Серафима, приказната со, откако решија да не абортираат му се јавија другиот ден со покачена плата, мене ми е смешна. Кога ќе погледне човек околу себе колку луѓе едвај живеат, не да е за смеење туку за плачење работа. Не се лути веднаш, со такви приказни ти прва си ја почна со борина За другата работа, еве да дискутираме озбилно. Ако ме тргне мене настрана некој, останатата поширока фамилија секогаш ми била со верба во Бог, и уште е. Бог за кој верува ќе постои и пред мене и после мене и во мојот круг. Прави разлика. Јас што не верувам тоа си е моја индивидуална работа, ама зарем моите пра баби, баби и тетки кои ги поминале сите манастири и цркви за кои чуле и изустиле безброј молитви, не знаеле како да го измолат бога додека си ги закопуваат децата и внуците? Исто кога им умирале децата на мајките од чумата, зарем и на нив бог не им ги слушнал молитвите? Ние и од моја генерација изгубивме човек, последната надеж по манастири, ама очигледно не бил избраниот тој да стане од количката. Не се потсмевам. Ти кажувам што всушност е горчливата реалност во овој свет, за жал многу по болна и по реална од приказни, ако веќе некој се потсмева, директно или индиректно и слаткоречиво, не сум јас. Јас барем сум директна. За ставање вид во наводници. Доколку јас се решев на деца и јас ќе се тестирав за ген, доколку го носам би го тестирала плодот во секоја бременост и дефинитивно би го абортирала ако знам дека ќе ја поминуваме таа голгота, оти не хипотетички, знам каква е, и која не ја поминуваат само мајка и дете туку многу пошироко од тоа. На кој тоа му личи како дискриминација, нека му личи, јас ќе ја викам селекција, зошто ако јас сакам дете, јас сакам здраво дете со секоја шанса во животот отколку од старт осудено на пропаст, барабар со мене и сите околу него. Не верувам во чудни чуда, таа сум, не се коцкам. Да, се треби генот од мојата поширока фамилија, благодарение на таа селекција, со навремено тестирање и со абортус. Со време, а некој веројатно има способност и да пресмета математички некоја приближна вредност на тоа колку време, ама воопшто нема да го имаме. Некој тогаш ќе се заблагодарува на Бог што се искоренило од нас, друг на жените во фамилија што веќе се прва генерација кои почнале да раѓаат само здрави деца. Како што веќе не умираат деца од чума благодарение на медицината денес, имаме парацетамол и антибиотици на располагање. Никој не остава шанса само на молење, ни оној кој верува, така? Ако Бог сакал и дозволил да напредне медицината, ок, од него е дадено, нема потсмев и иронија, ако јас не го гледам како од Бог дадено, ама ќе се согласиме ли дека исходот е ист, а тоа е напредок во медицина, доста предвидлива во својот напредок, со реални очекувања на што би се нашло можеби чаре во блиска иднина а на што не, со многу документирани случаеви на лечење во неа, за разлика од легендарни чуени чуда.
