО ШТО Е КРИВО ЕДНО МАЛО НЕВИНО АНГЕЛЧЕ кое го дава Господ да се уништи?!?!?!? Да го уништиме и тоа од НАША НЕВНИМЕТЕЛНОСТ како да се заштитиме од несаканата бременост?!?! Верник сум и тврдам дека САМО ГОСПОД ДАВА И ТОЈ ЗЕМА ние не сме никој и ништо да уништиме нечиј живот! Без разлика каква е причината за тоа, односно тоа за мене не е причина туку изговор за да се уништи!! Мислам дека ние самите сме криви за несаканата бременост, а не тоа мало ангелче што ни го дал Господ.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Да, не треба да си играме ниту со самите себе. Познавам особи кои абортирале, притоа настанале компликации и сега неможат да имаат деца. Другарка ми уште во средно абортираше три пати, и не моше да има деца , званично и кажаа после последноот аортус. Се омажи , беше на вештачко оплпдување во странство, но бадијала. Значи потребно е навистина уште во основно училиште темелно сексуално образование и така многу млади ќе научат не само како да се заштитат од несакана бременост, туку и од болести.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Во никој случај не го подржувам!
    Пред да направиш размисли, а не направи па мислиму ја после. Некој не ни имаат можност, се мачат за да имаат бебенце а некој од бес, незаат веќе што да направат. :@
    Треба да се забрани абортус. :!:
     
    На sweet-star и zalosna им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Женски
    Сите од вас што се изјаснија дека се против абортусот, дури и сметаат дека треба да се забрани, рековте дека требало да мислиме пред да правиме деца, а не да мислиме како да ги абортираме.
    Ако стварно има забрана за абортус, мислите дека поише некој ќе се замисли пред да има секс?
    Не, туку ќе има поише деца што нема да бидат сакани (читај ќе бидат дадени во сиропиталиште, па АКО имаат среќа ќе бидат посвоени) или поише девојки/жени ќе умираат поради нелегални и несоодветно изведени абортуси.
    Јас стварно не разбирам како е тоа подобро од абортус... :?:
     
    На the.one му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ти никогаш нема ни да разбериш :fubar:
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Јас ја поддржувам спиди во мислењево. Забраната многу би ја влошила ситуацијата. Пример, силуваните девојки? Секогаш кога ќе го погледнат тоа дете ќе се потсеќаат на тоа така? И тоа дете нема да биде сакано, или пак ќе биде дадено во дом.
    Јас сметам дека абортусот е личен избор, да треба да се пази пред тоа, и на секој начин да се избегне или ако има најмала шанса и можност тоа дете да се задржи зошто да не? Ама има многу случаи каде и покрај заштита, се случувале несакани бремености. Или пак ако тоа се случи во семејство каде веќе има 4-5 деца, а родителите не се во состојба да му пружат се. Што треба? Да живее во никакви услови?
    Уште еден пр. дечко и девојка од различни вери, девојката затруднела и нејзините и неговите биле против тие двајца да бидат заедно и ја терале девојката или да го абортира или да го даде на посвојување. Она го родила и го дала и сега детето каков живот има. НИКАКОВ! Го даваат во никакви фамилии, оди натака навака цел живот, без услови и ништо во животот.
     
    На WildCherry и Spidy им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Женски
    Само да си се изјаснам во детали без да навредам никого, еве го моето прво мислење на темава пред доста време и уште си стојам на тоа... Еден ден и јас ќе бидам мајка и ќе бидам пресреќна за тоа САМО АКО на моето дете можам да му овозможам убав живот.
     
  12. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    јас сум против абортус и моетл мислејне никогаш нема да го сменам....тие што абортират за мене се убици
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.656
    Пол:
    Женски
    А што има тука да се разбере па Спиди што никогаш нема разбере?!?
    Убаво си кажа девојката,забраната за абортус не е решение. И ве молам со тие муабети некој плаче за дете некој го фрла. И јас плачам за кола па ја немам па не ги осудувам оние кои ја имаат дома и им скапува во гаража и не ја возат.(иако е глупа компарација но мене у моментов тоа ми е битно..)

    Има многу причини зошто некоја девојка нејке дете и никој од нас не е соодветен да соли памет и да ја осудува таа нејзина постапка. Ако некој очајно го посакува детето што неможе во моментот да го има или се поистоветува со веке стекната мајчинска љубов,има многумина кои очајно не сакаат и најбитно од се не се спремни да имаат дете. Нивно си е тоа.Како ќе живеат со теретот на одлуката што ја донеле пак си е нивна работа.

    Не ги оправдувам оние кои безосетно и поради константно невнимание 3 пати годишно одат да абортираат не затоа што е неморално тоа што го прават или затоа што некој плаче да има дете а тие наводно го фрлаат,туку затоа што во 21ви век кога секоја информација ни е на дланка тие упорно си играат со своето здравје. Повеке ја осудувам неинформираноста и предвременото започнување со сексуални односи отколку абортусот. Како може една 15годишна девојка да биде мајка кога и таа самата уште раце не знае со сапун да измие после секое одење у вц. И таа ке ја осудите да чува дете кога и самата е дете ?!?!

