Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Апсолутно е вистина се што напиша, се си е таман, само што докториве не се дрзнуваат да одлучат за абортус. Само сакав да додадам за последново што го имаш напишано. И да имаш упат за оправдан/потребен/итен абортус од матичен, не ти го признаваат на клиника и пак те бавтаат по комисии.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Каков што се претвори здравствениот систем, сите доктори се плашат од нешто - да пишат рецепта, да дадат упат (не дај боже приоритетен да е), боледување и кога си болен те советуваат одмор да земеш.
    За се нешто бараат покритие од специјалисти. Имаат и еден куп контроли од фондот и нив до некаде ги разбирам. Затоа кој има, ќе си оди на приватно и тоа е тоа.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.982
    Допаѓања:
    133.629
    Работата е што жената и на приватно била, и они ја пратиле пак на државно. Знаете дека сите критични случаи, Систина и сличните клиники, ги испраќаат на државна клиника. Затоа сега е направено ако приватна клиника има компликација при пораѓај и им е страв (читај, не се доволно стручни), и пратат родилка во државна, Систина да ги го плати пораѓајот, не жената. И тоа на приватно.

    Јас секогаш ке стојам на тоа дека на докторот треба да му е побитен животот на пациентот, отколку 10 посто на плата.
    Во овој случај, жената е жтрва на докторот, не на законот. А статијата е така напишана за чист кеш.
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Докторите во Ре-медика и во Систина се дојдени баш од таа клиника или од Чаир. Ниту се постручни, ниту помалку стручни. Се разликуваат само по услугата и односот. Системот ги прави такви (вклучувајќи ги парите)
    Не знаеме зошто ја пратиле на клиника од Систина, недостасуваат информации.
    1. Може жената не била спремна финансиски да ја плати интервенцијата приватно
    2. Може докторот сметал дека треба да има одобрување од комисијата и не сакал да си прави проблеми себе или на болницата
    3. Може кога и рекол да оди на клиника, мислел да оди на комисија

    На крајот на денот и комисијата можела да ја посоветува што се случува во итен случај, а не и тие да ја маткаат - се состанувале еднаш неделно?!

    А бе цел систем е за никаде!
     
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Леле страшно! Се вознемирив што го прочитав ова, а тек како и било на кутрата Марија! Страшно, нека им е арам платата што ја земаат сите што се одговорни за оваа траума на кутрата жена. (facepalm)

    А да не збориме за тоа што ова си нема благе везе со абортус, туку ова е раѓање на мртво бебе. И да не е во моментот на раѓање мртво, веднаш умрело, но битно е пораѓање а не абортус, неписмени квази доктори. :headbang: :swear:

    И само ова не ми е јасно, под што се мисли тоа дека бебето експлодирало? Сигурно не буквално. :bandit:
     
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Melissa Ohden: Aborted At Birth
     
    На compassion му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rakce89

    rakce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    388
    Devojce zlatno devojce ne si go abortiraj bebeto , za ebana I mocana rabota ili poradi fax, I da diplomiras nikoj ne ti garantira rabota ,,,,, maz mi rabotese vo firma 3g I eve denes dobil otkaz pricina nema namalena rabota I sto ne urlal po rabotnicite zasto im bese sef,zatoa nego unistuvaj ona sto ti go dal gospod I veruvaj ako go abortiras I ke dojde kraj na vrska spored mene, cuvaj sigo ona sto go imas veve zasto nekogas ke sakas da go imam a moze nema da mozes jas ne sakam da ti solam pamet ti si vozrasna ama za glupi peicini sakas da si go unistis ona sto vece e del od tvojata dusa
     
    На Serafima, Lovely93, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Прекрасно! Само уште да не си ги затнуваме ушите за да ја слушнеме вистинската порака. Животот на секое човечко суштество започнува со самото зачнување. Секој човечки живот е од непроценлива вредност. Според мене, нема несакани деца. Ако биолошките родители не го сакаат своето неродено дете, има семејства кои со години чекаат да си посвојат детенце кое ќе го сакаат. Абортусот воопшто не треба да биде опција!

