Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Devojki ima li nekoja iskustvo so abortus, da spodeli. Ili da preporaca nekoja klinika, doktor....
     
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.081
    http://zase.mk/ispoved-devet-dena-molev-za-abortus-zoshto-plodot-ke-eksplodirashe-vo-mene/ Незнам дали го имате прочитано ова, деновиве се вртеше по сајтовиве...навистина жалосно,кај си имаш мака,па во оваа држава маката уште поголема ќе ти ја направат со тие нивни процедури...Сакам да кажам само дека доколку станува збор за абортус во вакви ситуации секако дека подржувам,но тврдам дека ни најмалку не е лесно.Лично сум имала блиско искуство со ова,пред да станам тетка на мојата мила внука требаше да имам друга внука/внуче меѓутоа срцето престана да му чука и мораше да се абортира, беше малечко(не ми текнува кој месец беше меѓу првите) но јас плачев како да го познавав лично,го сакав од момент кога слушнав за него,а пак како им е на родителите ...
    За сите останати кои абортираат од незнаење,вината не ја барам само во нив туку и во нивните родители.Секој родител треба да се потруди да разговара со своите деца на тема секс,бременост и сл..Пак ќе ви кажам пример:Пред неколку години јас со моите 12 год лежев на гинекологија од здравствени причини,веднаш до мојата соба имаше друга соба во неа беа сите жени/девојки кои беа дојдени за да абортираат,неможам да ви опишам како беше кога ќе почнеа да викаат,секогаш се прашував зошто да поминуваат низ тоа...Имаше од различни причини дојдени меѓутоа сакам да ви кажам за една девојка мислам имаше 20год,беше дојдена со мајка и...Приказната за девојката беше(ова од зборовите на самата нејзина мајка)-Нејзината мајка кога била млада останала бремена од некој дечко кој ја оставил,таа го родила бебето(сега веќе нели возрасна девојка),меѓутоа ја чувала цело време што се вика меѓу четири ѕида,првите неколку излегувања на девојката и оп останува бремена...Поуката сами веќе знаете која е :) А има и доста такви кои и покрај тоа знаат за некои работи,пак свесно се впуштаат во нив па после дали сум бремена :)
     
  3. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Јас сум за абортус како исклучиво право на мајката, дали сака да го задржи, или абортира плодот. Значи зборуваме за плод, а не како што некој сака да го прикаже како убиство на дете. Велам пред се тоа треба да биде избор на мајката, затоа што нај големиот терет пага токму на неа, не само во текот на бременоста туку и во текот на одгледувањето.
    Мислам дека е непотребно она попишманување, и играње со емоциите се со цел да го задржи плодот, сите ние знаеме дека во одредени ситуации сме подложни на емотина манипулација, токму поради тоа сметам дека нема потреба од толкава процедура.
    Пред се таа особа ги знае своите можности и не се оди на абортус како по семки, па по пат ќе ја попишманат, и доколку ја попишманат останува на тоа. Што потоа ќе се случуа со таа жена па и детето кое ќе се доди никого не му е гајле потоа.
    Пуштете ги тие приказни дека баш од тој плод може да се роди новиот Ајнштајн, Тесла, или Бах, посебно не ова последново, тип како мене двапати не се рага(се шалам). Но никој не зема во обзир дека може да испадне и деликвент, нели? Убаво е да се гледа само светлата страна, но доколку се нема соодветни услови и доколку детето се роди во нефункционален брак, за жал најчесто излегува деликвент а не Бах.
     
