Јас се имам признесено под ова прашање Немам што дополнително да коментирам Секој нека си пише што му лежи, а останатите може да кликнат ,,ми се допаѓа,, или да Те одминат... Така ? Ама сепак интересно ми е да Ве читкам...врз основа на Ваши постови на разни теми се ствара цела една слика за член.
Лелелеееееее уште ли се расправате, па и навредувате околу абортусов ?! Мислам дека на оваа тема е веќе сѐ кажано, па и изнакажано без мерка и усул, со забегување од крајности во крајности. Анкетата е со убедливо мнозинство за оние кои се ЗА абортусот со 69.9 %, наспрема оние кои се за НЕ 30,1% Темава веќе е до крај исцрпена и може @RainBow комотно да ја затвори.
Јас воопшто не се расправам, само јасно прашав. Туѓо мислење, какво и да е, се прифаќа или не. Не е прифаќање ама само ако ми се допаѓа, така ли е? Јас само посочив објективно да се гледа. Ако моето мислење е небулоза за некого сепак треба да се прифати, онако како што и од мене и од друг се бара. Не знам што не е јасно. Прифаќам различни мислења, прифаќам дека некој е за абортус, ама не е поента да е мислење на мнозинството па да биде прифатено или отфрлено, туку индивидуално мислење. Па не го изгласуваме законот во собрание па да се гледа конечна бројка и да се запечати како валидно само мислење кое е за абортус. Де, прочитајте ми го постот, ама сфатите ми ја поента.
@Sky-butterfly, колку што гледам, 67 страни се испишани со индивидуални мислења. Направена е и анкета за оние кои неверуваат само на напишаното мислење. Што уште треба ? Гледаш и сама дека веќе дускусии нема, туку се повторувате цело време сите одново со своите ставови. Јас барем, не ја гледам повеќе поентата во надмудрувањево на темава.
^Не мора да се затвори, како и секоја друга тема си дискутираме, изразуваме ставови, убаво е да се прочита и тие што мислат спротивно од тебе, само без навреди тешки. Кај мене пред тие две клиники кај што вршаат абортуси нон стоп протестираат оние кои се про лајф, напаѓаат, вреѓаат, ги малтретираат вработените. Бев во неделата да ја посетам другарка ми која абортираше поради дефект на плодот, не и беше лесна одлуката ама тоа е животот. Отидов да ја видам и ја носев малата со мене немаше кај да ја оставам и кога ме нападна една група про лајфери само едната ја направи грешката на својот живот со тоа што ми ја допре малата. Во ред е да се има став ама да напаѓаш мајка со мало бебе мислејќи си дека оди на абортус е веќе ту мач, таа со мислење демек ако веќе убивам бебе тогаш ај да го убиеме веќе роденото, како сум збеснала кога ми ја допре малата, се збудалив, не сум горда на фактот ама како сум и закачила еден бокс, забите и ги расклатив, тоа валда ќе ја научи друг пат да не допира туѓо бебе. Ми се закануваа со полиција а можеби и требаше да ги повикам на малата на рачето кај што ја потегна лудачата имаше белег од прсти, сега има модрица ама ај и ја да не ја ширам работава, немав ни време ни нерви за такви работи. Само колку се тие про лајф кога си дозволуваат да тегнат така мало бебе, се виде колку се загрижени за бебињата и нивниот избор за живот, срамотилаци. За сите што мислат дека е убиство морам и уште ово да го кажам, бившиот кога се одлучив да го оставам бев скоро 18 недели бремена, се збудали тој и ме претепа, не само што ме претепа туку и од клоците во стомакот имав спонтан, предизвикан од него. Кога го осудија на 5 години затвор тоа беше само за тепањето, тој не одговараше за тоа што ми предизвика спонтан, законот не можеше да го осуди за тоа, не го квалификуваа како убиство.
