Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Boooze site zeni sme ubijci..:D
     
    На Lady Phoenix и tessie им се допаѓа ова.
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Стручно ме убеди дека до 6 месец би го носела и во ризик сме биле јас и оно (имаше обвивка до него со голема количина на крв)и можно беше да прсне кога ќе пираснело бебето и во ризик ќе сме биле и оно и јас :'( но тоа е како и да е тој грев ќе си го носам секогаш иако мораше да се случи , но за тие скрос здрави и мајки и бебиња не подржувам АБОРТУС ТОА Е ВЕЌЕ УБИСТВО
     
    На Orthophill и DeepBlue им се допаѓа ова.
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Не сакам да убедувам никој ниту планирам да убедувам некого.. Мое тело, мој живот, мој избор и никој нема право да се меша во тоа. Кој што сака нека збори и нека ме праи лоша личност или убиец во најлош можен случај. За убиство се лежи во затвор, а не гледам дека некоја лежела зашто абортирала така да chill. Не судам на никој за тоа, сопствен избор и го почитувам.

    Јас лично поддржувам абортус од било која причина, нема да се докажувам зашто и како едноставно така сакам.
    И би абортирала ако се случи непланирано пред возраста која ја сакам или пред да исполнам некои услови потребни за него не дај боже.

    Секако не сакам да дојде до тоа да абортирам некогаш, па затоа внимаваме двајцата. Зборувам во краен случај кога би се случило и не би се чуствувала ни малку виновно ниту пак ми е гајле за мислењето на другите за тоа.
     
    На Ekstaza, bittersweet, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Ne sum podrzuvac na abortus no ne gi ni osuduvam tie sto go napravile,sekoj ima pravo na izbor.Jas vo 20 nedela vo bremenosta imav spontan,mnogu tesko go preziveav toa,imam citano i dosta feminki tuka za zal go imaat toa tesko iskustvo.Mene mi trebase mnogu vreme da se oporavam,ako moze da recam deka se oporaviv,da se ubedam sebe si deka jas nikade ne zgresiv,se sto bese do mene napraviv.
    Mislam deka taa sto ke resi samovolno da abortira sekako ke snosi posledici,ne zboram za fizicki tuku psihicki,pogotovo na temata dali sum bremena gledame kolku deca sekojdnevno pisat dali e mozno da se bremeni.Tie se deca i znam ke receme poveketo,sto si seele toa ke zneat no bas mi e zal koga ke procitam kako devojcinja po 15 i poveke god se plasat da ne ostanale bremeni,sigurno nekoja od niv ostanala sto se slucuva so toa dete koga ke abortira kakvi posledici ke trpi vo idnina iskreno ne sakam ni da razmislam..i nemojte da pisete deka ne bi se cuvstvuvale vinovni ako izvrsite abortus zasto nikogas nema da znaes se dodeka losoto ne te snajde.Bolje spreci nego leci.
     
    На Pcelka94, makedonkamak и zalosna им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.055
    Пол:
    Женски
    А ако е некоја силувана?
    И тогаш е здрава мајката но бременоста не е по воља за жал.
     
    На Ekstaza, bittersweet, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Не читав ништо кој што напишал и немам намера да осудам или да делам лајкови на никого.
    Секој си има свое мислење.
    Но...нека не се прават жените над 40-45 години ,,невини,, јасно е дека секоја жена во брак БАРЕМ ЕДНАШ НАЈМАЛКУ има абортирано поради случајна грешка.
    Да не е абортусот, ќе врие од деца кои нема да бидат ни прав илно гледани ни правилно згрижени.
    Мислења од девојки на 20 години не ги сметам за валидни, нека пишуваат свои мислења после 20-25- 30 години брак и редовен сексуален живот
    А за она- абортирала на 20 години за да не заврши врската со брак, сосема ја оправдувам.
    Убиство, незнам, штознам....
    Па подобро еднаш за секогаш да си ја исправи грешката некоја си 20 годишна девојка која ете од невнимание останала бремена, отколку да си ја носи ,,грешката,, на врат цел живот...тоа е осуда и за неа и за детето.
    Го осудувам само новиот тренд на абортирање после 15 недела кога може да се види полот на бебет( не ме фаќајте за збор , незнам која недела точно беше дали 15 или подоцна).

    Сите чесни сестри, а кај гинеколозите врие од диви абортуси.
     
