Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Единствениот проблем кај нас овде на форумов, е тоа што сакаме сите да го имаат нашето мислење. Е не може така, овде секоја има по нешто да каже, да советува доколку некој бара помош. Ние едноставно не можеме да го прифатиме мислењето кое е спротивно од нашето.
    Јас лично сум ПРОТИВ абортусот, на моите 24 год и јас дипломирав на време, се омажив затоа што јас така сакав и сега одтанав бремена пак затоа што НИЕ сакаме, и притоа не работам,седам дома, мм приватно работи но не можам да кажам дека кај нас цветаат ружи ама сакавме дете затоа што се сакаме ние,и по 5 год врска и 2 год заеднички живот решивме да одиме на бебе,тоа самото по себе си доаѓа.
    И еве сите сме на таа возраст + - 24год. и никоја од нас не се нашла во таква ситуација.Зошто? Затоа што сме доволно информирани за последиците, советувани од родителите, и пред се,зрели за да направиме одреден чекор а да не се запрашаме за последиците.
     
    На Mama25, Spidy, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    35.157
    Пол:
    Женски
    Жено, те читам тука имаш ќерка. Ај те молам не зборувај пред време. Ти, верувам најдобро ќе ја воспиташ и ќе ја информираш за се, ама тоа не значи дека нема да начека некој дебил кој ќе ја остави на цедило, или... Има еден куп претпоставки, за кои што не знаеш дали ќе се случат или не.
    Лесно е да се суди, пак ќе кажам. Повеќето од вас додека не осетите на своја кожа, фрлате со дрва и камења по сите "грешници" тука, кои што замислете решиле да абортираат. Тие вам не ви се замешале во вашиот приватен живот, ама затоа вие ги почестивте тука со најгрдите епитети кои што не ни сакам да ги повторувам.
    Разбирам јас да имате став, ама тој став може и цивилизирано да се искаже, нели.
     
    На Hipster, ariela09, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  3. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Nemoj samo da mi kazis deka ovije ovde sto baraat demek soveti bile silovani ma nemoj molim te....i komentiraj za nas ovde a ne za cerkami
     
    На 4rever.unique, makedonkamak и SimonaTino им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Иако во тема за брачни проблеми, lunicka еднаш кажа една многу убава мисла која може да се примени и тука
    Оф, драги мои, што и да правиме и превземеме, јас не можам да кажам дека мислам дека сме 100% сигурни за некои нешта во животот.

    Не секогаш сме оние најмоќните во нашите животи. За секое правило постои исклучок (што никако не смее да значи дека правилото веќе не важи и не треба да се почитува).

    Ах, тешки и болни се овие теми, особено за нас жените. Секоја од нас си формира став за истите врз основа на она што лично го има искусено.

    Не гледам ништо лошо во тоа што Спајди на свои 24 години не се чувствува подготвена за да стане мајка. Уште помалку лошо гледам во тоа што си ги следи сопствените чувства околу таа тема и избегнува ситуации кои би можеле да ја донесат до бременост.

    Уште помалку гледам лошо во личниот став на Ангел, која заедно со сопругот смета и чувствува подготвеност за прифаќање на таа слатка одговорност. Ете и таа го прави истото како Спајди: се труди да го оствари она за што се чувствува дека е подготвена и се надевам дека што поскоро ќе ги слушне за неа најпосакуваните вести. :*

    Не постои универзална формула, ако сака да биде, некогаш ниту заштитата не ... заштитува, а кога уште не е чукнат часот ни “не“-заштитата не врши многу работа.

    Иако лично за себе сум против абортус (значи за себе, не за другите), сепак не (сакам да) верувам дека повеќето жени се чувствуваат како на операција на слепо црево или вадење заб. Не сум им во кожа (се надевам никогаш животот нема да ме стави пред такви големи дилеми). Иако некои ми велат дека многу жени кои се одлучиле на такво нешто не чувствуваат болка во душата, затоа јас сепак не сакам пред време да им судам туку едноставно ми е жал и сакам да можам некако да им помогнам, барем со збор во тие мигови.

    Се согласувам со zalosna oд аспект дека се случува оваа процедура да стане злоупотребувана како да е антибиотик поради недоволна самосвест, едуцираност и внимателност.