E тоа е она лицемерие коешто ме нервира, прецизно илустрирано во твојов пример со женине. Се гледа по тоа до каде стигна светов колку на луѓе им е гајле за туѓи деца. Тие вработените што ги малтретирале додека кутрите за лебот свој се мачат не се нечии неабортирани деца? Неколку години подоцна да припадне тоа исто дете неабортирано у заден момент ради нив на сред улица, 90% од тие урлачките вода нема да му дадат. Затоа што тие коишто би дале, не би кревале толкава џева. Демек повеќе ќе се секира за детето од другата отколку мајка му. Утре да треба да се бира меѓу него и нејзиното дете, ни дете ни детето на неговото дете нема да го гледа кога ќе го измазнува патот за нејзиното чедо да биде нај. Коа сме кај pro-life, се чудам што ли стана со она "Live and let live"?
@Serafima , моето мислење не беше упатено конкретно кон тебе, туку се однесуваше на сите верници кои ги осудуваат оние со некаков здравствен проблем и на некој начин тврдат дека тоа е „по нивна вина“. Не помислив и искрено не мислам дека на било кој му посакуваш нешто лошо, барем до сега не си ми оставила таков впечаток. Моево мислење ќе го напишам дел во одговор на твојот пост и на некои претходни мислења, ќе искористам дел и од случајот кој го изнесе @imelda (се надевам нема да ми замери), но никако не би сакал да помислиш дека конкретно те напаѓам тебе – немам ништо против тебе, напротив, ти си една од ретките верници на форумов кои не ги напаѓаат или осудуваат другите. Мислењево ми е од општ карактер, со некои мои размислувања поврзани со темава. Се извинувам однапред ако со мислењево одам надвор од темата „Абортус“ и завлегувам во некои ставови на религиозни личности кои мене ми пречат. Но, од друга страна, на некој начин и ова можеби е дел од дебатата за абортусот, бидејќи во најголем дел противниците на абортусот се противници токму поради своите религиозни убедувања. Се согласувам дека за се на светов постои причина и последица. Но, причината за болестите се знае – или е вирус, бактерија, паразит, автоимуно или генетско заболување. Да се тврди дека причината за нечија болест е некаков грев, на самата личност, или уште полошо, на некој од поширокото семејство, е тотално неосновано осудување. Серафима даде примери за луѓе кои се излечиле со молитва или со посета на свети места, но што е со милионите луѓе кои се молат и ги посетуваат истите свети места, но без никаков ефект? Дали значи дека ако некој успеал да се „излечи“ од некоја болест со молитва или успеал да забремени, наспроти други верници кои секојдневно умираат од секакви болести или мајки кои не можат да имаат деца, дека првиве на кои им се оствариле молитвите се „подобри“ и позаслужни верници од вториве? Можеби (јас лично се сомневам), но не е на нас луѓето да судиме за такви работи. Најлесно е да му се каже на болен човек или некој со болно дете кој и покрај молитвите не услеап да се излечи – „Е па, ти сам си крив за тоа, грешен си, вербата не ти е доволно голема и сл.“ Но, факт е дека многу работи на светов без очигледна причина за нас луѓето (сеедно дали се работи за Божја волја или нешто друго) и дека никој не смее да си земе за право да изиграва Божји „портпарол“ (а многу верници ова го прават) и да осудува некого. Јасно е дека никој не знае што ќе му донесе животот, на него или на неговото дете. И нормално, нема потреба од одење во крајности – сите да абортираме за да еветуално детето на 60 години да не добие рак и умре (парафразирам малце). Една работа е дете да се роди здраво, а потоа да заболи од нешто, а сосема друго е свесно да се роди дете со однапред познато генетско заболување. Но, факт е дека за генетските заболувања лек нема. И откако такво дете ќе дојде на свет, шанси за негово излекување нема. Не сум чул за случај за дете родено со Даунов синдром кое со молитва или некое друго чудо (религиозно или медицинско) успеало да стане „нормално“. Тоа дете е такво какво што е и во многу ретки ситуации слушаме за