1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.566 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    578 глас(а)
    27,0%
  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    мала злато навистина не се срами разговарај знам колку ти е тешко но кажи и бар на мајка ти. не прифаќај ништо на своја рака, никој дури ни најдобра другарка нема да ти помогне како што би ти помогнал близок човек од фамилијата. важна одлука ти е ова во животот жал ми е што носиш вакви одлуки на толку рани години но размислииииии. и ако абортираш види каде немој било каде, и кој се последиците несакам да размислувам на најлошото тоа никако но треба да бидеш свесна и да размислиш за се. не те осудувам тебе туку твојот дечко алооо тој малоумен ли е 4 годишна врска не сте од вчера заедно. и прво реши си го главниот проблем а после кажи му гордо чао. таков дечко море не е веќе дечко маш е не заслужува никаква девојка. искрено со тебе сме сите каков и да ти треба совет пиши :hug: :hug: :hug: :hug:
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Иако силно го ценам мислењето на сите кои го советуваа девојчево на темава, и се согласувам со тоа дека не треба да се прават брзоплети одлуки, јас сепак верувам дека се зависи од личноста. Јас имам 20 години, и иако не сум била во ситуација да морам да размислувам за абортус, веќе неколку години сум силно решена што би направила во таков случај. Сите мои блиски ме знаат како саможивник, како многу јака и тврдоглава личност. Со дечкото имам разговарано "шта би било кад би било" и јас веќе имав изградено став дека абортусот ми е единствена опција, барем сега за сега. Тој ме поддржа во тоа мое мислење, и доколку нешто би се случило, тој ќе биде само известен дека јас одам на гинеколог и ништо повеќе. Тој муабет сум го правела со него многу одамна, затоа што сум решила дека ако тој не ме поддржува во таа моја одлука, тогаш нема ни да знае дека и воопшто сум забременила. Можеби тоа би било НАШЕ дете, но ова е мое тело и во моментов е само МОЈА одлука.
    Мала, не те познавам каков карактер си и за колку емотивно силна се сметаш себеси, но ако си сосема (и го потенцирам ова сосема) сигурна дека можеш да поминеш низ тоа несакано искуство сама, не е задолжително да имаш цел тим на поддржувачи. Секако, добро би било да имаш некого покрај себе, но на крај тоа е твој живот и твоја одлука. Сепак имаш 18 години, и постои и можноста да твоите родители не ти дозволат да абортираш. Јас знам дека тоа би бил случајот со моите родители, и затоа одамна ми е донесена и одлуката дека тие би биле последните личности што би дознале. Колкава поддршка и да имам, јас не сум спремна да бидам мајка, и на крајот од денот тоа е најбитно.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.641
    Сите ние може да збориме дека сме за или против абортус, и да тоа е лично мислење, но треба да се најде коренот на проблемот, и да се види зошто во МКД има како што пиша некој претходно + 30 000 абортуси.
    Неможе никој да ме убеди дека Религија е потребен предмет во школо, а Сексуално образование не е. Па добро бе, се сметаме за развиена земја, се сметаме за колку толку развиен народ, а зборот СЕКС не дај боже да се спомне. Ни по дома, а на училиште па ич. А млади ко млади, хормони работат, и млади имаат секс (не викам дека не треба да имаат, сексот е здрава работа) ама незнаат да се заштита. И ете ти бебе, и ете ти абортус.
    Еве и читајки по форумов, приметувам дека многу од девојкиве се сексуално активни, што е сосема во ред, ама срам им е да одат на гинеколог. Епа извинете, ама кога носите сериозна одлука да стапите во редовни сексулани односи, тогаш кој е срамот да се оди на лекар?? Кој е срамот да се купат кондоми или контрацепција препишана од лекар?
    Јас имав среќа што имав отворен однос со моите, и што ми објаснија се за болести, бременост и редовна лекарска контрола. Па така, јас бев таа што му го ставав кондомот на дечко ми (му бев прва) само за да бидам сигурна дека е правилно наместен.
    И не велам дека не се случуваат несреки, пука кондом и слично, ама и кога тоа ке се случи треба да знаеш дека можеш да отидеш на доктор и да земеш таблета, а не како една моја другарка, да се јавува у сред нок и да ми плаче на телефон незнаејки што да прави, затоа што у 3 години активен сексуален живот ниеднаш не отишла на лекар.
    Сите треба да си ги сносат последиците. Се извинувам што сум директна, ама мора да знаете како да се заштите, прво од болести а после од се друго.
    И да, го оправдувам абортусот како крајна варијанта. Сепак мајката одлучува за тоа што се случува со нејзиното тело и живот.
     