    На Summerlover, sajonaramucaca, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Драга моја, овде ќе слушнеш најразлични искуства. Од оние кои тврдат дека направиле абортус, поминале без никакви последици и никогаш не зажалиле поради тоа, како и такви искуства кои ги натерале жените да стравуваат дали некогаш воопшто ќе можат да имаат дете, кои жалат поради загубата на своето неродено дете, искуства во кои абортусот засекогаш оставил белег, трага која не се брише и која ќе биде доживотен потсетник за една избрзана, брзоплета одлука која не била базирана на добра информираност и на добро извагани опции кои жената ги имала во тој момент. Иако во денешно време абортусот се изведува во релативно безбедни услови, сепак мора да се знае дека компликациите од абортусот и ризиците по здравјето на жената од него се многу реални и тие навистина постојат. Ќе слушнеш размислувања од типот“ Мое тело, мој избор“. Сепак и ова не е издржано, бидејќи не се работи само за твоето тело, туку за уште едно мало, сеуште неподготвено за самостоен живот суштество, кое се прикрепило за зидот од твојата матка и црпи живот од тебе. Мало тело кое има сопствен крвоток, сопствено срце кое чука уште пред и да знаеш дека си бремена и во повеќето случаи дури и е различен пол од твојот. Затоа не можеме да тврдиме дека е дел од нашето тело.Доверено ни е нам, како жени, оние кои треба да го донесат и заштитат животот, да ги донесеме на свет овие мали суштества кои му даваат смисол на нашиот живот. Знам, понекогаш околностите се многу тешки, притисокот е неиздржлив, но јас би паршала: “Што кога животот ќе ни донесе околности кои не сакаме, но мораме да ги прифатиме? Се убиваме ли? Секако дека не. Ги прифаќаме со време и се обидуваме да се адаптираме на новонастанатите услови. Така е и со непланираната бременост. Овде дури и се работи за многу поважна работа, дете кое живее, расте и се развива во нас. Една друга судбина која чека да ја види светлината на овој свет, која длабоко верувам дека има навистина цел и причина зошто треба да дојде во овој свет и во нашиот живот. Имам уште многу да пишувам но овде ќе застанам и ќе те прашам: Што е со тебе? Дали ти навистина мислиш дека абортусот е најдобриот избор за тебе?
     
    На kuc и merida им се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    @compassion што ти е девојката праша за клиника, доктор и слично. Не праша душевно како се преболува.

    Инаку добар ти беше одговорот, само не беше тоа прашањето.
     
  6. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    :) А кога треба да и се кажат овие работи, кога ќе абортира? Тогаш е доцна.
     
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па добро, да не навлегуваме во дискусија но сама кажа, секоја жена го искусува абортусот на различен начин. И има блиски пријатели, другарки, родители, партнери со кои може да го мине тој период а не со нас овде. |(
     
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.465
    Допаѓања:
    96.703
    Па мислам дека секоја нормална жена/девојка знае отприлика како ќе се чувствува психички после абортус. Нема потреба од толку проповедања во врска со тоа. И аманте луѓе сфатете еднаш дека има милиони причини и околности кои ја доведуваат жената да донесе ваква жална одлука. Не е ли крив таткото што го отфрла детето и автоматски ни два ни три бара од девојката да абортира??? Не, таман работа... Само таа е крива, оти нели не за друго, туку многу сака да се чепати таму , да ја бутаат анестезии и после да биде не знам колку време во агонија од сета тоа.
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека не мора да значи дека девојката ќе знае како ќе се чувствува после тоа. Едно е теорија, друго е пракса. Можеш да си замислиш како ќе се чувствуваш, но никако не можеш да знаеш дали навистина така ќе се чувствуваш или реагираш. Јас не сум во тек со случајот на девојката но ако дечкото реагирал така тогаш е сосема нормално прво абортус да и падне на памет. Во ред е тоа, зошто да му роди дете на гад кој не заслужил кога еден ден може ќе најде некој што ќе се радува на дете со неа? Да не треба да го моли за дете да му роди, Бог да чува машкиве какви ги има значи... Нејзина најголема грешка ќе биде ако абортира и при тоа остане со таков гад. Без разлика на одлуката што ќе ја донесе за детето, таа со него не треба да продолжи ако се цени и малку себеси!
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.465
    Допаѓања:
    96.703
    Јас не реков дека ќе знае исто како кога би го имала тоа искуство, ама сепак секоја од нас може да си претпостави дека ќе има огромен психички товар оти не е вадење заб абортусот. И јас не го знам иначе ставот на дечкото во случајов, само спомнав општо зошто секогаш девојката се осудува во случаите на абортус, а другите фактори многу малку се земаат во предвид. Кај нас е РОДИ ГО по секоја цена и точка! После тебе како ќе ти е, ќе имаш ли пари и поддршка и средства да го изгледаш тоа дете, не е битно, битно е си направил добар и хуман потег - си донел живот на свет.:^)
     
