Извини ама оваа твоја теза ми изгледа многу патетична. Што ако излеземе на улицца и не удри кола, или гром? Што ако, не удри струја дома? Значи ли дека нетреа да имаме дома струја? Абортусот не е убиство и стојам зад тоа, ако се што ќе се зачне се роди, тогаш колку ќе не има на планетава? Според мене, поголем грв, е да детето живее во нескладен брак, или гладно, отколку да се изврши 1 абортус. Сите вие кои сте за тоа се што ќе се зачне да се роди, колку пати сте направиле нешто за сиве овие деца што се родени а се гладни и немаат кров, над глава? Претпоставувам ништо, лесно е само да се каже роди го, но ајде поделете ја својата облека и својата храна со оние што немаат, па тек тогаш кажувајте приказни. Дали воопшто знаете какво е чувството да се биде родител и да се гледа како твоето дете нема корка леб, нема облека како другарчињата...... Седејки во удобна фотеља во топло, лесно е да се каже што ќемуе ќебе, на оној што спие на улица, затоа што тебе ти е топло. Инаку може да не роди никогаш и жена, која имала само еден партнер, без инфекции, абортуси..... Неплодноста е сплет на околности за кои многу често причината може да е и кај мажот. Слаба сперма, бактерија во спермата... Да не ги набројуам причините кои се јавуват кај жената. Ризик постои, но постои ризик да се почине и на операција на слепо црево, па што да правиме сега?
Неможеш ти едно дете и еден живот да го споредуваш со кола или рак. Кога ќе имаш ти дете и кога ќе имаш услови да го чуваш ќе сфатиш. На ЗДР не и се мажи воопшто уште сака да живее, ако сакала да живее што бара тогаш да има врска од 7 години? Те молам, немој да ме цитираш за работи кои не ги сфаќаш.
i pisav i jas na zdr vo drug tema..sigurno me procitala... 7 godini ne se vleces so nekoj tuku taka, sigurno so nekoja cel gradis vrska...zastita ako ne koristi 6 od tie 7 god.vrska srekna si sto ne si zabremenila dosega...i nemoj da mislis deka ako sega slucajno si zabremenila deka povtorno ke se sluci isto... da se razbereme sum za abortus ama koga ima opravdana pricina... ama oti ne planirala sega tuku po 6 meseci eeee ne opravduvam ne i se izdrzani pricinite... nisto vo zivotot ne e po plan ama toa doprva ke go vidis...ne si pocnala uste da zivees...
Кога се решаваш да пишуваш на форум мораш да бидеш подготвена дека некој ќе има различно мислење од твоето, до тука се разјаснивме нели? Е, сега велиш дека е себична што несака да роди? А, за некој друг е себичност е тоа што ти имаш многу повеќе од оној што нема ништо а за него ич не ти чуе. Лесно е да се најде вина во другиот а најтешко е да ја пронајдеме во себе. Тоа е нејзино право и нетреба да и лепиме епитети дека е себична, ваква или онаква. Значи според тебе сите ние треба да имаме онолку деца колку што ќе се зачнат? Не ми одговори, дали својот оброк го делиш со некое дете што нема? Грев е ти да се прејадеш а некој да нема ни зале, нели?
Ариела, има повеќе типа на врски. А мислам врска од 7 години дефинитивно е период. Она кажа дека 6 години без кондом имале. Така да, не е воопшто затвор. Јас сум строго против абортус. Имаат доволно време да се спремат и свадба да направат и да си заштедат паричка за детето. Таа одлучила, но ме интересира што мисли тој и нејзините дома за ова. Прво бебе да убиеш, тоа е исто како да си убил дел од себе си. Престани те молам,замисли некој од твоите дома да ти рече не требаше да бидеш правен ти требаше да те абортираме, мама и тато не те сакаа. Ти ништо не знаеш за мене, а себично е за мене ДА УБИЕШ ДЕТЕ ЗА ДА МОЖЕШ ДА ЖИВЕЕШ! Секоја грешка сега, во иднина скапо се плаќа. И тука завршувам со муабетите.