    Но, не се согласувам дека несакана бременост се случува само по силување, како што си кажа како пример. Кога сме имале такви едукации во училиште, едно што нон стоп го повторуваа беше дека најсигурен начин да се заштитиш од несакана бременост е апстиненција. Иако другите средства за заштита значително ги намалуваат шансите за истата.

    Тука голема улога играат и блиските на оние кои остануваат бремени а не се самостојни. На некои луѓе навистина е страв и трепет да им се соопшти такво нешто и иако сигурно го сакаат најдоброто за блиските, доколку доживеат голем шок при таквата вест, којзнае дали ќе бидат во можност трезвено да размислуваат за најдоброто можно решение. Такви стресни состојби често знаат да резултираат со избрзани одлуки. Би било едноставно кога секоја девојка би можела да добие поддршка од родителите барем додека да го донесе детето на свет (и јас како Ангел, попрво би го донела на свет, па ако треба да го оставам кај луѓе кои се поподготвени психички, физички и материјално од мене). Има семејства во кои девојчиња не смеат да спомнат дека имаат дечко на 19-20 години, не па нешто друго.

    Многу често, ако нешто сака да се случи, се случува. Затоа, женско сум, можеби и ќе имам ќерка еден ден. Не сакам да судам, сакам да бидам потпора во вакви моменти. И дефинитивно не сакам утре на ќерка ми да и` е повеќе страв да ми каже дека и` се згрешило и останала трудна отколку да ми каже дека почнала да користи цигари на пример. А има такви случаи.
     
    На orchideya, hermosa, Glasna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Ан-на, во случај на силување, кога жената останува сама со бебето без никаква подршка, во тој случај јас не велам дека треба да оди со глава во ѕид и да го задржи бебето. Јас не сум против абортусот како опција, и не сметам дека треба да се задржи бебето и тогаш кога е невозножно тоа, напротив ако прочиташ убаво кај мене во постот, првиот на темава, ќе видиш дека имам куп причини наведено дека опцијата абортус ја оправдувам во тие случаи. Исто така да се разбереме, јас никому не му се нафрлив со погрдни зборови, туку откако феминката веќе абортирала ја запрашав дали за недела дена нејзе и текнало на секс, што мислам дека има огромна разлика. Во ред, она не можеше да го задржи бебето, јас тоа потполно го разбирам, ама да размислуваш на секс после абортусот, мислам те молам. Ете на тоа се однесуваше мојот коментар. А тоа со годините едноставно сакав да дадам до знаење колку ние се однесуваме незрело иако годините како бројка кажуваат нешто друго, затоа на многу пати споменав, чест на исклучоците и не се изземав себеси од ниедна ситуација, затоа што понекогаш можеби и јас сум се однесувала незрело ;) И многу сакам млада жена која убаво ќе размисли и ќе застане да каже зошто не го родила, наспроти фактот дека едноставно решила и така и веќе утре е спремна да ја повтори постапката, е тогаш ќе почитувам и мислење и ќе му признаам некому дека е во право, а додека како мува без глава се впуштаат во незаштите односи и притоа абортираат за по недела дена пак да се впуштаат во односи, е дотогаш сметам дека абортусот не треба да биде право на избор за одредени личности, затоа што тие секогаш ќе го избираат тој начин, како и изборот да се напијат Норлево два пати по ред за месец дена ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    zalosna, те читам некое време во темава, и морам да те прашам: Толку ли си згрозена од
    девојките/жените кои извршиле абортус, па вака со камења да маваш по нив? Зошто толку голема горчина во постовите и толку осудувања? Никогаш не можеш да знаеш која била нивната причина, не си им во кожа. На крајот на краиштата, секој донесува одлуки кои мисли дека се најдобри за неговиот живот. Ниту јас го живеам твојот, ниту ти мојот. Немаме право на осуда.

    Знаеш, обично туѓите судбини ни делуваат многу далечни. Мислиме дека некои работи никогаш нема нам да ни се случат. Ама не знаеш што ти носи животот. Убаво кажа некоја членка претходно - имаш свои деца. Утре не знаеш што ќе се случи, немој толку ограничено да размислуваш.
    Имаше еден американскиот сенатор од Републиканската партија, кој беше познат како противник на хомосексуалните бракови, ама го сменил ставот откако дознал дека син му е хомосексуалец.