Ах мила Имелда, не знам веќе што е за смеење, а што за плачење во суштина. И не се налутив воопшто, ако така прозвучило тоа во тебе. Напротив, реплицирав, зашто некои нешта кај некои, не се така како некои други што мислат. Затоа и напоменав, дека верата е индивидуална за која не ни сакам да судам. Жалам за твоето семејство, жалам искрено. И правото на избор на живот го кажа и сама, а и другите исто така кои се согласуваат со тој став. Но има еден мал број на некои како мене, кои малку поинаку ги согледуваат нештата. Но и покрај се’, ни вие ќе ни докажете за вашиот став, па ни ние вас. И всушност не е тоа работата, да се докажуваме. Само суштината е што некако секогаш оние кои имаат вера во Бог некако се секогаш нападнати, омаловажени, или веруваме и измислуваме нешто, или сме проста маса на народ (не викам дека тоа ти го кажуваш, да не се разбереме погрешно ) која верува во Нешто што не постои. Можеби ти верата и Бог поинаку ги воспримаш, па затоа и можеби сме на различни фрекфенции. Мојата вера е поткована со опит, искуство, молитва... и не знам колку примери би наброила, но сепак се’ би било за џабе и за потсмев како и сите останати нешта кои досега ги наброив. Спојлер Меѓу кои е и симнувањето на температурата баш со молитва. На кое бев очевидец на тој настан, како за 1 час без лекарства, една мајчина молитва направи нешто несекојдневно. Но ете... тоа е бош муабет и безврска, или преувиличување на нештата. А немаше ни парацетамол, ни антибиотик . Во контекст на верата што ја напомена за твоите прародители, дека зарем тие немале вера и зошто не им помогнал Бог?! За тоа не знам ни јас, а и ни ти сама не знаеш каква вера имале, иако поминале којзнае колку манастири. Зашто и јас бев личност која години и години со молитва барав пород, шетав и молев, но не знам дали по моите молитви или по нечии други, Бог денес ми даде еден ангел. Којзнае што се случувало во нивните души, па затоа и не можеме да судиме. Зашто има Х личности кои и покрај неколку обиди се откажуваат од се’, па понекогаш и од верата во Бог кога гледаат дека нивната молитва по некој извесен период не е услишена. Да не ме разбереш повторно погрешно, не го кажувам ова за твоето поколение Затоа и не би судела, дали твоите родители, прародители... каква вера имале. Но ако зборуваме за искрена вера во Бог, суштината е сосем поинаква. Бидејќи и да постои еден грев (нажалост) како абортусот во семејната лоза, нажалост тој ген (или каква и да било друга болест) ќе остане и понатаму таму каде што и е. Но Бог да ви помогне и да се избавите од него. А за тоа треба покајание, молитва... Се надевам дека барем една личност ќе се најде од вашето семејство кој ќе ви помогне со својата вера, за сите да се спасите . Тоа всушност се случуваше и кај нас, во нашата семејна лоза. Грев, кој се пренесуваше од колено на колено и затоа сфаќав зошто долг период бев неплодна. Но тоа е друга тема, па да не одолговлекувам. За на крај да не бидам повторно погрешно сфатена, би отстапила од дискусија, бидејќи секој си е свој со свој став за животот. И како што кажа, сама би одлучила за животот на своите идни дечиња. Па како што мислиш дека е најправилно, така и мила да си правиш во својот живот . Ни ти судам, ни те осудувам. А она што досега го изложив во своите постови, беше само мое индивидуално гледиште на ситуациите кон абортусот. Што не значи дека би требало да биде сечие. Секој си знае за себе .
Јас спомнувам генетска болест во мојата фамилија и каков јад и рушум има направено со годините наназад, да конечно постои опција да се спречи тој хорор за сите со помош на тестирање за доколку е потребно абортус во една дадена бременост. Не секој бременост го пренесува туку е процентуално. Како оди и по генетска линија, да, ќе се истреби со сама селекција, не е од вчера или само кај нас па нашле паметните луѓе математика по кои линии и како се движи, не се фаќа како заразна болест и не никнува изненадно во трето колено. Бог, вера и покајание веќе не играат улога тука, фала богу(мала шала) сепак, фала на добрите желби. Бидејќи порано немавме опции и финансии да се тестираме, јас сум лично сведок од по еден случај најмалку во три консекутивни генерации. Дојде ти и кажа приказни за манастири, што им било во душите, вистинска вера, искрена вера, плаќање стари гревови. Како да не го земам тоа дека важи за нас од религиската гледна точка? Не се важи тоа не зборувам за вас и ваштите прародители, оти јас неговата пребирливост кого ќе казнува, на кој ќе дава здрави деца, на кој нема да дава, или ќе му ги суши со години и на крај зема прерано и после сите метании, чии молитви ќе чуе, ќе прави чуда од исцелување, јас тоа си го земам бааѓи персонално кога станува збор за мој човек. Ќе спијам час со запалено светло, гледам јас. Спојлер И ракијата спушта телесна температура за пет минути, ама не лечи пример, бактеријален менингитис. Да не рече некој офтопик оти и религиското се вмешува на вакви теми, со право нели, создавање живот поврзано со религија. И медицинското зошто се вршат абортуси од еве и медицински причини, било заради аномалии кај плодот, генетски наследни проблеми, или заради физичкото и исто толку важно емоционалното здравје на жената. Оти сите тие работи се сериозна работа во одлука на абортус. Впрочем еве, некој се чувствува спремен на било што дојде и не би се одлучил да абортира. Некој кој знае дека има голема можност да не роди здраво дете ќе прави тест, ќе решава дали да раѓа. Има избор. И јас викам дека треба да го има тој избор, друг вика не. Да, тука сме различни по ставови и по мислење.
