@baba Rada многу ниско и без чувство напишано, никој не одбрал по своја вина да нема или да се мачи со години за дете па и оделе на вештачко како избор да е тоа. Се согласувам дека не можиш 100% да се заштитиш посебно жените што лесно остануваат бремени ама тоа нема врска со ова што си го напишала. Јас почитувам сечие мислење и многу јасно дека ќе има поделени размислувања на темава ама ова е претерано.
Ете глупачана што му родила дете на психото можела да предвиди дека тоа дете покрај таков маж /татко нема да расте добро.А зошто можела? Бидејки со него има уште две деца врз кои со години се изживувал,ги полевал со врела вода,тепал,гаснел цигари од нивното тело. И она свесно останува трудна од него и свесно рага пак од него и детето е сега мртво. На 16 месечно бебе му е згемечена главата од врата. Вчера кога читав се изреволтирав мн.Моето 12 месечно бебе сега лежи до мене и не бре неможам да замислам некој да му нанесе толкава болка.Која шанса ја имало тоа бебе за понатака?? Со пореметени родители.. И не е прв и последен случај И дај биди искрена. Да твоја керка ја силуват ти ке ја напнеш по секоја цена да роди дете од злосторникот?? Јас не го подржувам абортусот како контрацепција .Го подржувам како опција.Ако строго се забрани со закон знаеш ли какви се последици може да се случат? Едно дете не е должно да пати.Не заслужува некој да го роди и да го тепа,гуши,да го остава намерно да гладува. 100 пати сме кажале дека не е секој за родител. Глупаво е што на 21 век има мн неедуцирани млади.Но неможеш секому поединечно да му попуваш над глава. Наречете ме и неверник и иронична.Ама јас да можам да бирам измегу воопшто да не се родам и да се родам и некој да се изживува над мојата невина душа тогаш го битам првото. Ако не ви е жал и грев за сиротите тепани бебиња тогаш забранете го со закон и нека рага секоја пореметена будала.
и Ке Ве молам да не изнаоѓате и погрешно разбирате и интерпретирате или извртувате мои реченици.....ниту се ситам ниту сум имала во животот мој некогаш такви мисли.......мојата загриженост за случувањата со денешните млади не ја користи во негативна конотација.
Остајте ја Баба Рада. Таа е The Ultimate Sex, Baby and Abortion Machine Другиве, греови, ни секс имаат, ни плодни се.... а сепак абортуси прават Аналогијава малце чудна... нема везе, каша попара темава!!! Се мешаат теми како силувања и наркомани со оние што не сакаат бебе оти не ќе можеле таблет да му купат на 3 и пол години.
Ај за тинејџери неедуцирани или за такви случаи како силувања... ама за возрасни луге во стабилен брак со достигнати цели на поле две планирани деца па постои вазектомија и подврзување на јајниците.
Каква врска има дали станува збор за силување,дете на наркоман или некој што сака да обезбеди добри услови?? Темата е абортус и може да се опфатат сите категории.
Јас зборот ГЛУПАВА не го употребив никаде. Кој е со мувата на капата, тука веќе не се мешам И што туку се расправате на секоја тема. Ако јас мислам дека поимот абортус кај бебе настанато како резултат на силување и кај бебе настанато од љубов кај брачни другари е РАЗЛИЧНО, тогаш тоа е мое мислење, и нема потреба да се палиш одма и да ме цитираш. Ако сакате абортирајте 100 пати, а ние ќе ви аплаудираме од страна на вашата прекрасна хуманост и вашиот отворен ум, вашате пожртвуваност и добрина што спасивте човечки живот од тоа што нема да има АДИДАС патики кога ќе оди прво одделение. На крајот кој сака што сака ќе си прави... ниту јас ќе направам светот да е против абортус, па ниту вие ќе направите да сметаме дека абортусот е прекрасен хуман чин!
