Многу ми е жал за твоето болно искуство. За жал многу жени трпат на сличен начин поради нивната одлука да абортираат. Се надевам дека твојата исповед ќе им помогне на други девојки и жени кои се наоѓаат пред една ваква важна и тешка одлука, да размислат добро и да се одлучат да го зачуваат животот на нивното неродено бебе. На тој начин тие ќе го спасат и својот живот. Јас верувам дека има надеж, опростување и исцеление од ова болно искуство за жените кои искрено се каат. Поздрав
Искрено да немав таков голем ризик никако не би абортирала и би го чувала сама но , жени што фрлаат здраво и живо бебе дефинитивно се болни во умот и алчни за повеќе и повеќе , иако сакала или нејќела морав на тоа да се согласам а намерно не го сторив тоа и пак цел живот тој грев ќе си го носам и се молам ова бебе (19месеци)што си го имам да ми е живо и здраво ,а исто и другото што си го носам во мене . Кога во утроба ќе се смести плод јас го сметам за Божји благослов кој мора ние живот да му дадеме и чуваме а не да му го одземеме поради аздисаност и алчност :'(
А бе ајде, во темана за свекрви и снаи има милион примери колку им е гајле за туѓи деца и туѓи абортуси. Утре да треба да се бира дали нејзиното или туѓото дете да успее, нема ни да помисли на неабортираното дете на друга жена и на доблеста и несебичноста на мајка му.
Морам да напишам нешто и на темава, Знам дека сум машко (па некој ќе рече и што барам да коментирам на темава), нема потреба тоа некој да ми го забележува и коментира. Читав низ мислењава и просто не можам да поверувам - колку незнаење и омраза зрачи од некои мислења, чудо едно. Во минатото мажите биле тие кои биле против абортусот и им го забранувале на жените, бидејќи тоа бил еден од ретките аспекти од нивните животи кој тие не можеле да го контролираат. Сега гледам дека кога конечно постои право на избор, таа „задача“ на себе си ја преземале многу жени. Да си го кажам моето мислење - апсолутно не сум против абортусот и го поддржувам правото на избор на секоја жена. Не ми е јасно зошто не можете и вие да го направите истото? Зошто тие кои се против абортусот мораат да ги осудуваат другите, да им го наметнуваат своето мислење, па дури и да ги нарекуваат убијци? Нема да навлегувам во медицинска и научна дискусија околу абортусот - границата помеѓу ембрион и (неродено) бебе е јасна, а ембрионот кој вие го нарекувате живо суштество не е „поживо“ од јајце-клетката и сперматозоидот од кои настанал. Како што реков, нема да се задржувам на ова и да убедувам некој во моево мислење - со hard-core pro-life луѓе нема разбирање и нормална дискусија Поентата ми е следнава - ако сте вие против абортусот од религиозни, морални и некои други причини - тоа е ваше право - немате потреба да ги осудувате оние што мислат поразлично од вас, Имајте на ум дека какви и да се вашите ставови за абортусот - ниедна жена не се одлучува на ваков чекор „ради реда“ или затоа што така и паднало на памет. Жените кои биле силувани и останале бремени, млади девојки кои сеуште се и самите деца, жени со неповолни економски прилики и без услови да одгледуваат дете - да не станувам банален, ме разбирате што сакам да кажам. Причините за абортус се различни, но фактот останува дека кои и да се, речиси сигурно е подобро тоа дете да остане неродено, штом мајката се одлучила на таков чекор. А одлуката (за среќа) е сепак нејзина. Нема потреба дополнително да им отежнувате на таквите жени и да им стварате грижа на совест со осуда и со зборови дека тоа е убиство, доволно им е тешко и без вашиве глупости. Имајте свој став (додуша, пожелно би било тој став да го базирате на некакви факти со темели во реалниов свет), но почитувајте го мислењето и изборот на другите. Сите слободи и права до кои дошле жените и ги имаат денес, се тешко стекнати - немојте да ги отфрлате поради некои свои лични ставови и убедувања. Поздрав.