Девојки (и жени), дајте, нека се смират малку страстите. Ретки се мислењата кои ги прочитав во кој некој си го искажал ставот, а без да ги осуди оние со спротивен став. И претежно, ако можам да забележам, оние кои се против абортусот ги осудуваат и ги нарекуваат убијци оние кои се за. Или оние кои мислат дека се неутрални ако кажат - „Јас не осудувам никој, ама за мене абортусот е убиство“ - со ова пак индиректно се посочуваат оние кои се за абортусот како убијци, само на посуптилен начин. Зарем не може да се искаже сопствениот став на оваа тема без зборот „убиство“? Инаку, многу е лесно да се ставаме во хипотетички ситуации, во смисла, на моето дете да му откриеа генетско заболување, јас сепак немаше да абортирам. Што е убаво кога се теоретизира за работите. Не џабе рекле - во теорија, теоријата и праксата се исти, ама во пракса - не се. Факт е дека никој не може да тврди со сигурност како би постапил во ситуација во која никогаш не се нашол. А во ваква ситуација, не посакувам ни еден родител да се најде. А да се разбереме - за генетските заболувања нема лек. Ги почитувам религиозните убедувања на сите, но да се тврди дека генетско пореметување може да се излечи со молитва е во најмала рака апсурдно. И воопшто, навредливо е да се кажува на некој кој пател во животот (или чие дете пати) од некакво генетско заболување или болест дека не успеал да се излечи (или да го излечи детето) со молитва, затоа што не бил доволен верник, или не се покајал, или некој од семејството му бил грешник. Алал вера, верници (верници од овој тип, да не бидам сфатен погрешно)! Значи, вашиот одговор за туѓите маки во животот е дека Бог не им помага затоа што не заслужуваат. Ептен христијански, навистина. Искрено, не сум за тоа да се раѓаат деца со претходно познати генетски заболувања. Тоа е измачување и на тоа дете и на родителите. Што мислите, зошто приказните за успешните луѓе со Даунов синдром се толку популарни? Баш поради тоа што се вистинска реткост. Ниту 1% од децата со генетски заболувања нема да успеат во ништо во животот, а останатите ниту ќе имаат нормални животи (ни нивните семејства). Затоа, мислам дека треба да бидеме благодарни што постои можноста за откривање на ваквите заболувања навремено, за да може да се реагира. Да, со абортус. Во секој случај, ова е мое мислење. Не ги осудувам оние со поинаков став. Мислам дека треба да се почитуваат туѓите мислења, а својот став да се искаже без да се нападне спротивната страна. Ќе го повторам ставот од едно претходно мое мислење - абортусот (за среќа) е право на избор на секоја жена и крајната одлука е нејзина. Што и да одлучи, никој тука нема право да ја осудува и нарекува убиец. Поздрав.
