Јас мислам дека е за џабе се што им објаснуваме на овие женски пр. .зни глави И после јас нечинам што ги навредувам,паѓаат празни муабети ,оф топик и.т.н Несериозни особи,тотално Само вакви работи на форумов можам да прочитам-цитирам една дотична скоро што ме навредуваше на тема абортус,еве нека пронајде пак Била абортирала-решен проблем и пак по старо!!!!А може е и нов дечко за недела дена го нашла и ќе се перка!!!! Мене ми каснеше 10дена се пазевме,тест правев и на гинеколог отидов,знаејќи дека не сум бремена ама потсвесно од темиве во психа ми влезе нешто Од нервоза да не сум трудна ,ќе треба да абортирам,не смеам да го родам,со два царски,да беше за две години барем,ќе си го родам,што се не ми помина низ глава Еј 10 дена од самата помисла не спиев а вие одете у
Е ова е веќе крајно неозбилно. Значи исто како и Симона, значи се вртат 500 филмови низ глава. Ете во нејзината ситуација тоа веќе се десило, абортирала и кога мислиш дека и дошол памет...опет Јово на ново... Не се стига далеку со такво размислување. Ама изгледа секој со различни приоритети во животот.
И чекам да се појави некоја и да рече: што има лошо во тоа да праша девојчето? Па била да абортира,јас би била преплашена до смрт и би прашала со сапун дали може да се мијам или само со вода!!! А за односи би си го прашала матичниот гинеколог кога ќе одам на контрола,еден месец по абортусот Толку од мене на оваа тема неможам веќе Башка девојчето многу се грижеше дали ќе може да раѓа...ај не е битно
Стварно не знам што да кажам... тоа е ко да прашаш 2 саати по вадење заб дали можеш да грицкаш нешто тврдо...Па нормално дека ке се раскрвари, дека ке се направи проблем, дека ке се инфицира. по природен пораѓај треба да се пази жената, не па по абортус...По логика само
Ostaveteja sto saka neka pravi gabe e neli gledate deka nema 1 g mozok za grev tesko na roditelite (ah sto ne pravi drogata vo denesno vreme) spidy sigurno prva ce bidi sto ce ja podrzi se izvinuvam od mob sum
....А инаку дозволени се односи така? Скоро недела помина од кога абортирав... spidy сакаш да кажиш дека овај пост го немаш прочитано???? па ајде вака како нај искусна овде на 22 год. пошто гледам многу совети делиш кога се работи за абортус што би и кажала дозволен е односот после 4 дена(( извршен або..)). или не ?
За 10 дена полнам 24 години, ама тоа не е битно. Фала за комплиментот дека сум најискусна. Јас сум далеку од тоа, но ете сум се информирала за многу работи, па се надевам дека ќе можам да одговорам на нечие прашање најточно што можам. Во контекст на муабетот, односи неколку дена по абортус, не се забранети. Не се препорачуваат неколку недели после интервенцијата заради ризик од инфекција. Исто како што откако ќе му извадам заб на некој во ординација, му препорачувам да не пуши една недела, ама не дека некој ме слуша и не дека сите се инфицирале од пушење. Баш напротив, еден не сум видела да се врати со мака, иако теоретски точно знам што се лошо може да им се случи. (може е непригодна компарација, ама има поента) Конкретно мое мислење, не поддржувам односи веднаш по абортусот. Ама секој си одговара за своето здравје, девојчето си постави прашање, наше е ако можеме да и го одговориме. А јас нема да и бидам над неа со свеќа додека има односи, па да ме засега што ќе направи, и не е мое место (ничие не е всушност) да и кажам што може да прави. Поддржувам слобода на избор, поддржувам човек да си научи од сопствени грешки, поддржувам кога некој се интересира за нешто што не го знае и сака да слушне туѓо мислење. И јас еве како “најискусна“ го дадов моето...
Зашо таков напад на Спиди (или можда Спајди)? Ако таа го оправдува абортусот не значи дека е дежурен кривец за се на темава! И Vanilaukus, жити се,кога веќе и сама сподели...не дека ќе те осудувам, нема всушност ни да ти искоментирам, но сакам да прашам, чисто за моја душа, со кој ќе имаш секс? Није ваљда да си толку проста па да продолжиш да се гледаш со несудениот татко на несуденото штотуку абортитирано бебе? Ај уствари нема везе, не е моја работа... Али ако е друг go for it само стварно мислам дека моеш малку да почекаш. Нема да се потроши целиот секс на планетава ако го паузираш неколку месеци..
Madaam mi se sviga muabetot nema da se potrosi celiot sex na planetava, a za Spidy ne sum zapoznata, samo mislam deka na 24 nema devojce sto ke bide protiv abortusot, steta.