    На Ekstaza, bittersweet, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Зарем абортусот не е дозволен само до 10-12 недела?
    Инаку се имам изјаснето на темава, сум про-абортус. И не знам зошто жената бе убиец??? Мажот што се изладил со неа и ја баталил откако дознал дека е бремена, што е???
    Или кај нас уште важи она ТИ СИ МАЈКА?! Ама мајка сама не се станува, тој плод мајката не го голтнала не дај Боже!!!
    Секој нека си одлучува за животот, стварно е невкусно потресни видеа да се поставуваат на темава како некои членки погоре. Никој на никого не му е во кожа, најлесно е да се дрдори од страна!
     
    На Sanjichka007, Lady Phoenix, srcence1607 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Искрено, размислував дали да ти одговорам, ама изгледа ќе морам, пошто твоиве размислувања достигнуваат нови длабочини и дна на човековата психа.

    Не знам зошто раѓање на дете и потоа давање на посвојување е некако подобро или помал грев од абортирање?

    Документарецот воопшто не ме „плаши“ :D. повеќе ме плашат луѓе со такви неуки размислувања како твоите. За „информативниве линкови“ кои ги постираш нема многу да коментирам, се гледа од какви „стручни“ списанија си ги црпиш информациите. Инаку, не сум воопшто против користење на абортирани фетуси (или тела од починати луѓе) во научни цели, таквите истражувања еден ден ќе можат да спасат милиони луѓе - можеби дури и твојот живот во иднина. Но, ова не е темата на расправа овде, тука се работи за правото на секоја жена на избор дали ќе роди или не.

    Инаку, сите мајки се „себични“, ако одиме по твоево размислување - сите раѓаат деца затоа што они сакаат да бидат мајки или да имаат дете - се сомневам дека некој тоа го прави од некоја друга побуда.

    Не знам по пат на какво резонирање дојде до заклучок дека ќе бидам лош татко :rofl:, баш ме интересира.

    Не знам дали си мајка и нема да одам толку далеку (како тебе) за да те наречам лоша мајка, ама искрено ми е жал за твоето сегашно (или идно) дете, за тоа какви идеи и вредности ќе му всадиш во главата и за тоа во каков човек ќе порасне со некој таков како тебе.

    Луѓе, не знам каква е таа потреба да викате УБИСТВО на секое (Murder, she wrote :)), не можете ли да си го искажете своето мислење или став за оваа тема без да го употребите овој збор и да ги осудувате оние што не се ваши истомисленици. Дали ви фалат други изрази во сиромашниот фонд на зборови, за што се работи, стварно не ми е јасно.

    На крај, @samantha80@*~ , ќе те замолам повеќе да не ми реплицираш - еве јас ти кажувам дека не планирам понатаму да дискутирам со тебе на темава - мислам дека нема да може да се разбереме.

    Имајте свои мислења, базирајте ги на факти и информации (може и од други места, не само од magazin.ba), искажете си ги ставовите на артикулиран и културен начин и пробајте да не ги навредувате и осудувате оние со различно мислење од вашето. А да, бонус поени ако не го искористите зборот „убиство“ ниту еднаш.

    Поздрав.
     
    На bittersweet, Madam-A, Lady Phoenix и 7 други им се допаѓа ова.
  9. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Вчера отепав три муви. Слободно залепете ми етикета УБИЕЦ , гордо ќе си ја носам. И тоа се животи нели?
    Се сеќавате сигурно на случајот во Арачиново, кога беше пронајдено новороденче со пресечен јазик и тешки телесни повреди, фрлено во џбун. Се прашувам зошто таа мајка не станала убиец кога тоа бебе било само фетус, оплодена јајце клетка, без развиени органи, сетила, рецептори за болка?
     
    На bittersweet, Annath, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Цццц тепањето на мува го споредуваш со одземањето живот на сопственото дете!!???????

    Како што пишувате дека не ги осудувате туѓите одлуки тогаш зашто осудувате нечие мислење или искуство ??

    Секој има право да си го каже своето мислење но , ваше е како тоа ќе го сфатите .

    Поздрав
     
    На Orthophill и zalosna им се допаѓа ова.
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Pcelka94, не знам веќе како да ти се објасни тебе и на таквите како тебе дека вие ИМАТЕ ПРАВО да си го кажете своето мислење, но НЕМАТЕ ПРАВО да нарекувате некоја жена УБИЕЦ, бидејќи се решила на абортус. На тој начин вие сакате да го НАМЕТНЕТЕ својот став, што пречи, како што не сакате на вас да ви го наметнуваат спротивниот. Јасно е сега?

    Инаку го поддржувам абортусот.

    Сметам дека жената има право да одлучува за себе и своето тело и дека не секој момент е погоден за да се стане родител, ниту пак секој човек е скроен да биде родител.

    И не, не сметам дека е похумано да се роди детето и да се „фрли“ во сиропиталиште, па да расте во никакви услови, со големи шанси да произлезе од него еден ден деликвент и да израсне во човек кој гаи омраза поради тоа што го оставиле како бебе.
     