Sto e ova citam mladite bile neplodni,moe vreme tvoe vreme gluposti kakva vrska ima vremeto alooo.Veke 7mes sum vo brak i seuste nesum ama ne se brzame ima vreme sto ako sum se omazila i odma stomakot do zabi treba da mi bide dajte bre vo koe vreme ziveeme.I ne gi dolnosuvajte plodni neplodni ne ste vo nivna koza pa da znaete kako im e,gledajte si gi decata i uzivajte pozz
Zeno recimu na mazoti poke da ne pluka da ne ostanis bremena so si e sigurno sigurno e so ogled kako ti trgnalo Plodna niva sve raga ama nekpgas nema pravda so tie 3 so si gi iscistila tri semejstva bi gi Dale se na svetot da bi gi imale samo kako moznost
Rabotata e so mnogu luge nemaat ni takvo dete. Mislam so precki vo razvojot ama pak ima I drugo takvo DECA ima Eden kup po domovite a nikoj ne gi posvojuva oti koga ke I'm kazat na potencijalnite roditeli deka toa dete ima problem se otkazuvaat ili DECA od odredena nacipnalnost.ako sakas dete sakas dete kako saka neka e toa e dete I ke bide tvoe dete ke go sakas bez razlika na se vo svettot
Бидејќи индиректно бев прозивана, ајде да се пријавам на рецепција . Со секоја почит кон твојот став @Bender Rodriguez , сигурна сум дека кон мене беше упатен апелот за „верник“ кој му посакува лошо на другиот или пак го осудува. Да бидам искрена, во никој случај не се навредив, зашто не се ставам во категоријата на верници. Зашто да биде човек верник, треба да биде нешто повеќе, а не вака ништожен и преполн со гревови како мене. Како човек можам да речам дека се навредив, бидејќи бев прозвана индиректно како да сакам да им посакам нешто неубаво на другите, како на еден начин да се „ситам“ на туѓата болка, особено на оние кои извршиле абортус. Токму тие личности, со својата слободна волја си ја донеле таа одлука, а не јас. А во случајов сум само вишок, а најмалку не сум компетентна да судам и осудувам нечија вера (како на пример вие мојата). Но кога станува збор за човек кој има малку вера (како мене на пример) тогаш е во ред да се фрла со камења, но кога некој друг што е против таа вера го каже својот став, тогаш нели сите треба да молчат и да се согласат со тоа. Па затоа и тие личности тогаш нели се етикетирани како некое зло кое постои на планетава, ама буквално зло. Од кои светот не просперира, туку оди во надолна линија. Личности кои не припаѓаат на земјава и личности кои живеат во облаци со фантазирања и филозофирања за една розева иднина. Точно е, можеби индиректно и малку посуптилно го искажав својот став дека за мене тоа е чин на токму тоа, на одземање на нечиј живот (во случајот на тоа бебенце) и тоа се со цел да не повредам некој директно. Но не значи дека сите го мислат тоа и дека го делат моето мислење. Тука се кршат и копјата на познанието кон животот и не знам зошто би се навредиле некои извесни личности кога тие тој „ембрион“ не го сметаат за бебе и за живот. Логично нели, не треба да се навредат, зашто не станува збор за нив. Некои се со став, дека животот започнува кога бебето се роди, друг кога тоа е макар и малечко зрно... па затоа се и овие несогласности. Но како и да е суровата реалност е секогаш болна и тешка. Да ги вратиме малку постовите наназад и да го разгледаме подетално тоа. Колку само се изјаснија дека не сакаат да родат (потенцирам родат) зашто тоа дете би живеело во беда и сиромаштија! Колку само се изјаснија дека заради аномалии не сакаат тоа дете во иднина да се измачува (значи дете)! Повеќето. Но ајде да анлизираме детално. За што зборуваме?! Дали случајно зборуваме за живот на човек или за нешто друго?! Ама изгледа станува збор за она првото, за живот на човек. Прашањето ми е: Бидејќи по толку дискусии ( во повеќето, освен за оние за кои тој ембрион не е живот) конастатиравме дека станува збор за бебе, без разлика дали има 2 или 12 недели, сепак е бебе. Како сега да го наречеме тој чин? Можеби добил име абортус, но што всушност е? Нели станува збор за прекин на нечиј живот, па макар и со аномалии?! Или нешто се лажам ?! Она што очигледно не го разбраа мнозинството, мило ми е барем дел што разбраа. Дали сте прочитале дека како последица на тие абортуси, жената во 99% од испитувањата во медицината ( не мора мене да ми верувате, на медицината верувајте и) добиваат во животот канцер на матка или канцер на дојка?! Зарем не е тоа грев и болка за децата и основаното семејство подоцна да останат без родител и без животен сопатник? Можеби ќе речете, тебе воопшто да не ти е гајле. Ама пак нели зборуваме да не се мачи некој (во случајот бебето со аномалии), а зошто пак некој потоа да се измачува пример едно детенце на 10 години чија мајка го напушта овој свет и го остава сираче?! Но ете... таа болест, се зема како болест која ете така сама од себе пристигнала кај личноста. Тоа е она што сакав да го кажам и не ме разбирате и после толку постови. На никој ни му судам , ни го осудувам. Дискутираме за реалноста што е многу подруга отколку што ја замилуваме. Зашто во животот постои причина и постои последица ( и се тоа како резултат на сопствените потези ). Не мора да го вмешуваме Бог, еве си дискутираме без Него во случајов. Сега?! Тој ни е виновен за тоа што ни се случува или? Ама ете подобро е да се види во другото око раската, отколку гредата во сопственото. Им се извинувам на сите, доколку се разгневиле, натажиле или навредиле од некој мој збор или реченица, па и доколку сум ја нарушила фината слика за себе во нечии очи. Вклучувајќи ја @imelda , @Bender Rodriguez и сите останати со кои влегов во дискусија. Но тоа е.. Сепак и јас сум човек со свои гревови, телесен човек кој живее во овој свет и не живеам во друг свет различен од преостанатиот. Затоа и во потполност знам дека колку знае да боли еден збор, иако станува збор за една обична дискусија. Простете ми! Толку од мене на темава.