Што сакаш да кажеш со ова Ангел, не зборете во шифри кажете си искрено отворено а не во загонетки. И плус пишувајте кирилица побогу. Што ако не сме против абортус, објасни ми зашто, ама немој да почнеш рекла казала муабети, биди целосна и издржана. Целта на жалосна беше јасна, ниски удари испод појас. Зашто Спиди си имаше силно цврсто размислување кое не можеше да се побие, мораше вака да се дискредитира со друг коментар во овој случај што немаше врска со абортус, туку со одредена членка која темата ја користи за свој личен секс дневник или што не. Има 24 години точно, ама е едно 3 пати позрела и покоректна од некои постари, нека се пронајдат самите кои се. Нема да и глумам адвокат, ама ја претеравте со морализирањава, попови, свети лица не ви се рамни.
Сум ја читала Спиди во темава многу и со повеќето нејзини мислења потполно се сложувам. Девојката си има свои ставови и мислења исто како што имаш и ти и јас и сите. И зошто да биде некој против абортус? За да се раѓаат деца, па да им се уништува животот од немаштија и несериозност? Штета е што не се гледаат реално работите, а не е штета тоа што се гледаат можностите и реалноста.
Да, Спајди е. Немам ништо против сечие мислење, без разлика колку е исто или различно со моето. Би сакала само да се кажат факти. Реални опипливи работи кои може да се докажат, општи вистини кои важат за секого (за мене тоа е фактот дека бременост во непосакуван момент може многу лесно да доведе до лош и тажен живот за тоа дете ако биде родено). Темата е за абортус. Ја отворив со прашањето дали го поддржувате или не. Ако не го поддржувате, за мене е легитимна причина да кажете дека затоа што сте веќе мајка и го знаете тоа чувство не би можеле никогаш да го оправдате прекинувањето на бременоста. Ама тоа не е општо правило. Не секоја жена која родила се согласува со тоа. Тоа е нечие лично мислење кое во никој случај не може да се наметне. И се согласувам со тоа дека годините се еден вид на мерка како човек размислува. Обично во помлади години си имаме некои идеи (да не речам веруваме дека се што лета се јаде ), ама и тоа не е општо правило. Јас и на 16 години го имав ова размислување, само низ годините сум се запознала уште повеќе факти кои само ми го зацврстиле ставот. Верувам дека има жени кои истото можат да го кажат за нивниот спротивен став, и го почитувам тоа. Ако и само ако можете да ми дадете реална причина за тоа. Мене ми боде очи само една работа. Кога некој ќе рече дека тоа бебе е невино суштество пратено од Бога и дека ќе биде грев да се убие. Тоа за мене не е реална причина. Тоа е религиозно верување без никакви факти да го поддржат. Ниедна што абортирала не се вратила по смртта да каже дека некое семоќно суштество ја пратило да гори во пеколот цела вечност зошто “убила невино бебе“. Сосема е друго ако некоја се изјасни дека не би можела никогаш да абортира, па макар и силувана да била ќе го сака тоа дете со цела душа. Тоа можам да го разберам. Тоа е љубов. Си го сака нероденото дете. Јас во истата ситуација не би го рекла тоа. Можеби сум премлада или го мислам тоа зошто не сум мајка, ама јас не можам да родам дете како резултат на насилство. Едноставно не можам. Ја земам оваа теоретска ситуација за пример, ама истото го мислам и за непланирана бременост. Како Vanilaukus, да би била во таа ситуација, би абортирала без да трепнам. Си имам свои причини за тоа, сум се изјаснила во претходни постови. Поентата ми е дека никој нема право да ме нарече убиец, да ми рече дека немам памет во главата, да ми рече дека ќе горам во пеколот за тоа што сум го направила. Мојот живот е мој, и имам право да го живеам како што јас сакам. Се додека не ви пречам во вашиот живот, никој нема право да се меша во мојот. И ова го кажувам во име на сите кои го поддржуваат абортусот. Ако сакам да абортирам јас ќе ги сносам последиците. Јас ќе бидам таа која ќе преземе ризик можеби никогаш да немам деца, јас ќе бидам таа што ќе живеам со мојата одлука до крајот на животот. Или ако решам да родам, јас ќе се грижам за тоа дете. И ако јас сметам дека неможам соодветно да го направам тоа, јас имам право да изберам да ја прекинам бременоста наместо да осудам дете на лош живот.
Devojki najprvo se izvinuvam za latinicava, ne sum vo moznost da pisam mk fond. Ne go postavuvam prasanjevo za da bidam osuduvana ili slicno tuku za da dobijam odgovorite. kade moze da se izvrsi abortus (grad, lokacija)? Kolku otprilika cini toa?
