Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ама тука впрочем не се дискутира за закон за забрана на абортус ами се расфлаат со аргументи како абортусот е грев ,душичка мало и сл значи врти сучи непродуктивна дискусија со бајковити приказни проследени со религиозна тематика .. :^)

    Нити се борат за забрана туку само сакаат да покажат со прст ,да осудат некој и наводно да просветлат ...Типично за жени де :D

    А факт е дека кој се решил за таков чекор ќе најде начин .Па вие што сте против кажете како ќе се решат проблемите со илегалните абортуси и како би се санирале последиците ? Се работи за деликатна тема која заслужува посериозен и пообјективен пристап , жена која се труди да забремени не може да размислува исто како жена која се соочила со несакана бременост .Треба да разбереме дека не сме сите во исти околности , со исти размислувања и услови .

    Јас разбирам дека не сите би го одбрале како свој личен избор меѓу кои и јас , ама немам никакво право да се мешам во туѓ живот и одлуки ..
     
    На Nausicaa, Lovely93, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    не Mими,тие се класифицираат за уште посовесни од овие што се за абортус,тие како посовесни од останативе ќе ги даваат децата во дом за сирачиња :?: па сега види што е тоа совест ;)
     
    На Hipster и Madam-A им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Еlenor пола тема е полна со коментари од овој тип, фала богу дека само јас не мислам така ниту тоа е само мое мислење, само јас сум најдосадна па сум ти паднала највеќе во очи. Многу убави мислења имате поназад од многу членки, убаво е кога читате да не се чита селективно туку темелно.

    Да точно не се дискутира диреткно за законот, ама индиректно на тоа се алудира, зашто со толку ригорозни мислења по тема абортус лесно паѓа во очи дека сите се во некоја директна подршка не само на законот туку и на идеата да се забрани скроз абортусот, да стане нелегален, што е аполутен апсурд.
    Зашто многу тргаат од идеата, тој јас НИКОГАШ нема да го направам, па искрено многу ми е гајле каде тие жени ќе абортираат ако се забрани, во какви услови ќе абортираат, па сеедно ако некоја од нив фати сепса и умре после тоа, she had it coming.
    Мене ми сметаат искрено не само коментари од релегиски апспект дека нели е грев, господ така рекол и така го класифицира убиството на неродено дете, туку општо и од нерелигиозен аспект кога ќе почнеме да се расфрламе со речениците од типот кога можеле да се e*e може и тоа дете да го гледа. Тоа не е од религиозен аспект речено, ај да не кажам од каков аспект ќе приумрат од грижа дека сум ги навредила.
    Штета, жени па така сурово размислуваме за своите права и а својата слобода на мислења и говор, се претавараме само во машини а раѓање деца, зашто нели тоа ни е едиствената работа која можеме да ја направиме ние за разлика од мажите. Сум чула многу вакви коментари, може не тука, ама има, и те како има вакви размислувања, и наместо да се бориме да се срушат овие стереотипи нии уште ги бодриме и рагоруваме уште повеќе, црквата се меша и е најглавна како во 14 век, па и владава искрено не помага многу околку тоа да се срушат овие размислувања.
    Ако нешто јас не сметам дека ќе го направам не ми дава за прво истото и некоја друга да ја судам зашто смета дека треба да абортира. Глупаво ми е да кажам дека подржувам абортус зашто се толкува дека коа ги потикнувам да aбортираат, ама па не сум никоја да ги судам и да им кажувам што треба а што не да прават.
    Тое е муабетот всушност, дека и ако не сметам дека јас ќе аботирам во некоја ситуација не ме прави подорта особа од она која решила да абортира.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Зошто вината за несакана бременост постоjано се препишува на жената?! Да, ние живееме во такво општество со такви размислуванjа. Е потоа, никоj не го осудува, ниту обвинува машкото,кое што многу често по своja волjа или намерно jа затруднува жената или пак си тера кеjф до крaj! И утре некоjа си Влада со само две жени во министерски фотелjи, ке го ограничува правото на абортус?!
     
