толку лесно се кажуваат толку тешки зборови. Како ова последново - што има да го раѓам бе - леле луѓе еј, не сте свесни што значи кога се создава нов живот, не сте свесни што значи абортус, затоа така зборувате. Тоа плодче, тоа ембрионче уште од одма има душа, тоа е дел од самите вас. И како може да се размислува полошо да се роди во лоши услови или да се даде на посвојување, отколку да се абортира. Со абортусот се спречува невин живот кој Господ го дарил, а тие што не ја планирале или несакале бременоста, ај така лесно ќе ја избришат како ништо да не било. Се лажете девојчиња, верувам дека тој што е прв за абортусот, недај Боже да абортира, ќе го гори внатре во душа цел живот. Затоа немојте многу сигурни да бидете дека ништо страшно и ништо лошо е абортусот, тоа е ништо друго туку убиство за кое не се лежи во затвор. Само душата на оние кои го направиле тоа сега треба да се спаси, со покајание и исповед и да се избегне вечниот затвор. Ако го оправдувате абортусот, подобро ќутете си мудро, не кажувајте зборови за кои, недај Боже, може да се зажали![/quote] ОВИЕ ЗБОРОВИ МЕ ПОГОДИЈА ВО СРЦЕ, КАКО НЕКОЈ ДА МИ ЈА ЧИТАШЕ БОЛКАТА ОД ДУШАТА. јас сум го доживеала абортусот и неможам никако и по повеќе години да си простам себеси. Се исповедав, ама се чувствувам како убиец на едно прекрасно суштество. А КАЗНАТА СЕКОГАШ СИ СЛЕДУВА.
Не срце, си се исповедала, искрено си се покајала, со солзите и болката која ја чувствуваш си го измила направениот грев. Господ е голем по својата милост и човекољубие, и најголемиот грев ако е исповедан и искрено покајан, тој простува. Уште и ако се причести, уште подобро. Сега главата горе и со молитви ќе ти биде полесно
Темава е веќе стара 4 години, и после страници и страници прочитани мислења јас си дојдов до еден заклучок. Сите вие кои сте против абортусот, сте против затоа што сакате дете. И сите тие кои се покајале што абортирале, се покајале затоа што сакале да имаат дете. Искрено, да би абортирала и да не можам после тоа да родам, можеби и би си рекла ех да го родев. Ама колку пати сум си замислувала хипотетички ситуации, да сум останела трудна на 18-20 години, да сум се омажела тогаш и да сум го родила. Сега ќе имав детенце во прво одделение и најверојатно ќе немав пари поклон за нова година да му купам . Добро ај да не претерувам, никој не умрел од глад во Македонијава, ама сепак... Мислам дека уште во првото мое мислење на темава имав пишано - да бидам прво човек за себе пред да бидам нечија мајка. Сега кога завршив факултет и почнав да работам, око не би ми трепнало. Ќе раѓам и три деца наеднаш ако треба. Ама до пред една година, не верувам. Дури и кога дечкото почна да ми вика дека не сум веќе мала, па и да останам трудна што има врска, можам да си родам, е во тој момент бев свесна дека ни на него не би му кажала. Ќе абортирав и ни на таткото немаше да кажам. Он е веќе подолго време вработен, да не речам среден до некаде во животот, и веќе размислувал и за семејство. Но, јас бев студент, ни на крај памет не би ми текнало да раѓам. Сме се пазеле од несакана бременост, ама ако некогаш се десела некоја беља веќе си имав испланирано дека ќе си купам апче за ден потоа. Нема да чекам да дојде до абортирање. Знаев дека не сакам да останам трудна и се ќе направам за да го спречам тоа. Абортусот не е спречување, ама ако дошло до тоа и ќе сум абортирала. Веќе сум во друг период од животот. Сега би родила. Ама СЕГА. И од некоја причина да би ми се прекинала бременоста би ми било криво. Затоа што сега сакам дете. Идеално би почекала уште некое време, ама тоа е друга приказна. И не можете да осудите некоја девојка ако не сака да има деца, каква и да е ситуацијата. А не да се ставаат услови, ако било силување, ако плодот имал аномалии, ако таткото ја присилил и не знам што... Нејзино тело - нејзин избор.