Јас не знам конкретно за да ти кажам, ама додека да ти пишат овие што знаат, листај горе низ темава знам пишуваше некаде ама не сум запаметила
Hipster цело време пишувам кирилица, ова се исклучоци кога пишувам од телефон, немој веднаш да скокаш. А што сакав да кажам со тоа? Ништо бре девојче, ништо за што треба да се реагира. Сакав да кажам дека се повеќе млади се одлучуаат да створат семејство на подоцни години, на 24 на ниедна не ни текнало што се вели да родиме и да створиме фамилија, ете и јас сум во ние нажалост. Порано нашите родители на 24 биле изградени личности, ние сега на 24 да ми простите ама не знаеме сами да се снајдеме надвор од дома, чест на исклучоци во кои мислам дека спаѓам и јас, сепак од 15 живеам сама во град едно 100 пати поголем од мојот. Работата е дека се повеќе си го одолговлекуваме тоа уживање со родителите, уште некоја година да поседиме кај мама и тато, додека на запад децата на 18 се селат од родителските домови, работат веќе на 15-16 години, разнесуваат весници, работат во локални кафичи и продавници, косат трева, дури и за надоместок на стари луѓе им пазарат, кај нас тоа скраја боже, а ете ние се поистоветуваме толку многу со тој пусти запад. Не, не сакам со ова да искарам некого, напротив, да ја доловам реалната слика. И иако мислите дека малку одам ОФ ова се поистоветува со коренот на проблемот поради кој многу млади на денешницата се решаваат на абортус
^ А што има врска осамостојувањето со желбата да се има потомство? Или со абортусот? Ете ти си пример дека тие две работи ама баш ич не се поврзани. Веднаш самата себе си се демантираш. Според тоа што го гледам ретко која девојка т.е пар кои што се во подолга и сериозна врска и се постабилни како личности се решаваат на абортус, меѓутоа од друга страна има еден куп незрели и зелени деца до 18 г. кои абортираат. Според мене и подобро што постои опцијата абортус, отколку да бидат принудени да ги раѓаат тие деца Имам спомнато тука на форумов дека јас лично не би абортирала, освен во случај на силување или на деформации на плодот, меѓутоа воопшто не ги осудувам тие што се решиле на тој чекор. Не сте им во кожата па да знаете како им е. Лесно е да се суди.
^ јас лично дипломирав во октомври, а образованието си го имав ставено на прво место. Затоа на 24 години не сакам да родам. Општо го поддржувам абортусот и од други причини, ама ова го кажувам лично за мене. Мојата мајка ме родила на 22, ама завршила средно на 18 и на 22 веќе била со 3 години стаж во некоја фирма. Јас до сега сум работела и во фирма за пакување средства за чистење, секое лето за време на факултетот сум работела во кафич, бев во Америка работев 3 месеца и сега одам на стаж каде што не сум платена. И јас на 24 години не дека сакам да седам и да си уживам кај мама и тато, ама немам друг избор. Целото факултетско образование ми одзема 6 години од животот, и затоа не сакам да раѓам сега. Го поддржувам западниот ситем дека треба да се работи, јас сум пример дека ако некој сака може да си најде работа и додека студира, ама со тие пари не се прави фамилија. И тоа е реалноста во Македонија. Јас од тој запад си ги барам само правата како човек, ништо повеќе. Едвај чекам да се осамостојам и да се тргнам од родителите како што е редот. Ама избрав да посветам повеќе време на факултет за да имам подобар живот понатака, за мене и за моите идни деца. Мисењево ми беше малку повеќе базирано на моето лично искуство, ама сепак се однесува на голем процент од девојки на моја возраст во оваа држава. На 24 едноставно немаме услови за деца, или да не бидам толку жестока имаме премногу лоши услови за деца. Затоа фамилиите се започнуваат покасно, ама верувам дека може да се живее поубаво. А абортусот е само една алатка во тоа. Тешко онаа која ќе мора да се соочи со абортус, тоа е голема жртва, ама можеби еден ден ќе се исплати.
Od mnogu mladive sto se inf..zatoa sekoja 2_3 trca da abortira sram da vie ..ito site se po 18.19.22 god.. pred vreme treba da se inf..kako da se zastitite .. ako znaete da gi digate nozete treba da znaete i kako da se zastitite .. pa i uste krijate od majkite ova nebare e pojdi pos... vbolnica i vratise doma stramota (od mob pisuvam)
Значи јас не реков нешто поразлично од тоа што го спомна ти Ан-на, а врската е во тоа што на 24 сите се сметаат за деца, што реално и не е така, на 24 си веќе полнолетен по сите закони. Да беше мм трошка самостоен како мене ние порано ќе започневме со битката за деца, а сега сме заедно речиси година дена и се обидуваме за деца, ама не иде се така лагано