Некој кој до сега во сите овие години едвај двеста евра за абортус заштедил, не верувам дека во наредниве неколку или 9 месеци ќе заштеди за свадба па и за дете. Оној кој сам заработувал за кирија, сметки, храна а и оние кои чекаат од родителот кој си двои од уста за неговото образование....верувам дека ја осознава суровата реалност на самосталниот живот во Скопје и што значи да немаш. Девојката кажа дека едвај врзуваат крај со крај, и на жалост тука не верувам дека ќе се смени нешто драстично во наредните години. Има два избори, оној кој го донела, или да се истегнат на грбот на родителите и да бидат уште еден типичен пример за готовани. Пс. ризик има и при оперирање на цисти, киретажа...
Многу добро знам што значи да немаш и да неможеш да се прехраниш. Но, ако бидам некогаш во ваква ситуација за мое дете секогаш ќе има макар и јас да останам гладна. Ама нема да го убијам секако. Многу себично размислувате, одма да абортирате мислите на себе си. А не мислите на другите гледни точки што можат да ви се пружат.
Хахахаха, грешка си. Јас немам ништо против ако сака да си абортира. Само да не плаче после, со години се обидувале. Кога некој ќе ми каже нешто што вие не го очекувате се љутите, а после долго време "еј во право беше". Абе ајде... ваш живот ваша ствар. На фемина, секој си има право за мислење.
Луѓе, ZDR пиша во темава за да побара препорака за доктор и да се информира околу целата процедура. А не за да чита мислења дека ќе си го убие детето, дека може нема веќе никогаш да остане бремена и не знам ти што. Што и да одлучила, тоа си е нејзино. Таа самата најдобро си знае какви ѝ се околностите и никој друг не може да ѝ каже дали да роди или не. Ако има некој да ја упати - нека ѝ пише. Ама немојте со вакви психоанализи, навлегување во нејзината врска, згора на сé и обвинувања зошто воопшто помислила на таков чекор.
Во моите мислења има само реалност и сочуство за нејзината состојба и ниту тронка лутина. Ниту кон нејзе ниту кон тебе или некој друг. Сигурна сум дека девојката уште сега плаче и тагува, болката си е нејзина и она е свесна за тоа. Нема потреба за дофрлување на муабетиве за оние кои со години се обидувале... друга болка на други девојки.
Девојката работи и со тоа си плаќа стан, сметки и храна, Штета што нема богат маж да ја финансира туку се надева сопругот да најде нешто за да им се подобри ситуацијата па мора да абортира или ќе ја наречат готован. Нема потрба даничап да ја сожалуваш и да предвидуваш дека ситуацијата нема да и се поправи во брзо време затоа што според мене не е во толку лоша состојба, само треба да се има волја и желба за дете. Во тој случај и дечкото малку повеќе би се ангажирал, но кога таа веќе одлучила нејзино си е. И кај пишува дека мора свадба да се направи?
Според мене да се биде мајка сочинува многу повеќе одговорности од носење и раѓање на детето. Една од нив е и планирање на семејството. Со тоа не се мисли само да се обезбеди живот, туку каков живот ќе се обезбеди. Среќа кога заштитата е доволна. А 100% сигурна заштита е само апстиненција. Пред да ги наречете себични таквите жени, бидете вие несебични и за момент ставете се во нивна кожа. Тие си знаат, не оти по абортусот идат на кафе/шопинг ко ништо да не било. Јас лично би сакала никогаш да не морам да го направам тоа и најмала надеж би ме охрабрила, но никогаш не би осудила некој друг. Една бременост-една вистина, нема место за генерализација. Многу убаво е објаснето погоре за можни причини за неплодност, да не повторувам.
Се срамам што сум жена кога налетам на некои постови на вакви теми. Очигледно, има реклами на кој некој се крсти и чуди, ама на друг му се пере мозок. Копам дупка моментално да се закопам. Кој сака да помогне нека дојде со лопата.
Бубаче имаше напишано во предходен коментар дека и за свадба и за трошоците за детето ќе заштедат. Во тој смисол беше дека во текот на бременоста не се заработуваат така леснот тие пари и не би се променило многу. Не дека свадба е потребна или воопшто важна во случајов уствари, беше само мало пореално прикажување на ситуацијата. И следи многу тежок период и сама ќе мора на свои плеќи да си ја носи својата одлука. И да, сочуствувам како жена, како идна мајка...како човек.
