Те разбирам Lovely, од аспект на тоа што и јас имам слични критериуми за исполнетост и изживеаност. Но, свесна сум дека не сме сите ист крој. Секој со својата пресметка дали, колку и што е потребно. И што еве на пример, ако сакаат и за шетање за нив и за бебе да соберат? Од нечија гледна точка е себично, од нечија друга гледна точка, токму спротивното. Секому различно му е важно и пресудно тоа шетање и таа исполнетост. Некогаш подобро среќен и исполнет родител којшто ќе му овозможи убави материјални услови на детето. Ако му е толку важно шетањето и комотниот живот, а го жртвува ради бебето, постојат шанси ем бебето да биде растено од исфрустриран родител којшто не го изживеал тоа што го сака, ем со помалку услови. Ќе биде дете, среќно и пол. Не дека едните се прави, а другите криви, туку едноставно секој има различна претстава за тоа каков живот сака да му овозможи на детето. И зошто да не вложи и во сопствено уживање идниот родител пред да стане родител? Зарем исполнет и среќен родител не е најдобар подарок за едно дете? А сите истото не не` исполнува. И ако слободно го правиме тоа што нас не` исполнува, треба да емпатизираме и да ја поддржиме таа слобода кај поразличните од нас.
@Lovely93 исклучително во оваа ситуација си во право но сметам дека секоја жена има право на своето тело, на својот живот и на свои одлуки. Подобро детето да биде живо (ако живее во сиромаштија) отколку мајката да го уништи својот живот и на оние што се околу неа, така? Значи кога станува збор за бременост, не станува збор за само еден живот. Мајката го носи бебето, мајката одлучува за бебето затоа што тоа е во неа и зависи од неа. Таа има право на свој избор во своето тело. Без разлика на причините, што конкретно во оваа ситуација се прости и не држат доволно вода за да се изведе абортус, жената има право на избор и никој не треба да ја осудува. Што сака нека прави девојката, оставете ја. Гледајте го својот живот, го кажавме она што веќе ни беше познато на сите и од претходните страни и готово.
Trgnavte Skros na sruga strana. Koj spona kafinja i cigari i tn. Ako bas ve ineresira nasiot socijalen zivot nie sme da nekazam 99% asocijalizirani. Edna ZURKA, t.s fakanje na kvakata bi ne cinelo 500den, a za dr da ne pravam muabet. Nepusam i nepijam. nikogas. Na kino sum bila 1,, a kafe so koleski pijam po doma. Cisto da imate pretstava, da ne ve vodi pogresna slika za nasiot zivot. I duri site studenti od sk doma naogaat cisteno,pereno,kuvano,jas se pravam sama. Site raboti gi brkam sama. Ne se tuka moite da mi pomagaat. Sto ima loso vo toa da sakas ttvoeto dete da ima normalen zivot a ne da se maci celo semejstvo. Sebicno e da go osudis na beda,. Ako gledame od aspekt na sebicnost, 3te cigancinja od po 4 god sto cekaa vcera bus,bosi i po letni alista...jas da se prasuvam ,podobro da ne se rodele. Nevikam deka ovoj slucaj e takov, cisto go posocuvam kako primer sto bi bilo posebicno. Koja taga bi bila pogolema. Tolku od mene, jas ovie nekolku dena moram sama da se preslusam dodeka ne e uste docna, zosto na kraj na denot pak ke moram sama da go nosam tovarot na mojata odluka ,koja i da bila... fala vi na site na vremeto i sovetite,se citame koga ke bide konecna odlukata. Uste ednas tnx devojki.
Не им се нервирај, секој со својот став. Уште помалку пак треба некому да се правдаш. Тука конкретни проблеми се мешаат со општи судови на темата и каша попара после. Кога мажи можат да емпатизираат со жени во таква состојба и да ги разбираат, би можеле и ние, коишто има шанси да се најдеме пред иста судбина, барем да им ги прифатиме причините како нивен став.
Немав намера да те критикувам, ова беше повеќе општо мое размислување, но факт е дека кога се сака се се може, поготово ете во твоја ситуација каде што веќе си навикната да се снаоѓаш сама во животот. Твој живот твоја одлука, но во право си треба да се преиспиташ и тоа добро. Единствено не ми е јасно зошто не го спомнуваш дечко ти во ова... многу е важно и тој што мисли, не треба сама да одлучиш. Всушност, според мене, поддршката од дечкото е половина од одлуката. Со среќа!
