Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    А што ако на двајца родители им оди супер имаат пари и наеднаш доагаат до банкрот,или едниот изневерува и се разведуваат,или недајБоже умира едниот и другиот е самохран родител.Ова се во главно причините за абортус нели самохран родител,недобро ситуиран,слаби финансии...Што правиме тогаш со родените деца треба да ги убијат?И тоа срце во стомакот чука исто како на тоа надвор.А најмалце ги разбирам оние кои имаат став не би абортирала но немам против другите да абортираат.Тоа му доаѓс исто како не би правела како Хитлер што ги убиваше масовно луѓето,евреите но и немам ништо против тоа.
     
    На anna.tesoro и zalosna им се допаѓа ова.
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    имаш подршка за коментаров и од мм и од мене :up: :) .... би сакала да прочитам некој коментар и од машка страна за ова тема баш да видиме што имат и тије да кажат :)
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А што ако паднеш по скали и ненадејно го абортираш?
    Неосновани споредби се тоа што би било кога би било, ја гледаш моменталната ситуација, ако имаш ќе си родиш ако немаш не го раѓаш, ако гледаме толку црно бело на работите, па абортусот да зависи само од финансии и партнер. Ама никогаш не е толку едноставно.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Хмм , по ова прашање не може да се бара еднаквост и самата рече биологија -нејзина матка нејзина одлука , а ти одиш радикално дури и закон да има ако мажот не го сака детето жената да е принудена да абортира :drunk:

    Едноставно жената е таа која го раѓа детето го носи 9 месеци ,го раѓа , го дои впрочем во првите неколку години мајката е таа која најмногу се грижи за детето ..
    Јас имам познаничка која забремени на 30 и кусур а таткото не сакаше бебе . Се разделија а таа си го задржа детето . Патем прекрасна мајка е :)
    И тоа би било еден вид наметнување да тераш некого со сила да прави медицинска интервенција ако не го сака тоа . А психолошките последици ? Според мене одлуката за абортус е само на жената .

    Да не се правиме мали деца и двајцата партнери знаат дека може да дојде до несакана бременост . А жената е таа што го носи бебето и одлуката е нејзина , не можеме да ги чуваме како бели мечки мажите .. Не сакал дете ? Ок не мора да остане со неа . Ама во овој случај сум на страната на жената што и да одлучи ..
    Идеално е детето да има и татко и мајка , но сепак има многу самохрани мајки кои одгледале прекрасни деца и за мене тие се многу храбри и силни жени .

    Да не се разбереме погрешно не проповедам против абортус и најмалку можам да се ставам во улога на осудувач божем и е мала маката на тие жени , ама смешно ми е тоа дека ако таткото не го сака детето мајката треба да абортира :^)
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    A од мене имаш една убав шамар за размислувањето да ти кажам право.
    Спалете ги сите жени, во затвор ставете ги, само зашто не размислуваат како вас.
    ДЕМОКРАТИЈА, пих |(
    Сакате мислења од мажи, искрено ретко кој маж вака како вас перцепира толку жестоко и сурово.
    Иронија, мажите повеќе ги разбираат нашите размислувања и нашето тело него самите.
    Самите свесно се претвараме во машини за раѓање, децата се гледаат како уружје, како нешто толку незначајно само колку да се роди, не е битно дали некој може да се грижи и сака да се грижи за тоа дете.
    Се кладам дека пола од децата кои целиот живот го поминеле по сиропиталишта, повеќе би сакале да не бидат родени и да се мачат, сами.
    И тоа ми е родителство.
    Сфатете, не сите се вие и сакаат деца и се спремни за нив од 15 години или колку год да имате.
     
    На Domino, drugarka и Filiposka им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас сум искрено на страната од детето. Во целава оваа ситуација детето е најважно, не желбите на мајката или таткото. И секое дете заслужува да има и мајка и татко кои го сакаат. Да, навистина самохраните мајки (и татковци) се за почит, не го оспорувам тоа, дури и подобро ги воспитуваат децата од многу парови, ама пак детето има дупка која не се пополнува со ништо, дупка што ја оставил родител, не дечко, не симпатија, туку родител. И затоа сметам дека доколку таткото не го сака детето мајката треба да абортира, бидејќи детето не е само од мајката. Мислам, апсурдно е, ај ако не нека ти роди тебе некоја (хипотетички, кога би можело) и не го прифаќај, живеј со мислата дека некое дете ги носи твоите гени а ти не го сакаш. Или поедноставно, ако не го сакаш, роди го, ама дај му го на партнерот да го одгледува. Не е убаво кога некој без твоја согласност „жнее“ твој генетски материјал нели?
     
