1. Оние кои што ќе умрат до осмиот ден (денот кога Евреите ги обрезувале своите машки деца), можат да добијат опело. Постарите од осум дена не. Но, тоа е повеќе казна за нивните родители кои не се погрижиле да ги крстат отколку за децата. Децата што умираат до 7 години, најчесто ги добива Богородица во своја сопственост и заштита. 2. Има случаи, значи, има родители кои веруваат во Бога и се грижат за спасението на своите покојни деца и им служат парастаси. Да не даде Бог, никој да се најде во таква ситуација, ама никој нема да биде вратен. Спојлер Дваесетдневниот помен е во чест на преполовението на 40. дена, кога душата шета сеуште по адските населби и се спрема за привремениот суд. Ако не сте слушнале не значи дека го нема. Не знам за случај да биде вратен некој и да не му биде крстено детето ако вистински нема пари. @anina , во твоето последно писание пак не видов издржлива причина за абортус. 1. Баба ми ја родила мајка и` на 45-6 години, како 9. дете. До ден денешен (79 години), фала Му на Бога немала некои посериозни здравствени проблеми. Прабаба ми поживеала 88 години. Дури ни срамот не го гледам како проблем. Зарем треба да престанат да општат и да се сакаат двајца сопрузи на четириесетина години? Нормално не. А ако некој општи полово, нормално е да добива деца, како најубавиот плод на неговата љубов. 2. Ако децата се немирни, треба да ги убиеме? Стварно ова нема смисла. Во комшиите имам таков случај, родени за помалку од 2 години. Двете деца пораснаа и сега се најдобри другари. Прават глупости, ама деца се... Што значи тука е проблем какви се децата, воспитанието, и слично, а не разликата во годините. 3. За ова третово, ти предлагам да појдеш и да ги прашаш сите три деца, дали кога би имале можност да бидат абортирани и да го живеат животот кој го живеат (и живееле) што би одбрале? Дали за најк патики, за чоколадо и сл, би се откажале од љубовта кон најмалиот брат/сестра?
@Orthophill Различни карактери и сфаќања. 1 Од и живеј во времето на баба ти. Во денешно време се испитуваат болести на неродено дете. Дури и генетски тестирања се прават за тоа дали детето ќе биде здраво и право. Не така за џабе им текнало. Затоа што не е времето на баба ти и има милион нови болести. 2. Во цел свет трудници над 40 ги тестираат дали се психички спреми за бебе. И тоа не е за џабе. Сигурно го измислил некој попаметен од тебе. 3 Браќата едвај прават муабет И било кој маж на темава треба да има став како @Bah (секој си има право на свое мислење) а не да се лупа во гради кога сепак мајката е таа која го раѓа и одгледува детето барем во првата година. Затоа даваат породилно на жени а не на мажи.
Малата разлика не те прави живчана, таа си била таква, склона кон насилство и само се правда со разликата во годините. Не зборам на памет ете три деца за три години и ниту едно не сум треснала од кревет, ниту сум удрила, ниту ќе удрам, ни гласот не сме го кренале со сопругот, внимание сите си добиваат и од мене и од сопругот. Живчаноста си потекнива од фрустрација затоа што не сакала да се најде во таква положба да гледа две мали деца а не мора да значи ако децата ти се со мала разлика по дифолт ќе бидеш живчана и дека ќе изгледаш нервозни животинчиња,моите животинчиња не се нервозни многу си се весели, дури стануваат од спиење насмеани, ваљда си зависи од тоа какви родители ги изгледуваат а не разликата во годините. И да најискрено јас би родила и на 44 години, не гледам зошто би било тоа толку чудно, посебно сега кога има се поголем број на жени кои се решаваат да родат покасно него ли порано. Ете го мојот сопруг уште е дома на породилно, не знам за Мк ама во повеќето западно европски држави и на мажите им даваат породилно, на мојот му следува 8 недели и освен што ние жените можеме да доеме друго се што можеме ние можат и мажите, рацето не им се фатени.
@bittersweet јас не велам дека сите треба да абортираат. Можеби ни јас не би абортирала ако утре останам бремена. Се е до моментот. Јас само се нервирам кога некој коментира како абортусот да е најстрашното нешто на светот. Се нервирам кога читам дека абортусот го поистоветуваат со убиство. Секој нека одлучи без билокакво осудување Инаку алал да ти е за трите деца Јас не би се одлучила ни за трето ни за толку набрзинка
1. Се испитуваат, ама ни испитувањата не се секогаш точни, а времињата се секогаш исти. А за враќање наназад 50 години, најдете ми временска машина и ќе се вратам. Ама од друга страна, па и ова време е времето на баба ми оти уште е жива. 2. Го измислиле оти сме потрошувачко општество, а и тие психолозите треба да имаат работа и да земаат од некого пари. 3. Ако не прават муабет, не значи дека не се сакаат. Заклучокот Ви е контрадикција.
