ПРОТИВ абортусот!! Зошто?! Затоа што станувате еден вид убиец со тоа што ќе убиете едно невино живо суштество! Некои од вас кажуваат абортусот не бил убиствен чин, но според мене тоа е убиство бидејќи иако детето е неродено тоа сепак е живо, зачнато во мајката, а секое уништување на било кое живо суштество се смета за убиство! Никоја мајка НЕМА ПРАВО да го убие своето дете заради една нејзина несмасна несовесна грешка! Размислете добро, што ако абортусот бил како еден од правата на жената дали тогаш би постоела "Ода на радоста"?! Секако дека не! Тогаш немало ни да постои нашиот познат Лудвиг Ван Бетовен доколку неговата мајка го абортирала. Што значи тоа?! Тоа значи дека таа со само една нејзина грешна постапка ќе станела убиец на најголемиот најлегендарниот најталентираниот композитор, со еден збор кажано таа ќе станела убиец на музиката без која во денешно време неможи да се замисли ниту еден ден, ниту еден час, ниту една минута, па дури ни секунда! Со само една нејзина грешна постапка луѓето ќе останеа без чувство за слух! Дали можете вие да се замислите без вашето чувство за слух?! Она што сакав да кажам е дека никоја мајка не треба да има право да го убие своето дете не само што ќе стане убиец, туку можи да уништи и многу важен дел за општеството. Никогаш неможете да знаете што ќе биде утре другиден од тоа дете, можеби ќе биде некој што ќе придонесе многу за општеството. Можеби токму тоа дете ќе биде вториот Лудвиг Ван Бетовен?
Веќе се изјаснив дека сум ЗА абортус. Секоја жена има право да прави што сака со своето тело. Да не сме им во кожата на тие што треба да абортираат. Ниту една заштита не е 100% сигурна. Не ми се допаѓа тоа што има девојки кои што не користат заштита при сексуален однос, а после тоа велат - ако забременам, ќе абортирам. Како абортусот да е играчка.
Секоја жена има право да прави што сака со своето тело,но со нечиј живот што го носи?И за него ли има право да одлучува? Тоа дете е зачнато, живо e.Најчесто при самата постапка веке има и срцева реакција.Имам другарка која сакаше да абортира и закажа абортус.Но (фала му на Господ) на денот се предомисли и кога и кажа на докторката таа и рекла супер сега ако сакаш можеме да го чуеме и срцето.Имам гледано слики и видеа на јутуб од абортус СТРАШНО. :О .Распарчени минијатурни бебиња.Не за абортусот.Со тоа не и се скратуваат правата на жената и воопшто не е омаловажена ако не е дозволен абортусот.
абортусот според мене е оправдан доколку жената е силувана,доколку постои сомнение дека тоа дете ке има мани кога ќе се роди, бидејќи и греота е да го оставиш да пати од кога ќе нема кој да се грижи за него, не правдам абортус на сиромаси кои имаат по 5-6 деца,па после кукаат, едноставно треба да имаат заштитен однос, ниедно дете не е должно да пати доколку е болно, или доколку има недоветни родители. тоа е мое мислење. во сите други случаи не оправдувам абортус. штом на денешните жени-деца да ги наречам им текнува за секс на 13 години, тогаш нека се сносат и со одговорноста ДЕТЕ, и НИКОЈ не може да ги оправда тие случаи на неодговорност и несериозно сваќање на своите постапки.
Многу сте ми контрадикторни, од една страна зборите како господ или нз кој го дал тоа бебе и е грев нели ако му го одземете животот зашто според вас жената и мажот не се дарител на тој живот него некој трет, а од друга страна тоа ако не се развива ко што треба ондак е подобро да се абортира... Епа ај размисли, ако според вас господ знае што прави ондак зашто намерно прави тоа дете што он ви го дал да не се развива ко што треба ?? Па и тоа е живот, пак е убиство нели ?? Ама не, вам не ви чини и вие да се мачите покрај такво дете, па секако ке препуштите на абортусот ... А у позадина па господ така сакал јбг... И сто пати ке кажам дека сум ЗА абортус. Не секој е спремен да биде родител и не секој треба да биде родител !
