Кое породилно јас да не имаам породилно или мајками??? хахаха не не Мажми работи за 15 000 мкд. и цел месец не е дома , од никого немам помош а седам со 7 члена дома и на ниту едно дете ништо не ми фали од облека и храна а имаме две примања од сопругот и од таткоми 10000 и бремена сум со второ 18 недела зарем требаше да речам немаме простор или немаме доволно финансиски средства за да издржуваме уште едно па ајде на АБОРТУС па да гледам деца после како трчаат низ куќа и низ памет да ми се вртка гревот и како и оно можело да трча така а јас правото за живот сум го одземала на него така!!!????
Оф мори мајко значи не зборувам за тие што бараат помош по телевизија,зборувам за случаи каде што гледам дека на децата не им фали апсолутно ништо ни храна,ни памперси,ни вакцина како што беше напоменато подолу. Родителите се грижат толку многу што реално дури и на воспитанието внимаваат многу повеќе од други. Работам во таква институција и секојдневно сум сведок баш на такви случаеви. Никаде немам спомнато дека секој кој што е во врска ако остани бремена мора да го роди туку да се внимава пред тоа и да се размислува за последиците пред време,а не одпосле. Како што напомена и merida погоре зошто јас од 7 години врска не останав бремена? Па и по една година во брак со незаштитени односи со мм,но со контрола не останав. Зошто некои други не останале бремени и не абортирале додека биле во врска? Има икс причини и не обвинувам никого за своите постапки секој си одговара да бидам јасна туку не ми е јасно како може да не се размислува за последиците пред време. ДА сум против абортус, но секој друг си има право на свој избор ,а дали е погрешен или правилен нема да зборувам бидејќи од некои сум разбрана погрешно.
А мажите прават геноцид кога дркаат ) На темата - правете што сакате, јас мое дете не би убила без разлика на формата и величината. Мое е. Ако не сте вработени и абортирате, верујте, ако се вработите и останете бремени, па родите, никој нема обврска да ве чува на работа. Ако сака ќе ве избрка. Разликата е 9 месеци, или помалку. Како што нема да го фрлам по 9 месеци, така нема у контејнер да го фрлам ни на еден месец. Ако беше битно тоа, мајка ми требаше сите тројца на ѓубриште да не фрли, оти ја избркаа и нејзе и татко ми од работа, со три деца. За мене е живот од моментот кога ќе се создаде, не од денот на раѓање. Јас повеќе од 10 години имам секс, па не сум останала бремена. Веројатно сум чула за контрацепција, а мажите со кои сум била знаеле како се става кондом или па се квалитетни купувам, не се три за триесет. Шо знам. Значи, ако не сакаш да абортираш, користиш кондом, апчиња, заедно, женски кондом, немање секс у плодни денови, ејакулација надвор и куп други. Ама жените не мислат на заштита навреме, на мажите им е убаво, па не го вадат навреме и после, ај ке го убиеме детето, криво е оно. Мхм да. Стварно не сум запознала маж кој не знаел да се исконтролира и да си го извади на време, и покрај сета заштита. Кај ги наоѓате стварно?
Е да, признавам дека иритира. Тоа е, нема правда. Но со тоа што тие таквите нема да го извршат абортусот, нема да се смени ништо на таа „вага“ за жал.
Ок де шо се подсмеваш? Ако си ти задоволна со таков живот ,терај.Роди уште 5 деца .Ако останеш во таква ситуација ке те прашам за неколку години како ке ги школуваш или објасниш дека сите ке одат на ексурзија а тоа не. Не викам дека немаш ти храна,но биди искрена... Го купуваш поефтиното или подоброто?Имаш со 10000 месечно и 7 члена избор да бираш? И јас сум мајка на две деца растени во различни услови.И знам како е кога ноке ке легнеш и се чудиш сабајле што да му дадеш да јаде и се молиш на бог социјалното да стигне за да имаш да преживееш. Но исто така знам и што значи раат да легнеш и гајле да немаш за ништо.Да го однесеш на море,да го однесеш во најдобра клиника да го лекуваш итн итн. Трет пат да останам трудна и да немам пари ЗА ХРАНА ,нема да родам.
