Ахахах Далерон ме изнасмеа со попот И јас ќе мора да се спремам за во пеколот Иначе темава забега, без везе ми е кога се меша религија.
@An-na Имаш право, очигледно не се разбираме, т.с имаме дијаметрално спротивни гледишта. Јас прва ќе отидам и ќе барам дополнителни испитувања доколку останам бремена над 40 баш бидејќи сум информирана за опасностите и ризиците кои секоја возраст си ги носи. Мило ми е за твојата лесна бременост. Секако тоа е она што секој ги посакува. Поздрав
Види Дани, јас бев и правев амниоцентеза бидејќи сметав дека треба, откако ги согледав сите ризици и предности од истата. Меѓутоа не бев принудена на тоа, додека колку што ја разбрав Анина сите над 40 задолжително мора да се тестираат дали се психички подготвени за дете? Едно е да имаш опција, а друго е истото да е задолжително. Гледам јас дека ќе ни ги избришат мислењава, бидејќи забегавме ептен надвор од темава.
Јас ве разбирам и двете. @An-na се најде навредена дека као демек требало на психичко тестирање да се праќаат постари родилки, што е сосема погрешно и сосема неточно, постари родилки освен плус за даун синдром ги имаат истите прегледи како и трудница на 20 години, која исто може да има преглед за даун синдром доколку има некој во блиското семејство има даун синдром. @danichap сакаше да каже дека има советување за постари родилки во однос на снаоѓа во новата улога на мајка, правење измени во животот заради приновата, затоа што по светот обично тие што се постари родилки се со кариери па да се адаптираат на новиот начин на живот кога ќе пристигне приновата Извинете вака што ви се убацувам во муабетот. @Orthophill и јас сум верник и ги познавам тие правила за крстење првите денови доколку се гледа дека бебето не е во ред, мене муабетот ми беше за сите верници го користат Бог како причина зошто се против абортусот, кои тврдат дека плодот има душа откако ќе биде зачнато да се запрашат тогаш зошто не е нормална практика, бебињата од спонтан абортус и мртвородените да бидат опеани и погребани.
Море да сум јас Власта, ќе биде задолжително сите да полагаат психолошки тестови за да родат дете. Плус сите да бидат како во Европа, толку и толку квадрати за толку луѓе. Плус би наложила да се прават генетски тестови на сите деца. Зошто од раѓање на биде осудено на срцеви заболувања? Отворете Ју туб и чудете се како ги малтретираат децата. Да имало тестирање нив би им било забрането да родат дете. Судете ме колку сакате ама тоа е мое мислење.
Сега мислам дека ептен ја претера, настрана тие што малтретираат деца, тие со срцеви заболување да не бидат родени. Што треба сите да бидеме генетски исправни и само генетски исправни деца да раѓаме, да си бираме какво ќе ни биде детето, со вакви очи, ваква боја на коса итн. Ај ако не да во воскреснеме Менгеле и да правиме само бела раса со сини очи и плава коса, зошто вакви ограничување водат кон вакви нешта. Еве и јас имам генетски предизпозиции за добивање на тумори наследни од мајка ми, веќе два пати сум оперирана, требаше да не раѓам за да не им го пренесам тоа на децата, на децава мои ќе им беше подобро да не беа родени затоа што можеби во текот на животот ќе добијат тумор,?
Знаев дека не вкусно се изразив и сакав да редактирам Инаку не мислев буквално. Сите еден ден ќе умреме од некоја болест. Муабетот ми беше за деца кои се предодрени да се родат со некоја болест па умираат на 5-6 години
Што се фати за офтопикот. Ко да не разбираш. Јас си го оправдав мојот офтопик за другите спомнувања по темава, за гревот, за душата, кој се лепе како печат во многу постови, не те окривив тебе за твојот. И не реков ни да не се крштеваат деца, или кога да било тоа. Друго кажав, ама очигледно не сакаше да го прочиташ грозното што религијата го прави(од тебе што кажа дека така се прави, јас не ја познавам). Не сакаше да објасниш како тоа, зошто црквата ги казнува родителите со не пеење на погреб на бебе, а душата на бебето, колатерална штета? Нив нека ги казни Господ што не трчале втор ден од болница директно во црква, додека не поминал рокот. Затоа и се смеев со 28 дена врати роба во продавница правило. Душата на бебето треба да зависи од постапките на родителите? Утехата за мајка која изгубила чедо не треба да се бара во црква, во религија, кои нели постојат воглавно и за тоа, ама ако не го крстила детето во даден временски рок па уште и ќе ја казнува. Ако така црквата ги третира своите верници...тогаш алал ви вера, буквално.