    Детето е благослов за оние што го сакаат а не за оние што не го сакаат. Цел живот да го гледаат попреку и длабоко во себе да го осудуваат ради своите нереализирани цели,не фала ама тоа за мене не се родители.

    Пак ке кажам повеке е за осуда лекомисленоста на младите ,незнаењето и неинформираноста отколку одлуката за абортус.
     
    На danielka0507 и imelda им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Жалосна, едно е да имаш твој личен став, но друго е малку пообјективно да ја разгледаш ситуацијата.
    Забраната на абортусот нема да резултира со престанок на негово извршување, тоа биди сигурна.
    Па сега кажи ми што е подобро - да го изврши стручно лице во соодветни услови, или некоја бабица што може некого трајно да осакати?
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Овде не е муабетот да се менува нечие мислење, туку дали си за или против и свое мислење и аргументи да се дадат. И овде сигурно има девојки или жени што абортирале и мислам дека не е убаво да се нарекуваат убијци туку така.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Да разјасниме: секогаш постои комисија и ако е некоја особа силувана, веднаш се утврдува и се овозможува абортус. А АКО ИМАЛА ДЕЧКО ОД ДРУГА ВЕРА ПА ОТКОГА ГО НАПРАВИЛЕ ДЕТЕТО, ИЛИ СОПРУЗИ ИМААТ 4 ДЕЦА ПА СЛЕДНОТО НЕ ИМ ТРЕБА, ТУКА ТРЕБА ЗАШТИТА И КРАЈ. Сепак инсистирам на темелно сексуално образование, да се обучат сите, а не како сосетката моја, жена во години, која има две деца и маж кој си пие малку повеќе па не води грижа дали ќе остане бремена, па после 18 абортуси лекарот и ставил спирала, па се спаси жената.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.266
    Допаѓања:
    140.811
    Секој МОРА да има право на ИЗБОР.
    За мене сосема е ОК некој да смета дека абортусот е убиство, ама не е ок мене да ми го наложува тоа.

    Јас имам две деца, немам непланирани бремености зад себе, сега имам и спирала. Мноогу ја сакам Македонија, ама ако не дај боже стапи на сила некој закон кој ќе го ограничи правото на абортус, прва си ги пакувам куферите и си одам. Не можам да прифатам да живеам во држава во која не би имала право на избор.
     
    На danielka0507, anuskaNESTLE, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Јас дури пишував семинарска на факултет за абортус и на крај моето мислење бше- го подржувам правото на избор на секоја жена-родител. Секој има право на избор, но искрено јас? Јас никогаш не би абортирала. Да, викаат никогаш не вели никогаш-но од што премногу сакам деца, од што знам некои луѓе колку се молеле да добијат едно бебенце , со години се мачеле...дефинитивно децата за мене се благослов. Подршка до слобода на избор на мајките, но за мене апсолутно абортус не постои.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    јас пишував за онине што водат љ... на улици па после го користат абортусот (тоа е за мене убиство) има жени кои мора да аботрираат пример ако плодот не се развива како што треба или ако е силована ....е тоа е сосема друго
     
    На glosipgirl, eticka и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас се сметам себе за феменистка, или барем феменистички настроена :D
    Сепак, по ова прашање никако не можам да речам дека е така.
    Едноставно не можам.
    Дури и да се зголеми бројката на деца што ќе бидат оставени, напушени или ќе живеат во дом за деца без родители и родителска грижа (зборот сиропиталиште ми е застарен и воопшто несоодветен за денештното општество).
    Верувајте ми (иако немате причина :^) ) ама многу од тие деца живеат подобро токолку некој што живее во семејство
    комшиите ми се пример за тоа :x ужас
    Сексуално образование е многу важно, и ако не го има во школо треба родителите да си ја земат одговорноста за тоа.
    И нема ништо лошо во размислувањето дека некој плаче за деца а некој ги фрли (или абортира),
    зарем не е вистина?! Ајде, кој знае, ако повеќе се решат да го дадат бебето на посвојувење место да абортираат, процесот за посвојување ќе се поедностави и нема да биде така тешко да посвоиш дете.
    Бебиња зачнати кога жена е силувана тоа... Понекогаш се прашувам зошто Бог дозволил такво нешто.
    Постојан потсетник за најлошото нешто што може да се случи на една жена.
    Сепак, колку јас што знам, апче за ден потоа е стандардна процедура (извинете ако грешам), или жените сами си ги купуваат...Како и да е, овој дел од оваа дебата многу ме мачи.

    Сепак, ова е мое лично мислење, не можам и не сакам да го наметнувам на други.
    Нема да осудувам никој за својот избор да абортира, сепак, мое мислење би било дека е погрешени.