девоки здраво имам едно да ве праам имав абортус септемврито ме цистеа немае срцева акција па бидна тоа ме чистеа е сега еве ри дена ми ксни дали е ризицно сега да останам бремена иако неоланирвме ако сум ошто ни рекоа 6 месеи треба да се пазиме и сега ? мозеби седеси незнам ? се пашам
Цка колку глупаво прашање, како се чувствуваат, а како може да се чувствува жена после абортус? Да не звучам како баба ми, пу пу никогаш не посакувам да го дознаа тоа чувство,веројатно е одвратно. Ама верувајте дека за мене е исто толку одвратно да го родиш и да се јадеш дужата и нервите затоа што не можеш да ми овозможиш пристоен живот, да не можеш да му купиш облека или не дај боже храна или лекови, или да не си доволно зрел и способе на до воспиташ и да го одгледаш во здрава и разумна особа. Секоја жена си знае што е најдобро за неа, и наместо да ги полните темиве со омраза кон тие жени кои некогаш се решиле да одат на тој чекор да абортираат, треба да бидете барем малку разумни и да престанете да ги правите најголеми грешнички или бесрамнички. Се имам искажано 100 пати на темава дека тоа е лично право на секоја жена и никој не смее да и го ограничува или да ја жигосува како што се обележуваат животните заради своите одлуки за својот живот, без разлика дали тоа е во прашање со друг живот, тоа дете не може само да се расте и да опстојува, треба некој друг да е грижи а него, барем до 18 години.
Де бе Хипстер, ако некоја се двоуми дали да абортира, сигурно сака да знае се за абортусот. Поентата ми е дека никој ништо не им кажува на девојките. АКо одиме по твојата логика, они знаат дека е тешко да имаш дете, а немаш што да му дадеш за облека, ама ниту една не знае дека може да искрвари, да добие инфекција, да има проблем за зачнување, па после кога ке сака да има дете, да си ја удира главатаа у ѕид. Никој не им кажува тоа. Дури и да знаеле за тоа, не знаат која психичка болка е тоа, која те следи цел живот. Да знаеш дека си абортирала и дека можни се компликации кога ке сакаш дете. Кога не дај Боже ке се случи спонтан абортус во сакана бремоност и она ке се јаде, дали е поради тоа што и брцале да и го извадат некое друго дете, некој друг плод. Не е секогаш решение, неам пари, нема дете. Понекогаш е мислата и како ќе живеам со тоа.Затоа побарав мисење од некоја која го поминала тоа и ке им каже на девојкиве тука кои паничат во темана дали сум бремена, дека и после абортусот има место за страв, дека тоа не е како мрсоли секнење, туку дека е сериозна процедура која носи компликации со себе. Исто така, зошто ако некоја жена смета дека е правилна одлуката да се абортира, не кажала дека абортирала? Ако тоа се правилни избори? Тука бар сме анинимни, можеме да си кажеме. Дали е можеби поради тоа што болката им е голема, па не сакат да споделат? Целта не ми е мене да знам какво е чувството, моја другарка работи во Гинекологија, на секое дежурство има околу 5 абортуси, ми кажува какви плачења и потресувања има. Сакам девојчињава кои не знаат к од контрацепција, да сфатат дека не е заебанција абортусот, дека психички боли со години. Дека не е Норлево спасот, ниту пак абортусот. Не ме напаѓајте мене, затоа што сум прашала, запрашајте се зошто сите поддржуваат абортус, а никоја не кажала како е после тоа.
прво види дали си или не си, па ако си, ќе одиш на лекар, тој најубаво ќе ти каже, дали ти е зарасната матката... ма да мислам дека нема да има никаков проблем, колку само биле така...
Ама чекај малку ЦКА, на форум ништо не се дијагнозира и лечи, секој дојде со ова ми фали вака ми е така ми е и советот е секогаш иди на лекар. Како што се изјаснив во другата тема порано, мене за едни умници на анестезија ми рекоа дека можам и да им умрам на маса. Најверојатно не, оти ти кажат веројатност на еден во колку случаи, ама има шанса, па ако ти влечеш долгата сламка, се ла ви. Па за компликација при абортус, потенцијална, ли не им се објаснува? Ако тоа не се случува, проблемот е на друго место, не на форумов. Нема потреба со хорор приказни да се плашат деца за веќе и така чувствителна тема. Абортирала па не може да остане трудна е компликација на абортус со закачалка во штала, додека спроведен правилно е минимална шанса како јас дека ќе сум умрела на маса при вадење умници. Си има стручен кадар, да ги советува и пред и после тој чекор, доколку има потреба. За тоа колку се дискутира на форумот од страна на девојки кои тоа го направиле, пак ќе речам, која би имала сила, кога жени се нарекуваат убијци на темава оти абортирале( здрав плод).