Бебињата во стомак се дел од друг, или од нас? Да не беше кривично дело, ќе си ги убивавме децата? Стравот од затворот е причината оти не ги убиваме или љубовта кон нив? Не ми се верува што прочитав. Што е битна квадратурата на станот за да имаш дете? Со секој квадрат повеќе повеќе душа имаш? Повеќе го сакаш детето? Сакаш да кажеш дека сиромашните се полоши мајки? Оти немаат доволно големи станови? А и да имаат, да не смеат да имаат земено кредит? Ај да направиме како во феудализмот, богатите да живоеат, сиромасите да умрат. Да немаат право да имаат ни дете. Што е основно човеково право. Ако се залагаме за државата да не го ограничува планирањето на семејството и да дозволува абортус, тогаш како своеволно да одлучиме за истото ако државата ни рече, ааа, не, вие сте двајcа во двособен стан, не може 2 деца. Иначе, знам мајки кои отишле до клиника и 5 минути пред да аборитраат, станале. Знаете дека не им се верува кога ке си ги видат децата дека некогаш помислиле да си ги абортираат? (не знам чиј ми е цитатот, цитирав туѓ цитат и ми се избриша)
Мислам, тука стапува онаа работа, како се делат мислењата, дека бременост, фетус, и дете всушност за некого се многу различна работа. Во смисла, дете е да си го износиш и да го родиш. Ако не ти растело во утроба, не си раѓала, не било ни до ехо работа, не е дете. Додека за друг и апчето за ден потоа е убивање на деца, оти па види, можело да се зачне. И додека се потрудиме да разбереме дека овие два различни ставови не се погрешни ниту кај едните ниту кај другите, дотогаш нема да се разбереме никако. Верувам дека има мајки кои мериле и мериле, мислеле дека одлучиле седнале и 5 минути пред абортус се предомислиле. Кога веќе ги износиле и родиле децата, значи децата, многу јасно дека таа е правилната одлука донесена. Мајка природа. Макар да, и тука има каења, ама ретко. Ама многу повеќе од тие што одат да абортираат седнат и не стануваат да си одат предомислени, нити имало дете, ниту ќе го има, ја ќе се кае утре, ја нема, оти да не филуваме дека на сите исто им тежее абортусот, инаку немаше другарка ти да врши по 10 абортуси на еден ден.
Колку погрешно си ме разбрал, тоа чудо едно... Речиси човек да си помисли дека намерно скокаш само колку да се рече... Не ми замерувај, немам никаква намера да се расправам, напротив само сакам да се објаснам. Те цитирав затоа што зборуваше за тоа како сме бодреле некој и сме му честитале дека решил да не абортира. Во случајот, јас се изјаснив детално во однос на таа ситуација. Со мојот пост само се надоврзав дека сум ЗА абортус, но не по секоја цена и дека многу зависи од ситуација до ситуација. Не може да се оправда строго затоа што е многу злоупотребувана процедура која можела да се избегне со малку повеќе едукација... Но не смее да се порекне од многу други реални причини. За тоа дали сум оф топик, процени сам - го коментирав сегашниот закон за абортус, а темава е абортус. Во однос на мачките - зарем навистина не сфати која тежина ја давам на моментот некој да остави дете на улица??? Сакав да кажам дека за мене е непростливо да оставиш миленик за кој си земал одговорност на улица, не па дете... ???? Инаку за финансискиот аспект и потреби ама понајмалку треба мене да ми се објаснува. Кој ме чита знае... Мислам бев јасна, но добро, сепак ме запрепасти со твоето објаснување за мачките... Е ова е оф топик... Патем, мачките се "домашни" далеку пред кучињата и живеат со човекот заедно (малтене во исти простории) уште во стар Египет, каде што се рачунаат за божества. Така што не ме "просветлувај" многу многу за нивниот природен хабитат...