Не поддρжувам абоρтус...освен во еκстρемни случаеви κаде што животот е во пρашање. Пρијателκа моја едвај остана жива после пρвата бρеменост со близнаци, имаше здρавствен пρоблем и и беше забρането повтоρно забρеменување, значи НИΚАΚО! После 3 год повтоρно останува тρудна, повтоρно со близнаци, несаκа да ги абоρтиρа ноρмално и тие и се деца иаκо уште не се ρодени, ги носи ама не до κρај- умиρа и таа и двете бебиња, а дρуги две златни дечиња остави без мајκа Неκа почива во миρ, можеби неκој од вас ја познаваше ова беше минатата година... Во ваκов случај поддρжувам, бидејќи тρеба да се мисли и на тие што ќе ги оставиш без мајκа...
Апсолутно си во право, никој овде нема право никого да осудува и да му наметнува што тој ќе прави во животот.Обично тие што се против абортус или немаат деца или едвај едно, па се прашувам јас зошто тие не раѓаат туку само попуваат на туѓите судбини. Ако тргнеме по таа лоѓика зарем не е грев да се штитиш со кондоми или да свршува партнерот надвор? Од кого се штитите од едно мало прекрасно суштество? Секако дека патетизирам како што патетизираат сите оние кои ѓи осудуваат оние кои абортираат. Ако според вас овие кои абортираат се глупи или не информирани тогаш веројатно повеќето луѓе се такви, огромен број девојки има кои абортирале еднаш или повеќе пати од најразлични причини. Верувајте бременоста може да му се случи на секого бидејќи сексот не е нешто што се прави еднаш годишно туку е секојдневна активност.
Не знам зошто некој има потреба да се оптоварува со нешто што не го засега. Абортусот е лична работа на жената или семејството и тоа што таа/ тие ќе одлучат е нивна работа. Апсолутно не сум против абортус, доколку се работи за психички здрава личност која свесно одлучила дека не сака да биде мајка, без разлика која е причината и свесна е за можните последици. Но која ги читам темиве на форумов имам впечаток дека многу млади девојчиња се осакатени со едукација околу сексот,заштита, бременост, абортус, последици. Мислам дека со повеќе едукација како во мое време ќе се намали бројот на несакани бремености, па нема да има потреба од толку голем број абортуси. Мене лично ми смета мешањето на црквата, државата, толку јавни кампањи против абортусот, наместо да се вложат напори во едукација на младите. Не се решава тоа нити со кампањи, нити со закони, нити со јавно изразени ставови на црквата. Кој е верник,ги познава ставовите на црквата, а ако законот спречи некој да абортира не значи дека тоа ќе ја направи мајка. Еден период во мојата бременост поминав во болница и имав можност да контактирам со многу жени кои извршиле абортус. Од спонтан абортус, каде мајката не можеа да ја смират цел ден до жена која абортира по шести пат со насмевка на лицето. Мислите ли дека е подобро вторава да стане мајка? И на крај една шега на сметка на мажите кои се против абортус ( општо, не од форумов)
@anel Не е проблемот во едукацијата туку во тоа што под влијание на интернетот каде има се и сешто сексот стана како пиење кафе, едноставно премногу се конзумира и нормално е дека што повеќе една деојка има секс поголеми се шансите да забремени, ако на тоа се додаде и честото менување на партнери тогаш се ни е јасно. Порано за да те бане некој било голема работа а сега тинејџериве прво имаат секс па потоа гледаат дали ќе бидат во врска или не. Секако дека ни јас не се иземам од овој тренд имам само 23 години и апсолутно сум и јас дел од животот на младите и не сум осоа која ќе покажува со прст на другите а себеси ќе се иземе. Според мене главниот пролем е што се срушени сите норми и правила повторувам под влијание на интернетот каде се ни е на дланка. Еве баш сега читам и гледам некоја типка била концептуален уметник и се шетала низ град без ништо на себе за да ја види реакцијата на лугето, каков пример таа им дава на младите? Што се однесува до разно-разните кампањи мислам дека се тотално бесмислени и џабе фрлање при кои може да се искористат за попаметни нешта. Искрено тешко ми е да поверувам дека некој млад човек не знае што е кондом или ати беби пилули.... Проблемот е во тоа што младите не сакаат да ѓи користат а не дека не знаат што е тоа кондом или дека не се свесни за последиците, едноставно денес типот не е фраер и наводно не е тоа- тоа чувство со и без кондом па нели сите сакаат да го пробаат она вистинското.
