знае некој колку кошта абортус во неуромедика ? и за колку време на пример доколку утре закажам , по колку време ќе биде извршен абортусот
Феминки дали може да се абортира додека се дои? Моето бебе е 8 месеци и чекам да помине неколку дена за да проверам дали сум пак. Ве молам за одговор.
Може. Само од анестезијата нема да смееш да доиш наредни 6 часа (и пред доењето послеи измолзи се). Јас правев киретажа и тие се доветите кои ги добив и на кои се придржував.
Да да. Може и ова, ако си правиме бајрам на умот. А тоа што секој може да излезе на бина и да збори што сака не значи дека тоа истото е вистинито
Не го оправдувам абортусот, освен ако не биде загорозена здраствената состојба на мајката или се разботи за силување.
Абе јас сум За абортусот, подржувам слобода на избор, права на жената и се тоа (сум се изјаснила на темава многу пати), ама ова е стварно претеризам. Знам дека конкретно видеото е местенка (жената што снима не е уствари трудна), ама сигурно има жени кои навистина поминуваат низ ова. Не можам да разберам како може да е 23 недели трудна и тогаш да и текне дека сака да абортира??? Не за џабе си имаме закон сега што вика дека до 10 недели е дозволен абортус по желба на жената, малце ли се 10 недели за да одлучи дали сака да роди или не? Ова американциве стварно претеруваат. Пак ќе речам, навистина комплетно го поддржувам правото на избор на една жена да може слободно да контролира што ќе се случи со нејзиното тело, ама мислам дека на некоја што сака низ ова да поминува треба да и се даде психолошки тест пред да си оди од клиникава...
Едно големо НЕ за абоρтусот! Точно е деκа сеκоја жена има пρаво на избоρ, но избоρот го пρави пρед да забρеменува, аκо саκа тогаш забρеменува, во спρотивно аκо не планиρа да станува мајκа неκа κоρисти заштита, бебето не игρачκа па κога ќе ти теκне фρли ја. Подобρо не се ставај во ситуација да забρеменуваш. Абоρтус поддρжувам само аκо жената била силувана и забρеменила или паκ аκо се воспостави деκа детето што ќе се ρоди ќе биде инвалид или ќе има неκаκва маана бидејκи тоа ќе биде на неκој начин спас за детето.
^ Така е. Тешка ми е темава за дикутирање и ја избегнувам, ама сакав само да додадам мислење на твоето. Јас не сум тип што осудува и почитувам право на слобода и избор, меѓутоа мислам дека секоја жена знае како да се заштити, ама едноставно некои сакаат да играат на среќа, односно на картата „ај ваљда нема“. Инаку секоја возрасна жена одлично знае колку начини да се заштити постојат. Барем еден начин да применува правилно, нема да дојде до несакана бременост.
Јас ќе избегам малце од темава и ќе ве прашам дали може девојче на 17 години да абортира без родители и колку чини абортус ? фала ви однапред
СО родител...и ке треба да потпише дека е свесна/ен за сите ризици од абортусот, и е ужасно глупо. СО потпис нејзин одобрува дека нема проблем со сите проблеми понатаму кои ке ги имаш, а за родител е тоа ужасно. У секој случај, требало родителот да ти каже за заштита при секс, посебно ако си 17 години. Минус за родителите ако не разговараат за заштиа при секс.
Δ Ги учат децата на школо за таа заштита, нема од дома ништо ново да ги научат. Јас како кума на 16 годишен, го прашав што сака за роденден. Келвин Клајн боксерици. ОК. Доби паковање боксерици од три пара и неколку пакетчиња кондоми. Пред некој да се нервира, знае мајка му Логика, зошто бара долна облека што е еквиалентно на секси веш кај женско, ако не е за тоа. Барем знаеш дека нема да го фати срам и паника во аптека, да купи парацетамол и излезе без кондомите за кои отишол. Да имам ќерка на тие години, и на неа јас ќе и ги купам и ќе ја прашувам редовно да не и требаат уште. Далеку подобро е да се скрши тоа табу отколку да ги кршиш од ќотек кога е касно, а се знае што работат на тие години и не можеш да им забраниш.
По овој коментар драги читачи, забележуваме драстично зголемен број на тинејџери кои посакуваат Имелда да ги посвои во моментов. Ама па и во право си. Конзерва пристап у стил „Ииии те видов со дечко на улица на 16 години, готова си“ може да биде само контрапродуктивен. И после таков пристап ретко кој тинејџер истата личност ќе собере храброст да ја праша како да се заштити од несакана бременост, своја или на партнерката.
Секоја мајка треба да е таква. Ко Имелда и ко мојата. Имелда, ко мајка ми си стварно мислам леее Уште да ми речеш да јадам Многу мајки ке им дадеа поубав живот од абортус или ран брак поради бременост ако имаа муда да им кажат на децата, повелете кондом, ова е да не чувате деца на 15 години, да не абортирате и да искрварите, да не оштетите матки и да останете без деца. Исплаши ги дека на абортус ке им се случи најлошото, направи им филм како умира на гинеколошки стол а мајката пати, и дај им паковање кондоми. Нема да мисли два пати дали да го опне.
Клетките на бебето живеат во организмот на мајката и по породувањето Бременоста ја менува жената многу повеќе отколку што мислевте. Од почетокот на бременоста, па до крајот на животот, во себе жената носи мал дел од бебето со себе, заради клетките кои постојано циркулираат во крвта. Тие дури може и да и помогнат на мајката да поправи некои оштетувања во организмот. Дали е абортирано или родено тоа е исто. Секогаш ќе биде дел од вас и не можете да го негирате постоењето на тоа бебе како ваше бебе.
Феминки, доколку има некоја поинформирана тука дали може да ми одговори дали се застапени кај нас и другите начини на абортус со вакум или таблети ? знам дека во србија ги имало тие, но не знам дали истите воопшто некогаш биле застапени и кај нас....
Можеш кај нас, процедурата мислам дека се викаше вакуум аспирација. Има порано на темава пишувано искуства, дека релативно кратко трае и дека не е многу опасна, но не верувам дека смее да биде подоцна бременост, првите недели. Едит, еве најдов постаро мислење со искуство. Што се однесува до абортусот со таблети, има тема тука за тоа па можеби таму ќе најдеш што ти треба. Абортирање со таблети Еве нешто повеќе за овој вид на абортус и за тоа дали го има кај нас. http://www.ringeraja.mk/statija/medikam ... _3008.html