Ах, значи ги вмешавме и нашите деца, ама нели хипотетичко прашање. Туку, за другите наведени случаеви не коментирам бидејќи веќе си се искажав, другото ми личи на драматизирање, поентата ми можеше да се извлече. Во светот постои зло и секогаш ќе постои, за совршенството ќе почекам да умрам А за ќерката.... види искушувачко и провоцирачко ти е прашањето, ама мислам да знам што би ја советувала тогаш. Ама понизно ќе се помолам на Господ да ме никогаш не стави на таков тест за мојата вера. Fair enough? Да те прашам јас, толку многу ли си загрижена за детето што го гледаш на мостот да проси, до толку што секој пат му помагаш и толку ти е мака за него што си размислувала како да го згрижиш и да му помогнеш и дури си превземала некои чекори?Ако си, секоја чест. Или секогаш постои, "ама јас сакав, АМА"... Нели секогаш постои тоа "АМА".. Ако не си, тогаш не ти е доволно грижа и само сме хуманисти на збор. Не мора да ми одговориш, не ме ни интересира одговорот, тоа е лична работа помеѓу тебе и Бог, само ете го како прашање за размислување. Јас сум про-лајф и не знам зошто толку тоа може да смета? Ќе ги изнајдете милион прашања и потпрашања за некој да се сатера во ќош и да му се побие теоријата само затоа што не сака абортуси и смета дека секогаш има решение? Големи доброчинители ли се оние што се за абортус затоа што забога не можат да гледат како се наводно мачат некои деца: Со абортусите злото и мачени деца нема да се намалат тоа сигурно, само совеста може и рацете со крв... ако посматраме од друга перспектива. На крај, јас не сум таа што треба ниту некого да оправда ниту да осуди, тоа не е мојата работа, така да нема потреба од одење во крајности со аргументирање.
Ако несакаш да ти одговарам зошто поставуваш прашање? Ако за тебе смрта на едно бебе не е доволна драма тогаш алал да ти е.
Зошто ме цитираш, нели гледаш дека не те цитирам, оти некако во животов имам попаметни и позабавни работи отколку да се расправам. Дали те цитирам??? Ќе изиграваш форумско bully? Те молам не ме прашувај на која тема да се расправаш, ама не ме цитирај веќе... ми се здосади!!!
Se imam predhodno izjasnato sto mislam za abortusot.Go podrzuvam zasto sekoj ima pravo sto saka da pravi so zivotot.Jas imam spontan posle 20 nedela,za mene bese golema zaguba da vidam edno malo angelce koe bese oformeno.Den denes ne mozam toa da go zaboravam. Za onie pametnite sto kazuvaat deka i da znaat deka deteto ke im se rodi bolno ne bi go abortirale...za vas bi kazala nesto.Sin mi se rodi predvreme pominavme dosta maki inkubator,operacii (seuste go ocekuvaat operacii) ne bi sakala da zboram za negovata dijagnoza samo edno ke kazam nemate ni pretstava kolku e tesko da gledas kako deteto ti se maci,da ne mozes da mu pomognes,da imas bezbroj neprespieni denovi i noki,za moment da zadremis a toa si ja izvadilo infuzijata,ili ja izmestilo so racinjata pa krv,bolki..placenja.Za finansii da ne zboreme,za nego da mu ovozmozime najdobro zdrastvo tatko mu zamina da raboti stranstvo ne go gledame so meseci. Za onie sto ke sakaat da me prasaat (sigurno ke se najdat takvi) ako znaev niz sto se ke pominuvame dali bi go abortirala?Ke vi kazam neznam.Toa ne me pravi pomalku majka od vas ni pak deka ne go sakam sin mi,zasto toj e moeto sonce i smislata na mojot zivot.