Kazete mi sto mislite za abortusot posle ovoj dokumentaren fil. Obavezno pogledajte go, kako gi ubivaat decata i kako potoa gi koristat za seshto. Predupreduvam morate da imate silen zeludnik za da go gledate ova. http://www.filmovita.com/dijelovi-abortiranih-beba-na-prodaju/ Moe mislenje e deka ubivanjeto zdravi deca e ubistvo, osven ako e zagrozen zivotot na majkata, vo sprotivno tie majki za mene se ubijci.
Ако одиме по таа логика, зарем несебичната мајка не-убиец е правилно да си го избере сопствениот живот пред оној на нејзиното дете? Тоа не ли е убиство за да се заштити сопствениот живот, ако веќе одиме дека сите останати се убијци? За секој абортус може да се најде и осуда и оправдување, а туѓото бреме и страдање е секогаш најлесно. Многу тешки зборови паѓаат овде, се срамам јас што читам, искрено.
Pcelka 95, mnogu mi e zal za tvoeto iskusto, sepak toa e zivo sustestvo, se raboti za profit za farmacevtskite kompanii, tocno e ta deka doktorot ginekolog moze da te natera na seshto. Jas predvreme se porodiv i mozebi ja imas mojata prikazna procitano, po 22 nedeli vo inkubator od negrizata na doktorkite i nehigienata vo drzavna bolnica skopje toa pocina. Doktorkata me ubeduvase da sum go dadela deteto da mu izvrsat autopsija da videle sto e pricinata demek i za drugi bebinja da znaele, ama jas ne dadov im rekov deka dosta go macea vo inkubator i ne im dadov nikoj da go rasparcuva, kasno mi tekna da im zastanam na doktorkite. Pozdrav.
Pogledni go dokumentarniot film tamu se e jasno prikazano. Jas rekov samo ako e majkata zagrozena a ne zdravi deca, pogledni go filmot pa oceni dali e embrion ili dete, jas licno nikogas nikogas ne bi dala bebe da mi ubivaat. Pozdrav
За ваквите како тебе и го пишав моево мислење. Држи си се до своите „убедувања“, нема потреба некој да нарекуваш убиец или да го згрозуваш тука со којекакви „документарци“ од интернет. Од вакви како тебе си пати женскиот род.
Абортусот не е злосторство, злосторство е да родиш и да подигнеш дете кое цел живот ќе го сметаш одговорно за твоите неостварени соништа и за твоите фрустрации, или пак дете заради кое останатите твои пет деца ќе добиваат една шестина наместо петина од лебот кој едвај можеш да си го дозволиш. Не ми е јасно како ставањето крај на умножувањето на група клетки (кои несомнено имаат потенцијал да се развијат во нешто исклучително, но и не мора) е поголемо злосторство од подигнувањето несреќни, осамени, емоционално осакатени, психолабилни, гладни.... луѓе.
Sinoka pocnav da pisuvam na temava,snemav net pa mi se izbrisa tekstot. Se otkazav. Bogami se inzacudiv se sto iscitav. Se stignalo do deredje da se frlaat kletvi edna vrz druga na osnova na edna napisano prasanje bez da se znae da receme celata situacija. Pa i da se znae. Zarem vie sto frlate kletvi i osuduvate ste nesto po covecni od edna zena koja resila da abortira? Taa odlucuva za svojot zivot ne za vasiot. Pogore nekolku clenki veke objasnija sto e ibistvo,taka da da ne se povtoruvam,za tie sto ne znaat. Deneska koga prodolzuva diskusijata zabelezuvam deka abortusot pretstavuva ubistvo pretezno za pomladata populacija,da ne recam ne zrela,tuku pomalku zrela. Neka mi prosti nekoj ako se prepoznae,no kolnenjeto i osuduvanjeto,ne ne pravat ni podobri majki a uste pomalku podobar covek. Ne ve ni obvinuvam donekade za takvoto razmisluvanje,toa si e vase pravo.No godinite veruvajte deka ke ve osvestat vo idnina. Da dojdev ne daj boze do nesakana bremenost iskreno ne znam dali ke abortirav,ova go pisuvam za da ne bidam pogresno sfatena.No nikogas ne bi osudila,kamoli kolnela nekoja zena za sopstvena odluka. Vie bidete dobar covek i pred se dobra majki,tugite gajlinja ostavete gi lugeto sami da si gi sredat ako nemozete da pomognete. So toa si pravite usluga i na samite sebe si.Ne si ja truete dusata.