Многу ти благодарам, ECAPERECA ,јас и се исповедав , потоа се причестив, но можеби како на луѓе еве понекогаш ни треба и по некој ваков збор на утеха, затоа што оваа болка и каење, оваа грешка која ми го смени животот, не се кажува секому, а не можам на духовникот на кој сум се исповедала стално да му досаѓам со тоа. Уште еднаш едно големо БЛАГОДАРАМ и и ви посакувам на сите да не мора да ја правите мојата грешка.
Се објаснувате со 22 годишна девојка ,што лета со паметот(малку ми е чудна сепак,не се малку 22 ) Порасни девојче ,кога ќе имаш 33 дојди на темава ќе позборуваме,вака празни муабети Зборам за мадам а
SimonaTino, што имаат врска годините? Јас ја отворив темава на 19 години, па еве сега на 24 сеуште исто размислувам, и на 50 исто ќе биде. Еден ден ако имам ќерка се надевам дека ќе можам убаво да ја запознаам со сите начини на кои може да се штити од несакана бременост, ама да ми дојде на 15-16 години трудна што треба да направам? Она да учи средно школо а јас да и го чувам детето? Особено ако не сака да го роди, без разлика како тој плод бил зачнат (дали било намерно, од невнимание или по грешка)... Едноставно сите си имаат различни размислувања. Ова е стварно осетлива тема, ама не може да осудувате некого заради тоа што прави во својот живот. Колку години и да имаме сами одговараме за своите постапки. Па реално поголем проблем имам со жени кои раѓаат по 5 деца а немаат услови леб на маса да им стават, отколку жени кои избираат да не родат дете во лоши услови. Ама не им викам што сте ги раѓале...
Многу е лесно да се заштитиш од несакана бременост Денеска абортира младинава без око да им трепне,себично мислат само на себе немам ова немам она... И да си наоѓаат разно разни оправдувања!!! Јас не викам дека сум против абортусот,може да се случи ако плодот има аномалија ,се работи за животот на мајката или силување,друго не оправдувам Ако не знаат доволно за сексот и за заштита од бременост нека не се впуштаат во него Жени плачат за бебе а тие пиат нор лево(за кој научив од тука на форумов)како да се желе бомбони,а не прочитале несакани дејства...
Со сета должна почит ама за ова не си во право, единствена 100 % заштита од бременост е апстиненција, ама тоа сепак не е фер опција, а кај сите останати постои (не баш занемарлив) фактор на ризик за зачнување.
Еве се цитирам самата... Никој оваа ситација не ја спомнува. Сите викате силување, аномалии, а што со лош живот? Зарем тоа не е доволна причина за абортус? Подобро е да донесеш дете на светот и да го оставиш да страда? Пак ќе кажам, никој нема да умре за јадење, ама на која мајка нема срце да и се пара ако детето и оди во школо со скинати патики или кога ќе потпорасне да нема пари да оди на едно кафе со друштвото... Затоа што таа мајка најверојатно заради раѓањето на тоа дете не успеала да заврши одредено образование и да си најде подобра работа. Им симнувам капа на тие жени кои растеле дете и завршиле факултет во исто време, ама да бидеме реални, ако родиш дете, само тоа ќе ти биде битно и ќе станеш мајка за цел живот. Или ако заради тоа дете родителите стапиле во ран и непланиран брак и после детето цел живот да ги гледа нивните несогласувања или разведувања. Не е себична таа жена што нема да сака да донесе дете во таков свет, ни најмалку...