приказни за успешни достигнувања за некој со Даунов синдром, но повторно ќе кажам – таа личност се родила таква и таква ќе биде во текот на целиот живот. Во однос на современата медицина – и тука постои еден „феномен“ од религиска страна кој ме интригира. Како ние луѓето сме одлучиле што од современите достигнувања е „во согласност“ со Божјата волја, а што е против? Нели е и користењето на лекарства на некој начин мешање во волјата на Бога, во неговиот план за животот на една личност? Од овде ги изземам екстремните религиозни групи кои не користат лекарства, секако. Како сме одлучиле дека лековите се „подарок“ од Бога за човештвото за продолжување на нашите животи, а не нешто спротивно? Дали „in-vitro“ оплодувањето за верниците е оправдано или не? Зборувам за оние жени кои не би можеле да останат бремени по природен пат, туку само по вештачки. Мислам дека ќе се сложиме дека и ова е уште еден „подарок“ од Бога, кој несомнено сите мајки кои се во ваква ситуација би пребало да го искористат. Па нели е и генетскиот скрининг за потенцијални заболувања кој се прави кај бремените жени исто така „подарок“ од Бога, за да навреме се увиди некаква аномалија на плодот и се прекине бременоста? Зарем Бог не сака да раѓаме здрави деца? На крајот на краиштата, абортусот воопшто не се споменува во Библијата, што значи дека сите ставови дека е убиство, поистоветувањето на ембрионот со човек и слично се дело на луѓето и само на луѓето. Од каде се сите верници кои се жестоки противници на абортусот толку убедени дека се во право и дека „зборуваат“ во име на Бога? Ама, за жал, многу луѓе ги мешаат (или поистоветуваат) сопствените ставови со Божјата волја. Мислам дека никој не може да оспори дека ембрионот е жив, но сепак претставува „потенцијално“ бебе, човек, личност, во суштина нешто многу различно од вистинско бебе (или фетус). И абортирањето и убиството се со причина различни зборови и означуваат многу различни работи. И јајце-клетката е жива и со секој месечен циклус на жената умира – и таа претставува „потенцијално“ бебе, кое на некој начин умира. Дали тоа значи дека жените треба да остануваат бремени секоја година, за да не умираат јајце-клетките (односно потенцијалните бебиња) залудно? Дали мастубрацијата треба да им се забрани на мажите, поради тоа што со тоа умираат милијарди сперматозоиди, кои сите на некој начин се потенцијани идни деца? Да не набројувам екстремности и не влегувам во баналности, на темава за ова е доста раскажувано, па не би секал да се повторуваме без поента. Во секој случај, поентата ми беше дека ембрионот е жив, но тој „живот“ е многу поинаков од оној на бебе, дете или човек. И прекинувањето на животот на ембрионот е нешто многу поразлично од одземањето човечки живот. Мислам дека никој не ги „напаѓа“ верниците генерално (барем јас не сум тој, имам кажано дека сите верници во приницп ги почитувам) – впрочем, повеќето од луѓево на форумов се верници. Јас само го искажувам своето незадоволство кон начинот на кој некои верници ги искажуваат своите ставови и убедувања, а притоа ги осудуваат другите (сеедно, верници или не). Ама мислам дека и ти како верник ќе се сложиш дека постојат и верници кои буквално се вистинско зло на светов, од кои светов не просперира. Тука пред се мислам на оние верници кои гајат омраза кон своите неистомисленици и активно се обидуваат да ги наметнат своите ставови на сите (во случајов, да се забрани абортусот). Сметам дека поддржувачите на абортусот не ги тераат оние кои се против „со сила“ да абортираат, додека има многу pro-life луѓе кои радо би го забраниле абортусот, што е до нив. За крај, Серафима мене не ме навреди твојот пост и нема потреба од извинување, а се надевам дека ни мојов нема да те навреди тебе или било кој друг од форумов. Тоа воопшто не ми беше намерата. Секој има сопствен став и мислење на темава, разликата е што некои не можат да се искажат без да ги нападнат или навредат оние другите. Поздрав!
