Мажот и жената живеат во крајно бедни услови. Воцрковени личности со две дечиња, но крајно сиромашни. Жената останува бремена за трето, па се одлучуваат абортус. Воедно одат и до кај нивниот отец каде се исповедаат за да добијат благослов, но тој не им дава. Се враќаат дома и размислуваат што да прават. Во потполност го сфаќаат својот грев, но само заради тоа бебе да не живее во толку бедни услови сакаат да го абортираат. Откако убаво размислиле и сфатиле што би сториле, се одлучуваат сепак на спротивното и да не го абортираат. Во истиот миг се случува вистинско чудо. Ѕвони телефонот и на сопругот му кажуваат дека од обичен работник му е дадено унапредување на повисоко работно место и му е доделено да биде раководител. Поминува доста време, се раѓа бебенцето... а сите нешта по дома се толку прецизно подредени што ете Бог им дарувал финансии за да го подигнат своето семејство. Но постоел уште еден факт кој бил уште почуден. Родителите еднаш седнале да ги средат сметките. Правеле попис на тоа колку финансии имаат месечно, колку им се потребни за живот. На крај додаѓаат до едно шокантно откритие, а тоа е дека во нивниот дом се случува чудо. Поточно месечните сметки излегувале далеку поголеми од месечните примања, а тие сепак финансии имаат за живот. Можеби некој веднаш ќе си рече во себе, па тој човек сигурно нечесно работи. Но не е така. Тука најголем удел има нивната силна вера во Бог. Знам дека се косам со ставовите на мнозинството и скоро сите се за абортус. Веројатно ќе бидам нападната, исмеана, искритикувана, но сепак ќе го кажам својот став. Сепак моето скромно мислење е дека знае Бог зошто го дарил тој живот. Вистина е тешко да се гледа тој животен призор на сиромаштија и беда, но слава на Бог не е секогаш така црно. Иако се’ имаме во животот, секој барем еднаш во животот вкусил дно. Сигурно и се немало да се јаде, но тоа бил некој краток период. Она што го сфаќам сега во овие години е дека тоа всушност ни е и едно училиште во животот. Едно бесплатно училиште за да можеме да ги вреднуваме нештата што ги имаме околу себе. Сфаќам дека секој сака да му овозможи на чедото убав и добар живот, но понекогаш и тоа станува еден вид на родителска грешка. Зашто знае понекогаш и родителот да потфрли со таа своја љубов. И наместо да се научи детето на скромност, честопати родителите ги учат на сосем спротивното. Започнувам од носењето на брендирана облека... а се тоа сосем спротивно се рефлектира во невината и детска душа. Детето се учи на убавото, а кога еден ден ќе дојде она дно и она животно училиште, затоа и сите паѓаат во депресија и не знаат како да си помогнат на крај. Можеби грешам, не знам, но сега кога станав мајка, малку поинаку ги согледувам ситуациите. Слава на Бог во животот сум научила што значи да немаш и за леб, па макар и да имам и понатаму, детето сигурно нема да го научам на луксуз, туку на сосем спротивното. Ако треба ќе помагаме на други дечиња без финасии, но во никој случај и да ми „се обеси“ на трепки, нема да му дозволам да носи оргинал патики, па макар и му се смееле на училиште, бидејќи носел поскромни. Знам можеби сум „сурова“ во поглед на ова прашање, но со сигурност ќе градам „човек“ во тоа детенце. Знам дека заминав многу далку од оваа тема, но сами проценете што сакав да кажам. Не е секогаш приоритет телесното и материјалното. Знам ќе ми речете не знаеш, верувајте многу добро знам и поради тоа знам денес да ги вреднувам ситниците во животот. Но знам дека со буквало ова што предалку го наведов, родителот несвесно му нанесува зло на детенцето. Па оттука и произлегува ставот на многумина, подобро да го немам тоа дете и да не гледа сиромаштија, отколку да немам да му дадам. Особено сум премногу тажна, а воедно и револтирана поради фактот на подинци, буквално деца во прашање. Се одлучуваат на интимни односи, а не знаат каде тие односи водат