@An-na, и мене ми паднаа во очи тие мислења и јас вака ги разбирам: „ Јас сум сериозна и свесна жена, секогаш внимавам, секогаш користам контрацепција и нема шанси такво нешто на мене да ми се случи, непланирана бременост им се случува само на оние кои не внимаваат , односни на бесни полуписмени тинејџерки и радодајки кои се плескаат со секого“. Реалност е дека 100 % заштита не постои но полесно е да се верува дека абортусот им се случува само на оние кои не се пазат.
Да ги тргнеме на страна финансиите што се едни од битните фактори да зборуваме реално,бидејќи сите знаеме дека со ниските плати не можеме да ги покриме памперсите,млекото,а далеку од тоа и сите други домашни трошоци.Покрај тоа треба психичка и физичка подготвеност за да се порасни тоа дете.Јас нај искрено не бев подготвена за уште едно детенце,не дека не сакам ама тогаш не беше идеално време.Покрај мојата психичка и физичка не подготвеност(бидејќи јас сум таков човек што сакам 24/7 да го поминам времето со детето)тука беа и мастер студиите во кои вложив доста труд и не сакав да ги оставам.Знам дека тоа не е некое оправдување и можда звучи себично,ама ете тоа беше мојата замисла.
Ете сега трето дете,најнапред честитки и со лесно да ти е,секоја чест за храброста.Но после тоа што ако се случи да останеш пак не планирано бремена и така по ред за 4то па можеби 5то итн.Ќе си раѓаш секоја година?!
Знам, и јас размислував за тоа кога дојде на ред да се вклучам со мислењата во оваа тема, но од свои 16 години сме со мм заедно и знаеме да внимаваме, а од секогаш сме имале желба за повеќе дечиња , минимум две, максимум четири ( ако третото се погоди близнаци ) , така да понатаму би имале многу алтернативи за заштита ( таблети, спирала, апстинирање во плодни денови...) . Јас сум човек поддржувач на девизата никогаш не вели никогаш, па затоа ни сега нема да речам, но во денешно време има многу методи да си внимателен.
И јас и мм внимаваме,сигурно не отидовме на тоа "еее ако останам бремена има решение ќе си абортирам",.На секој може да му се случи непланирана бременост и покрај потребното внимание,инаку убаво си кажа никогаш не вели никогаш.
Да,баш и за нив зборувам како што напишав претходно и јас сум сведок што можат да им пружат на своите деца.И јас мислев како тебе додека не видов со свои очи.Кога ќе видиш тогаш ќе разбереш некои работи,а до тогаш нема да можеш. Зборував лично за себе само за информација,а не за други девојки и нивните врски.Не се мешам во ничиј живот и немам таква намера никогаш. Не велам за вас дека не знаете дека треба да внимавате,туку за оние кои што баш и не знаат.Прочитај само една страна од форумот и види колку само неинформираност има кај младата популација. Колку многу има леле бремена сум и сега што ќе правам? Епа баш за тие зборувам ама за жал не ме разбираш.
Многу офф топик ќе бидам, ама Да, се согласувам и јас со тебе, и ссмо да се надоврзам, нели има цела тема "дали сум бремена" и прашањата се од типот "дали сум, ми сврши на грб/стомак/уста....." а таму добиваат коментари од типот "бре глупачи неписмени... за да се завремени треба во тебе да сврши" Па сега кога не планираш бременост МОЖЕ да се пазиш со примена на таков метод, па знае машкото кога му е време , вади го надвор и како и после нема да имаме дискусии ни од типот можно е да сум трудна,не пак за абортус. И многуте коментари од типот некои неможат ни да забременат а други си ги "убиваат" зачетоците на потенцијалот да се создаде бебе незнам зошто толку грешно ги сфаќате, ако рационално размислиме и некои не можат од икс причини да го задржат зачнатото може да го дадат на посвојување, така некои желни ќе станат родители и некој живот нема да биде без шанса да си изживее. За тоа се цели кампањи по светот против абортусот
Јас како што лично напишав а и прочитав никаде немаше сведоштво за абортус на блиска пријателка туку напишав дека со години имам редовни односи без користење на контрацептивни средства па не се случило да останам непланирано бремена. И не е тоа среќа туку внимавање
Добро де, ќе напишеш ли уште 10 постови за тоа како планираш ти многу??! И од кај се најде да ми реплицираш на постот, кога ниту си цитирана, ниту си спомната? Реков некои членки, штом не си ти тогаш кај е проблемот? Ама си најде прилика уз пат да испаметуваш уште еднаш не за друго.
Па јас бев една од тие НЕКОИ ЧЛЕНКИ што го пишав тоа затоа и ти реплицирав И не паметувам јас овде туку кажувам свое искуство што е многу просто и логично и баш ми е чудно како пазат а сепак остануваат бремени - значи не пазат доволно
Па сеа рече ти не си пишала (зборувам за муабетот како жените во долги врски имаат редовен секс и толку години внимаваат , па не забременуваат - а не ТИ конкретно). Кој се разбрал со луѓе, оф мори мајко.