     
    На kjukli, zalosna и friendy им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Мои две добри другарки повеќе од една година се мачат да останат бремени. Се прашувам што ли помислуваат кога знаат дека некои ги абортираат своите деца како од шала.:x
     
    На kjukli и zalosna им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    @ZDR што направи(waiting)
     
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ZDR nemoj mila cuvaj go ona sto ti go dal bog..rodigo i oseti sama sto znaci da si majka..naj ubavo e koga deteto tvoe ce te guska i gali po lice..naj ubavo e vo zivitot koga imas svoe cedo..se drugo e prolazno na ovaj svet ..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    1.080
    На compassion, Serafima и zalosna им се допаѓа ова.
  13. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Здраво феминки,

    Чувствував потреба да ви кажам дека во последен момент одлучивме да не се прекинува бременоста. Станавме од клиника и си заминавме. Се надевам дека одлуката е правилна и дека не чекаат добри и среќни времиња.

    Ви благодарам на информациите и на споделените мислења. се надевам дека никогаш веќе нема да се најдам во ваква тешка ситуација(hollest). Тоа е што е ... the show must go on....
    :)
     
    На Sunflowers, Ariel, anina и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Браво мила. Вистинските одлуки доаѓаат од срцето и која одлука е (не)правилна важи индивидуално, од семејство до семејство, од ситуација до ситуација. Растете си и бодрете си се во спокојство и љубов. :* :hug:
     
  16. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ZDR te guskam so cela moja dusa :hug::hug::hug: ti posakuvam se naj naj ubavo (y)(y)
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти опишам колку ми е мило! Ете уште еден доказ дека кога ќе се најдеш очи в очи со некоја ситуација, тогаш навистина сфаќаш што всушност сакаш. Тоа ви се случило и на вас кога сте биле чекор пред абортусот. Со среќа нека е мила, уживај си во бременоста и се најдобро. Верувај дека нема шанси да се покаеш некогаш за оваа одлука, штом уште не си го ни осетила и пипнала ти сфати дека го сакаш, кога ќе се случи тоа пак ќе ти се вреже во срцето за навек. :) Се се може ако се сака. Уште еднаш ти посакувам лесна и пријатна бременост.
     
  18. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Ти честитам храбра мајко :). Знам дека никогаш нема да зажалите за оваа одлука. Ве чекаат прекрасни моменти! Другите работи полека ќе си дојдат на свое место. Господ знае колку се радувам за вас и вашето бебе иако не ве познавам. :)
     
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    @ZDR you made my day :clap:
    Навистина многу ми е мило и јас сум убедена дека наскоро и самите ќе сфатите целосно колку добра одлука донесовте!
    Кога ќе го осетите како расте и мрда во стомакот, едвај ќе чекате да го видите.
    Па уште и порано, сега кога ќе му го слушнете срцето како куца, па го видите на ехо, па го следите неговиот развој.. аххх се разнежив. :$
    Се најубаво ви посакувам, па дружи не понатаму во темите за бременост, па здравје во бебешки теми ;)
     
  20. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    :)
    Фала ви на убавите желби. Јас уште сум под шок затоа што психички се спремав за нешто друго. Меѓутоа пред да влезам во сала, дојде во соба дечко ми и се предомисливме... И тој небеше спремен за бебе ама кога го закажавме датумот и времето одма се се смена. Всушност беше едноставно... Прашањето беше дали ќе бевме заедно и без ова дете и дали всушност закаме да сме заедно понатака? И пошто одговорот беше да, наредно беше дали вреди да се ризикува да се абортира и да молиме бога да е се во ред со мојата психа и репродуктивност само затоа што подранило година или две.

    Јас сеуште се чувствувам морално потиштена, затоа што од секогаш бев принципиелна и сакав да е се со ред.... фах, веридби, свадби па после се друго... ама ете... ќе си ја подголтнам гордоста.

    Можеби ќе беше се ок ако сабајле не станевме и не си отидевме, ама немавме храброст да си играме со среќата и судбината.

    Ако ни е судбина ќе биде како треба, ние ќе се трудиме. Што да кажам... 7 години ништо не се случи еве сега најде... валда така требало...Живот.

    Наредна епизода: Да се пренесе веста на старите. Ќе има паѓање во несвест, мајками планираше да ослаби за свадбата :) Ќе биде гладна оваа зима :)

    Поздрав девојки, јас седнувам да пишувам магистерска.... со време... :*
     
    На SexiLy, Sunflowers, anuskaNESTLE и 13 други им се допаѓа ова.