Еве како може да се круниса една долгогодишна врска и се роди едно бебенце зачнато од љубов. Како мајка на две деца сметам дека сум должна да напишам нешто што ми остави голем впечток кога го читав. "Животот на детето почнува од моментот на зачнувањето и повеќето од луѓето погрешно мислат дека детето во мајчината утроба е дел од нејзиното тело (во чисто физиолошка смисла). Со ова често се оправдуваат абортусите: "Тeлото е мое, што сакам тоа правам". Меѓутоа во овие зборови се содржи голема лага." Детето во самото зачнување не им припаѓа само на родителите. Во секое зачување невидливо присуствува Бог." Зошто Бог на оваа единствена ќелија (создадена од двете ќелии на родителите) и дава душа и станува полновреден човек. Детето во утробата на мајката е потполно одвоен организам. Не поминува ниту една капка крв од мајката на детето, туку само хранливи материи. Пр. мајката е крвна група А, бебето О. "Веќе 18 дена по зачнувањето почнува да чука срцето на малиот човек. Како по правило мајката дури тогаш претоставува дека е бремена, а детето е веќе толку големо што почнува да работи неговиот сопствен систем за крвоток." Органите на детето во целост се формирани веќе во 12 недела и понатаму му преостанува само да расте. Абортусот е многу сурова операција за толку нежниот орган во кој треба да се развива детето. Матката се струга за во неа да не остане ништо. Со абортусот се прекратува животот на едно ново човечко суштество, кому му се скратува можноста да се роди, да заплаче, да се насмее, да порасне, да се развие и да му се радува на животот.
Не би било лошо да се отвори уште една тема за абортус каде би се коментирало стриктно околу тоа каде се извршува абортусот, кои доктори се добри, која е цената, што документи се потребни, како оди опоравувањето... Тема која би функционирала на основа прашање - одговор, без внесување на емоции и лични ставови.
Мислам дека и да има таква тема некој ќе се најде да искоментира со внесување емоции и советување. За абортус имаат поставувано прашање и во „Дали сум бремена“ и „Интимни проблеми и прашања“, па пак се отварало таква дискусија со различни ставови помеѓу феминките. Не гледам зошто би било тоа поинаку ако се отвори нова тема, освен ако не е со правила забрането такво коментирање и таквите мислења да бидат бришени или преместени во оваа тема. BTW, верувам дека многу ја збунивме ZDR... Страв ми е да не донесе наметната одлука, да не не успее добро да се преслуша себеси... Како и да е, верувам дека на крајот ќе ја донесе најисправната одлука за неа. Дури и да реши да го задржи и покрај овој став, не верувам дека има мајка која не си го засакала бебчето од првиот момент, па макар и не планирала да го роди.
Конкретно за случајот на ЗДР да кажам. Секогаш е така, кој не видел не знае и продава филозофии и млати празна слама. Ние овде до утре можеме да се расправаме општо, онака, да си искажуваме сопствени ставови, сепак нам тоа не ни се случило и не знаеме како ќе изреагираме. А не можеш да тврдиш, едноставно не можеш, дури не ти се случи. Јас само би и рекла на ЗДР сама да си размисли за својата ситуација и откако ќе одлучи да си праша што како. Ние овде субјективно си размислуваме, што би било кога би било и ако за еден едно е себично, за друг друго. Или ако за еден тоа е убиство за друг не е. Се согласувам со мислењата на Ана Каренина. Лесно е да држиш предавања кога не ти се случило, тешко е да одлучиш откако ќе ти се случи. И уште не можам да си поверувам дека Бог се меша во сето ова и се користи како Бог рекол вака, Бог рекол така. Ако правевте се како што пишува во Библијата 90 посто од работите што ги правите секојдневно, нема да ги правите. Или пак кога ви одговара како аргумент го користите Бог, а за друго пу, пу, не важи.
Кога се работи за живот, зошто да не го вмешаме Бог? Не мора да значи дека поради тоа треба да правиме се како што налага Библијата. Не мора да се оди од крајност во крајност. И да, не можеш да знаеш кои од тука што коментираат се соочиле со такво нешто а кои не. На крајот на краиштата, нели не е битно дали сме се соочиле или не со тоа што треба таа да одлучи, бидејќи сите сме различни, самата кажа. Тоа е демантирање на себеси во истиот пост.
