И затоа се редат на телевизија како аптекарски шишиња да бараат помош. И за едно дете во животот да се бориш е благослов, не мора да се 2-3 или 5-6 за да се чукаш во гради и да викаш еве ние немаме, ама си ги родивме. Како после тоа општествената и економска состојба ќе влијае на психолошкиот развој на тие деца, дали ќе бидат повлечени или не, дали ќе се срамат и ред други работи, тоа не се дискутира, битно е да се родат! Ако секој од секоја врска си раѓа по едно дете, што ќе биде тоа?! Аман луѓе, не тресете глупости. Па не секој ја има среќата со првиот сексуален партнер да стапи во брак! За тинејџерите не дискутирам, и јас сум против ова што се случува денес уште со пелените на газ и не оправдувам абортусот да е контрацепција... Ама некои коментари овде се стварно ту мач!
Секоја жена која ќе се најде во ситуација на непланирана бременост, ќе одлучи за неа, оти за неа ќе раѓа или ќе абортира. Нема на вас од дома да ви дојде вашето да ви го украде, или нејзиното дома да ви го донесе. Ќе напишев повеќе, ама џабе ќе шкрапам.
Со 2000 ден што можеш да му пружиш? На прво место љубов но каде се памперсите,храната,редовните прегледи на лекар и уште мн мн работи кои се преку потребни. Од вкупно 2000 ден колку ке можеш да оделиш?Не е само роди го. Требаат и услови за чување во здрава средина
Немам ништо против абортусот но ако е од оправдана причина а не од бес. Барем денес секој може да се заштити од несакана и непланирана бременост. Постојат милион контрацептивни средства кои се на располагање и кога некој ќе рече - останав бремена а не сакам, не планирав и сл. ми се крева косата. Па одма ајде абортус. Па зошто наместо тоа не се заштитите од несакана бременост?! Или очекувате партнерот да се грижи за тоа? Друго - како тоа велите ќе се изгледа тоа дете? Зарем мислите дека така лесно се гледа дете? А и тоа на телевизија многу ме иритира - едно 8-9 деца родиле па бараат помош од државата. Јас да сум ќе им помогнам - ќе им пратам цел картон презервативи и конц. пилули. Боже сачувај. А за тоа со бременост на 15 години немам коментари
Значи, најпрост пример (ќе ги изземам неинформираниве тинејџери од тука), на секого може да му се случи непланирана и несакана бременост од пукање на кондом. И што правиме сега? Па постојат и такви случаи кога при земање на контрацептиви дошло до бременост. Да сакал парот бременост и дете нема да се заштитувал, така? А тие од бес што не ги оправдувате, а одат да абортираат. Што треба да прават? Да им се забрани да абортираат и после? Какви родители ќе бидат кога од бес останале бремени? Каков живот ќе има тоа дете?
Некако ми се чини само мајките мислат дека абортусот е убиство. Жени, сериозно, доста се осудуваме меѓу себе. Секоја од нас има право на избор, ако не сака да го роди, поарно и за нејзе и за детето. Подобро да не го роди, отколку утре да го фрли на улица, да го остави, да го обвинува еден ден дека и го уништил животот, да нема услови да му пружи нормален живот, итн... Оправдани причини или не, само таа што решила да абортира си знае. My point is, сум за абортус. Утре ако не дај боже ми се случи несакана бременост, и јас би абортирала.
Мајката на Хитлер сакала да го абортира.Ја предомислил докторот. Да го абортирала ке ја сменела судбината на илјадници луге и цела историја.Може и не би згрешила со таквата одлука
Само чекам сега некој да го земе за пример Бетовен, ако не се лажам и реклама имаше една таква против абортусот (од лошег оца и горе мајке).
А какво е тоа абортирање од бес ? Мислам, дајте малку мислете со тоа главите !! Кој оди на абортус од мода или од хир или од бес ??
Како бе не ми е јасно еве ние со мм додека бевме во врска ниту еднаш не останав бремена несакајќи притоа не користевме контрацептивни средства туку само внимававме. На почетокот - да користевме но потоа бевме доволно сигурни во себе и видиш не дојде до непланирана бременост. За тоа од бес - не знам што сфаќаш под бес ама јас кога ќе речам аботрираат од бес мислам на тоа дека се Онадат со кој ќе стигнат и како ќе стигнат па после одат абортираат. Тоа за мене е ту мач. Првенствено да не зборувам за преносливи болести - јасно е, ама дали за вас абортусот е нормална појава од медицински аспект? Зарем не ги знаеме последиците од тоа? Зарем е поразумно да направиш абортус отколку да се заштитиш со помош на контрацептивни средства?