    На vodolija123, ariela09 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Е баш цело време укажувам на таа можност дека ако во моментот немаш немора да значи дека ке биде така секогаш и дека ако се сака се се може.Мајкати и таткоти имале па потоа сте дошле во ситуација да немате ни за леб.И што тогаш требало да ве убијат за да не се мачите???А за второво само ке ти одговорам едно.Само затоа што има бушави,неисшишани,несредени во косите незначи и дека непостои фризер или дека тој не си ја врши работата.Едноставно не се обратиле кај него за помош.Исто и со Господ.Треба со искрено срце родителот да се обрати кон Него,а сепак да не го гледа како дедо мраз што исполнува желби и нас ни е подреден на наша заповед.Ане секое обракање е искрено некој само очекува да му се исполни желбата и потребата.Работите се подлабоки одколку што ги правите,а несакм да бидам офф топик.
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    пошо глеам дека господ е доста актуелен на темава и покрај шо не му е тука местото (и стварно не ми менува нишо ако го спомнете и уште 54 пати) и јас ќе избегам малку од топикот за да ве потсетам дека патем господ колку што знам не е баш поддржувач на секс пред брак, така да во молитвите можете и овој "грев" да му го образложите како покајание и да му побарате прошка ако го или сте го практикувале...мислам да не биде после дека сте се замериле со виши сили ;)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    Изгледа не ми го прочита цело мое мислење со внимание. Јас не сум верник и за мене Господ е еднаков на Дедо Мраз (ако веќе сакаш таа споредба да ја направиме), ни од едниот ни од другиот не очекувам да ми ги исполни желбите.
    Тие што умираат од глад верувам дека секојдневно бараат помош и утеха во Господ, зошто од друго место знаат дека нема помош. Тоа им е последна надеж. Ако на нив не им ги исполнува молитвите, зашто би ми ги исполнил мене? Тоа ми беше поентата.
    И кога веќе не очекувам од некое магично суштество да ми обезбеди среќа и радост во животот, него сама се трудам за тоа, ни најмалку не се грижам дека истото тоа суштество ќе ме запише во црн тефтер ако абортирам, или направам било каков грев во животов.
    Затоа пак ќе речам, Господ нема никаква врска со муабетот за абортус. Господ не ви ги носи најсреќните работи во животот, сами си ја правите среќата. Дете е плод на љубов, на две физички тела, а не дар од бога. Децата не паѓаат од небо кога на Господ ќе му текне дека некоја жена треба да стане мајка. И затоа никој нема право да даде аргумент дека не треба да се абортира зошто тоа било грев. Грев е и предбрачен секс, па гледам колку верници и кон тоа се придржуваат... :^)

    И уште еден пример ќе кажам, ако веќе одиме од перспектива дека плод стар 6 недели е безгрешно суштество на кое не треба да му го прекинеме животот. Плодот со аномалии грешен е, па него може да го абортираме? Или плод од силување? Што е криво тоа бебе што татко му е сексуален престапник? Ама не, ќе си праиме бајрам на умот дека тогаш мајката е побитна и дозволено и е да го отстрани тој плод без да и се пише грев... Е не иде тоа така!

    Познавам девојки кои родиле на млади години, па не им викам како можеше да го родиш. Мислам дека елементарна култура е и во обратна ситуација да им се почитува изборот. И видете ја статистиката најгоре на темата. Тие што се против абортусот се многу помалку од тие што се за, па не се собравме сите да речеме дека сме мнозинство и дека сме во право.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Душо тоа е името на син ми ,кој го родив на 20 год :) не е ни на дечко ни на маж ми
    И јас можев да го абортирам за да не бидам млада мајка и дрн дрн јариња, но не го направив нели
    И си стојам зад секое мое напишано мислење
    И 100% сум сигурна дека на 33 г ќе смениш нислење,се надевам до тогаш ќе го стекнеш моето искуство
    Нема да те чекам до тогаш,сама ќе си дојдеш
    Поздрав
     