Како тоа да молчиме и да си ќутиме сите ние што мислиме дека не треба да биде забранет абортус, од молчење дојдовме до ова дереџе да се вратиме во 1903 година, и со размислувањата и со некои постапки. Свесни сте што може да се постигне ако се забрани абортусот? Ама не, никој не размислива за тоа, зашто нели сите ние никогаш не би го наравиле тоа, ама лесно е да збориме напразно кога никој не знае што утре може да го снајде. Можеби вие на 30 години среќно омажени и женети со по две три деца дома, дом и сигурна работа можете лесно да коментирате за нештата кои одамна ви поминале и свесни сте дека не можете да ги доживеете, ама не сте свесни дека има и други кои не се како вас и не само што не мислат како вас туку и ги немаат вашите услови за живот. Прво и основно го немаат партнерот со кој би го поминале животот, со кој ќе делат се во иднина па и воспитувањето на тоа дете. Реков дека нема да коментирам повеќе тука зашто излишни се сите зборови, ама ова да молчиме и ќутиме, единствено зашто мислиме дека не треба да се жигосуваат оние кои се решиле за тој начин, страшно ме испровоцира. Демократија, слобода на говор и јавно и свое мислење. Наместо да се охрабруваме и да протестираме за сите глупави закони кои ни се наметнаа и понатака ќе ни се наметнуваат ние молчиме, не само јавно па уште и на форум да не искажуваме мислења. Ама такви сме, македончиња погани, само за себе си гледаме и за никој друг. Во европа за вакви работи креваат револуции, не штајкови, бунтови прават за личните права а ние се потикнуваме да молчиме, како па до сега да правевме нешто друго освен тоа. Имајте си такво мислења и океј искажувајте се, бидете против абортус дај боже сите да имаат услови и желби за деца и никој да не помисли на тоа, ама па да забранувате некој да си го каже мислењето најмногу ме иритира. Плус сетете се дека никој не абортира од аздис туку од мака. А кои сме ние да судиме на туѓата мака, и да ја мериме туѓата среќа или не среќа на кантар? Мислам дека секој ако се обидеше да го сфати другиот и туѓиот проблем кој не нужно го осетил на своја кожа ќе ни беше подобар животот и општество. Зашто тука се гледа човечноста, кога и за туѓата мака ќе се бориме и сочувстваме, ако не мора нужно да сме ја осетиле или сфатиле.
Дочекав 24 годишна (дури 2години постара од мене), која на никот не го ставила само сопственото име туку и тоа на дечкото/мажот, да коментира дека мојот памет лета.. Па тоа си е мое мислење бре луѓе. Јас како опонент на твојот став (и сличните на него) во никој момент не ве осудив што според мене имате средновековни сфаќања, а ти се дрзнуваш да ми викаш да пораснам. Од кај ти знаеш дека муабетов ми е празен? Не ми ја знаеш средината,фамилијата,обазованието... крај краева јас така си мислам и крај, а ти слободно чекај ме да наполнам 33ти и да ти дојдам на темава да поразговараме
Хипстер мила, не реков да се ќути како што ти тоа си го сфатила, или сакаш да го сфатиш, мислев подобро да се ќути за да еден ден недај Боже се зажали, дека и зборовите ја прљаат душата, не само делата. Цело време сте се фатиле за тоа дека некој некого овде го осудува, дај бре што се сте се фатиле како пијан за стап...никој никого не осудува, само сакаме да сфатите дека несаканата бременост не е расипан заб кој не се поправа, и ај вади го!!! Тоа може да остави трага во душата. Сте се фатиле само за материјалното, како што пиша Спиди ако нема мајката пари за кафе да му даде. А нема да и се кине душата што одземала еден невин живот? Грешки се случуваат, ете биднала несакана бременост, ама дајте му шанса да се роди, да живее. Животот е многу повреден од патики и од кафе. Или ај тие што веќе абортирале, верувам дека се покајале и ги боли душа и срце, ама тие што упорно тврдат дека се за абортус, а не биле во таква ситуација, од каде знаете вие што е подобро? Значи сиромашните според вас подобро да не раѓаат, подобро да не ја почувствуваат таа радост на создаден нов живот. Сте чуле некогаш дека баш детето донело радост, донело среќа? Па и Роман Аврамовиќ бил многу сиромашно дете, и видете сега до каде стигна човекот. Фрлени сендвичи од улица најдени јадел. Од кај знаете дека тоа дете нема да има среќа во животот, па вие кои сте за абортусот уште однапред