моето прашање е тесно поврзано со темава но незнаев во која друга тема да прашам. Пред еден месец имав абортус,плодот беше мртов имав хематом... сакав да ја знам причината за смртта на плодот и го испратија на анализа во МАНУ. Ми рекоа резултати за 2недели оставив и мој тел бр, а помина месец еве две недели вртам на 02 3235410 тој број го најдов на информации за да прашам за резултати но никако да ми одговорат.Ве молам Дали некој знае како да ги исконтактирам???однапред ви благодарам
Колку што знам јас се чека мн подолго време. Они викаат 2 недели ама се чека и по неколку месеци. Сепак ништо не те кошта од време на време да им се јавиш на тој број и да прашаш
здраво девојки јас морам да ви казам нешто што ми се слуци толку сум тазна го нема вејке моето бебенце пред два дена го одзедоја мртво од мојата утроба немозам да се помирам со тоа иако сите се тука и ме тешат но душава ме боли незнам штосе деси се си бесе ок но за една недела кога отидов на контрола ми каза докторот дека е мртво немозесе да му го слусне срцето едноставно престанало да цука како цел свет да ми се сруши незнам како ке го поминам овој болен период
Настрана дали сум за или против абортусот, и дали е убиство на сопственото дете или ослободување од штетникот, мене ме интересира нешто друго. Како се чувствува жената за време и после абортусот? Дали некој и кажал колку боли, дека ке има психички последици, дека треба да оди на психијатар, и кажува ли некој дека може да искрвари, дека може да има инфекција, дека може да остане стеерилна? Или ова никој не го мисли? Жената сама се справува со траумата после?
Мене ми е навистина многу жал кога на ТВ НА ЕДНА ЕМИСИЈА ЗБОРУВАШЕ гинеколог, колку се раширени полните заразни болести кои се пренесуваат преку сексуален однос и границата е поместена кај млади од 14години, а за несаканите бремености да не зборуваме. И кај тие деца треба родителот да потпише за абортус, а кога ќе дознае родителот нов шок, па така една несреќа оди, сто по неа води. Тоа им се случува на неписмените во таа област, и затоа мора да имаме добра програма за сексуално воспитание во училиштата, а ако е потребно и обуки за возрасните. Не смее да има табу-тема.Бадијала ќе биде и да се забрани абортус и да не се забрани ако ние немаме знаење и совест во главите
никоја тука на абортирала: А темана дали сум бремена е преполна. Ок, веројатно сите имаат ужасно искуство и ќутат. Оти НИКОЈ не вика како и на жената. Бебето ќе умре - нема ни да каже дали болело или дали сакало да живее. Никоаш нема да дознаеме. АМа како и е на таа што ги раширила нозете пред тим доктори, што и ставиле анестезија, што чувствувала како го вадат нејзиното дете од неа? оти никаде нема одговор од тие жени? Дали каењето за убиството на бебето кое носи нивни гени ги замолчало засекогаш?
Абортусот е само опција, не е задолжителен! Мора да се има право на избор, па ти каква одлука ќе донесеш твое си е! И не знам од кај сте се здобиле со правото да осудувате жена која абортирала - штом се одлучила на таков чекор сигурно имало некоја добра причина.
Јас ти имам реплицирано во другата тема кај законот за абортус, каде ги постави сличниве прашања на кои дадов мислење. Не можам да копирам лесно долги текстови со оваа направија па побарај го таму.