Значи јас сум тотално запрепастена од атмосферата и анимозитетот кој владее во темава, не ми се верува што се не прочитав. Јас сум нова тука и наивно очекував дека фемина, замислена како женски форум, ќе биде место за подршка, за добронамерен совет, катче каде ќе бидеш меѓу сестри, а тука фрчат зборови како убијци, грешници, ку*ви за оние кои се решиле на абортус. Не им е доволно што поминале низ тој мачен чин, па сега уште вие тука да ги докусурите, браво :up: Ниедна жена не оди да абортира од бес и таа тага ќе остане цел живот со неа но тоа е нејзина одлука и таа ќе живее со неа, а не вие. Против абортус сте? Тоа е вашиот став и тоа е ред, вие имате право на свое мислење, свој став, исто како што право на мислење имаат и другите кои се про абортус, но да се навредува, да се плука, тоа е страшно! Имам познаничка која е во брак, има мало дете и има абортирано. Зошто? Затоа што едвај крпат крај со крај со мизерните плати! И сега што? Апстиненција се додека не се подобри ситуацијата во Македонија? Мажот и жената да не се допрат зошто, реално, не постои 100% сигурна заштита? Ајде ви се молам. Живејте си го животот како што вие сакате и пуштете ги и другите да го живеат онака како што тие сакаат, и без осуда, молам, животот (особено во Македонија) е доволно тежок!
Сакам да го корегирам мојот тврдоглав и без аргументи незрел став презентиран некаде низ темава. Се каам е што некогаш сум напишала такво нешто, иако има светли моменти зад кои уште стојам. Немарноста и тинејџерска бременост се различни од проблемите и потребите со кои се соочува современата жена. Недоволна информираност, неискуство би рекла е посоодветен израз, ме наведе на погрешно размислување подолг период. Со почит, сакам да се изјаснам дека ставот во врска со абортусот ми е речиси целосно променет. Имам многу за, имам многу против, да ги повторувам во никој случај нема. Сигурна сум дека многупати се набројани низ странициве.
Не ми се верува дека го употреби изразот брцале. Како да е тегла кисели краставички па брцнале и извадиле краставичка. Алоо, значи не можев да не изреагирам мислам побогу помислете дека има девојки кои навистина поминале низ тоа и припазете кои изрази ги користите и како би можеле да влијаат. Мислам само прочитај си ја реченицата, само од читање мене ми стана непријатно. И не знам како можеш да бараш некоја да седне овде и да раскажува за тоа како се чувствувала после аборртусот зошто било анонимен сајт кога се работи за исклучително чувствителна тема. Се работи за нешто што остава белег на психата, и помалку или повеќе секоја жена што поминала низ тоа самата помисла на тоа ја боли. Како да не и е доволно тоа, па ќе седне и на форум ќе пишува. Преиспитајте си ги малку барањата.