    На Lolo5 и viku им се допаѓа ова.
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    бар некое мое мислење. кога се прави абортус мора или пак е пожелно да знае некој твој близок. зар мислите тоа е ајде на бокс, шири нозе вадиме тоа што си направила беља, стани си фала што дојдовте да дојдете пак. извинете но дали некој од вас размислил што е со последиците, и со она не дај боже......... (да не бројам но може да заврши многу фатално), какви се тие работи и криења. или немора никој да знае ни пак дечкото. извини да идам со некој толку долго и без разлика да забременам па сметам дека има право да знае а и зашто да не се официјализира таа врска. кога влегуваш во сексуални игри треба да бидеш спремна на се. ( не го ставам тука сексот за една нок но ако дозволите од секс за една ноќ да забремените алооооооо каде ви бил паметот), значи сметам дека сите оние девојки кој имаат стабилни долги врски и да се случи да останат трудни да им кажат на партнерите и да си го родат. а ако тој не го прифати тоа алооооо кај ви бил паметот со кого идете. чекај те зар вие никогаш не разговарате со вашите партнери на тема што ако... па мене дечко ми ако ми спомне абортус тој ни мене ни секс нема да види. извинете сакаат да се е*ат а нејќат да прифатат обврска па ајде ние на бокс хм е мало морген тоа .......
    извинете стварно ме нерваираат вакви темии и се палам многу :devil:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Јас се изјаснив дека сум разговарала со дечкото на темава, но како што веќе кажав не е негова одлука дали ќе има абортус или породување. Негова е одлуката дали сака да започне фамилија во тој даден момент, ама јас ако не сакам (што веќе јасно кажав дека не сакам) неговото мислење не ми е битно. Ако он е спремен да биде родител, јас не сум. И во обратна ситуација е исто. Ако јас сакам да сум мајка, нема закон кој вели дека мора да има свадба и happily ever after... Тоа се моите причини заради кои би скрила од него во дадена ситуација. А, за останатите блиски, јас се сметам за доволно зрела за да поминам низ тоа сама (сосе сите можни сакани и несакани последици), сепак не реков дека тоа е за секого. Како што сум решила да имам сексуални односи, ќе морам и да решам се што следува од тоа, позитивно и негативно. За среќа, имам доволно памет да користам заштита и да бидам доволно информирана за се, но целиов муабет е за една хипотетичка ситуација. И во тој случај, јас веќе сум решила што ќе направам. Тоа решение не мора да значи дека би функционирало за секого, ама за мене знам дека ке биде во ред.

    И само сакав да го кажам своето мислење за нашата Мала форумџика. За секое правило постои исклучок. Што се однесува до имање некој близок до себе кога ќе се решиш за абортус, јас сум исклучокот за правилото.
     
    На Lolo5 и manu-chao им се допаѓа ова.
  6. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Сакам да кажам дека не се согласувам баш!Значи воопшто и не го оправдувам тоа што не сака да ја превземе одговорноста,но со сила убавина не бидува.Дали барем ти кажа дека откако ќе абортирас би биле пак заедно или што?Значи разговарај со твоите и кажи им како стојат работите.Ако виа двајца се земете на некој начин тоа ќе биде присилно бидејќи ќе излезе дека те зема од обврска.затоа што честопати но не мора да значи и сега ваквите врски/бракови завршуваат неславно.Не мора да значи но тоа што после толку години поминати заедно и мене мојот дечко да ми рече прави што знаеш тоа е твој проблем јас дури ќе се запрашам дали тој има некои чувства спрема мене.Па ти не си го направила тоа дете сама!Идиот!Важно разговарај и кажи што и како

    „а ако тој не го прифати тоа алооооо кај ви бил паметот со кого идете. чекај те зар вие никогаш не разговарате со вашите партнери на тема што ако... па мене дечко ми ако ми спомне абортус тој ни мене ни секс нема да види.“

    Кај мене е обратно.Јас имам кажано доколку останам бремена дека ќе абортирам.А тој пак ми вели во се ќе те подржам ќе си ја преземам одговорноста што треба да направам и помогнам ќе направам,но потоа не знам дали би останале заедно.Тој па мене така ми вика.И ајде сега де
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    На денешно време девојките рано го започнуваат својот сексуален живот,најчесто неискусни и без заштита.Затоа мн.често се случува девојка која сака да напредува да остане бремена на 15-16-17 години,а тоа според мене не е океј.Некако не ми е убаво да видам како се мажи девојка на 16,17 години.Што видела таа од животот?? -Ништо.Мислам дека бебето во утробата за ништо не е виновно,милото,но сепак...не знам...во некои случаи не го оправдувам абортусот ама во некои го оправдувам.Малите девојки треба да абортираат зошто секој има право на свој живот,а потоа со текот на годините ќе дојдат и други дечиња :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babybu