Кочи малку. Душата на детето е една душа, единствена сама за себе и дадена од Бога. Нели така? И ти ми кажуваш дека таа душа нема да ги добие сите пеењеа и обреди, за да ги казни родителите оти не го крстиле детето во рок од 7 дена од раѓањет?!!! Сериозно??? Кој крштева деца за 7 дена? Без разлика рокот на траење, нели и мене во одредени ситуации во продавница ми заменат нешто после 28 дена купено ако убаво замолам, ама по правило не е така, нели? Отсапки е едно, правила друго. По црковното правило не се пеат бебиња кои починале а некрстени по 7 дена од раѓање? Ако најголемата болка во животот е да ти умре чедото, тогаш која утеха е ако барем во верата не најдеш смирение? Казна за родителите било... Да. Офтопик е. Исто како што е офтопик секогаш кога од некого се спонуваат богови/души/рајови и слично во постови на темата, оти категоријата за такви муабети е подоле на форумот.
@Orthophill Кинтрадикторноста не е така очигледна за мене. 1.Времето на баба ти, се мислеше кога она била биолошки способна да биде родилка. Нека ти е жива и здрава, ама беше кажано во друга конотација. 2. Стапката на лица кои се борат со депресија, анксиозност и/или друг вид на психички проблеми е вртоглава. Исто така и веројатноста детето да биде со деформитет, даунов или сличен проблем кај постара родилка. Па не, не е за џабе да се вршат екстра претпазливи мерки од една одредена старосна граница. 3. Брат на брат што се може и му сторил....колку се сакаат е стриктно индивидуелно.
Се прогласува Законот за прекинување на бременоста, 10 јуни 2013 година. 8 дена од објавата во Службен весник. Едит: Што ќе се прави со оние кои што не се крстени И ова да прашам ако не сум крстена нема поп да ме пее кога ќе умрам? Добро спремна сум за во пеколот. Каде бре се крштева дете до 7 дена?
Јас за ова прв пат слушам. И кај нас е така? И што ако утврдат дека не се психички спремни за бебе? Нема да им дозволат на трудниците да ги родат децата, или...? Глупости!!!
Се согласувам со тебе дека не е најстрашното нешто абортусот, исто и мене ме нервира кога го поистоветуваат со убиство има преголем број на мајки кои ќе им било подобро да абортираат него ли сега да ја носат титулата мајка кога се се` освен мајки. Со добра организација, голема желба и многу љубов се се` постигнува, малку е мачничко ама издржливо, битно да сме среќни и задоволни со сопругот и тоа им го пренесуваме и на децата.
Во некои земји разговор со психилог не се смета за табу и на никој со сила од утроба нема да се вади дете. Ќе се помогне со совети, разговори и ќе се стори се што е неопходно идната мајка да се чуствува подобро со новонастанатата ситуација.
Значи, ако сме верници не треба да коментираме нигде на друго место освен во темата „Религија“? Е тоа мало морген. Патем, јас Бог не Го спомнав, туку bittersweet. Ако некој прашува треба и да му се каже. Знам луѓе кои се крстени и ден-два по раѓањето, особено ако ги гледале дека не се добри. А ако можат Евреите да ги обрезуваат децата во осмиот ден, можеме и ние да ги крстиме. Особено ако гледаме дека има опасност да го загубат животот.
Од каде заклучи ти дека јас го сметам разговорот со психолог за табу? Ова што Анина го наведе мене ми личи на дискриминација ако навистина е така да мораш да одиш на тестирање само заради тоа што си постар од 40 години. Разбирам ако е непланирана бременост, па да се оди на советување, ама што правиме ако бременоста е планирана? И тогаш е задолжително тестирање?
Ти само си кажа дека за тебе е тоа глупост. Делот со разговорот со психолог беше само општ воведен дел од мојот одговор.
Па глупост е доколку само врз основа на годините си принуден да одиш на тестирање! Тебе не ти е глупост? Нормално ти е?
Самата бременост предизвикува хормонален дисбаланс во организмот, без разлика дали си 20, 30 или 40. Иако мал процент, сепак некои завршиле со депресија или слична состојба. И нормално е родилките на таа возраст да имаат многу повеќе прашања и стравови од девојка на возраст од 30. И не, не е за мене глупост. Тој немир се одразува на бебчето и само би ја поддржала иницијативата да и се посвети внимание на идната мајка и да и се одговорат сите прашања и да бидат направени сите додатни анализи.
Mоментот е учителот. Затоа не се осмелувам ни под разно да имам категоричен став, освен тоа што лично јас не би сакала да го доживеам тој момент. Одлучноста и истрајноста врши работа и тоа многу. Со упорност „никогаш не би“ станува „никогаш не сум и нема да бидам“. Но, кој ни` гарантира дека во одреден момент ќе ја имаме истата сила? Секогаш ли сме подеднакво силни? Не, често сме многу слаби. Некогаш таква состојба ни` се случува во ситуации во коишто од нас не се очекува многу, освен да си се исплачеме по дома на само, па не ја гледаме големината на таа наша слабост. А замислете да сте во таква состојба баш во време кога треба да носите клучни одлуки? Затоа категорични ставови е страшно да се имаат, колку е темата поосетлива, исто толку пострашно.
Очигледно не се разбираме. Биди ми поздравена. А утре ако се случи да останеш бремена по 40-тата, кога ќе ти речат дека мораш да се тестираш заради годините, дојди па ќе правиме муабет. Инаку... јас еве родив на 38.5, па ниту имав повеќе прашања од помладите мајки, ниту недоумици, ниту стравови. Напротив... А еве и со одгледувањето на детето е исто. Ништо не е поразлично од останатите мајки само заради тоа што сум постара. Тоа ми беше целата поента на муабетов.