Тоа ми е целта, дека не е пријатно да се зборува. Дека да беше едноставна процедура, и самата операција и псухичкиот момент, никоја немаше да молчи. Сите поздравуваат абортус од милион причини, сите кои имаат молчат. Брцале, Домино, е преблаг збор за вистонскиот зафат на абортусот. Може ти смета зборот, но не можеш да негираш дека никој на светов не е задоволен од својат одлука да абортира. Тоа остава тешки траги засекогаш. А за осетливоста на темата се согласувам, ама не ми е јасно како некоја пишала дека за време на секс и излегува воаздух од вагината, како имала секс со 10мина, како свекрвата не си ги чисти ушите, како сака да се самоубие и слично, што се интимни моменти, а не сака да каже за вакво нешто. Претпоставувам дека им е толку тешко што не сакаат да се сеќаваат. Затоа, кога некој оправдува абортус, јас не викам, како можеш да си го убиеш детето, јас ја прашам, можеш ли да живееш со тоа? И многу малку се објаснува за ова, сега не знам дали влезе во примена новиот закон кој им вика на докторите да им обајснат се, па дури следниот ден да го извршат абортусот, за да размисли уште еднаш после објаснувањето дали ке живее со тој акт до крајот на животот. Не ме напаѓајте мене, само почнете дебата за тоа колку е едноставвен зафатот, или колкаво олеснување и среќа бил моментот на абортус. Оти дебатата за абортусот не е само дали да се убие детето, темата е како ќе живее мајката со тоа. Да го погледнеме абортусот од другата страна. Сфаќам дека немала излез некоја жена, ама после абортусот, колку се покајала? Дали се исплатело? Бидејки за абортус можеш да размислуваш еден месец дали да го направиш, а после тие 2 месеци или три бременост, цел живот ке живееш со одлуката која тогаш си ја донела. Поентата е дека абортусот не е вадење заб, да излезеш од Гинекологија и да речеш готово не боли, туку има и полоши моменти. АКо тука никој нема храброст, видете по другите форуми каде што не осудува никој за мислење, како живеат тие жени со своите дела. Битно е да научиме што е целата пруцедура и последиците од неа, не да кажеме дали е океј некоја да абортира оти нема пари. Тоа е одлука на жената, не наша. Наусица, и јас итото го мислев кога дојдов пред 3 години на форумов. АМа тука е океј се додека не дадеш спротивставено мислење.
Сосема разбирам што сакаш да кажеш и те поддржувам само сеуште сметам дека брцале сосема несоодветно го пиша со оглед на тоа дека може да го прочита девојка што поминала низ тоа и баш затоа што е болна и чувствителна теба лошо да влијае иако е само форум. Не сум ситничар ама премногу ми падна во очи, се надевам дека сфати што сакам да кажам.
И пак, не да се прекине рана бременост, туку да се убие детето. Викаш не викам така, е не викам, ама еве викаш. CKA јас и ти дај да замислиме дека сме први другарки. Пораснати од мали нозе, минале низ ќотеци од дома, дечковци, кршени срца, лични тешкотии, се и сешто, една за друга тука. Значи ептен сме блиски. Сега. Нели дека знаеш се за мене, ме читаш без А да кажам, и знаеш дека не сакам да се остварам како мајка. Овој факт не е да замислиме. Јас стварно не сакам да станам мајка. Откако сум сексуално активна и во целиов брачен живот ригорозно се штитам. Ама како што кажа феминката погоре, ништо не е 100% сигурно. Утре дознавам дека сме збркале работа. Моментално со овој state of mind, знам дека излез ми е абортус од таа ситуација. Ама сега од каде да знам јас како моето тело ќе реагира на тоа? Можеби ќе ме надвладеат хормоните и ќе ми се води битка со тоа што ми е во главата и тоа што телото ми праќа други сигнали. Не знам што да правам. Маж ми, кој не сака да имаме деца исто(инаку не би биле во овој брак двајца) сепак ќе остане неутрален, затоа што во мене е зачнат тој плод, мое е телото, и крај краева реалноста е таа, на мене ќе биде најголемиот товар ако одлучам да родам и чувам, и ќе го прифати мојот избор ако така одлучам јас. Имаме правено муабет, ова не е од ракав. Да носам, родам и чувам, колку тоа би го сменило односот меѓу нас не можеме да знаеме. Дилемата, што да правам? Да абортирам и да си продолжиме со животот каков што ни е, од кој сме задоволни и двајцата, но дали би продолжил така или сепак односот меѓу нас сепак ќе се смени и без тоа? Сепак овој пат имало физички бременост, а не само хипотетички „што ако„? На форум нема да прашам сигурно за вакво нешто, макар има некои што прашале, се надевам тролање е...не ми е важно, јас знам за себе одлука не вадам на форум. Кај тебе како прва другарка не можам да се обратам за совет дали да абортирам или да родам, ти го знам ставот, не си неутрална. На крај се одлучам подобро да се повикам на сама себе, на оваа што сум сега, пред да ме полудат хормоните, и еве изборот паднал на решам да абортирам и го направам тоа. Не можам кај тебе да дојдам ако ми е тешко некој период после тоа, оти осеќам нема да ме тешиш дека за доброто на мене, на маж ми и бракот и животот кој го имаме е подобро така, туку ќе ме обвинуваш, и да не ми го кажеш тоа, ќе знам, дури ќе мислам и дека ми се ситиш. Можеби и имаш другарка која не доаѓа кај тебе за совет, која абортирала и не доаѓа кај тебе за утеха, затоа.