    babybu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пред некое време бев во слична или помалку слична ситуација како и "mala".Разликата е во тоа што кај нас не се работеше за непланирана бременост напротив свесно постапувавме.Имавме неколку неуспешни обиди,но кога тоа успеа во сета таа среќа се соочивме(ако можам да го ставам во множина или поточно се соочив) со несреќа. Дел од неговата фамилија НЕ допринесе со подршка во оваа ’’наша’’ планирана ситуација и бев приморана да се одлучам на абортус.Велам приморана зато што не сакав да родам дете кое ќе расти без еден родител, а компромисното решение беше да го гледам сама...Всушност не наидов на некаков избор.Прво мислев дека дечкото мој не е виновен што не доби подршка која гласеше дека наводно сме немале услови за дете(а и двата сме вработени) меѓутоа кога некој мора да пронајди по народно кажано ’’рачка’’ ќе ја најде.Моите родители немав храброст да ги инволвирам свесна бев дека ќе направам големи нервози, а веќе имаат еден куп проблеми на глава,едноставно ми беше страв за нив како би реагирале или прифатиле тој факт.Не напоменав заедно бевме 1 год. јас сум 26 а тој 28 иделана возраст за нашиот ’’неуспешен план’’.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Се согласувам со поголем дел од претходните мислења дека треба да разговараш со твоите... некои луѓе се цврсти и можат самите да донесат одлука, но понекогаш некои работи ја разоруваат нашата психа и прават да се чувствуваме несигурно. Затоа мислам дека е најдобро да разговараш барем со твојата мајка, бидејќи како неа нема да те сфати ни твојот дечко, ниту пак некоја другарка.
    Што се однесува до дечко ти, мислам дека е најдобро да не го бараш некое време, па сама процени колку му значиш и дали вреди да сте заедно, бидејќи по 4-годишна врска, на неговите 28 години, тој се однесува незрело како да има 16. :swear:
     
  10. babybu

    babybu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1


    Морав да се надоврзам, во тввојот случај одлуката да избереш е оставена на тебе, подолу имам едно мало објснување кое мене ми се случи пред извесно време, што би направиле во ситуација кога наидело на бременост свесно, а после тоа следува каење?Наводна причина еден член од фамилија како би требало тоа да го направевме барем малце покасно сега за сега МОРАЛО значи немаш избор мораш на абортус или гледај го сама???На сето ова дечкото мој одговори со да прам се осеќам сам и немоќен?!
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Го оправдувам абортусот. Тоа е право на родителите(на двајцата) и воопшто не треба да биде оспорено. Сметам дека далеку пожално и поголем грев е да имаш дете,а да не си способен да му овозможиш правилен раст и развој (под способност не подразбирам само финансики можности туку пред се емоционална, психичка и физичка зрелост). Но, од друга страна целосно сум против абортусот како средство за контрацепција. Во руралните средини најчесто не користат заштита и забременуваат. А, потоа `спасот` го бараат во абортусот. Жената треба да е свесна за себе и да си го чува телото, а не секој 5 месеци да оди на абортус. Во македонија многу малку гласно се говори за работите и имаме еден куп млади и неиформирани луѓе. Па се чудиме што имаме толку кретени во општеството. :x
     
  12. Simona.blonde

    Simona.blonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво на сите многу ми е мило сто има ваков сајт , бев силувана од блиска роднина сто зивее со мене но не казав на никому дека ми бесе и сеусте ми е страв од него поради неговите закани . Моментално направив тест за бременос и показа дека сум трудна од него бидејки бев невина и не сум имала никаков однос со други луге . Многу сум испласена и ме интересира васето мисленје во врска со тоа и сакам да абортирам . Стварно ми се скрси светот пред мене и многу сум депресивна . :(
     
  13. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    најпрво треба да рзговараш со твоите родители да им ја кажеш целата ситуација и потоа заедно да одлучите што понатаму,иако јас би ти препорачала да го абортираш (ако си бремена) зошто тоа дете не е плод на љубов
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    подитно разговор со твоите родители. зар мислиш да криеш такво нешто. страшно е тоа што ти се случува. тој човек заслужува казна. а тоа дете нажалост би ти препорачала колку и да е болно да го абортираш, се надевам ќе помине се без последици, затоа што како што кажаа погоре не е плод на љубов, а никој не заслужува таква тортура. обавезно да направиш еден разговор со твојте ова не е шала што ти се случува ;(
     