    На Lovely93, zalosna, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Јас сум ЗА абортус.
    Не само несакана бременост. Не ги оправдувам жените кои се доволно возрасни за деца и абортираат затоа што не сакаат баш тогаш дете. Глупост.
    Но, што ако се работи за силување? Што ако се работи за пар во кој момчето знаејќи дека девојката е предобра за него и дека за брзо може да ја нема и без нејзино знаење завршува работа и потоа е среќен затоа што таа останува со него и не и дозволува да абортира? Што ако таа има 17 години? Што ако не сака да го помине остатокот на животот со него и не е спремна за дете? Ова се вика наметната бременост. Простата маса на мажјаци толку слаби што единствен начин да ја задржат својата девојка е да ја забременат. Што овде?
    Како што би рекла Миранда од Сексот и градот: Forget my life! I'm gonna have Steve's baby! Pizza for everybody!
    Кога се работи за вакви случаи животот на мајката го ставате последен. Најбитно е сеуште неживото суштество што е зачнато во сеуште раната младост на мајката нели?
    Абортусот може да се изведе во секој месец,но овде е дозволено до 3тиот месец затоа што после 3тиот месец почува отчукувањето на срцето на бебушот,а не после 6тата недела. Тоа е веќе убиство,а вака само го уништуваш уште пред да се оформи. За мене абортусот не е убиство се додека има можности за добро одгледување на детето и додека парот се зрели луѓе кои знаат што прават.
    Толку.
     
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Од каде ти е ова откритие?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    После четвртата недела.
    Во оваа фаза можат да се забележат структурите што ќе ги формираат лицето и вратот. Срцето и крвните садови продолжуваат да се развиваат а белите дробови, стомакот и црниот дроб започнуваат со развојот. Сега веќе домашниот тест за бременост ќе биде позитивен.

    Осма недела.
    Сега бебето е веќе околу 1,5 cm големо. Се формираат очните капаци и ушите а може да се види и врвот на носот. Нозете и рацете се веќе оформени а прстите се подолги и појасни.

    Значи во 6тата недела не му чука срцето на детето.
     
  12. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ти си пристојно девојче што ништо не разбира а има повејче искуства за норлево таблети (гумени бомбончина)од една жена од 34 год :) бравос
     
  13. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    добро не во шеста а по твое во која недела почнува да чука срцето после 12та или ?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Ariela a toa sto go narekuvaat doktorite srveva reakcija sto e? Srceto pocnuva da otcukuva vo 6 tata nedela, ako dotogas nema srceva akcija se odi na kiretaza ili pak organizmot sam go isfrla folikulot vo vid na mnstrualno krvarenje.
    Vo vrska so ovoj primer mislam deka e trolanje, ni pomalku ni poveke, od avion se gleda. Kajo prvo po ispieno Norlevo sansite za bremenost se mnogu mali, sepak se raboti za hormoni koi vo zavisnost od organizmpt se resorbiraat i do 3 meseci vo organizmot na zenata. Jas se imam napieno ednas i mi trebaa 2 meseci da mi se sredi ciklusot. Taka da ne se palete mnogu ;)
    Se izvinuvam na losiot pravopis i lat, od mob sum ;)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не можам да ја најдам таа другата тема за ЗА/ПРОТИВ абортус, ќе си пишам тука лично, индивидуално видување кое важи за мене и немам ама баш ништо против оние кои донесуваат поинакви одлуки во животот.

    Јас никогаш не сум ги осудувала оние кои се решиле на абортус. Секој со својот живот, приказна и можности. Мене при самата помисла ми паѓа многу тешко, дури и оние рекламине во кои се зборува за абортусот ми предизвикувале морници, а некогаш и солзи. Доколку јас имам ќерка и доколку и` се згреши, би ја охрабрила да го роди. Доколку пак постојат услови да се чува, уште поубаво.