Ова е друга тема. Да си ми другарка, ќе ти ги кажам сите опции и ке те оставам сама да решиш. АКо решиш да абортираш, ке дојдам со тебе, ке те држам за рака и ке ти кажувам колку ти е добра одлуката. Кога ке те боли стомак, ке ти дадам чај и ке ти кажам дека повеќе ќе те болеше ако чуваш дете кое не го сакаш. АКо решиш да го родиш, ке ти ги кревам нозете на високо да не ти отекуваат додека си бремена и ке ти носам лубеница среде зима и ке ти викам дека тоа е најдобрата животна одлука. Кога ке бидеш ненаспана од детето, ке ти го чувам. Оти тоа го прави другарка, ти помага во сите твои одлуки, колку и да се глупави. Но тоа не е темата. Прашањето ми е, зошто никој не знае како е после абортусот? Без дете е жената, но како се носи со последиците од тоа? Знаеме кои се последиците ако го роди, а кои се ако не го роди?
Цка никој не е паднат од Марс, мислам дека секоја жена пред да ја донесе таа одлука буквално не спие со денови и ноќи. Не знам зашто толку сте се запнале за тоа дека жените се никаквици и убијци на животи, бескрупулзони кариеристки. Има такви не викам не, ама побогу, жена која абортира не значи дека тоа го прави од бес или зашто кариерата и е побитна. Зборам за Македонија, не за Америка или Европа, моментално не ме тангираат нивните животни приказни или причини, ќе се задржам на локално ниво. Секоја, бувално секоја жена, без ралика во која возраст е или од кои прични се решава на овој чин, уверена сум и тоа цврсто сум уверена дека одлуката не ја носи преку ноќ или од ступидност или игнорантност. Ако сакаш длабоко да налезеш во психата, читај и барај извештаи од психoлози и психиjaтри, верувам дека има некој кој детално ја проучил оваа проблематика во праксата. Постојат многу причини за и против абортус, секој различно ги перцепира, прифаќа и (не)оправдува. Илјада луѓе, илјада различни карактери и размислувања. Според тоа, мое е да го почитувам твоето, твое е да го почитуваш моето, тука нема дилеми. Проблемот мене ми е еден и следниот-зашто толку е фокусирате во туѓите избори и животни приказни гледам не само обичниот народ и оние кои ги носат тие правни правила се трудат од петни жили да го ограничат тоа право на слободен избор, загарантирано со УСТАВ и со закони и подзаконски акти. Се изнаоѓаат милион оправдување и права за судење и тортура што од религиски аспект, па како тоа да не беше доволно сега и законите ќе ја вршат таа улога на морализатори-непотребно. Вие зборите дека е убиство, грев, ние сме се фатиле за финанситее, можеби и за воздраста а никој не размислува за емоцијалната подготвеност да се биде родител. Да, да, емоционалната и умствената подготвенот и зрелост да се биде мајка, татко, узор, авторитет, воспитувач, пријател, учител, да се пружа љубов и внимание. Секоја чест на жените кои секогаш го носеле тоа мајчинско чувство, ама не секој го има тоа вродено во себе. Со текот на годините се создава веројатно, но не кај сите. Мораме да бидеме реални и да ги разгледаме сите аспекти, факти и вистини. Јас навистина се чудам, најискрено, како таа зрелост ја имаат девојки од по 16-17 години, јас имам и американско полнолетсво па сеуште не сметам дека сум поготвена да бидам мајка. Дали сите размислуваат за ова како мене, исто не можам да знам, но сметам дека баш треба вистински да се размили и да се запраша по сите прашања во врска со тоа неродено дете. Детето не е играчка, не е чување на милениче тоа е сериозна одговорност до крајот на животот. Потоа зрелоста и подготвеноста за носење со сите обврски и проблеми кои доаѓаат со тоа дете. Не зборам само од асект на менување на пелени, хранење, бањање, шетање, со текот на времето се фаќаат тие рутински обврски, на тоа дете треба да сум најголем пример и учител за животот. Треба тоа мало ембрионче не само физички да го пораснеш, туку умствено. Да го изведеш на прав пат, да направиш од него човек во секоја смисла на зборот. Малолетните девојчиња уште своето го немаат научено до крај, како тие ќе можат на тоа друго дете да му го пренесат и да го направат свој човек? Ти зборуваш за едната страна од приказната,маките и плачот на девојките на гинекологија, а ја да ти ја раскажам другата приказна на настаните, онаа многу подоцна. Ти гледаш краткотрајно, јас алку подолгочно. Колку жени, неспособни за одлегување на нов човек и нов живот, но се решиле да го донесат на живот, а подоцна тој живот, тоа дете го оставиле во дом, или го растеле во неоодветни и никакви улови и или пак никаква емоцијална љубов и воспитување. Пред 3 години за кратко време можев да ја видам работата еден адвокат за семејно право. Не сакаш да почнам да ти кажувам какви случаи имаше жената, какви видов со сопствени очи, какви немајки и нетатковци видов и ми раскажуваа од претходните случаи. Тоа за мене не беа во никој случај мајки и татковци. Поглема услога ќе му направеле на тоа дете ако не го донеле на живот, отколку да го малтеритраат, измачуваат подоцна и таа лузна да ја носи до крајот на животот. Како што вие не го оправдувате вооопшто абортусот, јас не го оправдувам оставењето на детето во домови. Можеби немам толку строги и ригорозни ставови за тие што се одлучиле на тој чекор, ама не можам да ги опрадам и да речам дека направиле прав избор. Зашто го уништиле животот на тоа дете за секогаш. Среќа многу луѓе веќе не гледаат како нешто страшно на посвојувањето и се решаваат на тој чекор, па на тие деца им овозможуваат живот каков треба да биде, а не по ладни и студени домови, без мајчинска и татковска љубов и воспитување од воспитувачки, кои за воља на виситната се поставуааат како затворски чувари или во намала рака-маќеи. Поентата ти ја сфатив која ти е, ама и ти треба да сфатиш дека тие жени сигурно убаво ги размислиле и простудирале сите начини и можности, сите чувства и болки, сите последици од овој чин. Некои посетуваат психијатри, психолози или пак барем најблиските, партнерот или семејството, во краен случај пријателите. Никој нема да се нафати својата приказна да ја напише јавно, на форум, од прична што анонимноста никогаш не може да биде 100проценти зачувана и запазена. Друга причина, зашто е навистина нешто болно интимно, не секој сака да си ја отвора душата за своите проблеми и маки и уште толку да си ја задлабочува раната, која можеби почнала да заздравува или се заборавила барем малку. И трето, секакви луѓе, жени има на форумов, лесно може да и се нафрлат и да направат само обратен процес од прифаќање и соочување со фактот и преболување, осуда, можеби и навреди и обвинување. Никој не е приморан или е облигаторно да ги споделува своите чувства после тоа, има луѓе кои се затворени во себе и полесно ги процесираат настаните ако не ги споделуваат. Сепак се работи за комлицирана и компексна тема, која треба да остане само меѓу најблиските или стручни лица. Ни ти, ни јас ни никој тука не е стручен да ја анализира нејзините причини или нејзините чувства. Да престенеме да бидеме women haters, зашто полека во ова се претвараме, самите меѓу себе ќе си ги ископаме очите, си ги полниме срцата со омраза, устите со навреди а сакаме потоа мажите да не почитуваат и сметаат за рамноправни како нив.