на крај. Не пораснале ни самите себе да се осознаат, а ми водат љубов. Тажно! И тука повторно и повторно ќе ги споменам родителите. Тие можеби многу потфрлиле во тоа воспитание на детето. Пример... Дете на 14 години кое го запознавме во едно село. Момче кое паси крави, а наликува на дете од 5 години. Срам му беше да не погледне во очи, скромно, скромно во поглед на облека, скромно во зборување. А паралела правам со момче од 14 години во една урбана средина... е тоа ви се разлика светлосни години. Повторно некој ќе рече тоа не е за кажување, зашто тоа дете живее примитивно и ништо не знае од светот. Напротив. Од тоа дете ќе биде нешто во животот. Зашто уште малечко научило каде „се раѓа“ лебот и колку е тешко тоа. Додека другото, на кое се’ му е дадено во раце, ете тоа не ќе може некогаш во животот да си го пронајде патот ни до себе, ни надвор од себе. И нешто што би додала на самиот крај. Можеби медицината е или понекогаш се коси и со своите ставови, но тоа „топче“ од две недели, од 12 недели или 32 недели е буквално човек. Зашто досега не сум слушнала за пример кој го кажува фактот дека тоа „топче“ се трансфорирало во нешто друго, освен во бебе. Затоа и сум од таа страна каде можеби грубо би звучело, но сепак за мене е тоа убиство на еден живот. Во некој ако постои и макар едно зрнце вера во Бог, нека се помоли. Зашто Бог сигурна сум дека ќе и даде на таа душа многу повеќе од она што и сама очекувала. И ќе го подигне тоа дете или деца и многу нешта би се подредиле на свое место. Ова е мојот став кон ова прашање, но не значи дека би бил и сечии. Секој си знае за себе и што му е најдобро да прави во животот.
Еве јас знам дека мајка ми сакала да ме абортира и дека дури стигнала и до стол за интервенција ама се премислила. А сепак го подржувам правото на жената за абортус. Ќе речете неедуцирана била забременила, а впрочем мајка ми е лекар и вториот пораѓај и бил тежок и оставил здравствени последици и и рекле дека бремена повторно не може да остане а и не треба. Ама за чудо по 5 години останала бремена со мене, и јас тврдам дека можеш да се заштитиш ама па и не знаеш животот што носи. И, да сакала да ме абортира оти се плашела за двете деца што веќе ги има, оти било ризично по нејзиниот живот уште една бременост. За моја среќа се предомислила и јас ја знам целата приказна. Дали ја осудувам? Не напротив кога ќе погледам во нејзините очи гледам многу храбра жена, што просто се чудам дали некогаш ќе можам да ја достигнам големината на нејзиното срце. Секакви ситуации има во животот и одлуката на една жена да абортира сигурно не е лесна и вашите попувања и клетви се тотално непотребни.
@joy1 Нема потреба од такви иронични коментари. Каде сум живеела јас? Јас не сум падната ниту од Марс ниту сум глупа, тоа е моето мислење и верување, па ако не ти се допаѓа не омаловажувај. Се согласувам со Серафима. И можам целосно да ја разберам што сакаше да каже. Бебиња не се криви за пропаднат свет. Криви се возрасни, они го прават. Крив е секој кој ги затвора очите на неправдата, на насилен комшија кој требаше можеби на време да го пријави насилникот, крив е системот, неажурни социјални служби, криви се оние што ги затворат очите на сиромаштија и не им пружат леб и облека на оние што немаат, а можат. Светот на возрасните. Светот никогаш нема да е совршен, никој никогаш нема се да има, некој има повеќе, некој помалку. Светот би бил подобар кога оној што има би помагал оној што нема. Никој не може цел свет да спаси, ама секој оној прв до себе да погледне без себични мотиви и да не го атвара срцето за потреба. И не, ова не е идеализирање, ова би требало да е секојдневие на повеќемина. Всушност идеализирање е таа идеја да преку абортус може да спасиш еден живот од беда?!? Каков апсурд! Какви и да се околности, живот е донесен на светот и јас не сум таа која ќе се осмели да кажам дека тоа не постои и не би требало да постои. На крај, решението не е да го абортираш бебе, (да не речам убиеш/умртвиш, бидејќи повеќето сте алергични на тој збор, а не дека тоа не е вистина. Ако нешто заживи со тенденција да расте и да развива тоа е веќе живот. Ако се прекине тој процес значи нешто се умртвува, нели?) Решение не е во тоа, бебињата не се криви, ако може нешто да им се даде е право на живот, каков и да им биде, а тие сами да оддлучат понатаму дали ќе им биде среќен или не. Колку знам случаеви за кои некој ќе речеше подобро мајка да го абортираше па испадна обратно, се избори за живот. Знам случај каде девојчето беше со години злоставувано, силувано, малтретирано од својот роден отец па сега е успешна жена, мајка и мотивационен говорник. На крај краиштата, можеби навистина постои рај и пеколот, па тие ќе проведат вечност во рај, што знаеш. Што е еден живот на земјата во беда, наспрам вечност во Рајот во изобилие? Штом Бог го дадел, има причина. Ете јас избирам да верувам дека постои, верувам во Бог и Неговата правда, ако не тука, тогаш на оној свет. Како верник највероватно и затоа понаку гледам на работите. И уште да додадам, се прашував себеси... Кога видам наслови на веб страни: дете со даунов синдром натпросечно интелигентно, исто беше неодамна една статија на фемина : жена со даунов синдром модел и други слични статии. Толку ми е лицемерно и чудно што обично такви приказни имаат најголем број на лајкови, а отидете во тема за бременост или воопшто муабет за бременоста... прво и основно е да се абортира такво дете, почнувајќи од доктор, па и пациенти... не се сеќавам скоро да некој кажал дека не го занима резултатот и дека ќе го роди без оглед на се. Ама секој ќе покаже симпатија кон такви случаеви, ама чувај Боже далеку од мене. Нели тоа многу зборува за светот на возрасните, тие што всушност се криви на светот и што го направија таков каков што е, а не бебиња? Не, не се возрасни загрижени навистина за децата што се голи и боси и што немаат храна, загрижени се само на збор. Не верувам во "големи хуманисти" кои попрво ќе речат подобро да не се роди, отколку да гледат и превземат нешто позитивно, оптимистички. Тоа не е загриженост, ниту емпатија, сочуство, а најмалку љубов. Тоа е себичност, сакаме да го расчистиме видикот наш од зло, од лоши нешта, да не ни пречат, да не го нарушуваат нашето спокојство и мир, ние тоа не можеме да гледаме забога. Ни смета секој пат да го тргаме погледот на страна и да велиме: Боже ти си крив, а да ги затвараме наши срца. Ни пречат на нашата слика за идеален живот. Да, баш така мислам. Абортус го решава ли бебето од идна беда или всушност го спасува оној кој се на абортус решава и го поддржува? И така... тоа е моето видување на темава, секој има право да не се согласува со мене, тоа нема да го промени мојот став или да ја разниша мојата вера. Во животот доживеав толку многу мали и големи чуда, така да мојот избор е секогаш ЗА живот.
^ Како едно бебе може да одлучи дали ке биде срекно или не? Тој дел не ти го разбирам А да,бидејки го спомна даун синдром. Ти беше скоро трудна мислам нели? Зошто правеше приска и ти и сите други?Што ке ви сменеше ако дознаевте дека нешто недај боже не е во ред?И онака сте против абортус тогаш не одете по испитувања.
^ Понатаму во животот... Како ти можеш да оддлучиш и предвизиш кое бебе/дете ќе се избори за свој живот понатаму а кое ќе остане на улица, е тоа јас на пример не ти го разбирам? Знаеш ли колку служби и организации има, кои лично имам видено, работено со нив, кои ги склањат децата од улица, им нудат школување, само да не се вратат повторно на улица. И тоа во земји што се сметат за сиромашни сепак, земји на нашето ниво на држава. И замисли покрај се, има деца која своеволно избират да останат на улица за жал. Има и оние што ја зграбчат можноста и си го оправаат животот.
Колку убаво кажано, потполно го делам мислењето и верувањеро со тебе! И по незнам кој пат ќе додадам ЗОШТО го споредувам моето неприфаќање на абортус со фактот дека некои со години не можат да зачнат, можат да фо дадат на посвојување ида му дадат шанса за живот!
Господ ни дал слободна воља,сами да одлучуваме...така да само ЈАС имам право И НИКОЈ ДРУГ да одлушам дали ке го абортирам или родам детето. Многу лошо а и нема врска што абортусот го нарекувате УБИСТВО, па деца мои, порано нашите мајки абортирале по десетина пати,никогашивва не рекле дека убиле тују викале дека одат на чистење. убаво би било кога благовремено би се знаело дали бебето е здраво и нормално за да се роди и да има некој закон во случај ако бебето не е нормално или има некои аномалии да се стопира негово понатамошно развивање. Само родители со хендикепирани деца знаат што е мака,дека не е тоа живот туку пекол. Имам родено две деца и направено три абортуси или три чистења на матката...не се чувствувам како убиец, далеку е тоа мнооогу, но несакав повеке деца.Жените се осакатени на жалост што нема 1оо% заштита за безбедно уживање во сексот.....останав бремена поред спирала, пукнат презерватив и од предсемена течност.Замислете да ги родев 5 а несакам да бидам мајка на пет деца...и сега некој како тебе ке ме присилува и осудува!!!????
Сум ЗА да се има право на абортус, но ако некогаш дојде ред да останам бремена а да се мислам за абортус од не знам кои причини, ќе имам чувство дека убивам живот. Знам за малиот дека уште кога дознав дека сум бремена го чувствував како личност, како дел од нас, не како минијатурна небитна точка. Прашајте ги оние кои имале спонтан дали им е сеедно затоа што била не знам која недела па органите не биле уште развиени, и затоа пу пу не се важи, не е човек. И сами ја гледаме болката нивна низ темиве. Во каков материјален свет живееме се приметува и низ вакви теми. Нормално дека сите сакаме подобро, но јас лично би абортирала ако немам подршка од сопругот а сум сама морално и душевно пропадната па не би сакала дете да гледам а да не сум способна ниту една насмевка да му дадам. Памперси не ме секираат, приватни болници исто, марки, телефони ич. И јас сум без памперс, и без тетрис, и без пони точак, и без екскурзии порасната, па види шо човек излезе од мене Имало тешки периоди, имало фрустрации, ама живот е, секако иде. Подобро ќе си признаам дека не сакам заради личен комфор или немање нерви за друго дете, повеќе почитувам, отколку дека ќе немам нови телефони да му купувам. И не ми е јасно како толку често на несакајќи се останува трудна? Повеќе од деценија имам незаштитен однос и не сум останала трудна. Кога одлучивме дека сакаме дете се случи брзо, значи не е до неплодност. Не само јас туку и многу блиски пријателки знам дека кондом и контрацептивни таблети одамна заборавиле, и си пазат со сопрузите па не се останува така лесно. Да останам "случајно" трудна од човек во кој треба да имам доверба, ќе ми биде јасно со кој си имам работа.
Kako bre tebe sve ova ti se slucila so puknat prez.. so spirala pa duri i od predsemenata t.. pouuuuuu
Како бе луѓе во првите месеци не се рачунаат, не биле живи, или не знам што. Во 6та недела срце му чука, вие кажувате дека не се важи ако е во првите 3 месеци абортирано Не било демек уште живо! Правете си како што е воља, бидете ЗА абортус, ама да кажете дека кога е ембрион, пу пу не се важи, нема логика.... и тоа е само оправдување за да не се осеќате виновно. Тој 'САМО ембрион' има срце кое чука.
Бидејќи постот ти е едитиран не го видов прашањето порано, па сега да ти одговорам. Јас не правев приска иако докторка ми кажаа дека не е задолжителен ама го препорачува. Не сакав. И да покажеше ризик со оваа памет не би го абортирала. Не дека сум сакала да имам дете со специјални потреби, ама да беше, убедена сум дека ќе сум го сакала. Се време за мојата бременост се молев бебето да биде здраво, да има сите органи, се да функционира совршено. Мојот дел го завршив надевајќи се дека ќе биде така, а останатото беше на Бог. И мојата молитва не заврши тука. Секој ден се молам да ги чува Бог здрави и понатаму, оти не знам живот што ни носи.