    На bittersweet, sesilija, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Очигледно не сфати што сакам да кажам, ама немам намера да ти објаснувам.

    Не сум имала несакана бременост, не сум била во можност да абортирам. Претпоставувам дека и да дошло до таква сигуација ќе сум родела и ќе сум го сакала тоа дете. Ама тоа не ми дава право да наречам некоја жена, девојка убиец затоа што одлучила поинаку.
     
    На bittersweet, Annath, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Секој сфаќа на свој начин но, јас ниту една жена не нареков убиец туку АБОРТУСОТ го нареков УБИСТВО бидејќи и тоа е до 12 недела и срце и све е оформено така да му се скратува живот на неродено бебе .

    Секоја има право да си го живее животот како што сака но,за нечие невнимание на милјарди бебиња животите им се одземаат за истото...
     
    На Orthophill, makedonkamak, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Кога има некоја оправдана медицинскаа причина за аборус во ред, но такви од типот леле бремена сум без да сакам одам на абортус ич не ги оправдувам, пред се сум за едукација, превенција, планирање, внимавање, одговорност, па кога веќе се впушташ во сексуални активности мора да си зрел и одговорен за своите постапки и ризици. Особено сум против авортусот кај млади девојќи кои си сфаќаат здраво за готово без и да не знаат заризиците кои ги носи самиот зафат,па и доколку се врши нелегално од страна на квазидоктори од икс причини.... Повеќе сум за тоа да не се дозволи да дојде до таква опција
     
    На Eli23, makedonkamak, IronLady и 10 други им се допаѓа ова.
  15. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Да ви го кажам и моето искуство,па да ги чекам вашите критики бидејќи пофалби сигурно нема да има :)
    Со сопругот бевме во врска шест години,што значи од деца.Пред три години,на мои 22 години останав бремена,но не бевме сеуште во брак.Иако бев доста млада а исто и тој,решивме да се венчаме и за девет месеци си го родив моето најмило синче.Во период по една година пак останав бремена(не планирано).Без двоумење заминав на интервенција и тоа во 4тата недела од бременоста.Ќе прашате зошто?!Мојот сопруг работи за плата од 10,000 денари,а јас тогаш не бев вработена,моето семејство брои 8 членоови и тоа во 90 квадрати простор.Детето некако ќе го порасниме,но што ќе му овозможам?!да не можам за јадење да му обезбедам,а "камоли" за нешто друго.ЈАс бев најголем противник за абортусот,но еве го сменав мислењето,па затоа не обвинувајте ги другите,бидејќи секој си знае што е најдобро за него.
     
    На referentka, srcence1607, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би се осмелила да му судам и попувам некому за било каква работа, но кажи ми дали од тогаш се смени нешто? Се вработи и ти? Имате поголеми проимања? Можеби си живеете сами со сопругот? И не би сакала никогаш да имате уште деца? Да си има брат или сестра твоето синче? Зошто во животот ништо не е сигурно и се се менува. Јас на пример кога се решивме за дете имав работа со плата од 1000 евра, живеевме сами, си имавме еден достоен нормален живот. Во рок од три години добивме две деца. Кога ми заврши породилното ме отпуштија, а мм не работеше. Една година бевме двајца невработени, со две мали деца и без здравствено осигурување. И тогаш??? Секогаш едно планираш а животот носи друго. Сега мм равоти по цел ден буквално и тоа само кога има потреба по цело летоза бедна плата во сппредба со примањата кои ги имавме, и непланирано забременив со трето, кое со радост и љубов го носам и возбудени сите очекуваме да се роди. Кој знае можеби во иднина ќе имаме пак работа со тродупли примања, можеби ќе бидеме пак без работа, може еден ден да не се разбудиме и сл. Мислам одам во крајност зошто ништо не е сигурно и секое дете си се раѓа со својот к'смет. Кај две таму и три, само да сме живи и здрави ние!
     