ќе му ја скроите судбината со немањето пари за на кафе да отиде со другарките/другарите. Гледате само од материјална страна, зашто материјалното на овој денешен свет му го помрачи умот, не се завртувате ни за миг кон духовното, кој е тој грев, Господ гледа се! И не се согласувам со тоа "тело на жената, нејзина одлука"... всушност се работи за друго тело, безгрешно кое таа мајка го отстранува од себе (зборам за тие причини кои вие упорно ги наведувате - материјалните). Можеби Господ им го испраќал тоа дете да им донесе радост во несреќните денови, да им донесе среќа, да им донесе смисла во нивните животи... Ама ете, џабе колку сака човек нека изнапише страници овде, упорно пак оноа материјалното и дека некој некого го осудуваме. Напротив, сакаме да помогнеме, да ја покренеме свеста и кон духовното, кон вистинската смисла на животот, не е се во тоа дали тоа дете ќе има прилично материјална сигурност, најважно е да има ЉУБОВ. Го кажав ова што го мислам со желба да се освестат многу помрачени умови. Ама како што се рекло, на човек со сила можеш само да му земеш, а неможеш да му дадеш. "Кој има очи нека гледа, кој има уши нека чуе". Господ да ви е на помош на сите кои БИ направиле вакво нешто (неможам ни името повеќе да го споменувам) без око да ви трепне. Неможам повеќе, повеќе нема ни да ја отворам темава, жално, навистина жалнооо
Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште... Да го родам кога знам дека нема да има се што му треба, и да се надевам дека еден ден ќе стане славен и познат па нема да му е гајле што бил сиромав... Не иде тоа така. Јас имам татко што не бил никогаш дома да ме гледа како растам во животов заради тоа пусто материјално што упорно го спомнувам. Затоа што кога бил млад не бил доволно паметен да го заврши факултетот и сега да беше архитект, него е шофер по белиот свет за да неговите деца можат да живеат. Почна да вози затоа што немавме ништо, затоа што бабите не чуваа, иначе буквално за леб не сме имале. Не било така кога се земале со мајка ми, ама ете се случува, дошло и до тоа. Затоа сега јас сега НЕМА да раѓам се додека не добијам барем некоја мала сигурност во материјалното. За тие мои деца. Ќе користам контрацепција и ќе се пазам, ако нешто се случи ќе пијам и апче за ден потоа и ако пак сум трудна и ќе абортирам. Затоа што тоа е мое право. За да еден ден, кога ќе имам желба да створам семејство да можам да му дадам се што тоа дете ќе посака. Затоа што од љубов не се живее. Се живее од храна, кров над глава, правилно образование и добро воспитување. На секоја жена која и најмалку се сомнева во својата одлука да абортира, јас и велам да роди. Затоа што никогаш нема да си прости. На оние кои одат секој втор месец на абортус, да им ги подврзат јајниците и да им ја скратат маката. А за таквите како мене, кои не се предомислуваат, кои добро и долго размислуваат за своите одлуки, кои се запознаени и користат контрацепција постојано, ако дојде до несакана бременост - абортирајте си. Затоа што еден ден ќе погледнете назад и ќе си кажете дека ја направивте вистинската одлука. Не е секој избор за секого, ама затоа е избор, секогаш има повеќе опции. И не прифаќам некој да создава мислења за мене врз основа на тоа што мојот избор е различен од нивниот. едит: Господ нема никаква врска со сево ова. Ако мислиш дека абортусот е погрешен само затоа што некој ти кажал дека е грев, и дека фетусот е безгрешна душа што не заслужила да ја повредиме... деца умираат од глад насекаде низ светот, зошто Господ за нив не се засекира малце? Или Господ сака тие да си умрат, а да живее детето на некое 16-годишно девојче што ќе иде по дискотеки а детето ќе го чува бабата...
Немој да ме сфатиш погрешно, ипак ти пишуваш со емотивна позадина...ама нема што вие да ни "помагате", да ни "покренувате свест" или да ни ги "осветлувате помрачените умови"..различно гледаме на работите. Ако како матерјално си го перцепирате реалното и како духовно - дарот од бога, нека биде така. Еве јас лично тоа што би можела/не можела да му го пружам на детето за да расте во здрава средина го ставам пред таа пратка од господ за да ми даде радост. ~ Забележав дека ние објективно се изјаснуваме, а вие упорно сакате да наметнете свој став.