Мој беше цитатот па да ти одговорам. Дел од постот беше одговор на апсурдноста во сугестијата на жените кои отишле да абортираат второ или трето дете поради немање доволно финансии да го убие веќе тоа што го има. Стварно е крајно невкусно, навредливо и манипулативно да им се наметнува чусвтво на вина само заради тоа што донеле одлука дека нема да имаат доволно финансии за повеќедетно семејство да се сугерира да станат убијци на веќе родените чеда, нели дека исто е, а го убиеш веќе роденото, а нероденото на тие за правото на живот се исто е. И не, не е стравот од затворот причина што не спречува да не си ги убиваме децатасамо напоменав дека кривично се одговара за убиство а за абортус не се одговара а со тоа сакав да се увиди разликата помеѓу едното и другото. Како и да е јас сметам дека секоја жена има право да одлучува што ќе прави со своето тело, ако одлучила дека во тој момент за неа и нејзиното семејство е најдобра одлука абортусот тогаш треба да и биде овозможено да абортира без додатно наметнување на нечиви демагогии и филозофирања. Тоа со квадратурите и становите не беше дел од мој пост, чисто онака информативно.
Вие не знаете што зборувате,во никој случај не би подржала аборт освен ако е загрозен животот на мајката па да мора да се спаси,јас имав спонтан аборт не знаете која болка е тааа не зборувам за физичка за душевната болка цел живот ќе ја носам, да можеби ќе имам друго дете или деца но оваа болка ќе остане засекогаш,ако не сакате бременост заштитете се барем сега има начин вие самите не оставајте на партнерот не викам не има мажи кои ќе ве пазат ама има и такви кои не па ако не планирате бременост заштитете се само ве молам не Убивајте ,ми се кине душава кога слушам дека тоа некој го направил, јас 10 дена го носев плодот во мене мртов затоа што не сакав да легнам на тој стол замалку што не фатив и сепса едноставно несакав да го дадам ниту да легнам таму недај Боже тоа беше траума за мене цел живот ќе го паметам тој стол поради тоа јас сега сум и на антидепресиви кои колку толку ми даваат да се борам за напред за иднина немојте незнаете што правите.
Баталете економски причини, постојат жени што не се спремни за мајчинство во ниедна доба од својот живот и едноставно не сакаат да раѓаат. Ете толку едноставно е. Не секоја треба да биде мајка. Зошто се чудите дека постојат лоши и добри родители? Што е тоа, несреќа или лоша среќа? Најмногу ме иритира моментот „борбата“ кај пролајферите да се роди по секоја цена. Наместо да се борите за веќе родените, вие тоа го правите за неродените. Тоа е промашување од самиот старт, затворате очи пред многу несреќни и празни деца чие доаѓање на овој свет сте го иницирале по секоја цена и врз секоја основа. Значи правото на абортус мора и треба да постои. Не смеете вие да донесувате субјективни заклучоци само затоа што некоја слушнала дека 10 пати во денот се абортирало. И Ве молам како тоа оправдувате абортус во одредени случаи, а во други не? Или оправдувате целосно или неоправдувате. Што е крив плодот ако е резултат на силување или на растурена врска или на милион други неблагодарни животни причини? Зошто тоа да се абортира, а друговово не смее? Не ми е јасно како воопшто за право си земате да правите дистинкција и паралела што смее што не смее.
Јас пишав за 10 абортуси на ден. И точно е. Доволно е да отидеш на сајтот на статистика. Има податоци за бројот на абортуси за секоја година. Во 2011 година имало 5324 абортуси, што е 14,5 абортуси на ден. Тоа што знам од прва рака, од доктор кој секој ден прави абортуси, не значи дека е грешна информацијава. Дека е точна, го покажува веродостоен доказ. Она што ме радува е дека бројот на жени кои абортираат се намалува во огормна мера. Значи научиле што е кондом и што е спирала и што се таблети, не се спејс шатл поими. Срамота е да не знаат. Сепак, кажав, ме радува што денес жените се поедуцирани од пред 20-30 години. Во златното време на Југославија, кога сите биле богати, во една година имало 30 442 абортуси (1989та). Дека нАли, сиромаштијата ги тера жените да абортираат. Имало по 83 абортуси на ден. Значи, финансиите се неиздржан факт кога зборуваме за официјални податоци. Податоков вика - колку повеќе пари, толку повеке абортуси. Статистички гледано. Факт е дека помали се шансите за несакана бременост кај едуцирани, отколку кај жени што не знаат за што матка, дали е викенд место или орган, видно од податоците на ДЗС. Во тој период имало повеќе нискообразовани од сега, па тоа е и причината за намалениот број на абортуси. Бројот на факултетски образовани е дуплиран - од 30 000 на 60 000. Не се финансиите проблем за абортус - неемнципираноста на жените е. Се додека веруваат дека нема да се фане од еднаш, дека додека дојат не забременуваат и дека на 5 ден од менструација не е страшно, ќе има абортуси. Грешка, не сакајќи, не прави 14,5 абортуси во земјава на ден. Незнаење прави. Извор на податоци - Државен завод за статистика
@Cka и од тие 14 абортуси на ден на ниво на цела Македонија, 10 се вршат во болницата каде што работи другарка ти, и тоа кога таа е на смена? И нели знаеше од прва рака од другарка ти која е медицинска сестра, сега испадна дека знаеш од доктор кој што ги извршува тие абортуси?
14 е просек. Има ден со 5 и со 20 Просек се вади Има и предмети статистика, ама не треба многу мозок за просек. И не праат абортуси по барање на жената во 12 по полноќ, има кога ги закажуваат. Затоа во една смена се. И да, другарките ми се таму, и не е една За среќа, околу мене се е доктори и сестри Иначе, и жена може да е доктор. Имам и на патологија родинина, а и на кардио. И на пулмо имам познаник, со кој имам муабети за болнички теми. На гастро имав, сега е во пензија. Друг некој те интересира? Во помалите градови нема секој ден абортуси, ама затоа Скопје е полно. Во помалите градови девојките се плашат од муабети и идат во Скопје. Не ми барај мене маани на постот Темата е абортус, или го правиш или не. Моите другарки и пријателки се моја работа, твое е да кажеш за што се определуваш - дали би абортирала или не. Друга маана да ми најдеш, кога веќе јас сум ти тема? Или предлог, еве статистичкиве податоци гледај ги. Ајде, јас те лажам, не се знаеме, ама статистички податоци?
Многу добро знам што е статистика, и што е просек, па така и ти кажа дека другарка ти врши по 10 абортуси на смена, што според твојата аналогија испаѓа дека исто така е некој просек, така што пак доаѓаме до истото, дека нема логика од просекот од 14 абортуси, 10 да се вршат во клиниката кај другарка ти. Ти благодарам што ми одговори на прашањата, сега ми се појасни твоите тези. А за моите ставови околу абортусот одамна се имам изјаснето на темава, немам потреба да се повторувам.
Нит сум подржувач на абортуси нит сум против.Не е убаво еден зачеток да се уништи,туку да се изгради уште еден живот.Така и ние сме создадени нели? Но секој си одлучува за својот живот и за животот што сака или не сака да го создаде. Не би се мешала,дури не би ни советувала кој што да прави.Но би сакала секој да има самосвест и да знае што прави кога решава во животот да започне со сексуалните односи.
Многу ми е мило кога ќе се расфрлите со статистики и бројки и секогаш го копирате тоа што вам ви оди во прилог. Инаку еве ја другата страна на паричката: За 2013 година живородени се 23 138 деца или во просек дневно по 63,3 деца на ниво на Македонија. Повели линк http://www.stat.gov.mk/pdf/2014/2.1.14.20.pdf Јас на пример не би навлегувала во Југославија меѓутоа почетоците на Р. Македонија доволно говорат и даваат јасни податоци дека во 1994 - та година имало вкупно живородени 31 421. Според твојот резон дека парите се изговор за абортус може да се констатира дека и парите се изговор за создавање на фамилија со оглед на тоа дека луѓето во тоа време сеуште имаа пари за своите основни потреби. Гледаш дека е лесно да се манипулира со статистика кога ситуацијата така налага? Доколку тргнеме од твојава појдовна точка дека 10 абортуси се вршат дневно на ниво на Македонија, тогаш многу повеќе деца се раѓаат и во споредба со тоа нормална е бројката да некој не сака да роди. Леле имало и такви? Срам да им е. Инаку радувај се кога ќе стават контрацепција на позитивна листа и ќе ги поттикнуваат мажите да размислуваат за вазектомија. Вака да се радуваш на обични бројки е невкусно и мизерно.