Никаде не сум го рекла тоа, неам намера ни да го речам. Поентата ми е јасна, да се информираат девојките дека абортусот не е едноставна и минлива работа. Да не мислат дека ако останат бремени, ке абортираат, и толку. Абортусот не е опција едноставна како - да ставам кондом или да си пробам дали е поубаво без, па ако забременам ќе абортирам. Со тоа треба да се крене свеста кај младите девојки. Една феминка која не сакаше да го пише ова тука, ми го прати во пораки, и ме замоли да го пишам ова, за да не биде од нејзин ник, со желба дека девојките кои ризикуваат со незаштитен секс, ќе сфатат дека абортусот не е едноставна работа. „еве ја и мојата приказна... пред се сакам да нагласам дека ова не е пишувано за да барам совети, или да ме навредувате, туку оваа е напишано за младите дами кои се во многу големи заблуди во врска со сексот... имав 18 години, кога одев со дете на мои години, одевме година ипол, кога во месец мај ми доцнеше, не ни се сомневав дека може да сум бремена, направив тест и излезе позитивен, останав во шок, му реков за тоа, тој почна да се смее, дури и не веруваше, тоа за него беше глупост, не сакаше да прифати, ме натера да абортирам, да да, ТОЈ ме натера, се каравме премногу, немаше што се не направив за да го задржам тоа бебе, моите од дома не ми даваа да одам со него, не го сакаа воопшто, и имале право, но јас не ги слушав, си терав по свое и ете што се случи, не им реков ништо на моите, знаев дека нема шанси да прифатат, дека ќе биде уште полошо, отидов на лекар, ме прегледа, кога го видов тоа беше толку мало, толку невино... плачење по цели вечери, беше вторник кога требаше да одам, бившиот не ни дојде со мене, едноставно не се замараше, ми даде само пари, не ми ни пиша, ништо како да не било, не знам како немаше барем малку совест, жити душа за негово дете се работеше... влегов во салата, ми ставија анестезија и после се разбудив во собата со инфузија во рацете, плачев и тогаш, осеќав болка во долниот дел, си отидов дома, само јас си знам како, беше премногу лошо искуство... осеќав вина, сега секогаш кога ќе прочитам некоја тема, искуство, мислење во врска со абортусот, јас плачам, знам дека и јас сум дел од тие што абортирале... но тоа и не е најлошо... лошото следуваше после тоа... кога си фатив друг дечко, преовладуваше мислата дали ќе можам да бидам мајка, дали ќе го осетам и јас тоа чувство, психата е многу тешка работа, кој не ја осетил, не знае ништо... после тоа со дечко ми следуваа обиди за бебе, првите 9 месеци немаше ништо, тоа беа најпеколните месеци во мојот живот, кога плачев дома секој ден, дека нема да можам да имам бебе, осекав само вина, кога видов на тестот дека е позитивен, бев најрадосна на цел свет, па ете сега имам мало до мене, ја осетив и јас таа мајчинска љубов... ова е мојата приказна, но не значи дека сите завршуваат така среќно, и до ден денес кога ќе се сетам ми се насолзуваат очите, но тоа е што е... затоа девојки пазете и тоа многу, тоа не е играчка, се работи за вашето здравје и за самите вас...“
Мене во очи кој страв на девојката ми падна. Како не е малку низ тоа што поминала и она си знае како и било, сама, изневерена, немој сама да има забремено од воздух! Страв дека нема веќе да може да се оствари како мајка. Баш од тоа што највеќе и било страв после абортусот, е затоа јас пишував да не се шират хорор приказни и плашат момички, озгора на веќе тешката одлука и психичките последици, можете сите да замислите кои, вина, загуба, осаменост, лутина, страв од осуда. Не мора да дојде момичка да каже како било, сите можеме да претпоставиме, и да ни кажат и без да ни кажат, а да разбереме само ако го осетиме на наша кожа. Доста се и тие емоции и стравови, без да им се удара страв и за фертилитет во иднина, оти останал муабетот од баби кога бербери правиле абортуси на жени. За муабетот знаеме кои се последиците со раѓање. Има доказ за раѓањето, нели бебе. Но секоја мајка дознава како е откако роди, пред тоа претпоставува и таа. За среќа кај повеќето е нај нај нај нешто преубаво. Ама да не ја криеме пост породилната депресија под тепих. Сакам да кажам, не да помешам поими, туку кога станува муабет за психичката состојба кај една жена во време на бум од хормони, донесува најважна одлука во животот, најчесто сама, почесто и притисната од партнер или родител, од една страна тие, од друга страна сите како владините реклами, она сама во средина, само она знае низ каков период минува, додека мора да живее со табуата на општеството озгора на се што набројав погоре.