Кога се работи за абортус што го прават девојки на кои се уште не им е решен статусот(материјален, семеен) тогаш сите знаеме да осудуваме и да бидеме против. Јас само ќе ве запрашам што е со оние жени кои веќе имаат по две деца и следното или следните го абортираат? Дали тие кои веќе имаат деца и семејство имаат оправдување за тоа, а овие другиве не. Претпоставувам дека има голем број на жени (во кои може да бидеме и самите) кои ги познаваме и кои абортираат во брак зашто не сакаат да имаат повеќе од две деца меѓутоа за нивните одлуки никогаш вака жолчно не би дискутирале зашто тоа би одело под,,планирање на семејство“ Баш би сакала некоја од форумките која има такво искуство да се одважи и да го сподели со нас(причините, последиците)
Само Бог дава и само Бог зима,тоа е Божји благослов кој секако Бог има скроена судбина за него и некогаш сами свесно или несвесно го отфрламе тоа,со надеж за некоја подобра иднина,која можеби никогаш нема да ни се оствари а тој дар кога сакаме и сме спремни,да не го добиеме!! Јас еднаш ќе ја направев за малку таа грешка,ама сполај му на Бог не ја направив и иако не ја направив,понекогаш уште ме боли совеста кога ќе го погледнам анѓелот до мене како ми се смее,никогаш нема да си простам и срце ме боли,а што ќе беше ако го направев тоа...но,несме сите исто кроени,секој за себе си одговара за одлуките. Тогаш кога сакав и мислев да се деси тоа,не бев спремна,мм немаше работа,ама кога сака Господ се си се мести како што треба.Еве не сега,да не се фалам а и да не се подречам средени сме тип топ,спремни за поголем чекор во нашиот живот и за иднината на нашите деца,горди родители,ама за тоа отом потом,само здравје Боже!!! Муабетот ми беше дека тоа што Господ ни подарил,само он може да ни земе,а тој што оди против него,ќе одговара за своите постапки,дали денес или утре...
Всушност оваа е таа тема за која зборуваш дека треба да се отвори. Муабетите овде што се прават треба да бидат пренесени во темата Абортус или свадба, само нема некој одговорен да ги префрли или да се држи до темата, да знае што и каде пишува.
А кој одлучува за тоа каде МОРА да се вмеша каде не? Ти самата кога тебе ти одговара, кога нема како на друг начин да поткрепиш некоја изјава? Не мислиш дека е малку лицемерно? И како се демантирав јас себеси? Реков дека додека не ти се случи нема да знаеш, а за општо да зборуваме можеме ехееее до утре. И јас општо зборувам и ти. А дека таа ќе си одлучи таа ќе си одлучи, само не е убаво кога ќе прочита ОПШТИ ставови да си ги земе при срце. Пошто не знаеме ние, не сме во нејзината ситуација.
За тие што ја имаат читано статијата, со жената што чекала 9дена потпис за абортус кој морала да го направи,....ајде малку за тоа да развиеме дискусија!
Еве јас не знам а ме заинтересира, можеш да кажеш нешто повеќе за тоа? Била во опасност и и наштетило чекањето 9 дена?
Дали со новиот закон решија да форсираат наталитет, отежнувајќи при тоа цел процес особено временски, дури и кога времето е значителен фактор и може да е круцијален за живот или смрт... Страшно. Читав и претходно статии за ситуации во кои исто така животот на жената е доведен во прашање заради бирократски процедури... Ова е тивко насилство... И страшна злоупотреба на човековите права...
http://prizma.birn.eu.com/мк/стории...-абортус-зошто-плодот-ќе-експлодираше-во-мене Еве, вчера баш ја читав статијава, ја имаше објавено некој на фб... Извинете што влегувам во темава, не е тука место на мали деца.
Анкетата да се прошири опционо, премногу генерализирачки е поставена кон секој кој има некаков став по прашање абортус.Тоа дури и само Да/Не да бидат поставени како избор би изгледала посоодветно отколку вака.
Член 13 Прекинувањето на бременоста може да се изврши без одлука на комисиите, ако поради непосредна опасност по животот и здравјето на бремената жена не може да се чека одлука или ако е во прашање започнато прекинување на бременоста. Докторот кој извршил или довршил прекинување на бременоста без одлука на комисијата е должен во рок од 24 часа, за тоа да го извести директорот на здравствената установа, а директорот е должен во рок од три дена за случајот да ја извести првостепената комисија. Еве што вика законот кога абортусот е итен. Не се чека ни ден. Ама докторите ни се страшливи. Не биле сигурни и не направиле абортус. Оти нив им е побитно дали ке ги казнаат 10% на плата, или пак ке умре една жена. Нејзе матичната ја испратила во Систина? По која процедура е тоа? „Ме виде и веднаш ми рече - ова не чини, под итно треба да се вади! Ме прати во „Систина“ каде што ме пречека докторка која после 10 секунди гледање на ехо рече, ова е лош случај, мораш веднаш на клиника, плодот мора да се отстрани“, се потсетува Марија на еден од нејзините најлоши денови. Зошто еден ден губела за преглед во Систина? Ако матичната пишела дека веднаш мора аборттус, тоа ке било направено.Ама пуста платичка... Се додека нашите доктори повеќе сакаат пари, отколку да спасат живот, ова ке се случува. А новинарот пишал пак, според нашите законски прописи. Не е така по закон, новинарот не сакал да чита, не чини докторот, ама ако новинарот рече не чини докторот, докторот ќе го тужи. Плус Сорос нема да му плати на новинарот 500 денари за статија против владата. Вака, поарно законот не чини, отколку докторот. Дупли бенефит. Женава треба да си праша оти докрката нејзина на пишата веднаш упат за абортус, итен, туку ги праќала во приватни клиники БЕЗ УПАТ?