    На compassion, Orthophill, Bebulleee и 13 други им се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас сум со таа девиза дека ако се сака се се може. Ако треба од себе ќе си скратам за него да му овозможам.моментално сум бремена во 14/15 та недела и не ни размислувам за абортус,напротив се обидувам да го задржам ова невино мало ангелче во мене. Имам ризична бременост и секој ден му се молам на бог да издржи,да не дојде до спонтан абортус. Значи ако не планирате бременост зошто сте имале незаштитени односи? Зарем не знаете за превентива и заштита? Едукатирајте се,интересирајте се што повеќе можете.За ваше добро,барем денес постои интернет и еден куп иннформации за кои што е потребен само еден клик за да ги добиете. Не е играчка ова упс згрешив ај ќе ја поправам грешката. Па тоа е нов живот , зарем туку така ќе го фрлите? А дали знаете што може да ви се случи вам? Постои ризик за неплодност после абортусот,постои ризик за еден куп инфекции и несакани индикации кои што може да ве коштаат многу повеќе од тие пари кои што ќе ги дадете за абортус. Размислете ако вашите мајки се одлучеле на абортус дали вие би биле денес тука? Дали би живееле,дишеле,уживале во секој миг од животот? Сигурно дека не.Дали знаете колку жени очајно се обидуваат да имаат деца со години да го почувствуваат тоа посебно необјасниво чувство,а вие благословени едноставно ќе го отфрлите. Никогаш нема да го разберам тоа без разлика каква и да е причината ( освен здравствена) нема оправдание за тоа дали пари сте немале,дали не сте биле подготвени,млади сте биле. Еее мили мои за последиците се размислува пред време а не еј зачнав ај ќе одзачнам па здравје па ќе зачнам. Не е тоа играчка,тоа е нов ЖИВОТ.
     
    На compassion, Orthophill, bebaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    @ilipili, со лесно нека ти е, да си ја истераш бременоста, и само позитивни мисли!

    Но верувај, колку и да се пазиш, со максимална заштита, се случува да дојде до забременување. Апстиненцијата ти е 100% сигурна заштита, ама тогаш зошто да имаме врски или воопшто да стапуваме во брак?
    Сум напоменала, сум за право на избор, верувам дека секоја жена што абортирала, го сторила тоа од само нејзе познати причини. Лично, доколку забременам непланирано не би абортирала, ама не ги осудувам ни оние што го прават тоа. Сметам само дека треба да се оди кон драстично намалување на бројот на абортуси кај тинејџерките, а пред се да се фокусираме на едукација за заштита од несакана бременост и полово преносливи болести. Мора да се подигне свеста кај младите, а со тоа сигурна сум дека ќе се намали бројот на непланирани бремености, ама факт е дека не може да планираш ништо, никогаш.
     
    На BoaVista, MacenceEna, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Пред се благодарам за искрените желби
    Да.те разбирам целосно што сакаш да кажеш и во право си,но нели кога ќе се влезе во брак се очекува да се основа семејство па едно детенце,па друго и не можеш ти да планираш кога ќе останеш бремена и ако се остане пу пу не важи немаме пари ај ќе абортирам. Значи верувајте има луже кои што живеат со 2000 денари месечна социјална помош па имаат по 2,3 деца за кои што живеат и се борат тие родители.
    Оние што се во врска зарем не размислувале за бременоста ако имале односи,треба да е свесен ако е доволно зрела една личност за да има односи( макар што денес уште на 13,14 години веќе имаат за жал) тогаш треба да е свесна дека постои ризик и за бременост. Свеста кај младите е на најниско ниво,а за жал никако не оди нагоре туку обратно.Тука ги обвинувам и родителите кои што за жал не им обрнуваат многу внимание на воспитанието на децата околу сексуалните односи и полово преносливите болест.Има исклучоци,не велам дека нема но за жал се помалку ги има Ние овде џабе си бруеме мислејќи дека ќе разбудиме некаде некоја свест кога самите тие треба да се свесни и да размислуваат самите за иднината.
     
    На Pcelka94, kjukli и zalosna им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ако нешто ти значи во животот, јас нема да те осудам - напротив - ти честитам на здравите размислувања и храброста што си се одлучила на такво нешто. Сигурен сум дека не ти било лесно. Сепак, за секое дете е потребно да се имаат некакви минимални финансиски услови (а не само љубов и желба).

    Дефинитивно не се сложувам со онаквите ставови „Никогаш не може премногу деца да се има“ и други, од типот на сценаријата за рекламите на владата за зголемување на наталитетот. Раѓањето на детето е најлесно (условно речено), се што доаѓа потоа е многу потешко. Се сложувам донекаде и со мислењата дека никогаш не се знае што ќе донесе животот (денес имаш, утре немаш), ама мислам дека сепак е потребно во моментот кога ќе решиш да имаш дете да можеш да му обезбедиш барем минимални услови за живот, а за иднината - се резбира, не знаеме што носи. Обратното не го оправдувам - немам ништо, дури ни за мене, ама ќе го родам, па ќе се надевам на подобри денови.

    Инаку, интересни ми се мислењата од типот „Никого не осудувам, ама...“ :) Драги мои, знајте дека со тоа „ама“ се што се кажале претходно за да се претставите дека демек не осудувате, паѓа во вода.

    Поздрав.
     
    На bittersweet, pravnicka2, referentka и 7 други им се допаѓа ова.