Соочувствувам и од срце и се извинувам на @MilaP што во контекст на нејзиното прашање ќе го напишам овој пример. Примерот што ќе го опишам е дел од животот на една феминка која благодарение точно на Фемина ја запознав тука, а потоа и лично. Остана во блажена состојба по некој месец по мене. Околу 3-4 месец и укажаа на аномалии на бебенцето. Не ме држете на збор и таа нека ми прости што можеби би погрешила на точната дијагноза, но се тоа беше некоја точка на мозокот, празнини во срцето на бебенцето... повеќе нешта беа во прашање.Таа беше толку повредена, но сепак секоја и чест на нејзината силна вера. Лекари од Скопје, од не знам каде и викаа да направи и којзнае какви испитувања, а некои и советуваа абортус. Таа остана бремена веднаш по свадбата и можеше слободно да абортира, но не го стори тоа. Нејзината и пред се нивната молитва со сопругот направија многу. По извесен период и покрај толку тага и мака дека бебенцето ќе се роди со аномалии, следуваше шок. На последниот преглед се испостави дека бебето е целосно здраво. И дека ништо од она што го видоа сите лекари во претходните месеци, нема ни трага од тоа. Таа ми е само еден преголем пример на жена, на мајка со силна вера на која од срце и се восхитувам. Она што сакам да го кажам е дека, не секогаш нештото би било онака како што е видливо и се гледа, пример на ехо. Постои Некој кој знае и да даде искушение, а потоа ако се има силна вера и да даде исцеление. Жалам за она низ што поминуваш @MilaP, но Бог да ти даде сила и да помине ова во твојот живот. Не сакам да ме сфатиш погрешно со ова што го напишав, сакав само да опишам еден пример на една силна мајчина молитва која знае да направи многу за животот на чедото. Од срце посакувам и твоето чедо да добие исцеление на болеста и да ти донесе насмевка во твојот живот .
Site sakame nasite deca da se zivi i zdravi.Onoj koj ne go posakuva toa ne treba ni da stane roditel,moe mislenje.Milo mi e sto detenceto na feminkata se rodilo zdravo,no tuka e greskata na doktorite i nivnata pogresna dijagnoza.Jas ne sum ZA abortusot no ne sum ni PROTIV nego,tuku sekoja zena da ima izbor.Replicirav pogore zaradi komentarite kade doktorite pravele greska sto gi sovetuvale pacientite za abortus ako se otkrijat mani na deteto.Kade nekoja devojka so Daun sindrom stanala model..se vleckam so sin mi po bolnici veke 3 god. ima sekakvi decinja i sekakvi roditeli.Retki se tie kako devojkata so daunov sto stanale manikeni ili postignale nesto vo zivotot,mnogu retki,poveketo se borat (t.e. nivnite roditeli se borat) da imaat sto e mozno ponormalen zivot. Malku off topik zaminav se izvinuvam no ne treba da go osuduvame abortusot ako e medicinski nikako,nikoj sto nema takov problem ne znae niz sto pominuvame nie kako roditeli i nasite decinja i da dade Gospod nikogas i da ne doznae.
Koga ja chitam serafima kako supernatural programa mi e. Ima nekoi dogovori na raskrsnici sigurno so primerive na unapreduvanje za nishto, samo oti molitva, mali smetki za struja, molitva, chudesno ischeznuvanje na anomalii pri pregled pokazhani...a vamu vo realniot svet postojat izvrshiteli bez milost. Koja molitva spasuva od, primer muskularna distrofija? Bash me interesira. Cela generacija sme testirani. Ne kazhuvam kolku luge imame izgubeno pred testovite. Ili shto izgubivme majka koja ne mozheshe da ja snosi zagubata na 18 godishniot sin i sama si presudi. Dve moi bratuchetki se nositeli na genot, imaat na dostap testiranje vo bremenost ovie denovi, i neka gi nareche nekoj ubiec koga im kazhe doktor deka nosat dete koe ke pati i ke im umre pred 20 godini da napolni, koj ne videl shto znachi ne znae.