  15. Simona.blonde

    Simona.blonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    неможам да им казам на моите родители поради тоа што таткоми е вмешан во сево ова,со плодот се поврзавме ако сеуште е во мене. мајками не знае за целава ситуација.јас се обидувам да комуницирам со него бебето а тоа ме слуша :$ планирам да имам секс со дечкоми и да му кажам дека е од него,морам да се извлечам некако :sweat: бев на гинеколог ми кажаа дека се е во ред со плодот несакам да абортирам тоа е живо суштество иако е направено од таткоми,жал ми е да убијам живо суштество. два дена не ме има пипнато таткоми најверојатно се кае,навистина ми го уништи животот не ми се верува како ке живеам понатака :( секој ден плачам неможам веке помогнете ми...
     
  16. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Симона се запрепастив од ова што го прочитав, не ми се верува какви се луѓе постојат, еј... Не знам што да ти кажам, биди силна, продолжи со животот, не си прва на која и се има случено ова, немој да се затвораш во себе и да си го уништуваш животот! Иако ти е татко мораш да го пријавиш, те разбирам, ти е срам од околината, не сакаш да се разбере,ама ако продолжи со малтретирањето немаш друго чаре. Апа и дете да му родиш, па тоа е инцест! Не знам што да ти кажам, како да те утешам, навистина жално ;( ;( ;(
     
  17. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    46
    :o :o :o А зошто да не кажеш на мајка ти. Па ако еднаш ти го направил тоа твојот татко *монструм* (извини,ама морав) ќе ти прави и понатака. А дечко ти и било кој не е толку глупав да го лажеш дека е негово... :^) Боже што се нема по светов,мислев само во странство се случуваат такви работи... Што да правиш? Пријави во полиција,кажи на мајка ти,ќе те подржи,кажи на некој... A и зошто да не абортираш,па што ке гледаш во тоа дете, брат-сестра или ќерка-син, што и да е... цццццццц
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски

    :o :o :o :o
    Мора да и кажеш на мајка ти... не може тоа така, не си ти крива за тоа што ти се случило. Да ми извиниш, ама татко ти е навистина монструм, кога можел тоа да и го направи на сопствената ќерка. Ако веќе нејќел секс со својата жена, до толку ли нема други жени, морал на ќерката да и се сврти?! Само затвор за таквите! Не знам што друго да те советувам.
    А дечкото не треба да го лажеш, ќе сфати порано или подоцна.
    И да не се работи за татко ти, има логика во тоа што инцестот е кривично дело и бракот меѓу блиски крвно поврзани роднини е забранет. Децата обично се раѓаат со некои фалинки, т.е генетски наследени болести кои потоа тешко се лечат.
    Најдобро е да кажеш, да не молчиш. Освен ако татко ти не те уценува со нешто... а знае ли тој за ова?!
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене некако не ми е за верба ова :^) Ако има таков проблем сигурно нема на форум да прашува. Вели, се било во ред со детето. Штознам, неможе да е во ред, чим е од татко ти направено :^)
    Повеќе ми личи ова на гламстик исповеди. Можеби грешам, ама не ми изгледа за вистина :^)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за ова што ти се случило ;( Смогни сили некако и кажи и на мајка ти па потоа решете што ќе правите понатаму. Мислам дека колку и да се приврзуваш за бебето (кое всушност верувам дека е сеуште ембрион), најлогично но и најдобро за тебе ќе биде да го абортираш...големи се шансите да биде абнормално бидејќи имате речиси иста генетска конфигурација со татко ти. Животот ќе ти биде дупло потежок доколку не дај боже детето биде со некоја физичка или психичка аномалија, згора на се цел живот да се потсеќаш дека е дете од татко ти :( И мислам дека е нечесно тоа да му го направиш на дечко ти, тој ни најмалку не е крив, баш тој кога би знаел што се случило би те поддржал и би ти помогнал максимално. Ако премолчиш за се, цел живот ќе си сносиш голем товар на душата, а како последица може да се случи еден ден да "пукнеш" и дури тогаш уште повеќе да се искомплицираат работите. Млада си, ќе го пребродиш ова и ќе го закопаш во минатото...затоа јас, а верувам и секој друг би те советувал да собереш храброст и да разговараш прво со мајка ти а потоа со дечко ти. Верувај после тој разговор ќе ти биде многу полесно бидејќи блиските луѓе во невоља секогаш ќе ти се најдат. Не ја решавај сама ситуацијава, побарај помош од нив, ќе се изненадиш колку ќе ти биде полесно и колкава поддршка ќе добиеш. Со среќа, се надевам све ќе се реши со што помалку последици...баш би сакала да знам што си направила. Секое добро...