Никогаш нема да го прифатам абортусот бидејќи сега во ова денешно време има разни заштити за бременост по никако не ги разбирам тие жени кои ќе кажат пазејќи останав бремена ма дај бе земи заштита и така ќе си го сочуваш твоето здравје Јас не ги судам само жените туку исто времено и мажите бидејќи не си ги чуваат своите девојки или жени Повејќето што абортураат се млади девојки
Јас во приказнава и во сите слични гледам само заплашување, вгнездување на страв во младите девојки со застрашувачки приказни. Не ми е јасно зашто не можете да прифатите дека не секогаш донесувањето на едно дете на живот, може да не е најпаметна работа која може да ја направи. Мислам, мене ми е смешно кога ќе чујам ме присилија, пиштол на чело и ставиле на некоја или што? Искрено до мене ваквите приказни не допираат, колку и да звучам ладно или безкруполозно, според мене никој не може да присили некоја зрела жена, девојка да да донесе одлука против своја воља. Каењето го разбирам, ама обвинување на друг не, навистина не го разбирам. Секој има право на сопствен избор, без разлика вие како го карктеризирате и осудувате, сепак на крајот на денот, никој не живее за другите туку за себе и за својот живот. За некои жени тоа е правниот избор, и никој, ама апсолутно никој, ни бог, ни лекари, нит закони нит вие не смеете да го осудувате или каменувате. Зашто секој одговара за своите постапки и своите одлуки, сам и никој друг.
Мене ми се глупави "аргументите" од типот: Требало да си мисли на време и да си користи заштита... Прво и основно, не постои стопроцентна заштита освен апстиненцијата. Второ, кога веќе дошло до несакана бременост, тука нема простор за дискусија што би било кога би било. Значи тоа веќе се случило и оставете ги кондомите и таблетите на страна. Прашањето е што потоа.
А јас пак не ги сфаќам тие кои и покрај тоа што немаат поддршка од партнерот се одлучуваат да го родат. Партнерот ме натера... а партнерот ќе те натераше и на дете ако не го сакаше нели? Не е тоа терање, тоа е одлука, договор, одговорност која некој не сака да ја има, не те тера тебе никој на ништо, едноставно не сака да учествува во нешто толку сериозно со тебе и твоја одговорност е да го прекинеш тоа. Сериозно мислам дека треба да има закон за ваквите жени, ко да подметнуват деца. Мислам, глупост, тоа дете треба да има 2 родители кои ќе го сакаат, а не да живее цел живот со прашање зошто тато не ме сака и слично. Или пак кога ќе се појави некој маж со тоа дека одлуката треба да биде на двата партнери...да, треба да биде, ама ако едниот не сака, нема и тоа е тоа. Сега тоа што кога мајката не сака и е полесно бидејќи таа го носи и таа го абортира, јебига, биологија, ама пак ќе речам, пред да почнете да кажувате приказни како некој друг ве натерал да абортирате и кај други да си ја барате вината, размислете прво кој избор ќе беше подобар за детето, и размислете како би било некој буквално да ви тупне дете да чувате без да сакате, да ја имате одговорноста на мајка тупната од ведро небо (оскудна споредба ама тоа е).
Вакааааа... Јас од мала многу мала имам некакви оформени мислења за ова работа... Незнам зошто воошто сум се замара како дете да размислувам на овие теми, ама некако ми е врежано во мозокот дека било кога да останам бремена, ќе го родам! Секако ако не се работи за некои посериозни здравствени, финансиски или некакви проблеми од потежок карактер, јас би го родила. Можи е бидејќи многу сакам деца и од мала сум без мајка и незнам ... Така ми е прифатено мене одамна. Ама, како многу пресно сексуално активна девојка, неможев а да не помислам на последиците од самиот сексуален чин, па и на последиците од ова тема.... Да бидам искрена, иако сум премногу едуцирана и запознаена со сите видови на контрацепција, ми се сече мочта од ова тема! Читам сега и се тресам луѓе мој... Ништо не е 100% ефикасно, а на апстиненцијата му се виде крајот... Во 20та година сум, многу млада за сите овие работи... Се се подуплашив вака пред спиење кој ѓаол ме тераше Иначе нема потреба од судење, од плукање сите си имаме причини, сите ќе си живејме со сопствените избори! Зато иако јас можеби не би се одлучила за абортус, сум ЗА!