    Би се труделе колку можеме да го извадиме на пат, а што помалку последици да почувстува и тоа и мајката. Но, во нејзина цврсто донесена одлука, не би се мешала. Ако не постојат услови нека го остави во дом, би гледала да постојат шанси прво да се роди здраво и право, а другото, ако веќе нема друго чаре, нека остане битка на тоа дете во која родителот нема да е присутен. Ако ништо друго, барем да мислиш дека си му дал шанса во животот. Дека си му дал шанса и тоа да мине низ твоето и да донесе можеби полоши, но можеби и подобри одлуки и избори од мене во животот. Па и да ме плукне утре на улица, да не жалам. Јас се водам по онаа „Животот е подобра опција, ма колку и да е тежок.“

    Искрено сакам да верувам дека немањето услови да се грижиш за сопственото дете ќе станува се` повеќе исклучок а не правило. Се` може кога има слога, разбирање и љубов. Ова го велам бидејќи познавам една жена која стана мајка на мноооогу млади години. Но, поддршка од блиските, од сопругот, љубов и разбирање и` помогнаа да стане комплетна, во поглед на образование, во поглед на работа, во поглед на задоволство од животот. Таа денес се` уште е млада, дечињата и` се поголемки, а таа си надополнува се` што пропуштила во животот.

    Не велам дека сите случаи се со ваков хепи енд, но толку баук правење од ситуацијата, толку осуда од семејство и роднини, доколку се замени со трунка поддршка, љубов и помош од ЦЕЛОТО семејство, вклучувајќи го и таткото, може да резултира со исходи кои најмалку ги очекуваме и тоа во многу позитивна смисла.
     
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Во 6-та недела вашето бебе веќе има добро развиен и стабилен срцев ритам, иако е се уште слаб за да може да се слушне.
    Делбата на клетките е интезивна и веќе почнуваат да се формираат: очите, устата и ушите. Почнуваат да се формираат и пупки, од кои ќе се развијат рацете и нозете. Постелката веќе почнува да се развива, иако продукцијата на хормони ќе ја превземе дури после 12-тата седмица. Гестационата кеса е веќе добро видлива на ултразвук.

    Просечната големина на бебето е 2-4 мм.
    Бев двапати трудна и многу добро сум запознаена со ова.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ова е копирано од интернет за твоја информација. Не дека сум рипнала туку после 4тата недела пишуваше 8ма недела и копирав.

    Еве и ова е копирано.
    Пренаталниот развој е поделен на два основни биолошки стадиуми. Прв е ембрионскиот стадиум, кој трае околу два месеци. Од тука започнува феталниот стадиум. Во почетокот на ембрионалната фаза ризикот од спонтани абортуси нагло се зголемува. Воглавно, структурата на фетусот е оформена. Рацете, стапалата, главата, мозокот се присутни и продолжуваат да се развиваат. На почетокот на феталниот стадиум, фетусот обично е околу 30 мм (1,2 инчи) во должина, а отчукувањето на срцето може да се слушне со помош на сонограф, фетусот ја врти главата, и исто така прави основни движења и стресувања на целото тело.[28] Прстите почнуваат да растат во почетокот на феталната фаза.
     
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    На zalosna и ariela09 им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Epa Arielce vo idnina informiraj se ubavo pred da tvrdis nesto ;) Ovde ima majki koi rodile po dve - tri deca, ne e na odmet da prasas. I deff ima srceva reakcija vo 6 nedela ;)
    Jas se razborev a moeto mislenje ne go kazav, deff sum protiv, stanavme nacija koja edinstveno zadovolstvo vo ljubovta go gleda vo dve sekundi prevrtwni oci, a nikoj ne se prasuva sto potoa. Denovive koga so seto bitie ocekuvam da dobijam pozitiven ishod od nasite napori se zaprasuvam dali nekogas bi imala srce daubijam nevino sustestvo. Procitajte ja prikaznata so majkata so edno dete i vtoro na pat, ke sfatite dek 6,8 ili 28 nedela to malo cudo e vas plod ;)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добро,јас имав таква информација а и се она што сум читала,не сум сретнала дека во 6тата недела почнува чукањето на срцето. А и не ми беше логично нешто милиметарско да има срце кое чука но ете чуда постојат и искрено ме воодушеви овој факт. Срце мало :inlove: