Најважно е ти да си задоволна и спокојна со својата одлука. Млади, вредни, вљубени...сега и флексибилни да се прилагодите на новата состојба, и ќе биде се. Ти посакувам лесна бременост и се најдобро.
Еее многу ми е убаво кога ке прочитам како некој се предомислил и решил да роди наместо она другото......Нека биде Госод со вас и многу радост ви посакувам во животот.
@ZDR дефинитивно ми го разубаве до толку денот, што просолзив на работа додека те читав! Хормони се во прашање, ќе видиш. Ти пишувам бидејќи те осеќам релативно слична во однос на планирање во животот. И јас исто така сакам се да ми е испланирано, се да ми е средено, башка во сите полиња од кои се состои самиот живот (љубовно, здравствено, финансиско, професионално...)... Но, ако нешто научив, е тоа дека едноставно животот е таков да не можеш да планираш ништо. Дури и работите што „зависат“ од тебе. Дури и да мислиш дека ти е се „наредено“, тоа може да се смени во рок од една секунда. Не бев ни против абортусот, доколку пак ситуацијата ти беше таква да психички се измачуваш ако го родиш детето, да сето тоа би се рефлектирало негативно на сите вас. Но, многу полоша варијанта ќе беше да се одлучиш на нешто од страв, од немоќ... од причина која што понатаму како позрела ќе си речеш дека баш и не била доволно „моќна“ за да направиш таков потег, па после обвинувањето да е мака која нема да можеш емотивно да ја сносиш... И искрено, не се замарај веќе со „што би било кога би било“... гледај се што ти доаѓа сега да си го искусиш со возбуда и радост... затоа што ако една работа сфатив тоа е дека просперитет голем тука... нема. Ама тоа не треба да значи да се лишам од одредени задоволства во животот... колку и да не сум спремна за нив. Животот нажалост не не чека нас да „просперираме финансиски“ или да се истакнеме во кариерата... сето тоа е апликативно во развиените земји, но според мене, не и тука. Затоа не се обвинувај дека е до тебе... верувај не е. Се изнапишав, леле, ама некако морав! Хормонална дека, нели...
Се наежив кога прочитав и денот ми стана поубав од што ми беше. Ти честитам на добрата одлука мајче. Кај човечкиот ембрион чувството за допир е развино уште од почетокот на неговата седма недела.
Нормално дека ќе те заебава кога тресеш зелени. Измените на законот за абортус беа донесени уште минатата година каде само се усложни процедурата но не станува збор за забрана на абортусот. Според мене непотребно се усложни процедурата се со цел да се попишманат идните мајки, но што ако тоа попишманување се покаже подоцна како погрешна одлука? Знам дека сега некој ќе морализира дека неможе да биде погрешна одлуката да се роди нов живот и сето тоа е ок, но се запрашал ли некој како живеат децата без основни средства на живот? Гледам сите и аплаудирате и сте воодушевени од тоа што некоја членка во последен момент се откажала од бременост. Но за жал вашата обврска на тоа се завршува понатаму она ќе си ја чука главата, колку што успеав да приметам ни она не е баш сгурна дали е ок што се попуишманила. Луге, раѓањето деца не е земање маче, па ајде ако не ми се свиѓа ќе го пуштам на улица. Детето е нешто кои се раѓа со желба, со љубов.... а не отиди до клиника и предомисли се, по некое време можеби пак ќе се покае. Посебно ме загрижува што девојки се за забрана на абортус, е ај нека ме просветли некој и нека ми каже како е тоа можно. Зарем сте до толку мазохистки да се себеказнувате и да си укинувате едно ваше човечко право?
@Bah Во ред си е законот. Донесен е со цел да се спречат нелегалните абортуси. Инаку од измените до сега никој не е спречен кој што сакал да абортира. Така да и ние родителите сме помирни ако малолетното дете недај боже остане бремено, барем ќе сме известени и ќе сме сигурни дека нема да потпадне во рацете на некој надри лекар. Биди ми поздравен.
Јас така слушнав денес, не најдов ништо на интернет. Но ми го кажаа како супер сигурно дека нешто се дешава и дека 99 % ќе се забрани. И не зборувам за тоа од минатата година. Колку е вистина, не знам но не моравте да тролате и да заебавате веднаш. Ги избришав мислењата затоа што во темава се разочарувам од вие што одите сами против себе. Не дај боже да имате таква ситуација и да не ви дадат да правите тоа што сакате и тоа што ви треба да телото. Да ве видам тогаш дали нема да помислите на абортус. И поради таквите како вас се срамам што сум женско.