о аб А море дете, и да сака дедо мој,џабе,не плука ни од доле а камоли од горе, ќе му ојде вилицата...што се однесува до трите медицински интервенции,абортус или чистење,воопшто не ми е криво,А да РОДАМ ДЕТЕ и да го дадам на посвојување тоа ни за цел свет да ми го поклонат, не би го сторила....подобро абортус орколку дете да дадеш на други,тоа е најголем грев за едно дете.
A taman bev pomislila deka temava se podsmirila. Mojot stav veke go imam napisano nanazad,no moram da napisam deka ne mi se dopaga sto duri i na vakva tema,pri vakvi diskusii se prevrtuvaat zborovi,i toa od vozrasni zreli licnosti za vakvi seriozni raboti. Ne mi se dopaga. Ne mi e cel nikogo da navredam. I tocno e toa deka porano polesno se ostanuvalo vo blazena sostojba.Sega imaat vlijanie mnogu raboti. Pocnuvajki od vojnite,raznoraznite hemikalii i nezdrava hrana,no i "moderniov"nacin na ziveenje.Vlijaat i red drugi raboti. Ne samo sto potesko se ostanuva,tuku i potesko da se zadrzi bremenosta.
Кажи ми искрено,кога би можела да бираш,дали би избрала да бидеш дете посвоено или абортирано?? Јас не гледдам светла иднина со туѓи родители,стално во срцето и на душата ке стои прашалникот за вистинските родители и зашто го напуштиле, а тоа болиииииииии.
Извинете што ќе се умешам ама да била абоρтиρана нема да можела да биρа и да и го поставиш сега пρашањево. Κамо сρеќа сите да си ги чуваа и саκаа ρодените деца κаκо што се чувани и саκани посвоените. Имам во блисκа оκолина таκви гледам. Поздρав ЕДит: Јас ниκогаш не би оставила свое дете на посвојување! Ама κога веќе има неспособни луѓе што незнаат и несаκаат да се гρижат за децата баρем тоа дете ќе биде згρижено во ноρмално семејство!