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    шамари можиш да му делиш на домашните а не мене :fubar: болна работа....
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Никој не ти се обрати тебе, како прво, не знам зашто одма скокаш и ти почнуваш да кажуваш кој каков е, тука тебе ти се гледа домашното воспитување, кога веќе се дрзна да воспитуваш ти и да кажуваш кој каков е и да ме навредуваш.
    И јас така викам :fubar: кај ви е мозокот не знам.
    Ај тоа, па и не знаеш да разликуваш фигуративно, метафорички кога некој ќе се обрати.
    Знаеш што е МЕТАФОРА?
    За судење битно први сте и за навредување, браво.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    се извинувам ако гледаш горе е постиран и мојот пост па си помислив дека мене ми пишуваш извини :)
     
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Нема да го коментирам шамаров :) А инаку не сум за да бидат палени живи оние кои абортираат и немам 15 туку 27 години.И не ми одговори на прашањето зошто не си за убивање на родените деца туку на оние во стмакот.И двете срца чукаат и двете се живи.Имав другарка која се предомисли и не абортираше,и на денот закажан за абортус во систина го слушна срцето на сега веке родената керка.Зошто да плакаат за неодговорноста на друг тие невини суштества.Зошто да жртвуваш нечиј живот за задоволување на твоите желби и планови.Не си спремен за родител?Епа стани.Секој може да се смени ако сака.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ајде те заколев, боже ама сте чувстителни.
    Мене ме нарекоа болна па не се жалам.
    Нмв не познавање на фигуративен говор и метафора.
    Го знаеш она некои прашања не заслужуваат одговор, епа така и со тоа твоето, зашто е бесмислено, да не се искажам поинаку одма ќе се навредиш.
    Абе како лесно си го кажа, ќе стане, мора, преку ноќ ако се станувало родител, не знам што да ти кажам.
    Штета што така перцепираш и така го гледаш родителството, штета, немој така и за своето за мислиш! Пошто нели за туѓите сите сме најпаметни и се знаеме!
    Се знае што мора само во животот да се направи, ништо друго не мора.
    И престанете со глупите коментари, ако се спремни да имаат секс, тогаш се спремни и деца да имаат.
    Нема ама никава здрава логика тој муабет.
    Зашто мајка не се станува со чинот на раѓање, туку со восипитување. Таа е мајка, не таа што го родила тоа дете.
    Секоја може да роди, ама не секоја може да е мајка, за жал е така. Не секоја жена заслужува па и сака да биде мајка.
    Тука нема ништо за чудење и за дебатирање. Секој со свој избор и право на избор.
    Не го подржувам јас абортирањето, како се искажуваш како да ги терам да абортираат, ама секоја која смета дека не треба да е мајка, има слободно право дадено да не го роди тоа дете. Нема тука никоја право да и каже дека е убиец, страшна работа и страшна компарација правиш, нехуана.
    Поголемо убиство е да го родиш и да го оставиш на улица и фигуративно и во права смисла да проси за леб или во некој дом за деца.
    Тоа за мене е духовно убиство, што е можеби и бетер од она фактичкото.

    Твојата пријателка ако се премислила не мора да значи дека сите мораат, која си ти да кажуваш дека некоја жена МОРА да го роди, никоја.
    Не ми е јасно таа омраза што се вродува, а се вродува, се диктира некоја замисла за тоа дека никако не треба да абортираат деца, а од друга страна па лицемерните викаат, ако ја силувал може да абортира не е грев. Не сакано било детето, демек другите се сакани. Изберете на која страна сакате да стоите, вака многу лицемерно ми делува а со приказните со Хилтер и Бетовен траги-комедично.
    Остајте ја жената сама да си донесува одлуки за својот живот, како можете вие да знаете што е најдобро за таа Трпана или Петкана. Сигурно нема после вие да се гржите за воспитување на тоа дете и за неговиот живот, ама сите сме најпаметни кога не е наш проблемот, а за критки сме први.
    Што убава слика добив за мајчинството, тешко а идните генерации на кои овие наши генерации ќе им бидат узори за животот.
     
    На 1209, Marossa, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано.

    Некако во темава се судираат други потпрашања, малку забегува дискусијата во други насоки, како расипан телефон е. Хипстер едно ви укажува, вие за друго се фаќате, спомнувате убиство на веќе родени деца заради нарушена семејна состојба (сериозно?! :^) ), па затоа ќе го заобиколам тоа.

