И што ти тука гледаш глупаво? Не велам дека би го направила истото ама можеби жената не била психички спремна за близнаци. Треба да ги роди па да ги фрла од нервоза? Мажите и оние кои немаат врска со мајчинство можат да паѓаат колку сакаат. За мене е тоа нормално. Сестра ми остана бремена 3 месеци откако го роди првотот дете. Абортира и никој не се онесвестуваше. Напротив и татко ми и мајка ми и кажаа дека можеби ќе и биде многу тешко а во таков сучај најмногу патат децата заради недостаток на внимание. Алал да им е на оние кои имаат нерви да гледаат близнаци или две деца родени едно по друго. Не сум јас од тие храбрите. Јас чекав дури 5 години
leleee lele ema....zivotot e takov kakov sto e....niedna pricina.sto si ja.navela ne.se meri so Vrednosta na.zivotot.....mene.nemitece.med.i mleko u zivotov pa.so trebalo da me abortira majka mi zaso tatk mi ja.ostavil????neznam dali imas.deca seuste....ama.jas imam ogromna ljubov za moeto uste koga.bese.edna.tockicka.vo stomak kako.sto vikas.ti kletki...neznam kako moze da razmisluvate taka za cokolado ili najk.patiki da se abortira ili neznam.zaradi.sto luge.zivotot.e borba! i treba da se boris ibda go rodis.i.za.nego dabse boris...kako sto tvoite.roditeli.se.borele.za.tebe....nicij zivot.ne.e sovrsen
Знаеш што? Не, немам деца, ама сум девојка која најмногу од се на светот сака фамилија и потомство. Ама, тоа не значи дека треба да се осудуваат оние кои се решиле на таков чекор и исто така тоа не значи дека на животот не треба да му се погледне право во очи тогаш кога треба и да се донесат не така добри одлуки како што е абортусот. Сепак животот е сплет на одлуки, некои полесни, некои потешки и секој сам одлучува за сопствените, а другите од страна не му се во кожа за да го осудуваат или оправдуваат.
Девојчиња/жени. Секој си има право на своето тело. Нормално е да сме со различни размислувања, што би било кога сите би размислувале исто.Иако ми требаше 5 години да забременам и 6 месеци после породувањето да сватам дека тоа дете е мое, сепак не мислам дека една плунка е дете. Единствено не одобрувам абортус од бес (промискуитет). Ако зависи од мене тоа е право на секој дали ќе донесе дете на светов или ќе абортира. Постојат мал милион причини за да се абортира да не набројувам. Пред се ќе ја ставам социјалната состојба на семјеството, затоа што ние родителите сакаме се да му пружиме на тоа дете. Не велам дека одлуката за абортус е лесна, ама кога ќе сватиш дека сам со себе не можеш да се носиш, тогаш ќе размислиш дали би родил дете и би го осудил на ненормален живот и покрај сета можна љубов на светот што ќе му ја пружиш. Овде има жени кои не можат да останат бремени од Х причини, па ќе рипнат дека тоа е убиство на сопственото дете. Додека си бремена мислата, а не љубовта за дете е голема. Или ќе си речеш време ми е да се замешам во светот на мајките (поминал биолошкиот часовник), а притоа не размислувајќи дали си спремен да бидеш родител. Кога во моја блиска околина гледам никакви родители често се запрашувам зошто не абортирале туку родиле деца.
ema nalet ti e takov zivot tatko ti.da seta po svalerki itn itn.....ama zlatna zapamti deka majka ti ne ti go osporil pravoto na zivot bez koe denes nema da mozes.da go iskazes tvojot stav
Јаничка, не знам дали некогаш си имала прилика да запознаеш несакани деца. Јас лично не сум запознала но мајка ми работи во средно каде се запишуваат многу деца од домот за деца без родители, како и деца од растурени семејства кои живеат со нивните баби или поблиски роднини. Вистина, живи се и иднината е (донекаде) пред нив но тоа се тажни деца, со скршено срце. Нивните лузни ќе болат уште долго време. Воопшто не ми е во ред да родиш дете а потоа да го оставиш само да се снаоѓа. Ако работата била да го оставиш како кутре пред нечиј туѓ праг, зошто тогаш си го раѓала? Затоа многу ги почитувам оние луѓе кои се решаваат да посвојат дете, тие се вистинските херои во моите очи!