    Патем, парадоксално е што се вадиш на карта мајчинство, а вака се однесуваш во темава.
     
    На lolanomnom, duffi, Vanilaukus и 14 други им се допаѓа ова.
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу се против абортусот во оваа тема, но во друга каде девојче на 18 или помалку години забремени и од дечкото нема никаква поддршка сите ја советуваат да абортира.
    Јас од бременост се пазам одкако сум сексуално активна со исклучок на 2 месеци кога забременував ама никогаш не ги осудувам оние кои се решиле на тој чекор. Ги осудувам оние кои во соодветната тема даваат совети како сексот без заштита е многу поинаков, подобар и се строго против кондоми зошто на дечко им не му било убаво. Овие мислења влијаат на девојчињата кои штотуку се впуштаат во сексуални односи и кои лесно потоа ќе се изманипулирани од нивните “искусни“ дечковци.
    Јас сум ПРОТИВ секс без заштита а ЗА абортус.
     
    На tessie, mimiiiii, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Nekoj raboti nikogas nema da se promenat pa taka i jas :) :hai: ne kom..povejce na ova tema
     
    На SimonaTino и andromedae им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Зошто ди споредувате вашите родители (значи вие сте жени од 30 години) со девојките сега.

    Колку биле изградени и спремни порано луѓето тоа не може да се коментира.

    Да порано се правеле и по 5-6 деца, а немало леб да се јаде.
    Девојките се мажеле млади зошто тоа било најбитно и приоритет наметнат од страна на општеството, а колку биле спремни тоа е друга прича.

    Денеска луѓето стануваат се посвесни дека на тие деца треба живот да им се пружи, дека неможеш без леб детето да си го исчуваш.
    Не викам дека сите семејства биле такви ама ајде ви се молам не правете глупави муабети.
    Мајка ми и татко ми се од такво семејство, да живи се и здрави се, ама каков живот имале они?
    Какво детство, каква младост?

    Има созреани и изградени личности на тие години, но не значи дека одма мора семејство да имаат.
    Најлесно е да се семе и да се плука и осудува. Што не се чукнете малце во главите што животот може да донесе, па сами своите зборови ќе си ги јадете.

    Жалосна тебе многу убаво ти пишаа. Имаш ќерка бре жено.
    Опрај се малце и пази што зборуваш. Не е муабет за ќерка ти ама и не е муабет ти да земеш да плукаш и вреѓаш по девојкиве кои направиле абортус или планираат да направат.

    Не си им дома па да знаеш во каква ситуација се.

    Грешат, не користат заштита и сакаат да абортираат.
    Светот им се свртува, а ти си нашла тука да плукаш без никаков срам по нечиј избор.
    Само некои екстремни случаи каде што не размислуваат што се случило уствари- како што е последната девојка што абортираше, е тоа не е за поддржување, но не за абортусот, туку за нејзиното однесување.

    Секој си има свој живот и свое право и избор како ќе си го живее животот.

    Денес утре ќерка ти да ја направи таа грешка на 18, 19, 20 години ќе те прашам дали ќе и речеш- цитирам- ако си знаела да ги дигаш нозете, ќе знаеш и да си го раѓаш и чуваш.
    Епа тешко, особено ако дечкото не сака да ја прифати одговорнаста, ќе трчаш да закажуваш абортус и тоа како.
    Така да малце чукни се во глава пред да лупнеш некоја безвезарија.
     
    На Daydream, Glasna, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, тоа сакав да кажам и јас, ама Ан-на директно ви го кажа без многу околишење.
    Да не те цитирам Ангел, тоа ми беше поентата не да те напаѓам, ама ме неривира кога редовно се наоѓаат некои дежурни кривци на темава и се атакува по нив, уште Спајди ви остана па ај по неа сега.
    Ако не си запознаена со нејзините мислења прочитај ги, а не на невидено коментираш( брз база на туѓи непотребни, саркастични,извитоперени ставови)
    Нема врска тоа 24 години, 20, 15, и на 50 ќе го имам истово мислење и со 3 деца да имам дај боже, не знам како ќе ме води патот и животните прилики(читај финансии). Едноставо рамислувам малку подалеку од тоа дали јас би го направила тоа па затоа сум против, зашто мене ми дошло време за деца, на сите мора да им биде(малку себично но нмв), зашто јасно ни е на сите дека не сме исти нит ќе бидиме.