    Ќе отворам едно друго прашање - дали сте свесни што ќе направи забраната на абортус во Македонија? Дали знаете колку илегални абортуси ќе се извршуваат и колку истите можат да ја загрозат здравствената состојба на жената?
     
    На Annath и Hipster им се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Го напоменав тоа затоа што многу абортираат ради нарушена семејна состојба.Тоа е тажно. |( Нема веке да дискутирам.Залудно е
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Хипстер, браво!!! :clap: Одлично кажано
    Тоа е интересно во темава, сите што толку се против абортусот, никоја не кажува што после туку само важно е тоа дете да се роди и толку! Ете бебето ќе се роди и? Како ќе му биде после не е важно, не е важно дали мајката и детето ќе имаат што да јадат, дали ќе имаат за лекови, не е важно дали мајка му ќе го гледа како кривец за нејзиниот уништен живот, тоа апсолутно е небитно! Важно е живо! Е не е така. Не е работата роди го и фрли го на буниште.
    Сте биле некогаш во дом за сирачиња? Сте имале контакт со несакани, вонбрачни деца напуштени од мајките? Знаете тие деца каков живот имаат? Ама тоа не е важно, важно е што нивните `мајки` не се убијци, туку напротив се- што?
     
    На programerka-2nd и Hipster им се допаѓа ова.
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Против абортусот сум !
    Точно е тоа дека секоја жена има право на свое мислење во врска со таква работа, но јас не го оправдувам тоа бидејќи не би можела да живеам знаејќи дека сум уништила нечиј живот. Некој требало да се роди а јас сум го спречила тоа. Без разлика какви се околностите, сметам дека за се има решение. А доколку не е така, треба да се внимава на време ;)
     
    На ecapereca, Agrona и zalosna им се допаѓа ова.
  16. iveflower

    iveflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    Што мислите би се нашол ли некој на малолетничка да и направи абортус? секако без да бидат информирани родители
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    ЗА абортиус. Оправдувам абортус. Поддржувам абортус.

    1. тоа не може да се смета за "убиство" бидејќи зачетокот во мајчината утроба е само плод/ембрион или што и да е. Тоа не е бебе, а уште помалку не е субејкт кој се убива.
    2. можеби е себично но,животот е премногу краток за да се ориентираш кон несакани настани кои ќе ти го реорганизираат.
    3. ако за нешто немам средства да го ранам, немам љубов да му прижам, немам сериозност да го чувам, немам желба да го растам...шо има да го имам (раѓам) бе?!
     
    На ariela09 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Не ми се верува што читам, жалосно.
    Ембрионот е БЕБЕ чие срце почнува да чука уште пред 6-тата недела од оплодувањето. Што е тоа, ако не е живот? Не треба да се мисли ај голема работа, немам со што да го растам, немам услови, или грешка се случило, па ај ќе ја избришеме. Има толку многу извори од кои може да се информираме како настанува бременоста, кои случаеви се ризични при секс и кои можат да доведат до бременост. Има толку средства за контрацепција, па и да си искочи машкото на време. Ама ајде, се случува непланирана бременост, не викам не, и тоа може на секој да му се случи. Ама луѓе бе, тоа е живот, уште од самото спојување на женската и машката клетка настанува зачнувањето, а со тоа и нов живот.
    Јас имав спонтан абортус, во 9-та недела престана срцето да работи, не се гледаше повеќе отчукување на ехо. Отидов кај тројца доктори, секаде исто. Мораше да ми прават киретажа. Баш кога се освестував од анестезијата, одма прво што ми дојде во мисла побарав да го видам. Нормално не ми дадоа, ама толку можам да размислувам што зборам со полуосвестен мозок. Ме болеше душава, ќе пукнев, очиве ми пресушија од плачење. После неполна година, вонматерична бременост. И за тоа ме болеше душава. Значи, изгубив две ангелчиња. Ова го кажувам за да барем малку пренесам колку боли, а да не зборам којзнае колку ја боли девојка/жена која се одлучила на абортус. Можеби несакала, ама ете околностите така налагале, можеби дечкото ја присилил, и и го испрал мозокот, или па можеби сакала како некои коментари што ги читам овде, толку лесно се кажуваат толку тешки зборови. Како ова последново - што има да го раѓам бе - леле луѓе еј, не сте свесни што значи кога се создава нов живот, не сте свесни што значи абортус, затоа така зборувате. Тоа плодче, тоа ембрионче уште од одма има душа, тоа е дел од самите вас.
    И како може да се размислува полошо да се роди во лоши услови или да се даде на посвојување, отколку да се абортира. Со абортусот се спречува невин живот кој Господ го дарил, а тие што не ја планирале или несакале бременоста, ај така лесно ќе ја избришат како ништо да не било. Се лажете девојчиња, верувам дека тој што е прв за абортусот, недај Боже да абортира, ќе го гори внатре во душа цел живот. Затоа немојте многу сигурни да бидете дека ништо страшно и ништо лошо е абортусот, тоа е ништо друго туку убиство за кое не се лежи во затвор. Само душата на оние кои го направиле тоа сега треба да се спаси, со покајание и исповед и да се избегне вечниот затвор.
    Ако го оправдувате абортусот, подобро ќутете си мудро, не кажувајте зборови за кои, недај Боже, може да се зажали!
     