Јаничка Ајде сега како давеник за сламка. Јас сум родена во сосема друго време да се разбереме. Тогаш се живеело во заедници со баби, дедовци, мајки и пошироко семејство, а во денешно време промискуитетот почнива на 14-15 години. Кој е крив!? Немој на сите со спротиставено мислење од твоето да им опонираш.
Се сложувам 100% со она што го кажа @Daleron. Да не се повторуваме со исти мислења, јас би ти поставила тебе лично неколку прашања. Дали ти сметаш дека 16 годишно девојче треба да роди дете? Дали сметаш дека е во ред да се склучи брак заради бременост? Дали ти би родила 5-то дете иако нема да имаш пари да му купиш млеко (ај да е само млекото ама што уште не)? Дали можеш да сватиш дека постојат личности со потенки нерви па не би можеле мирно да прифатат две дечиња на многу мала разлика? Што ќе то е дете да родиш па да го направиш психопат заради тоа што не си имала нерво да го гледаш. Со сето ова децата се осудени на овој или оној начин.
ako e medicinski zdravo zosto da ne go rodi ? zosto mora da se skluci brak ? baba mi rodila pet deca da ne imale slucajno poveke od nie sega?ne moze nemale ni igracki ni cokoladi ama jas sum bogata denes zasto imam golema familija samo denesnicava ne ima razmazeno do beskraj pa sme da ne recam rasprdeni do besvest mora se da se kupi sto ke se vidi u prodavnica? vie site ste vo srekni semejstva izrasnati? jas ne sum nejse nesakam da ja raskazuvam mojata prikazna ama sepak izlegov super! ......znaci ke go stitime opstestvoto da ne se polni so psihopati ...ama deteto mema da go zastitime....podobro e da go nema otkolku da zavrsi vo dom.....sepak vie go pravite izborot za nego vie izbirate za nego toa nemozam da go podrzam...vozrasni ste site a baska abortusot sto posledici nosi toa e baska tema sto psiholoshi sto medicinski
Ако смеам да се вклучам во дискусијава. Небитно дали имаш 16, 20 или 30 год, небитно дали имаш 1,2...5 деца или ниедно, дали имаш приходи од 10 000 евра или 10 000 ден правото на избор е нај битно во ситуацијата, Неможе некој да се дрзнува со емотивни навреди од типот, себична си затоа што неќеш да родиш, или да те абортираше мајка ти, и ти денес нема да постоиш, искрено кажано некои луге многу подобро би било да биле абортирани на време отколку што се родиле. Но небитно, јас за таквите душебрижници би ги натерал да потпишат обврзувачка изјава дека никогаш во животот несмет да абортираат освен во животно загрозувачки ситуации. Е, дури тогаш да ја сватат тежината на своите зборови. Инаку вака од фотеља јас би вовел и смртна казна кога се работи за друг, ама стави се ти во таква ситуација па зборувај. Дали знаете колку пари се потребни за да износиш една нормална бременост со користење на сите потребни витамински таблети, потоа скрининзи на клиника двапати, секој месец вадење крв, микро биолошки испитувања.... сето тоа се плака од џебот на трудницата. Не е само проблемот направи го и тоа е тоа, треба да се погрижиш тоа дете да се роди здраво и право. Да не зборувам потоа, само колку средства треба. На крајот на краиштата можеби некој сака да има 1 дете а не 5, никој нема право со сила да тера никого да рага или со емотивни уцени и навреди. Да не се сватиме погрешно, репликата повеќе беше за Јаничка отколку за Анина, со која потполно се согласувам.
Да пораснеш и тогаш мајка ти да ти каже, јас сакав да те абортирам и веќе требаше да те абортирам, ама баба ти ме натера да те родам. Па да те изгледа од парче месо со таа мисла, и цел живот, живот со сите негови....убавини, да те гледа така, со таа мисла. Итн итн итн бла бла бла. Фала и ете за жртвата нејзина, што сум тука да искажам став различен од твојот.