  11. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Јас ниту во еден момент никого не обвинив, ниту жената која размислува за абортус, ниту онаа која направила абортус. Мојата порака беше внимателно составена и се обидов да и го свртам вниманието кон работи за кои никој од вас не зборува. Таа сама ќе си одлучи. Праша за искуства и јас и зборував за два вида на искуства. Никаде не реков дека жената е крива. А во однос на тоа дека секоја девојка/жена знае со какви чувства ќе се соочи, верувај ми дека не е така. Многу жени не знаат. Многу жени се излажани дека абортусот не остава никакви траги и се охрабрени да го направат тоа. Ти и самата велиш дека абортусот е една жална одлука. Па зошто да не се потрудиме да и помогнеме на жените да не донесуваат жални одлуки, туку правилни.
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.465
    Допаѓања:
    96.703
    Не секогаш правилното е изводливо, за жал! Кога би било така, светот ќе беше мноогу поубаво место за живеење. А плус тоа, правилното е релативно нешто - oна што за мене и тебе е правилно за друг не е и обратно. Затоа секој со своите одлуки кои не треба да бидат предмет на ничие туѓо оценување во однос на нивната правилност.
     
  13. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Девојки.... јасно ми е мене се... јасно ми е едека ова не е играчка.. и дека штом сум била спремна на односи требало да сум свесна за последиците. Баш од тие причини ние никогаш не сме имале односи пијани или да сме непретпазливи... меѓутоа ете се случи. Ако бев свесна кога се случи немаше да чекам да ми касни за да направам тест, ќе земев таблети истата вечер. Ова беше гром од ведро небо.... Јас всушност не само што немав во план деца сега туку не планирав да стапам во брак наредниве 3 години. И знам дека неоди се по планираното.... еве и искусив.
    Но ситуацијата е таква каква што е. Јас бев меѓу најдобрите студенти, со амбиции за солиден живот,работа и тн. Најдов работа во главниот град со плата што е доволна за стидент. да си плати стан и сметки и да се прехранува скромно. Значи на 0. Дечко ми сеуште ја бара. Он сеуште зема пари од дома. Реално и јас земам зошто моите па и не ми стигаат за се. Се трдиме да се снајдеме во овој хаос. Што ќе правиме со бебе? И дали тоа бебе ќе ја добие љубовта и вниманието кое го заслужува и му е потребно за да израсне во нормална личност? Јас сакам да бидам дел од животот и воспитувањето на моите деца а не да го растат бабите и комшиите. Барем така планирав....
    Сакав само да прашам дали луксузот да си го приуштам задоволството да имам деца во повозрасни години ќе ме чини сериозни последици во иднина? Т.с колку абортусот е современ и каде би било најдобро тоа да се изведе ако се дојде до тоа. Затоа што јас немам некој близок со такво искуство. Не ги знам докторите по приватниве клиники... Мојот гинеколог и кажа дека во деншно време тоа е рутински зафат и ризиците се минимални. ако одам кај искусен лекар во средени клиники кои користат современа апаратура, не би требало да има ништо од што треба да се плашам. се останато зависи од организмот. А болката не требало да ме води при донесување на одлуката зошто таа болка се споредува со некои појаки ментруални болки, ништо неподносливо.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    ЗДР има абортус што се извршува во првата недела од откривањето на бременоста но тоа се врши со апче, тоа апче уствари ти го уништува плодот бидејќи нели првата недела не е доволно развиено бебчето. Меѓутоа, дали ти можеш да се сносиш и да живееш со тоа дека си го убила првото бебе? А што ако не можеш повторно да забремениш?
     
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Луѓе ве молам значи не и влевајте уште толку стресови. Што ако не можеш повторно да забремениш???
    Сметам дека тоа прашање не се поставува на девојки во ваква состојба. Доволен им е стресот кој го доживуваат. Нејсе, денес имаме усовршена технологија и процесот на абортус е далеку посигурен од некогаш што бил.
    Девојко, би те советувала да одиш во Систина да абортираш бидејќи таму е најсигурно па затоа е и најскапо. Сум присуствувала на абортус и побогу сеуште се чувствувам како самата да сум абортирала и да сум го доживеала тоа, и тоа беше таму, во Систина. Процесот е многу едноставен. Пролистај поназад низ темава, има, ќе видиш многу искуства и ќе го согледаш процесот на тоа како се одвива.