Еве јас не сум мајка и за мене абортусот е убиство. Мое лично мислење. И знаев уште од кога пораснав и почнав да ги разбирам работите. Против абортус сум, освен кога се работи за абортус од медицински причини. И да ми се случи несакана бременост денес, никогаш нема да абортирам, нема да абортирам ни ако ми е загрозен животот. За ништо на светов не би абортирала, нема сила која би ме натерала да направам нешто такво. Нема за мене нешто помило нешто од едно невино бебе. Но, како што тоа е мое мислење и мој живот, секој си има право да одлучува за својот живот, секој си знае за себе, и не, не осудувам, немам никакво право на тоа, но тоа не значи дека треба да се согласувам и да разбирам.
Одат верувај! Јас на пракса имам доста начекано што абортираат а многу од нив и не знаеа кога останале бремени па ни од кого - тоа е од бес.
Баш тие се несоодветни за да бидат родители. Ако не се разбираат од збор дека по неколку абортуси има шанси да останат стерилни и дека абортусот не е контрацепција, тогаш не заслужуваат да бидат родители. А во однос на твојот претходен пост - тоа што не си останала бремена е ок. Меѓутоа, ете, постојат и такви случаи каде и покрај внимавањето - ете, се случува. Не знам зошто е толку неверојатно тоа. @kjukli, мила, како што спомнав во едно претходно мое мислење - во ред е што имаш свој став и мислење на оваа тема, но немаш право да велиш дека абортусот е убиство, бидејќи автоматски жените кои вршат абортус - вршат убиство, а на тој начин тоа е наметнување на вашето мислење врз оние кои мислат спротивно. Темава е чувствителна и не треба да фрчат изрази од таков тип.
Абе, полесно е да се осудува со реченици од типот „ееее кога знаете да се онадите, ќе знаете и да си родите“.
Значи кај мене во село кога сум се родила ни памперс немало па значи мајками требала да ме абортира на нејзини 15 години ???? Инаку сме три сестри и еден брат сега , за здрав и прав човек и бебе АБОРТУСОТ НЕ Е РЕШЕНИЕ а за иднината никој не е видовит за да знае што носи .
^^ Абе и во античко време немале памперси па се раѓале деца, тоа секако. Ама ако јас немам скапан денар во џебот и останам трудна, не е само роди го, оти ете, и порано исто така немале пари па раѓале. Мислам... жити се
Абортусот е убиство според мене.Може до периодот кога треба да се абортира, ''тоа'' сеуште не е развиено во човечко суштество со срце и органи, но сепак ако не се изврши абортусот тоа ќе си порасне и ќе се развие нормално понатаму. Е сеа, единствено оправдувам абортус во случај на силување, или она кога ептен сте во густо и сте премногу сиромашни што ни на крај памет не ви доаѓа да одгледувате бебе.Но сепак, доаѓаме тука до прашање,зошто не внимавале? А она абортирање во смисла млада е, како ќе го гледа, училиште треба да заврши, нема сериозна врска со дечко и, како ќе се грижи тој за нив бла бла бла ми се чисти глупости.Коа си била доволно ''возрасна'' и глупава да имаш односи без заштита, е тогаш ќе си го родиш бебето и ќе си го гледаш.Сеа, мала била да гледа и воспитува бебе, а возрасна за да се шлепа со кој стигне.
И што очекуваш, да роди таква и да воспитува дете ? Значи одлуката да абортира и е подобра од другава опција.
Да знам. Познавам и личност која остана бремена и покрај тоа што пиеше контр.пилули ама тоа е 1 на 1000 така пишува и во упатството мислам А и лично јас мислам дека иако користиш презерватив треба да бидеш внимателен нели Да не бидам вулгарна ама може да го вади навреме Абракадабра не очекувам таква да роди и да гледа дете туку пишав дека не ги оправдувам тие. Сепак и јас сум мајка и имав спонтан абортус во првата бременост и кога ќе ми текне дека некои вакви 10 пати остануваат бремени и абортираат а некоја се мачи да остане бремена со години - стварно иритира