    Мене ми нема логика да сум против абортус, единствено зашто знам дека со тоа нема да се спречи сите да абортираат. Ако не може легално, ќе се прави нелегално, ќе умираат секој ден не знам колку жени и девојки, а тоа е над сите правила и морали во животот не само религиски, човечно.

    Плус згора на тоа право на слободно размислување и слобода на избор.
    Не секој сака и има способност да е мајка/родител и мора да го почитуваме тоа без разлика на се.
    Мислам дека сакаше друго да кажеш со тоа 24 годишна девојка но нема врска, зашто не се искажуваш до крај свашта може да се помисли и мислиш дека ти "скокам".

    Дека не можеме да имаме исти мислења не можеме, ама мора да почитуваме тоа туѓото за да не почитуваат нас. Вие не почитувате правило на избор на некој што абортира и го осипувате со
    навредливи коментари, како сакате и ние да ве почитуваме и озбилно да ве сфаќаме. Јас искрено не разбирам како воздрсни жени не можат да сфатат и да размислуваат малку подалеку од својот став, ама тоа е не можам ниту сакам против вас да одам. Само не е ферски да се дискриминира мислења заради воздраст, дека сме млади не сфаќаме или не можеме да расудиме. Постои начин а атакување и навредување и саркастични коментари не стојат тука, ниту ви личат.

    А за латиницата, мислам дека се злоупотребува и е против правилата, ај ако не сите по еден пост редовно да пишуваме на латиница, каша-попара ќе биде темата. Нмв не сум ситничар, да не испадне така, само искрено не читам мислења на латиница ги скокам зашто не ми се прегледи и бодат очи.
    И небеше во еднина напишано, множина беше, значи не се однесуваше само на тебе, зашто редово на темава од едни исти има пост на латиница со изговор на мобилен сум, без разлика од каже пишуваме, правила си се правила.
     
    На Glasna, tessie, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Точно, јас исто би додала и дека потребите и приоритетите се сменија. Тоа е клучно. Денес да кажеш по дома дека сакаш занает да учиш, а дека не сакаш да студираш, особено во урбаниве средини, твоите по дома срце ќе ги фати. „Па зар овој и оној завршија а ти ќе учиш занает... ќе пропаднеш...при толку развиена индустрија и машини, малку ќе ти се исплати“, а порано занаетот на зетот бил поголем стимул за таткото да ја даде ќерката од чколијата. А денес меѓу првите прашања што ќе ти ги постават по дома кога ќе им кажеш дека имаш дечко „А што има завршено?“ (во кое што прашање, под „што“ се подразбира „кој факултет“ мислам со чест на исклучоци). ;) Детство виделе малку од материјален аспект, најчесто четири години школо и одма занает учење, чиракување, аргатисување, печалби, војски, женачка, мажачка деца.

    Но, тогаш материјалното не било волку изразено. Сега буквално не` заробува благодарение на некои нови стандарди за прифаќање од општеството и друштвото од како да се носиш до што да возиш. Јас би рекла: Да, како што врви времето, се` поголем предизвик станува да бидеш родител и покрај новово и модерно време во кое, божем се` е полесно и олеснето.

    Се согласувам и сакам да додадам нешто. Исто така, во темине за брачни неверства, не` тераат да ги разбереме швалерките од аспект на жени, па какви сме тоа жени, ќе се изедеме меѓу себе, а тука на моменти се чувствува ко камшик некој да ќе извади кога ќе се појави девојка на која и` се згрешило и дошла до ситуација несакана бременост. Па како си можела, па сега свесна ли си што ќе направиш. Сочувствувам со нив и жал ми паѓа како за мене да се тие зборови.

    Разумот и свесноста се битни во ситуации на превенција од несакана бременост, а не се битни кога е во прашање рушење на туѓ дом? Тогаш, швалерката е греотка, па се заљубила бе срцката. Па ретко која од девојкиве во ваква состојба не се заљубени во татковците на своите деца.