да да, океј, ама таму дискусијата повеќе е за оправданоста на законот, и дали треба да се советувани претходно жените за опасностите што ги демнат. Од правен аспект. Тука ми се конкретни прашањата. Да каже некоја која абортирала. Мене ми беше вака и вака. Среќна сум или тажна сум. ЗОшто се срамат од тоа? АКо не е убаво, оти да се поддржи? Ако е убаво и се среќни, да поддржиме. Сериозно, оти сите жени кои абортирале молчат? Грев е според нив? Срам е според нив? Тие се оние кои треба да галамат тука, не ние. Ние не сме абортирале. Нас не ни треба два пати годишно да абортираме. Очигледно е дека не се сите феминки едуцирани за бременост. темана со дали сум бремена е бисер до бисер. Ниту една не знае да се заштити, па оттука сигурно имале несакани бремености. Прашањето ми е, оти се срамат?
Па темава е генерално анкета, и дебата, кој одобрува кој не и зошто и како, па затоа најверојатно никој не пишува за свое лично искуство, или ако пишувала некоја не знам многу страни се. Можеби ако сакаш да отвориш тема, абортирав- мојата приказна, или што знам, може ќе се јават некои со своите искуства и чувства. Верувам има жени/девојки на форумов што абортирале, ама зависи од нив дали ќе се јават, и ако не зошто не, од срам ли или од приватност, нивно си е. Еве, јас на пример можеби си имам фетиш некој, и има теми за тоа, и да не се срамам да нешто правам ама да ми е зад затворена врата, приватно. Ако не си го ставиме цел живот на форум или мрежа не значи дека е порок, грев, срам или страв. Напанагон пак само ако ја погледнеш темава, убијци убијци убијци, која има живци да се расправа и да оди против табу, да дојде и да каже јас абортирав и е најдобрата одлука во животов, а да не и рипнат 1524 тинејџерки.
Навистина мислам дека си во право и собра храброст да ја искажеш својата болка по загубеното чедо и дека неможеш да си простиш.Навистина еден абортус може на некого животот да му го смени сосем во друга насока
девојки дали постои место за паника пред месец ме цистеа немасе срцева акциа бебцето после тоа крварев 2 недели кога бев на контрола ми реце докторот дека се е во ред и дека треба да ми дојде но еве усте ни трага ни нисто од тоа дали досега требаше да ми дојде или да почекам уште малце секој ден сум со влоска на мене во секој слуцај дан ми дојде но ништо дали знае некој после колку време е нормално да ти дојде менструациа ве
епа чим ти рекол дека се е во ред не би требало да паничиш до толку ,ако ти рекол така тогаш ќе дојде, само трпение
И јас се прашував истото. Пред 2 недели абортирав, плодот имаше аномалии. Сакав да се информирам од некоја жена што поминала низ истото, но таква тема или дискусија на форумот нема. Знаеме дека повеќето овде ќе кажат ако е здраво да не се абортира. Ако има аномалии нема што да се мислиш. Тука ќе напишам за абортус со индукција, а доколку се отвори ваква тема за искажување чувства од после абортус, префрлете го таму. Моето искуство и верувам на сите кои биле на мое место е најболно до сега. Болките за исфрлување на плод кој е мртов во 25 недела ги имав 3 дена (душевната болка не спаѓа тука, а болките во стмакот уште ги имам после 1 недела). На клиника не ти помага доктор во одделот за абортус, туку сестрата те советува како да дишеш, имаш инфузија за контракции и фураш сама со својата снага и сила. Сама се мачев ноќ и ден со болките и нема никој кој да ти помогне освен твоето тело кое треба да ги издржи болките и да се молиш на телото и Господ да имаш сила да издржиш додека сето тоа да помине/да излезе бебето. После тоа следува киретажа од 15 минути со целосна анестезија. Молиш Бога се да излезе да не остане некое парче па да треба пак да те чистат. Ова е моето искуство. Боли и уште ќе боли, незнам како самата да си помогнам. Верувам во подобро утре и едвај чекам да зачнеме нов плод со маж ми. Трпение-спасение велат.До кога вака во животот. За оние кои се спремаат за абортус, знајте дека поболно чувство нема!