@ariela09 Од слушнав и сигурно е 99% до нема ништо има огромна разлика. Од шпекулации и утре требаше да биде ден на дрвото па нема ништо од тоа. Ако дискутираме за нешто тоа треба да биде издржано, а не од рекла казала. Знаеш ли воопшто што ќе се случи ако го забранат абртусот? Нашите деца ќе одат кај разни баби и надрилекари и ќе умираат. Една Систина кога има коплициран случај ги препраќа жените во Државна. И воопшто не троламе туку само ти укажавме на нешто што не држи вода. Фала богу до сега немам ни начуено за такво нешто, а секојдневно се соочувам со закони и можам слободно да го побијам твоето мислење. Да ако се донесе таков закон тогаш можеме да дискутираме до 101 и назад.
Со сета почит, но за мене и земање маче е сериозна одлука и никако не смееш да си дозволиш "да го пуштиш на улица" ако се предомислиш... Замисли пак какви ставови имам во поглед на одговорноста за дете! Јас сум ЗА абортус, ПРЕД СЕ затоа што не секој е соодветен за да биде родител. Сум ЗА во зависност од причината. И двете страни имаат амплитуди во крајности - но најчесто патат тие што се во средина. Сметам дека правото треба да биде испочитувано, а не како што направија сега да мораш да абортираш затоа што животот ти е во опасност, а да чекаш некој си папир додека сите доктори си свиркаат затоа што никој не сака да оди контра закони, за што не ги обвинувам - во такво време живееме каде што секој гледа да "се огради" од одговорност... Но пак тоа право во ниту еден случај не треба да биде злоупотребено!! На овој народ му фали сексуална едукација и култура, што е многу чудно (мислам 21 век, интернет достапност и сл...). Ама на некој така му одговара.
@Kaetana Ајде да се обидам да ти одговорам иако твојата забелешка е банална и е надвор од темата. Направив споредба со мачето затоа што мачето доколку го пуштиш на улица, тоа е негова природна средина и ќе се снајде и преживее како што тоа припадниците на неговиот род го правеле со векови наназад, се додека на некого не му текнало да почне да ги затвора мачките дома. Незнам дали си знаела или јас те просветлив сега, мачето е животно кое секогаш живеело околу живеалиштата на човекот затоа што се хранеле со остатоци од храната која ја јаделе лугето, но во живеалиштата каде не е нивната природна средина доага многу подоцна. Инку припага на родот мачки како што се Лавот, тигарот.... Затоа не е исто да оставиш маче на улица, и да оставиш дете, без да се грижиш за него или доколку неможеш да се грижиш за него. Детето е природно зависно пред се од мајката и за да се чува дете во денешно време се потребни одредени услови и матрејални средства. Се надевам сега ти е малку појасно зошто ја направив токму таа споредба.
Едно големо ДА за абортусот. Дури и јас која сум во брак, ако останам бремена на трето дете, би абортирала. За дете треба подготвеност во секоја смисла на зборот. Зошто девојче на 17 години да биде приморано да стапи во брак? Заради една луда ноќ? Тоа е многу неправедно. Од друга страна има семејства кои живеат со една плата а имаат трето дете. Не го оправдувам тоа воопшто. Зошто сите да страдаат за една чоколада? Можеби не е се во парите ама сепак ова не е времето на баба и дедо туку е 21 век и постојат Најк патики. Можеби не е место за такво мислење ама ќе додадам дека од таа гледна точка не го поддржувам ни законот на Владата за трето дете. Во однос на законот за абортус, сосема се сложувам со @Daleron која спомена дека родителите на малолетните трудници треба да знаат за бременоста на своето дете. Ќерка ми е негативна група па ако, не да Боже, еден ден се одлучи на абортус без мое знаење, би можело да има негативен исход. Има доктори кои ги интересираат само парите па нема ни да прашаат за крвната група. После тоа може цел живот да си ја тупаме глава сите.