Ај прочитај што точно пишав! Пишав Јас како што лично напишав а и прочитав никаде немаше сведоштво за абортус на блиска пријателка туку напишав дека со години имам редовни односи без користење на контрацептивни средства па не се случило да останам непланирано бремена. И не е тоа среќа туку внимавање. И да не се однесуваше конкретно на мене сепак јас сум таа што го пиша истово да не се повторуваме и затоа нормално дека ќе реплицирам. Ја побиваш мојата теорија
@ilipili не те цитирам со лоша намера, сакав да и предочам на дотичнава погоре оти морав, колку и да избегнував да цитирам, не разбира ВНИМАТЕЛНАВА ПЛАНИРАЧКА. Сега Мерида ќе заспиеш ли мирно??? Не знам зошто би искоментирала нешто на темава, како на пример за она што ти се закачи, а да не сум поттикната од некој друг коментар... И пак ќе кажам - за мене не е лоша жена/мајка онаа која што абортирала во животот од Х-само нејзе познати причини, за мене е лоша онаа која ги израгала по ред кое како се фатило и после цел живот тие нека си ја чукаат главата од неа и по неа. Мојот про абортус став мене не ме прави помалку човек од другите кои го имаат спротивниот став, можеби јас сакам многу повеќе деца од истите тие. Овој мој став е реалност ,а реалноста за жал не е воопшто бајковита.
Во ред е не епроблем за тоа и е дискусијата.да се разменат различни ставови и мислења.Не можеме да сме сите со исто мислење како што не сме со исти прсти на раце и на нозе. Значи да редуцираме има некои кои што се за,а некои против абортус. Јас сум против,но не осудувам никого ако мисли поинаку или ако се одлучил на тој чекор.
Emy јас ќе спијам мирно али во секој случај очигледно не разбираш. Ти можеби беше поттикната од друг пост ама во истото се препознав и јас и ти реплицирав. А ти викаш за нас ВНИМАТЕЛНИВЕ ПЛАНИРАЧКИ од кај сме сигурни дека некоја не останала бремена и не абортирала?! Па затоа ти напоменав дека пишав лично за мене а не за некоја друга. И патем и јас немам ништо против абортусот само ако е од оправдани причини нормално под тоа разбирам медицински причини и ситуации кога абортусот е неминовен пример силувања и сл. да не се набројуваме и повторуваме, а причината рано ми е за мајка па ај да абортирам за мене е несватлива заради тоа што за да не дојде до тоа има безброј начини и средства. А и на жалост имав спонтан абортус и ја знам процедурата (а и пред тоа ја знаев бидејќи имам гледано на пракса) затоа пак ќе речам - верувај подобро е за се заштитиш отколку да абортираш. И пак ќе речам ако некој не планира бременост - нема да забремени! Ако некој не планира ама не се заштитува и контролира - големи се шансите. Има разлика И без увреди ти се молам
@ilipili , доколку на детето ништо не му недостига (како што разбрав од приказната), се грижат премногу за него, добива се` што му е потребно, целосно се внесуваат во негово воспитување, можеби се решиле на абортус токму поради тоа што мислат дека со уште едно дете нема да можат да им го овозможат истото како што му го овозможуваат сега на едното. Има луѓе коишто се со такви сфаќања, особено ми е логично кај луѓе коишто како што се во твојов пример сакаат да одат до перфекција и сега сета таа посветеност, внимание, вложување треба да се подели на 2+ дела. Факт е дека можеби е ирационален страв, но кога стравот е рационален и продуктивен, кога ќе размислиш... Не ги оправдувам само се обидувам да ги најдам мотивите. Според мене, сепак и тоа е подобро, да се познаваат доволно себеси да знаат дека нема да им успее одошто да му префрлаат имплицитно или експлицитно цел живот за тоа. Лично за себе не би сакала да дојдам во ситуација во којашто абортусот би бил БАШ единствено решение, но никогаш не би осудила некоја жена за таков чекор. Не сме сите исти и не сите прилики влијаат исто на нашата моќ за функционирање на разни нивоа во животов. Инаку те означив ради тоа што таа приказна за родителите што ја коментирав беше од тебе пишана, да не ме сфатиш дека се контрам или ти наметнувам став.
Нема потреба да ми објаснуваш зошто си ме означила, те разбрав целосно што сакаш да кажеш не се секирај .Мислењето дека нема да можат да му обрнат внимание на детето како на претходното или дека нема да имаат доволно средства некако за мене зборувам не ми е баш причина за абортус. Реално сите се плашиме од нешто,секој си има свои стравови во животот,некои ги пребродуваат ,а некои цел живот и покрај тоа колку и да се обидуваат не успеваат во тоа. Ете јас сега пример се плашам дека можи да го изгубам ова дете што го носам во себе и се правам за да не мислам на тоа и да не биде така ,но некои работи не зависат од нас за жал,а некои зависат па зошто ако е така да не ги спречиме.Можеби и заради тоа некои се решаваат на абортус ,а некои не. Како и да е која и да е причината за тој чекор никој не може да знае.Секој си одговара за своите постапки нели.