Ecarpesa а кој рече дека абортусот е како вадење заб ? Јас сметам дека тоа е најлошото нешто што може да го помине една жена ,иако комликациите по здравјето се сведени на минимум сепак тие постојат и можат да бидат страшни ,а пак душевната болка само таа жена што поминала низ такво нешто си знае .. Ние може само да претпоставуваме .. И јас сум многу против денешните трендови со прерано почнување на сексуални односи , уште мрсулот не знаат да си го избришат а ќе се сексаат Кога еден ден ќе имам ќерка се надевам ќе и всадам правилни вредности но никогаш не знаеш што носи животот , децата се ранливи во таа возраст колку и да се трудиш да го изведеш на прав пат сепак грешки се случуваат .. Што би направила ти ако ќерка ти е трудна на 15 години ? Сакам искрен одговор .. Тоа девојче никогаш нема да има ист живот потоа нити пак ќе може да биде одговорна мајка.. Немој да ми кажеш дека како знаела да се секса така дете да чува .. Морам вака да те прашам оти некако ми немате слух нити емпатија за таа жена и нејзинот живот туку цело време се повикувате на нероденото бебе ..А што е со неа ? Лично јас никогаш не би направила абортус , бидејки сакам деца , сега за сега не сум спремна и се заштитувам ама ако се деси ќе си го родам . Истиот став го имав и пред 3 години ,а далеку од тоа дека сум била спремна да бидам мајка ама си имавме на ум со партнерот дека ако се случи нешто такво ќе се справиме со предизвикот а секако дека би било далеку од идеално.. Ама не сме сите во исти животни ситуации , така да подржувам како избор и не можам да судам некому и да додавам сол на раната на тие жени и без тоа им е тешко .. А да подржувам малку повеќе сексуална едукација за девојките , да знаат што носи сексот пред да се впуштаат во тие води ама тоа е друга тема ..
Ако си ми ги прочитала претходните милион коментари ќе видеше дека апсолутно не алудираме само на материјалото, баш напротив зборевме јасно и гласно дека не секоја жена сака па и е способна да биде мајка. Сум го коментирала милион пати за она кога дете раѓа дете на 16тина години и помалку што раѓаат деца и што после се` само мајки не. Да не се пофторувам, скролни надоле и наназад на страните ќе видиш многу добри коментари и контра реплики на вашето дека сите аборитираат зашто немаат доволно финансии. Во голем дел од случаите парите не се идниствен проблем и понатаму нема да бидат. Ама читате само тоа што вас ви одговара, тука е проблемот. Не сметам дека решение за овој проблем е забранување на абортус, баш напротив, отворно разговарање за сексот, презеравитивите и другите средства за заштита од бременост. А не на сексот да се гледа како плашило за мали деца. На 20тина години ли ќе се лажеме и ќе збориме за апстинирање? Ме нервира зборот грев кој упорано го наметнувате, дека некој мора да се кае за тоа, не се сите ти, не размислуваат сите како тебе или како мене или како било кој тука, не можеме според едно стандардизирано шаблонизирано мислења и правило за тоа како треба да изгледа и да се понаша една жена да се однесуваме понатака во животот. Мора да се прифатат рaзличностите, и против нив да не се оди како со глава во ѕид. И да тоа е нејзино тело, нејзин живот и нејзино право, ни црква и религија ни драконски закони нема да го променат тоа. На крај на краиштата тоа друго тело е зависно од таа мајка, ако е до 18, барем додека цица, додека уште не знае да оди и понатака, некој треба да го нахрани и фактички и духовно. Не се раѓа бебе, се раѓа нов човек, се гради поточно со текот на животот. Ако не си способен да оделиш многу минути од твојот живот и многу непроспиени ноќи, живци и нерви без да очекуваш конкретно возврат или не знам каков бенефит подобро не го носи на свет. Дека правилна одлука е да го оставиш на улица и само да се расте не е, ако беше немаше да постои посвојување како интистиутиција и немаше сите тие деца да сакат семејство. СЕМЕЈСТВО треба, горе доле едно нормално здраво семејство, а не родилка која го родила и со тоа како којзнае што да направила ако после нит го погледнала нит му се тресела нит му се радувала. Барем ти си мајка, треба да знаеш што е мајчинството и како тие 20 минути(или колку и да трае не знам навистина) на пораѓај и тие 9 месеци се само капката во морето. На крајот на муабетов, ако толку сметате дека абортусот е грев и не треба да абортираат и ако не можат да се грижат за нив, што не земете да им помогнете на тие жени да се грижат за своите деца, земете сите посвојте ги, па да имаат и тие деца од домовите семејство. Ама работата е заврешена тука на форум, на некоја ладна говорница, со некоја бизарна тв реклама, устите полни, срцата и делата празни, тие деца после пак сами. Родени и живеат, ама само они знаат како. Јас убаво знам што зборувам и за ни еден збор не се каам, зашто сметам дека е многу поправилно и несебично тоа него да се роди и да се остави, само зашто така не се прави грев. Сите сме судии и богови, и тоа ми смета, за пишување на гревови сме први без ни малку трошка грижа и осет на сите им ја лепиме етикетата на грбот. А сте се свртеле ли вие некогаш позади вас?