    И тие згрешиле. Факт. Можеби се и за прекор и за укор. Но, сепак самата ситуација во која се наоѓаат им е осуда сама по себе, уште фали ние да ги караме. Жал ми паѓа. Особено во ситуации во кои и здравје е во прашање.

    Само да не не` стави животот пред вакви џа или бу ситуации а и нема да е на одмет и мажите да бидат поодговорни.
     
    На Spidy, Hipster, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Темава ја пратев само кaко нем читател,но со пишувањето се надевам дека ќе се испразнам....
    Многу е лесно да се определиш за абортусот,или си за право на избор или не си.
    И јас гласав на анкетата погоре(одамна),и го дадов својот глас ЗА.

    Но, лесно е да се дебатира додека не ви дојде на глава.

    Имаме две здрави и прави деца.16-та година тераме заедно,сме поминале низ многу работи.Сакавме трето дете повеќе од се,сакаа и децата,да биде како круна на нашата љубов(иако имаме две).И бидна.Од прва се фати.Се израдувавме премногу.
    Почнавме да правиме бајки,да смислуваме имиња,да размислуваме дали нова количка ни треба или старата од пред 10 год.ќе заврши работа.Па алиштата бебешки,што ми се дадени,што зачувани...ама сеедно и така ќе купиме се што ни треба.Па како ќе го чуваме...Бевме излезени низ град,купувавме нешто,ама не купив,зашто нема да ми треба,јас допрва ќе растам.

    И ако се беше супер во мојава приказна, немаше да пишувам во темава.
    Ама претпоставувате дека штом сум замешала прсти во темава,ИМА НЕШТО...

    Има,донесов премногу тешка одлука ;( , најтешката до сега и не ја посакувам на ниедна жена.

    Премногу работи се случија кои не ми даваат мир.Имав здравствени проблеми кои бараа примање на одредени лекови(контраиндицрани во било кој стадиум на бременост),пред да дознаам дека сум бремена.Потоа,настинав или грип ме фати,не само мене,туку и моите дома.И на крај,да биде бељата поголема,имав контакт со сипаници.
    Јас и маж ми во бајката живеевме само пет минути.Сите овие работи кои ги набројав,како меч ни висат на глава и не ти даваат никаков лезет,само создаваат дополнителен стрес од кој никако не може да се ослободиш.

    Во консултација бев постојана со мојот доктор и со еден куп останати од сите можни области.Има тестови со кои може се` да се докаже.Но како јас ќе издржам девет месеци.Како,овој период во кој треба да се радувам и уживам,јас го поминувам и ќе го поминувам во постојана грижа?Дали понатаму ако нешто не е како што треба,како ќе го поднесам тоа кога би била повеќе недели бремена?Постојаниот стрес во кој се наоѓам е поштетен од било што друго.

    Јас сум мајка пред се, на моите деца како ќе им се посветам целосно?Теба да живеам во постојан страв.Нив им треба здрава мајка,а не избезумен авет.
    И да речеме дека ќе се роди право и здраво,утре една температура да крене или не каже некој збор,јас постојано ќе мислам дека му е од бременоста.
    Оваа агонија трае неколку дена,јас не функционирам како што треба,тонам се подлабоко во стравови и сомнежи,маж ми исто така,заедно со мене.Ова не е само моја работа,колку јас се секирам и покажувам,толку он ме теши и се прави силен.Постојано ми вика дека не е ничива кривица,а најмалку моја.На нашите родители и на децата не сме им кажале.Но и нема што да се каже,бидејки решивме.
    Се слушнав со докторот,плачејки му соопштив, и ми рече дека ќе се заврши.Дека имаме уште многу шанси понатаму.

    Потешко никогаш не ми било.Но,некогаш мора де се донесат вакви одлуки,кои срцето ти го кинат на милиони делови,а ти си немоќен да смениш нешто...
    Се надевам дека пишувајки овде ќе ми олесни,исповедувајки се пред непознати,зошто не се издржува,а толку многу ме боли....
    Кога децава ќе ме прашаат што ти е мамо,очите ти се насолзени,а јас викам настинката пак ме фати.Или мајка ми по гласот што ме препознава, и викам дека лупам кромид.
    Само маж ми ме разбира,болката ни е заедничка,ама ми вика ќе помине,мора да сме јаки.
    И кога некој ќе ме праша(од докториве,само тие знаат)дали е посакувана бременост,е тука ме убиваат.
     