    Јас те поддржувам без разлика на причината, тоа си е твое право, само гледај добро да го реализираш.
    И мој совет, спреми се, повеќе удира на психичка база отколку на физичка
     
    На Mishela, Sunflowers и Spidy им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.235
    Допаѓања:
    170.261
    Шта би било кад би било ова така испага Девојката веке одлучила бидете фер и не и ја замтувајте главата веке има донесено одлука Самата процедура е кратка не повеке од 15-20 минути побарај си целосна анестезија и плати си некои 200евра горе доле кашувам После тоа ке полежиш 1-2 саати во болницата и ке си одиш дома Компликации не би требало да има се се работи со стерилни инструменти и со искусни врвни доктори Според мене систина или ремедика се едни од вистинските
     
    На imelda и ariela09 им се допаѓа ова.
  17. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Фала ви многу... имам уште време, сега сум неполна 6та недела. И јас размислував тоа да биде во св. Лазар, Систина Или Ремедика. незнам која од нив три, и кој доктор.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.235
    Допаѓања:
    170.261
    Сите 3 се добри со добри доктори и со добра апаратура кој и да го одбереш нема да згершиш
    пиши како ке поминеш
     
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Јас во принцип сум ЗА абортусот, затоа што сметам дека милион пати е посебично да го родиш ДЕТЕТО и ништо да не му овозможиш, да гледа кавги и тепачки по дома или пак да го дадеш на посвојување, каде најверојатно ќе заврши во некој дом и ќе питачи, мислам дај да бидеме реални, не е ова некоја бајковита земја, па да се случуваат посвојување на секој чекор и уште триста други причини, само за тебе да ти е убаво на душичката дека ете си придонела на опшеството и да немаш нечиста совест и убаво да спиеш. демек роди го, па после нека се снајдува.

    Или пак тие рекламите со татко наркоман, мајка болна од сифилис и сега Одата на радоста ќе нја немавме.
    Да ама и исто ќе немавме ни толку насилства, силувања, деликвенции и триста глупости што потекнуваат од луѓе кои претходно биле дел од дисфункционална фамилија.

    Зошто милион пати е подобро да отстраниш зигот, отколку да уништиш еден или повеќе ЖИВОТИ, зошто животот почнува откако ќе се родиш.

    А од друга страна кога ќе видам некоја недоквакана 15- годишна со мозок од чавка, два абортуси што има до тогаш направено и се мисли за трет, не знам дали треба да се забрани или уште повеќе да го поддржам, зошто што ако таа мајка стане, кој ќе му ги гледа гревовите. Се замислуваат дека во „Сексот и градот“ се многу западњачки настроени, мрсулите уште не знаат да си ги избришат, а се **** на секое ќоше. Детство немаат, а се занесуваат дека се некој јак штик.

    НА крај краева, сум ЗА само под одредени услови. И сите малку да си повторат за сигурен секс.

    Зошто прават абортуси, голтаат Норлева ко шумечи, само да се заштитат не знаат, дека многу напредни. :fubar:

    И уште нешто. Не можам да разберам како уште постои некој што религијата ја смета за валиден аргумент ЗА или ПРОТИВ нешто.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rakce89

    rakce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    388
    Јас нема да те осудувам ам. Мој совет ти е наместо паρи за. Чаρшија собиρај си паρи за бебе и твоите и неговите κе се сρеќни κоцκите сами κе се сρедат,а аκо абоρтиρаш сеκогаш ќе се κаеш и замисли да се исκомплициρа а ти κе го засаκаш веднаш штом κе го чуеш чуκањето на сρцето,што аκо имам паρи фаκултет моментално не ρаб моите ме помагаат финансисκи ама немам дете. Немам на κого да се ρадувам. Немам κој да ме насмее, а ρабота денес ρаботиш утρе κе ти κаже не дооѓај свеκρвами има 2 децаа 3 то го абоρтиρала 20 год поминати и ден денес се κае и знае да си плаче позз
     
    На zalosna, Lovely93 и buba4e89 им се допаѓа ова.