Темава со мислењава почна да се врти у зачаран круг. Смешни ми се мислењата од типот - „Еве, ја колку време имам секс, па не сум останала бремена“ или „Ееее, ја уште 6 браќа и сестри имам, моите не работеа, немавме пари, па еве сега што ни фали?“ Луѓе, разберете дека е апсурдно врз основа на само еден пример (ваш личен или туѓ) да направите генерализација за сите можни луѓе на планетава. Тотално е без врска и скроз невалидно. Во однос на тоа кога започнува животот - ембрионот настанува од јајце-клетка и сперматозоид, кои меѓу другото, се исто така живи! Значи, „животот“ како што го викаат некои, не настанува (зошто за да „настане“, тоа треба да биде од нешто неживо, нели), туку едноставно тоа е процес од кој на крај настанува дете. Од друга страна, споредбата на сперматозоиди, јајце-клетки, ембриони и фетуси со бебиња е исто така апсурдна. Разликата е многу јасна - за оној кој е информиран и кој разбира, нели. Едноставно, абортусот е неспоредлив со убиство, како што многу тука сакаат да кажуваат. Разбирам дека секој има свое размислување и убедување на темава, ама не е лошо и тој став да биде поткрепен со некој факт од реалниов свет. Но, да не се задржувам на ова. Мене ме мачи нешто друго - кој се станува родител на светов? Дали само затоа што жената може да остане и останала бремена, па ете и се одлучила да го роди, дали тоа ја прави неа подобна мајка? Дефинитивно треба да постои некаква обука, курс, психолошка проценка организирана од државата за сите парови кои ќе станат родители. Страшно е какви мислења читам по форумов (не само на конкретнава тема) од жени кои се мајки. Уште еднаш, по (можеби) 3 пат во темава ќе апелирам на следново - правото на избор (за среќа) постои во нашава земја, па секоја жена може да одлучи дали ќе ја прекине бременоста или ќе роди дете. Нема потреба оние што го поддржуваат абортусот да ги нарекувате убијци или обратно, оние кои се за раѓање по секоја цена - лоши родители. Искажете си ги ставовите аргументирано и без навредување на неистомислениците. Толку од мене на темава. Поздрав.
И сепак пак се вртиме околу тоа, секоја си има право да си одлучи што и како ако остане трудна. Абортусот е личен избор ! Наречете го како сакате, па и убиство, но секоја девојка или жена си знае самата за себе што и се опциите и што да прави. Одлуката е нејзина, а не ваша !
Мене најмногу ми пречи она „УБИСТВО“. Луѓе, разберете, тоа е сериозно обвинение. Оние кои вршат убиство или постои сомнение за такво нешто - се носат на суд, па после докажувањето на вината/невиноста се донесува пресуда. Се оди ли на суд за абортус? Полека со вакви тешки зборови. Имајте став, ама искажувајте го со усул и со одбрани зборови, особено на вакви теми.
Со платите што напоменав дека ги имаме го купуваме подоброто и потребното а за лечење исто се лечиме кога имаме потреба си се лечиме во клиники асални .. А со здрав разум ни стига за секоја потреба дури и за играчки , шетање и одмори , и дс имам уште 5 нема да ги сметам сигорно за трошок за мој џепарлак да остане да имам нокти , фризури и ред други работи да правам . Вашето размислување си е ваше но не е и моето како вашето .
Кога контрираш нечие мислење во ред е да означиш или цитираш. Веројатно, после тоа што се изнасмеа за тоа дека не сум останала бремена после 10 години редовен секс, оди малку во темата Дали сум бремена и плачи. Добар дел од девојките се сексуално неписмени и им се грешава, па мораат да абортираат. Ти смеј ми се мене, јас ке имам планирана бременост, ама тие кутрите што виделе к*р а не знаат за кондом се за плачење. Тие ке абортираат, нив ќе ги поддржиме, ќе ги тешиме, а сексуално писмените ќе бидат смешни. Исто, не си ни прв ни поседен што се смеел што сме три деца на двајца небработеени. Има многу како тебе, што туѓата несреќа им е смешна. Ако сакаш, ќе ти кажам и весел момент - директорот кога им дал отказ на моите им рекол, кога раѓате по три деца како цигани, така ви е. Смешно ти е? Веривам дека се валкаш по земја сега. Нормално е да се смееш на сиромав, ситиот не верува на гладниот. Апсурдно е да е нормален абортусот оти е почест, отколку да е нормално да има сексуално образовани жени. Ама секој со своето опкружување нели, сами ги бираме пријателите, па смешно е се што е поинакво. Мене не ми апсурд примерот мој или на многу од моето опкружување кои знаат како да се заштитат. Мене ми е смешно да имаат секс, а да не знаат за заштитат. Невалидно е моето, ако ти имаш аргументи. Ако не сакаш конкретни примери, повели за фикција ќе зборуваме. Да си замислиме свет каде сите се ебат без кондоми и каде абортусот е контрацепција, а не живот. Што ке ти се епримери од живот, ке се зафркаваме тука, реален живот.