За многу работи не побарале мислење од нас па си коментираме, Наше си е. И мојот коментар не беше како советување затоа што јасно прочитав дека девојката веќе се одлучила, туку на коментарите за ситуацијата нејзина.
Можеби сите треба да земеме лист од ова. Наместо да си коментираме една друга, со спротивставени ставови да и всушност помогнеме на девојката? Темава не е за сеир, за препукување. Од кај знаеме ние. Може момево нема никој друг да и даде поддршка. А всушност тоа и треба, без разлика на наш став. Ај како жени да и бидеме рамо. Може? и совет кој знае да и даде, како што си праша момето, совет, не лекции.
А да ве прашам јас нешто тие што викате дека не е доволно само да се донело дете на светов и дека родителите нејзини делеле од своја уста за да ја школуваат. Епа, тие родители што ако ја абортирале затоа што можеби немале пари да си приуштат и шетање и бебе во тој момент? А имајќи во предвид дека порано нашиве живееле и во заедница и во оскудација и немале на готово пелени туку ги вриеле во лонец додека свекрвата им стои над глава, тогаш се сомневам дека нејзините родители имале подобри услови од неа. Да знаат сигурно ќе инсистираат да го роди детето, нема сигурно мајка и да и рече ќерко јас од своја уста делам за да те школувам а ти дете ќе раѓаш! Или пак друга опција, кога ја направиле нејзините имале доволно финансии а сега едвај успеваат да се прехранат и да ја студираат нејзе. Сега треба да се кае мајка и што не ја абортирала? Ве молам, божем може да се планира дали за нешто ќе имаш доволно пари, ај поради тоа цела Македонија (без исклучоците кои возат џипови и сл.) да се осудиме на тоа да немаме деца бидејќи ја знаеме нашава кутра ситуација, дека и факултети и се е џабе ако не му се покориш на Грујче. Но и да не мешаме политика во ова, не мора да си во Македонија за да останеш во незавидна финансиска ситуација, секому може да му се случи и кога најмалку очекува, па макар и милионер бил. Е затоа јас не можам да ги разберам овие ставови на „модерниве“ женски кои за мене не се ништо повеќе од чиста себичност бидејќи ќе повторам, добро знаеме во какви се неуслови одгледувале жените пред нас, не само што одгледувале и бременост минувале и се пораѓале во неуслови, па пак биле позадоволни од денешната жена на кој ни Господ не може да и удоволи, е така! Не душо, јас не го жалам детето што ако се роди може немало да има се што имале другарчињата, јас го жалам бидејќи мајка му решила да го аборитира за да оди на кафиња со колешките после факултет! Затоа што не можеш ти мене да ме убедиш дека едвај крпиш крај со крај сосе платата твоја и помошта од родителите. Бидејќи имам милион примери на кои им се случило тоа кога најмалку имале можност па изгурале и сега си живеат живот кој воопшто не е сиромашен и среќни со својата одлука и со своите најголеми богатства на светов. Ако за тебе е поважно кафе и цигарче после факс со колешките или да не пропуштиш ниедна журка во градов и пре би се лишила од тоа делче од себе него ли од тоа што го кажав погоре, тогаш и можеби не треба да бидеш мајка, во право си. Да се планираше оваа работа сите ќе беа среќни и задоволни, немаше да има ни абортуси ниту пак очајно жени кои со години се обидуваат да станат мајки. Но да одеше се по план во животот немаше ни да биде интересен за живеење, не е за џабе создаден таков каков што е инаку сите ќе бевме роботи, а не луѓе со емоции од крв и од месо. Бог да чува колку свилени станаа жениве денес, да се посомнева човек во иднината на човештвото. И сите оние кои го браните тој став замислете да решеле вас да ве абортираат, дали ќе бевте во моментов на Фемина коментирајќи на тема „абортус“. Јас верувам во судбина и дека сите кои постоиме судено било да постоиме, но сепак и човекот е од големо влијание на ваквите одлуки, според мене. Долга бев и може многумина и ќе замерат на мојот пост но не ми е гајле, бидејќи ова е форум за дискутирање, а ова е моето размислување, кој што сака нека каже, јбг не сме сите исти нормално. Поздрав.