Bidejki ocigledno mene me prozivas, da se javam. Sto tebe tocno ti smeta vo moja izjava deka i da spagjase vo rizicna grupa na daun ne bi go abortirala? Kazi mi sto? Postoi li dovolno dobra pricina spored tebe da me osudis za mojot izbor? Za toa li me narekuvas "pametna"? Za osuda sum? Za sramota? Treba li mene da me bide sram??? ZA MENE e moeto dete od moment koga pocnalo da zivee vo mene, "bolno" ili zdravo. Za mene e moeto dete i koga kje se rodi bolno ili zdravo, za mene e moeto dete i na 5, 10, 30 godini bolno ili zdravo. Vie vasite bolni deca kje gi frlite li ako se nedaj Boze razbolat na bilo koja vozrast ponatamu? Verovatno ne. E pa razlikata e sto e toa za mene zivot od denot koga doznav da postoi, a za tebe denot koga se rodi. Za mene e dete od denot koga zazivee vo utrobata. I kraj. Nema tuka vekje sto da diskutiram. Ionaka temava inace delikatna, ama pa se se svede na kraj na analiziranje na licnosta so koja ne se soglasuvas, vadenje od kontekst i osuda za nekoj sto misli poinaku. Jas ne sum tuka da se prepiram i raspravam, ne e moj stil, koj uziva vo toa nek poveli.
Можеби наликувам на она што и сама го пишуваш, како дел од некоја супернатурал програма, но тоа е мојот став што и во првиот пост напоменав, што не значи дека треба да биде сечиј. И да, не постои болест што не може да биде излечена со молитва, не постои. Можеби медицината го кажува спротивното, но верата го „покажува“ тоа на дело. И баш за она што си го напоменала како пример, за мускулната дистрофија, точно таков случај има и се има случено чудесно исцелување. Случајот се случува во Острошкиот манастир, на моштите на Св. Василиј пред неколку години. Детенцето пристигнува со количка со својата мајка да се помоли, а потоа излегува трчајќи. Овој случај е снимен на камерата што е поставена внатре во просторијата каде се моштите на светителот. Но и покрај се’ овие настани остануваат енигма и секогаш се за потсмев на мнозинството кое не верува во Бог. Но како и да е, тоа е само став, вера или како што сака и милува некој да ја нарече, но ни малку не е за потсмев. И покрај се, дај Боже и од кај вас и вашето семејство да исчезне тој ген и да се спасите. Но пак ќе речам, тоа е веќе лична определба, зашто молитвата знае да го направи и невозможното. Едно нешто на што на се’ ова би се надоврзала, а е толку тажно е тој некој... како да го наречам... синдром на дикриминација. Се прашувам, зошто тие деца што се болни се гледаат со тие очи, односно излегува работата дека тие се некој посебен „ вид“ на личности. Зошто се толку непосакувани? Во блиското минато умирале деца од температура, ама денес ќе се напиеме еден парацетамол и тоа ќе помине. Па што ако во таа иднина што му престои на тоа детенце, можеби по една или повеќе години, се открие лек за таа болест ( за било која)?! Во минатото таа температура била наречена чума, но денес не е. Значи аналогно на овие нешта, би требало сите ние и да не се раѓаме. Бидејќи секој нешто има во себе или нешто ќе му се случи во иднина. Па нормално да го поштедиме од маки, или да го поштедиме од болеста која му престои ( не дај Боже канцер или нешто слично), можеби е подобро сите да абортираме. Ова го напоменав само со една цел. Да, можеби тој живот е во нас, или има аномалии, но никогаш не знаеме што му носи иднината на тој живот. Како можеме да бидеме оптимисти за нас, за некоја наша болест, ама за нив да не бидеме оптимисти, зашто тие нормално од старрт се осудени на смрт. Навистина е тажен тој факт. Сепак тоа е веќе лична определба на мнозинството. Една индивидуална работа на секој. Некој верува, некој не верува, секој со своето. Но ни малку мила @imelda не е тоа за потсмев и иронија. Зашто овде сме да дискутираме добар начин, но не и со иронични и саркаситични епитети и анализи да ги опишуваме другите.
Edno prasanje : Dali imas bolno dete? Jas imam i nikade ne rekov deka bi go abortirala no tie sto ke odlucat za abortus zaradi zdrastveni pricini ne treba da gi osuduvate.Ne e ovde samo daun sindrom ima uste mnogu drugi bolesti.Ne te osudiv ni tebe zasto reci deka ti nikogas ne bi go abortirala bi ti rekla samo deka si edna silna majka i Gospod da ti dade sila. No mora da kazam deka lugeto sto nemaat deca so posebni potrebi nikogas ne znaat kako im e na tie roditeli i nikogas da ne doznaete.