99% ќе се забрани? Чув? Ми рекоа? Наслушнав? Од идниот месец?? Не треба од таквите како Далерон да се срамиш, треба да се срамиш што си жена, и жител на РМ а не знаеш за измените во законот кои одамна се во сила, што не знаеш ниту каков е, ни што е, чисто онака комплетно незаинтересирано, место да истражиш, дојде на темава да не исплашиш и да ни кажеш како ке ни било. И муабет на улица да е, не па пишан пост кој целата јавност го чита, треба да е веродостоен, а не ширење на трач муабети. Инаку, мене во овој закон ми се допаѓа мометот кога се советува жената да дојде со сопругот. А ова да знаете зошто е направено...Најголем број на абортуси има во Клиника во Скопје. По најмалку 10 на ден. Со се се судираат докторите. Помеѓу другото, жените кријат од мажите дека одат на абортус, а на прва копликација, му кажуваат. Човекот не може да учествува со одлуката дали син му ке биде абортиран. Освен ако не му е син Т.е жената со друг зачнала, па не може да го роди. Право на мажот е да знае дека неговото дете ке биде абортирано или не. Права и за мажите да учествуваат, иако немо, во одлуката за ЗАЕДНИЧКОТО семејство. Не зависи ништо од нив, ама бар да знаат. Второ, изјавата дека се согласува на абортус, жената ја потпишува заради неандерталците и албанците кај нас. Жената сака да абортира, пошто нели 13 деца да роди, и не може веќе, и оди на абортус. На мажот кажува дека е компликација некоја и морала да абортира. После, бидејќи се полни пари ја тужат болницата оти имале компликација, а докторот нема доказ дека она сама барала абортус.
Никој не може да и го земе правото на жената да абортира. Исто така, никој не може да му го земе правото на таткото да знае дека некоја носи негово дете. Колку што е засегната таа, толку е и тој. Не го направи таа сама детето, па да може сама и да одлучува. Човекот треба барем да знае ако ништо повеќе. Не дај Боже, се случува се.. Силување, компликации, болести, разни абнормалности.. Тогаш е оправдано, подобро и за жената и за таткото. Ама аботрирање затоа што така му текнало, затоа што „можело тоа да се фати било кога, па не мора сега“, затоа што одењето на ОДМОР му е побитно од детето што го носи (жива прича), е тоа е за стрелање... Се мачеле долго време да имаат дете, конечно го добиле, и кога случајно се фатило второ, „ааа нее! Сега имаме побитни работи!“. Наколкај се апчиња и решен проблем Шо душа имаат тие луѓе мене стварно не ми е јасно. Без осет, без смисла, без чувство.. ни мајчинско ни било какво... И ај сега не се провоцирај!
aj edno prasanje za site sto aludiraat na abortus(osven od medicinski pricini)....pravoto na zenata na izbor taka ??a stoe so pravoto na zivot na toa dete ?? ke mi objasni nekoj civo pravo e povazno vo slucajov...barate nekakvi zenski prava a ...samite vie si zemate za pravo da odlucite za covecki zivot...pa sto ako ste vie majkata...i toa dete ima pravo na zivot koa nekoja moze da bide dovolno zrela za odnos neka mu ja misli za posledicite sepak sme21 vek i mislam deka sme informirani dovolno.... p.s pravoto na zenata na mazot a kade e pravoto na deteto ??
Кога сме кај глупави причини за абортус... Една абортираше оти носела близнаци и ке и било потешко да гледа 2 деца наеднаш. Ги абортираше, и после си роди едно по едно. Ко кучиња да купува, а не сопствено дете да абортира. Знам дека татко и паднал во несвест кога му кажале.
epa.za nesvest e.....jas sum taka.vospitana....koga vlegov vo tie.godini tatko mi me sedna na masa i mi rece pamet vo glava ako ostanes trudna ke si go rodis...eh da bea.site kako tatko ko ...
Упорно се продолжува со исказите - и тоа дете има право на живот, и тоа дете има право на живот... Ама на каков живот?? Оти од живот до живот има разлика! Налет нека ми е живот во кој што мајка ми на секој поглед кон мене ќе се кае затоа што ме родила, а татко ми ќе шета по швалерки оти не ја сакал мајка ми за жена туку ја зел за јас да се родам! Трауматичен живот за едно дете знаете ли што значи??? Или само работата е да се правиме светици и по сила на законот да сме на страна на животот без разлика каков е и со кој е!!! Исто така, мал милион пати е спомнато на темата дека личност зрела за сексуални односи, не подразбира личност зрела за раѓање деца и создавање фамилија, што не е јасно??? И јас колку што знам, човечките права ги стекнуваш откога ќе се родиш и станеш дел од општеството, а не додека си збир на клетки стар неколку недели, така да за такви права уште не сум слушнала, а ако има нешто ново, слободно просветли ме.