    На SimonaTino, luvena, nana2112 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    така размислуваш ти бидејќи ти не со родила дете што си го сакала/планирала/чекала, а што е со оние кои не сакале? Искрено ми е жал за твојов случај ( ќе си биде ;) )
    Ама не се споредува тоа со овие несаканиве бремености. Не може бе да се раѓа во секакви услови. Ти мислиш циганчињата што питаат или овие на тв што ги даваат со по 87657533 деца животот им цути? Баш е жално ако не можам да му пружам на моето детенце многу благодети, а да не праам муабет ако емоционално не биде чувано или па да мора да се зимаат неговите кои ете по грешка го напраиле па да трпи расправии секој ден од нив?
    И цврсто стојам на тоа дека не е бебе пред да се роди малото. Што ако срцето чука од кај 5та недела? Кој фактор го сметаш дека е срцето? Што е тоа толку меродавно? Еве пример белите дробови се развиваат околу 40тата недела и што? Или дека као срцето е одговорно за крвотокот, па ајде тоа нека биде главно. Па не може отчукувањето да се смета како еквивалент за живот бидеќи само по себе во 2от месец не може самостојно да одржува во живот, башка тоа не е како нашето и крвотокот не е како на возрасен.
    А што правиме со плод со аномалии? И тој треба да се роди пошо е дар од господ?
    Секое завршување на бременост си е прича за себе заедно со околните фактори и ситуации кои ги водат родителите кон носење на одлука и нема никој право да осудува нечие решение. А во врска со тоа што јас го птавдувам абортусот не гледам зошто би ќутела. Тоа е мој став. А форумов е за секој да си пишува мислења.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Како тоа кој фактор е срцето? Многу важен орган преку кој целото тело се снабдува со крв за развивање и на другите органи и на целиот организам. Орган со кој започнува живот. Нормално дека со самото зачнување не се создаваат сите органи наеднаш. Затоа се 9 месеци. И секако плодот во стомакот на мајката е бебе и пред да се роди, не станува бебе баш од самиот момент на раѓање.
    Јас сум како прво против НЕ планирање, против НЕ внимавање, против тоа што ќе се опуштат и оп бремена. Треба да се внимава, да не се игра играчки. Кога веќе некоја единка се одлучила на секс, треба да биде информирана и свесна за можните несакани последици. А кога веќе ќе се случи, нема чукање глава од ѕид.
    За многу работи, па така и за оваа многу озбилна работа не се знаат многу нешта, поточно се нема свест.
    Нормално дека е ова форум и секој може да си каже што мисли, ама тука и со сите сили се напрега да се побие противникот со некои факти и аргументи кои се само така излезени од глава, без продлабочено размислување. За случај кај плод со аномалии, се зависи кој степен и вид се аномалиите, дали тоа претставува и опасност по живот за мајката, дали би можело да се живее со тие аномалии. Тоа е сосема друга тема, на која и претходат бројни испитувања и тешки одлуки. Сепак и тоа не би било абортус поради несакана бременост. Ако има плодот аномалии (недај Боже на никој), тоа се открива во поодмината бременост, не на самиот почеток.

    На крај, фала ти за поддршката за бебе, се надевам и јас дека ќе биде еден ден ;)

    Како и да е, секој си носи своја одговорност, јас само сакам да посочам да не се избрзува, да се погледне и од другата страна на абортусот, не само од таа "оправданата" :!:
     
    На SimonaTino, Lovely93 и zalosna им се допаѓа ова.