Se razbira posvoeno,ene gi gi ima posvoeni pa sto od zadovolni prezadovolni se,a za prasanjeto ni ti ne znaes dali boli i nema da doznaes ako ne si posvoena,i da boli ke boli 1mesec pa i godina i na kraj ke pomine pred oci mi se nemozes mene prikazni
Ја читам темава неколку дена и поради конфронтациите не сакав да пишам Но сепак не издржав :За аборусот искрено неман став нити сум за нити против Значи се зависи од ситуацијта Ќе го изнесам мојот случај: Како студентка во кабинетот по билогија видов ембрион во шише.Беше скоро целосно формирано со рачиња ноќиња очи...таа глетка толку ме трогна (и сега ми излегува пред очи како вчера да беше) и тогаш си реков дека никогаш не би аботрирала.Но...Во врска бев 7 години Се зедовме веднаш останав бремена родив дете и после 2 и пол години останав пак бремена непланираноМислев дека мене тоа не може да ми се случи кога во врска не се случи сега ич.Ама ете никогаш не вели никогаш И нормално нема врска планирано непланирано ќе го раѓам;нели така си ветив во студенските денови.Првиот преглед на лекар и нешто сомнително е Втор преглед трет нешто сомително во развитокот може не е ништо почекај...Но во мене се разбуди некое друго чувство на страв немоќ, разочараност.И покрај мојот претходен став се одлучив на абортус.Болно чувство и ден денес ме боли(затоа и не издржав да не пишам во темава)Уште поболно беше што резултатите од примерокот испаднаа дека се било во ред немало никакви аномалии.Е сега дали да се осудувам самата или лекарите или кого Затоа реков немам став зависи од ситуацијата
Поддржувам абортус и сметам дека секоја жена/девојка сеедно има право да одлучува за сопственото здравје и тело дури законски има право да одлучува околу планирање на семејството. Посебно поддржувам ситуации на абортус во случаеви кога се случила бременост како резултат на силување или не дај Боже кога плодот има некакви аномалии и деформации од посериозен карактер кога го доведува здравјето и животот на мајката, па дури и да не и е загрозен животот доколку таа не би го сакала своето дете така и смета не може да се грижи за него тогаш абортусот е далеку подобро решение отколку да го дадеш детето на посвојување или да дозволиш да биде во дом. Понекогаш младите се одлучуваат на абортус кога таткото не го признава детето па од срам од околината и под притисок на родителите би абортитрале. Во ваква ситуација по мене ако девојката /жената ако го сака тоа дете и е спремна да се грижи за него би ја поддржала да го роди и ич да не ја брига дали ќе и се потсмева околината или уште полошо да и го нарекуваат детето со погрдно име што глупо ми е да го спомнам ама побитна е нејзината среќа и тоа да те прегрнат мали рачиња и да имаш на кого да му се радуваш во животот отколку муабетите на другите што доаѓаат од нивните празни глави!
Ми привлече внимание моментов, а го има на повеќе теми поврзани со мајчинство: јас се мачам за деца/ не можам да имам деца и сега ќе ги осудувам тие коишто можат, а немаат а не е од здравствени причини или абортираат. Зарем тоа не е егоцентрично? По таа логика, тогаш јас во денови во коишто успех ми е ручек еден што се вели да составам на маса и што не ми ни паѓа на памет во тие моменти да гледам дали е животинско или растително потекло, со или без глутен, повеќе или помалку здраво, да ги хејтам и осудувам сите вегани, вегетаријанци и сите оние коишто се лишуваат од одреден вид на храна, или јадат специјални поскапи продукти, а немаат здравствени проблеми. Не нѝ дал Господ на сите исто. Некому му дал да има здрав пород по 3 абортуси, ама не му ја дал одлучноста и подготвеноста од другиот во првите бремености. Погрешен е пристапот кога гледаме што другите имаат, а ние немаме. Не им се криви богаташите што со успешни трансплантации победуваат страшни болести и живеат по сто години на луѓе коишто не можат да се изборат со една полоша настинка ради слаб имунитет предизвикан од неквалитетен начин на живот. Јас не сум абортирала. Неколку пати се имам соочено со сомнежот за непланирана бременост. Иако не планирам семејство намерно, сметам дека не сум подготвена за самата што се вели да предизвикам таква состојба, во ниту една од тие ситуации, абортусот не ми паднал на памет бидејќи мене навистина ми треба баш сериозна причина за да се одлучам на такво нешто. Но, имам другарки коишто имаат направено таков чекор и денес се супер мајки. На крај на памет не ми паѓа да им судам. А има и мајки со деца од што им се згрешило коишто не успеале да видат од животот она што го сакаат пред да станат мајки и децата им се дежурни кривци за сè.
Па,па,па што се се изначитав. Одам пуканки да земам, поинтересно ќе ми биде.. Убиства, неротки, јалови жени.... Јас незнам како неможете да прифатите ТУЃО МИСЛЕЊЕ И ТУЃА ВОЉА. Какво убиство бре ?? Што лупетате ??
А свесна ли си ти дека истото го правиш? Не прифаќаш туѓо мислење, без разлика колку не ти се допаѓа. За тебе е лупетање. Ако јас кажам дека е убиство за мене, за тебе не е. Океј. Тоа е моето мислење, за тебе туѓо мислење, ќе го прифатиш ли, без разлика што не се согласуваш? Еве јас прифаќам дека твоето мислење е дека не е убиство.