Замислете ја следнава ситуација, имате две деца, кога ви се раѓаат, двајцата со сопругот сте имале соодветни примања и сте биле во можност да им купите на децата и чоколада и најк патики, арно ама се менуваат времињата и останувате без работа и Вие и маж Ви. Немате пари за чоколада и најк патики. Дали ќе си убиете барем едно од децата? Мене според овој Ваш напис тоа ми е логично. Имате начини да бидете дури и незабележани од законот! (Со ова не повикувам никого на кривично дело, да е скраја и далеку. Изнесувам само една хипотетичка ситуација. Немојте да си ги убивате, ни родените, ни неродените деца.) Јас во еден период од мојот живот, немав ни за чоколадо, а најк патики ниту сум носел ниту пак ќе носам, и според Вашето мислење требало мајка ми да ме фрли од балкон или да ме абортира! Ама не мислела како Вас и не ме фрлила, фала и`! И во времето на баба Ви и дедо Ви, имало деца кои јаделе секој ден слатки јадења, кои носеле модерна облека, ама имало и деца кои оделе боси и кои се задоволувале со едно парче црн леб и пак биле среќни. Ама тоа е, денес сме потрошувачко општество, сите сакаме да ја пратиме модата, иако не ни е толку долга чергата. Со тоа стануваме поклоници на “богот“ Ваал, и биваме спремни да му ги принесеме како жртва нашите синови и ќерки, се` само поради нашиот комфорт. Нашите стари пак знаеле што е вистинско богатство и што вистински комфорт, па затоа велеле: „Не е богат оној кој има коњи и волови, туку оној кој има ќерки и синови!“
затоаа пишав доволно сте сте зрели и информирани да си планирате дали ќе имате и трето и четврто дете ама и да се пазите да не останете трудни а ии те како е битен абортус за на некоја што е 17 години а што е со ризикот да не можее потоа да забремени подоцна кога ке сака имелда мојата баба го имала обратниот став од твојата јас сум благодарна што можам да го искажам сега мојот став немам никаква огорченост воопшто среќна сум што сум жива а уште посреќна што имам можност да носам живот во мене и да подарам живот
Да пρашам значи чисто инфоρмативно, κаκва вρсκа има посебно негативната гρупа на κρв со абоρтусот? Значи немојте веднаш да ме нападните, јас сум доволно инфоρмиρана за последиците од абоρтусот, ама ова не ми е јасно?
Затоа што кога РХ е негативен кај женското , аРХ позитивен кај машкото дали при прво раѓање или абортус треба да се прими инекција за останатите деца не бидат со деформитети.Еви ти друга тема па читај. http://forum.femina.mk/threads/rh-Фактор-и-бременост.325/
Сите со негативен РХ фактор имаат ризик да развијат антитела кои може да го нападнат плодот, доколку мајката е рх -, а таткото со рх+. Ова обично е карактеристично за 2ра бременсот. Е сега абортусот се смета за прва бременост и треба да се прими инекција да се спречи проблем со втората бременост. Некои примаат инекција превентивно и во текот на првата бременост. Има на интернет, прочитај.
@Orthophill мешаш баби и жаби. Како можеш да споредуваш убивање на веќе родено дете со абортус?? Воопшто не е исто, аман!!!
Сакав и јас да и одговорам, ама само ќе надополнам. После раѓање на детето останав самохрана мајка без приходи (ама после раѓањето). Што требаше да го убијам човечето. Не Ако така размислуваме однапред дека нешто ќе се случи тогаш не треба воопшто ни да раѓаме. Тогаш веќе кога имаш жива материја во рацете се бориш со сите сили да опстанеш, исто како животните во природата.
Се` лежи во свесноста за нашата економска состојба и во приоритетите. Зборувам за одлучување за ваков чекор од економски причини. Пари никогаш не сме имале многу генерално. Мора да има марка гардероба, нов модел на телефон, ваква кола, да дреме по такви кафичи, да има факултет (за партнер/ка за врска, се`уште котира тоа меѓу првите пет прашања од блиските, као демек штом толку завршиле а тој не којзнае што е)... и доаѓаме до болдираново коешто ни` укажува на состојба во која индивидуализмот не се цени и сите мора да бидеме малтене исти за да бидеме општествено прифатени. Не оти има рогови ако е со средно, туку не е како повеќето. И тие стандарди - биди како нас за да те сакаме растат и се менуваат без разлика на економската состојба и ... си велиш „ај за негово добро, да не страда вечно неприфатен“, а тајната лежи во тоа да го воспиташ да зрачи со себепочитување и исполнетост во животот со она што го има и она што е. Затоа што, тоа им фали на многу коишто ги „исполниле критериумите“. А се` почнува од нас самите. Како зрачиме однатре, таква енергија испраќаме надвор.
Сега си бремена колку што сфатив и се работи за планирана бременост, но дали си спремна да потпишеш обврзувачка изјава дека доколку ти се случи бременост без оглед која по ред да несме да ти се изврши абортус?