Оф леле. А таман реков - толку од мене на темава. Не го цитирав конкретно твоево мислење, затоа што ова што го напишав не се ни однесуваше баш на тебе - имаше многу такви мислења во темава, во кои се наведени лични примери. Не коментирав и не се „смеев“ за содржината на примерите - смешно е што некој мисли дека врз основа на еден пример може да извлече општ заклучок, кој треба да важи и да биде применлив за сите луѓе на светов. Да се разбереме, не се смеев ни на твојата, ниту на нечија туѓа животна приказна. Сум приметил дека многу од оние против абортусот го потегнуваат овој аргумент. Значи, да се разбереме (повторно) - ако сум за абортусот, тоа не значи дека го поддржувам како замена за контрацепција. Ако ги читаше моите претходни постови, ќе го сфатеше тоа. Значи, апсолутно сум за сексуална едукација, како и поголема достапност на сите контрацептиви. Како што погоре напишаа повеќе членки - што е алтернативата за тие неедуцирани и незрели девојки кои имаат несакана бременост - да родат по секоја цена, иако е повеќе од очигледно дека не се ниту подобни ниту подготвени да бидат мајки? И да не заборавиме, и покрај целото образование и контрацепција, несакани бремености повторно може да се случат - ако девојката/жената се реши на абортус, апсолутно ќе ја поддржам. Уште еднаш, да не бидам пак погрешно сфатен - сум за сексуална едукација и примена на контрацепција, но сум за и го поддржувам и правото на абортус (едното не го исклучува другото). Со ова апсолутно се сложувам и не гледам дека е во спротивност со нешто што јас го имам напишано. Се додека постои правото на избор, немам ништо против ни едниот ни другиот „табор“ од оваа дебата. Единствено ми сметаат некои изрази и осудувања кои се користат, најчесто од страната pro-life. За крај еве ти кажувам, жал ми е што не си го разбрала моево мислење и си го сфатила како навредливо, па и си почувствувала потреба да одговориш „со иста мера“. Поздрав!
Boze @Cka i ovde im gi prevrtuvas zborovite na clenovite sto nemaat isto mislenje so tvoeto. Nikade ne bese ismeana tvojata situacija. Ako taka gi sfakame rabotite,togas ti vo tvojot post ismevas se sto e kontra od tvoe licno razmisluvanje. Preterano se odi do krajnosti,barem taka jas gi razbrav site onie koi pisuvaat deka abortusot treba da bide licen izbor. Veruvala ili ne,ima slucaevi koga se doaga do nesakana bremenost i kaj educirani zeni,koi isto taka imaat odnosi vo neplodni denovi.. Da ne im vleguvame doma na lugeto vo nivnite posteli za da merime koeficient na inteligencija i kvalitet na kondom. Fakt e deka embrion e edno,bebe e drugo... Okolu toa e celata diskusija. Mozebi za mene,za tebe i red drugi zeni i mazi podednakvo ni e isto i ednoto i drugoto,no dokolku nekoja odluci da abortira(bez razlika dali za nas e od razbirlivi pricini)pravoto si e nejzino i toa ne ja pravi ubiec.
мое мислење е дека не го оправдувам абортусот, океј е да прави абортус девојче од 15-16-17 години па и 18 19 , но што е со оние што се 22-23 и повозрасни а прават абортус? доколку не сакат да имаат деца нека користат заштита, не постои само кондомот како заштита има и многу други работи, така нема да мора да „убие“ едно мало суштество кое било на патот кон својот живот. и сепак треба да се мисли дека има многу мајки кои неможат да имаат деца помислете ним како им е пред да го уништиш плодот во себе.
Се испомешаа баби и жаби. Несакана бременост-поради силување Несакана бременост -поради скинат кондом,испуштена пилула,испадната спирала бла бла Несакана бременост кај млади од по 15-16 год што незнаат како да се заштитат. Бременост дојдена во погрешен момент:не дај боже смрт на партнерот,тешка болест,развод... Примери и примери има бе луге.Како може да дадете дефинитивен одговор дека сте против абортус и точка!! А чекајте бе вие што правите амнио?Зошто правите?Што ке ви смени ако дознаете дека детето има маани?Би го абортирале тогаш? Нели е и тоа грев?Или тоа не е дете на кое му чука срцето? Ма нема везе тоа е со физички-психички маани и тука не важи правилото нели?