Мислам дека премногу се измешаа финансиите во темава, неможе сите да бидат богати нити да живеат луксузен живот, тоа не значи дека не треба да имаат деца. Значи вие мене на бесилка би ме ставиле што немам да му овозможам луксуз на моево бебе? Секој си ја пушта ногата колку што му е чергата, може нема да имам да му терам луксузи и марки да му купувам ама и да имам не би купила, за да знае да цени и да не ги дели луѓето според богатството! Одма им давате етикета на тие деца дека ќе биле несреќни... Да бидеме реални парите не ја градат среќата, има многу несреќни деца во богати фамилии. Ниту сум растела во богата фамилија, ниту сметам дека некогаш во животот ќе го имам тој луксуз, сум била во ситуација и да немам пари за леб, ама некој ме исчувал од 2кг месо, направил човек од мене, стабилен човек што знае да ги цени вистинските вредности во животот и да се бори за себе и за своите деца во иднина. Не ве разбирам, според вас ако сега имате за луксуз и сте спремни да родите 5 деца, што ако утре останете без скршен денар? Тоа многу често се дешава, животот е падни - стани, ништо не е постојано. Тогаш ќе ги фрлите на улица? Многу ме нервираат вакви споредби! Потполно се согласувам со @Serafima со секој збор што го кажа! Кога веруваш во бога, и се трудиш искрено од срце, нештата сами си доаѓаат на место, ни ти незнаеш од каде, ама ете си доаѓаат!
Па ако земеме сексање 30 год X 300 дена =9000 односи (ова се просечни земени мерки)....Епа душо од 9000 односи трипати да останеш несакано бремена не е за чудење,дури и браво треба да ми кажете,сум имала среќа пак
Ти се зафркаваш изгледа. Ако остануваа сите жени бремени така, кај ни е крајот. Дури супер била она, САМО три абортуси во текот на животот, ништо повеќе. Еве браво од мене. Разбирам еднаш да се згреши, ама три пати, мене лично би ми било многу сомнително.
Јас уште сакам да додадам дека јас сум за живот, лично јас. И би сакала сите така да мислат, ама во реалноста, знам дека нема, за жал. Сепак не сум една од активистките кои сакаат само да го воведат закон против абортус. Зошто? Затоа што знам дека не можеш никого никогаш на ништо да присилиш. Барем не сите. Не сум за абортус, ама не сум ни да некој наметнува нешто како закон. Ако некоја сака да абортира, и ако законот тоа не го дозволува, ќе најде начин, тогаш некој илегален, и така само ќе можат да бидат тогаш две жртви, и бебе и мајка, ако абортусот се извршил во несоодветни услови пример или на некој неадекватен начин. Јас сум за советување, советување и советување, охрабрување и помош, ама не да некого заробам со мојата волја против неговата. И понатаму за жените коишто сепак извршиле абортус, бидејќи секогаш ќе ги има, пак за советување, советување и советување, а не за линч, бидејќи факт е дека тоа остава трага на една жена, најмногу во духовна смисла за која таа самата не е свесна дека ќе доживее додека не го направи истото.
Аман бе дете, јас искрено ти кажувам а ти пак не веруваш, па во мое време многу лесно се остануваше бремена, незнам што е сега со вас младите,сите сте неплодни,неможете да ги доносите, па идете на тоа вештачко оплодување.... Научи се да разликуваш искрен одговор од зафрканција!!
Ааааа, тоа бил проблемот, ние сите сме неплодни, па така кажи де, да се разјаснат работиве. Ти си многу плодна па затоа три абортуси. Добро, јасно ми е сега. А со овие што имаат деца, а не забремениле потоа? Ете тие се плодни, веќе имаат деца.
Добро сфативме дека си многу плодна баба! Ама не мораше да се ситиш на туѓа мака! СРАМОТА! И јас останав природно па не им се качувам на глава на тие што се мачат со години за дете...