Еве не знам во каков свет живеете вие, може каде што летаат еднорози и пувкаат виножита ама во реалниот живот каде што живеам јас со три деца 2000-3000 илјади се трошаат само на пелени за двете помали деца. Еве нека не трошаат ни една третина од тоа што јас трошам за децата ама испод 15.000 се малку само за основните трошоци за три деца, каде е облеката, играчките, нема значи теоретски шанси 5 члено семејство да преживее со 3000 илјади па уште и ништо да не им фали на децата, јас искрено толку трошам неделно само на едукативни играчки за децата. И не е точно каде две таму и три, тоа е толку не точно, секое дете си сака внимание, љубов а тоа се постигнува ако не се грижиш од каде ќе дојде нивниот нареден оброк, од каде да им ги замениш чевличињата кои се скинати итн. Имам пишувано сум за абортусот, уствари мое мислење е дека секоја жена има право да одлучува за своето тело, не и треба дозвола од државата или уште помалку од црквата, секоја си одлучува за своето тело. Да не се повторувам по стоти пат ама многу ме нервира споредбите со тие што немаат деца, што треба да прават тие што абортираат, да ги родат и да им ги дадат на тие што немаат деца? Или уште полошо да ги остават во дом, мене лично ми е поголем грев да го оставиш бебето во дом отколку да го абортираш. За контрацепцијата или внимавањето, јас немав ни добиено после второто породување па останав бремена, освен кондоми или апстиненција додека дојам ништо друго не можевме да користаме па со сето внимание сум останала бремена, тоа ме прави глупава, неука, неписмена? Пишував и дека сакав и да абортирам, ради здраствени причини, да не ги оставам двете деца без мајка сакајќи да не бидам убиецете ја родив малава ама и глава не кренав од здраствени проблеми, малку фалеше да си ги оставам сите три деца без мајка, тоа не е поголем грев од абортусот? QUOTE="Pcelka94, post: 2472863, member: 103082"]Значи кај мене во село кога сум се родила ни памперс немало па значи мајками требала да ме абортира на нејзини 15 години ???? Инаку сме три сестри и еден брат сега , за здрав и прав човек и бебе АБОРТУСОТ НЕ Е РЕШЕНИЕ а за иднината никој не е видовит за да знае што носи .[/QUOTE][ Сакаш да кажеш дека за мене што сум 14 години постара од тебе имало памперс а за тебе немало? Кажи си дека немала мајка ти пари на 15 години да купи памперс а не дека немало памперс. А по тоа што го пишуваш по темите за родителите не би се гордеала со нивниот успех дека ете имаат 4 деца, подобро 1-2 ама барем добро изгледано него еден куп и без било каква љубов, внимание и можност да го исправиш на правилен пат. За мене не си мајка само со раѓањето на детето, тоа е најлесниот дел, успехот на родителите се гледа во крајниот производ, каков човек си направила од тоа дете.
[ Сакаш да кажеш дека за мене што сум 14 години постара од тебе имало памперс а за тебе немало? Кажи си дека немала мајка ти пари на 15 години да купи памперс а не дека немало памперс. А по тоа што го пишуваш по темите за родителите не би се гордеала со нивниот успех дека ете имаат 4 деца, подобро 1-2 ама барем добро изгледано него еден куп и без било каква љубов, внимание и можност да го исправиш на правилен пат. За мене не си мајка само со раѓањето на детето, тоа е најлесниот дел, успехот на родителите се гледа во крајниот производ, каков човек си направила од тоа дете.[/QUOTE] Во ред Битер ама не мораш толку па жустро да одиш за мое мислење релакс малку .Јас го кажав тоа што го мислам и мојот став. Јас кажувам за случаеви каде што лично сум била сведок,ете да кажам дома сум била кај тие луѓе ,а не летам во некој друг свет туку зборувам за реалност која што сум ја видела.И кажав еднаш дека ако има здраствена причина како твојот пример сум за абортус. И јас зборувам во мое име дека пак ќе се повторам по не знам кој пат ме тангира ова дека сум во таква ситуација кога секој момент значи можам да го изгубам плодот што го носам во себе,па извини ама не можам да разберам на некого такав постапка ,но пак ќе кажам дека секој одговара за себе. Никого немав намера да направам малоумен,неук или неписмен ни на крај памет туку поентата ми беше дека девојки значи,а не веќе омажени и формирани жени како тебе значи не може да не знаат како останале бремени. Мило ми е што на крај сепак се излегло во ред и со тебе пред се,а и со малата и дај боже да немаш никакви проблеми.
Ете јас не се согласувам со следново:подобро да абортираш, отколку да го дадеш во дом... Подобро да му дадеш живот или да му го одземеш Мене тоа ми е исто Учев со две домки, беа одлични ученички, многу добро воспитани, завршија факултет, се вработија, се омажија и си родиа дечиња