^^ и други мислења Како тоа за едни е океј да абортираат, за други не?? Абортус е абортус сакаш кажи го на кинески или шпански, сакаш на 12 сакаш на 32 години тоа е исто. Зашто ако има 20+ не е океј да абортира?? И да, најтрагичното од се, што има врска тие што не можат да имаат деца со тие што ги абортираат своите зачетоци, да, не фетуси. Бебе е откако ќе се роди, фетус е од 3ти месец па до раѓање, а од зачнување до 3ти месец (10-12 недела кога е крајниот термин за абортус) е ембрион, дури на почетокот топка од умножени клетки што би ја рекла јас. Исто како што Жена од 30 години не може да ја наречете фетус, не можете ни ембрион да наречете дека е дете, бебе или човек. Ваљда покрај толкавата сексуална едукација која ја имате и се фалите, во основно сте читнале и за возрасните групации. Или не?! Сепак кондомот како се става и позата се најбитни да се знаат така? Смешки.. И да, кога веќе спомнавте за жените кои не можат да имаат деца дека треба да се мисли на нив пред да го абортираш сопствениот ембрион.. Што би помислиле ви се молам?? "Лелее не ме бива за деца, неќам деца, не сум спремна, немам ова она, омоа ама пошто Трајка не може да има деца, ја ќе го родам ова " Ваууу ептен сте солидарни свака ви част. И што ако помислиш на нив, не го абортираш?? Што тоа ќе и помогне на таа што нема деца? Ќе и го дадеш да ти го причува дур идеш на работа, колку да се занимава или ќе и створиш дете од никаде?? Ваквите споредби ви се жални стварно и у крајност. Не споредувајте неспоредливи работи. Може звучам бесчуствително и грубо ама реален муабет да праиме. Колку и да се фалите со својата едукација и зрелост и писменост и не знам што на толкави години, крајно прости коментари исчитав, па дури и од мајки. И еве утре не сум спремна или не го сакам детето, ќе абортирам и ќе ме речете убиец ваа. И што со тоа?? Мислите дека некој на форумов е до толку емоционално лабилен па сега грижа на совест ќе им набивате на девојките за нивниот личен избор за кој вие врска немате?? Им го знаете само никот и ништо друго..Разберете некои работи веќе, не е квантна физика ова. Сепак ќе кажам.. Неписменоста дефинитивно се појавила (зголемила) после Кирил и Методиј. Јадни луѓе. Лесна им земја. И оладете ја малце темава, се напнавме сите. Поздрав
Па сега, убаво си напишала во твојот претходен пост за луѓе што живеат со социјална помош од 2000ден, а имаат 2-3 деца. Јас така прочитав. Што можат таквите семејства да им овозможат на нивните деца, еве јас не знам...ама не би сакала да сум им во кожа ни на родителите, ни на децата! И добро, утепавте од долги врски и редовен секс и како тие девојки се пазеле и не останувале бремени! Од кај сте сигурни?! Како можете да тврдите нешто што е толку интимно за некоја личност? Или па се сметате за многу привилиговани во нечии животи, па откако некоја ќе абортира ќе дојде и БАШ на вас ќе ви се исповеда? Ви се молам!!! И да, фала ви на советите и на тебе и на некои други членки дека треба да се внимава и да се внимава и да се внимава... Оти ние што сме про-абортус не знаевме за тоа, ние така си чиниме, удри и плескај се што ќе ти е контрацептива. Ама можда не ја знаете онаа што вика ЛОШОТО КОГА ДОЈДЕ НЕ ПРАШУВА!, така да сега вака на празно сите можеме да дрндаме до 101 и назад!
многу членови ги напаѓаат оние со спротивно мислење од нивното, добро сфативме ајде абортус е за секој, нивен избор, а ние што сме против абортусот неможеме да го искажеме своето мислење? или вие одма мора да кажете едно 100 примери за да не „убедите“ како тоа абортусот е нормална работа. олабавете, секој си има право на свое мислење и затоа е темава, а не да се контриш со секој втор што ќе каже спротивно мислење од твоето.
До вискокоедуцираниве: Немојте ве молам да се расфрлате со вашата едуцираност и знаење, бидејќи ако навистина бевте едуцирани како што треба, ќе знаевте дека ниту една контрацепција не дава 100% заштита (освен апстиненција) Затоа ве молам престанете со вашите високоучени постови до типот: ”да се едуцирала, ќе користела заштита...”