@Strumka22 се согласува дека под влијание на интернетот младите полесно и порано го искусуваат сексуалниот живот, се согласувам дека нема некој што не знае што е кондом или антибеби пилула, се прават кампањи со делење кондоми по школи, советувања, ама сето тоа ми е некако површно. Баш поради достапноста на сѐ, би требало да се направи противтежа со суштинско едуцирање, не колективни часови советување кои никој млад не ги сфаќа сериозно. Селекцијата на информациите од интернет си ја правиме сами, ама друго е кога имаш некакво насочување во кој правец да размислуваш. Секоја млада девојка ќе осознае дека со практикување секс може да остане бремена, ама не и каква одговорност е детето.Е кога ќе дојде до тоа сознание дека е тотално неспремна за мајка ќе бара решение во абортус,тогаш веќе не се битни последиците. Чисто за споредба ќе ви кажам личен пример. Имав класна по биологија, која од секој одделенски час издвојуваше барем 20 мин, да разговара на тие теми уште од 5 одд. Не едуцираше за сѐ, последици од рано стапување во сексуални односи, заштита, болести, бременост, абортус. Знаеше да остане после часови со некој ученик и да разговара за секаков проблем од било каква природа, знаеше кога имаме дечко, девојка, немаше тајни пред неа. Сите ја чувствувавме како втора мајка. Ни помогнала многу пати, дури и за домашни проблеми,отворено разговараше со родители,многу пати забележуваше промени кај дете пред неговите родители и активно учествуваше во решавање на проблемот. Мислам дека од неа научивме се за секс, дрога, алкохол. А еве син ми има 13 год.,сеуште не рекол дека некој им објаснил нешто околу тоа, имале некакво предавање, советување. Во вакво време на лесна достапност на сѐ и едукацијата мора да е поагресивна, вклучувајќи истовремено родители, образование, медиуми, ама кога велам медиуми не мислам на кампања против абортус.
A zosto ne go rodat deteto i ne go dadat na posvojuvanje, otkolku da odlucuvaat za negoviot zivot, i sto te plasi dokumentarecot, toa e vistina, kozmeticki proizvodi pravat od abortirani bebinja i kojznae sto drugi eksperimenti, eve ti i uste eden prilog sto go najdov denes na Internet. http://www.magazin.ba/ostalo/bizarn...ralo-je-i-njih-i-kompletnu-javnost-81726.html
Licno smetam, moe mislenje e deka tie majki se sebicni samo za sebe razmisluvaat i ne se majki, a ti kako masko bas me cudi da go odobruvas toa, znaci ne bi bil dobar tatko za svoeto bebe.
Navistina? Sto e majka a sto tatko? Odlukata za raganje na dete ne te pravi majka.Nitu pak "zasluzna"za da imas deye.Toj e samo poceten segment od roditelstvoto. Ima poloso od odluka za abortiranje. Sto da kazeme za onie tipovi na roditeli,rodi me majko i frlime na ulica? Sto e poloso? Poubavo od odluka za da sakas i imas dete ne postoi na svetot.Od licno iskustvo. Poloso od ragajne na sopstveno dete i frlanje bukvalno na ulica ne postoi.Osven bolesta. Ziveeme vo svet kade sto se eksperimentira vrz rodeni zivi luge,dali sme svesni? Postojat luge sto od nemastija ili od budalastina dozvoluvaat vrz niv da se eksperimentiraat odredeni lekovi.Prostete za ekstremniot primer no smetam deka e potreben.Nekoi od tie luge se roditeli. Ne sme na temava so cel za dase razubeduvame,no pak ke kazam,godinite i iskustvoto si go pravat izgleda svoeto. Pred nekoj den ja upotrebiv recenicava i pak ke ja napisam.."Se sto leta,ne se jade".
А штo мислите нa тoa штo секoјa менструaцијa би мoжелa дa биде еднo убaвo бебенце дaр oд бoгa? нo НЕ, ние сепaк решaвaме дa не дoведеме дo oплoдувaње нa јaјце клеткaтa туку јa лигaвиме пo влoшки некoлку денa, секoј месец. Тoa пa мoже и бетер oд убиствo е, штo знaм...