Мене ме интересира како тоа никој, освен Хипстер, не искоментира што значи забраната на абортусот. Драги мои, се враќаме назад илјадници години. Не разбирам како никому не му пречи тоа дека некој друг ќе има право над нашите тела?!? Ние, жените, повеќе не сме господари над нашите тела. Навистина не ви пречи некој друг да ги донесува одлуките за вас? Значи вас како жени не ви пречи дека доколку абортусот биде забранет со закон, ние жените ќе станеме дискриминирани и дека веќе не сме рамноправни пред уставот? Затоа што додека мажите имаат потполна контрола над своите тела, за нас во одредени случаи законот ќе одлучува наместо нас. Правото на избор секогаш ќе подразбира дека некој истотото ќе го злоупотребува. Дали тоа значи дека треба целосно да се укине опцијата - ИЗБОР? Апсолутно НЕ. Од друга страна, неправедно е, и дискриминирачки, да ги наметнувате своите религиозни ставови над останатите. Не сите овде се верници. Некои своето мислење го засноваат на медицинската дефиниција - плодот се третира како нов живот после десетата недела. И сосема на крај. Проблемите се решаваат во корен, а не во последиците. Наместо оваа хајка против абортусот и жените кои се одлучиле на оваа болна, најболна за жена одлука, треба да се зафатиме со причините за високиот степен на несакана бременост. Фрапантно е непознавањето на основите на сексуалноста и контрацепцијата кај младите кои се сексуално активни. Овде лежи зајакот. И после зошто ниедна жена не сака да го сподели на форумот своето искуство? Е зошто де? За да после болната исповед да и' рипнат форумџики да ја осудуваат, навредуваат и сл. п.с. За мојот став кон абортусот се имам изјаснето уште на самиот почеток. Ставот се уште не ми е променет.
elanor, низ целата тема се испишани многу аргументи кои го поткрепуваат 'за' ставот, ама многу погрешно се толкуваат и целата дискусија се врти во круг. Не е само слободата на жената во прашање, најголем проблем ќе биде хаосот што ќе се создаде ако се забрани абортусот со закон. Мојата професорка по филозофија ни велеше: Единствена причина поради која не ја поддржувам забраната на абортусот е поради тоа што знам дека нема да престане да се извршува. Ама не сите размислуваат малку пошироко.
Потполно се согласувам. Не верувам дека забраната ќе спречи некоја жена која наумила да изврши абортус. Забраната само ќе го направи пристапот кон абортусот нелегален, и крајно опасен по здравјето на жената поради тоа што ќе биде извршуван во несоодветни услови. Ќе добиеме епидемија. Нешто слично се има случено во Романија во периодот кога абортусот бил забранет. Стапката на смртност од несоодветно извршени абортуси била фрапантна. Ви предлагам еден прекрасен филм. Сметам дека мошне успешно ја доловува ситуацијата во која се доведени жените доколку треба илегално да абортираат. http://www.imdb.com/title/tt0383694/