    На galijan, SV1911, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    ^ навистина ми е жал што мораш да поминеш низ ова. Верувам дека не ти е лесно и дека ќе ти треба долго време да го пребродиш ова што ти се случува.
    Но, да знаеш дека си ја направила правилната одлука. Имаш две деца за кои си живеела и ќе живееш понатаму, можеби во правилните услови еден ден ќе имаш и трето. Ако тоа го сакаш, ти го посакувам од се срце да ти се исполни. Но во моментов си донела една храбра одлука заради подобар живот, прво на тоа дете кое си го посакувала за да не го осудиш на потешкотии понатаму, па и на целото твое семејство, дечињата кои ги имаш сега.
    Немам зборови кои ќе те утешат. Само времето може да ти помогне. Но, те поддржувам. Те поддржувам и во одлуката да не кажете на никого од поширокото семејство. За мене ти си една прекрасна мајка и ти посакувам прекрасен живот. :*
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    - ph.orhideja, без гајле. Ќе пројде. Изборот бил тежок, ама неизбежен. Времето ќе ги залече раните и по извесен период може пак ќе си имате ваков повод за радост..но и да не биде пак, си имате две дечиња, радувај им се нив, нека овој лош момент не те скрши.
    Се надевам и барем малку ти дојде полесно кога го пиша постот, разбирлив е изборот да не кажете.. ваше си е. Убаво ти вика маж ти, мора да сте јаки. Ти посакувам убав период и да го препродиш ова побрзо.
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.063
    Пол:
    Женски
    ph.Oorhideja,навистина ми е жал ,и многу ме трогна твојот пост :( .Tи си прекрасна жена и мајка,и се надевам во животот понатаму се да ти биде убаво и да ти се оствари желбата за трето детенце :hug:

    A сега,да прокоментирам за темата,сум против абортус (за себе),но во туѓиот избор не се мешам оти секој си знае најдобро како му е,не само за аботусот,за било каква животна ситуација....Hе питај гаталец ,а паталец.Aко можам да помогнам со совет,со мислење,со поддршка ,радо би ,од срце.Животот е непредвидлив ,и се разбира треба да внимаваме ,но ништо не е со гаранција.Hајмногу ме нервира што машките (во случајот со неодговорноста) потенцират на секс без заштита ,поубаво им било ,а цел психички товар паѓа на женските.Tреба да бидат двете лица рамноправни ,и во вината но и во одлуките,а не кога се случи бременост само девојката да си ја мава главата од ѕид.Mислам дека многу им се попушта на машките од тој аспект.
    Да не се изјаснувам повеќе,најмногу ми се допаѓа образложението на Tеси за темава.
     
    На tessie и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас лично сум против абортус, но секој за себе најдобро си знае.

    Мислам дека темава е станата олку напната и тешка, не поради посовесните луѓе кои треба да решат за абортус, туку поради младината која на секој чекор се ***, па абортусот е станат како добро утро.

    Мајките не разговараат со ќерките, а децата се многу неинформирани и незаинтересирани(и покрај интернетот и лесната достапност на информации која ние порано ја немавме).

    Воедно, најглавното, на денешниве млади, мува не ги лази за ништо. Немаат ни страв ни срам.

    Ми се чини, само поради овие работи е крената олкава врева околу абортусот.

    Има жени кои абортирале им е тешко и цел живот го носат тоа душиче на грб, но проблемот е во жените кои абортирале по неколку пати, и ич не им е гајле, немаат никаква совест и грижа.
     
    На SimonaTino, zalosna, Meredit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Колку кошта абортусот во Систина, приватната клиника, знае некој?
     
  18. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Жално но вистинито ;(
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.070
    Пол:
    Женски
    Mislam 7000 den.Mozes da prasas telefonski najsiguren odgovor ke dobies
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    9000 се на се.