Не си чул затоа што е тоа дадено од Бога, исто така како што се верува дека децата со Даунов синдром се ангели пратени од небото. Нема ни да чуеш, затоа што даунов синдром не се лечи. Штета што во Македонија ништо не е направено за ваквите дечиња и што немаат рамноправност со што би им се овозможило да функциунираат нормално со сите свои права, потреби и обврски. Поради тоа родителите немаат храброст да го прифатат детето со Даунов синдром и многу често таквите деца ја губат привилегијата да бидат дел од овој свет т.е. родени. Можеби ете можеме да го наречеме скринингот подарок од Бога, меѓутоа во Библијата не стои никаде за прекинување на бременост поради било која причина. Меѓутоа една од божјите заповеди е не убивај...т.е. да не ги лишуваш од живот оние кои добиле живот од Бога, т.е. во случајов ја отфрлаат волјата Божја и дарот за раѓање на деца со кој не благословил. Според Бога ние немаме право да одземеме ничиј живот, кој што тој го створил. Секој човек кој што влегува во црква, се моли, и е христијанин- не значи дека е верник. Верник е нешто многу повеќе. Меѓутоа тоа сега не е темата, и мислам дека треба да се прекине да се спомнува Бога и верата во темава напразно. На крај краева ние не сме тие што треба да судат на некој, има кој да суди ако треба. Без разлика дали е тоа за абортус или за други гревови кои што ги правиме во животот а има многу. П.с. Секоја чест за упорноста, храброста, и љубовта која родителите им ја даваат на тие дечиња кои што се родени со аномалии од било кој вид. Се надевам дека во иднина власта ќе придонесе нешто за овие дечиња да имаат подобар живот.
Види, ја во првите мои мислења на темата воопшто не ја споменав религијата, тоа го направив во последново - за што и се извинив во воведот. Бог го спомнав затоа што многу други го спомнаа пред мене, а религијата ја употребија како аргумент против абортусот. Инаку, и мене би ми било мило кога би можело да се дискутира на темава без мешање на религија, ама за жал, такво нешто изгледа не е можно. За мене секој човек кој тврди дека верува во Бог е верник (а мислењето не ми се однесуваше само на хриситјаните, туку на сите верници од сите религии) - е сега, каков верник е и каква човечка личност, тоа е нешто сосема друго. За луѓето кои тврдат дека децата со генетски заболувања се било каков дар можам само да кажам дека најверојатно немаат такво дете и немале контакти со вакви деца, или можам да кажам дека се во сериозна заблуда. За мене не е грев да се направи абортус кога ќе се констатира генетско заболување кај фетусот, поголем грев е таквото дете да се роди и да се осуди на живот каков што може да има дете со генетски заболувања, само поради некакви „убедувања“ кои ги има родителот. Има ли нешто посебично од тоа? А инаку, со ова потполно се сложувам. За веќе родените деца кои имаат генетски заболувања дефинитивно треба да се направат поголеми заложби, за да колку што може повеќе им се олесни животот. Поздрав.
Разбирам некој да каже дека во моментов има став со кој го поддржува или оспорува абортусот, но ставови од типот јас никогаш не би абортирала ми се навистина чудни. Цврст став околу ова прашање сметам дека не може да се има зашто никој од нас не знае што му спремил животот. Можам да ги разберам оние кои имаат по дваесетина години и да кажат дека имаат цврст став против, но оние жени кои имаат поголемо животно искуство ми се навистина чудни. Не знам колку жени познавате вие , но јас лично познавам 20-ина ако не и повеќе кои имаат абортирано, некои и по неколку пати по раѓањето на второто дете и сите тие се добри мајки и жени. ,,Муабетот дека јас никогаш не би абортирала и дека мене не може да ми се случи да останам бремена без да планирам“ за мене не држи вода исто како и за многу други нешта за кои сме имале цврсти ставови, па животот не натерал да ги менуваме. Затоа да не се залетуваме со изјави од типот,,јас никогаш“ и да не ги осудуваме оние кои носат одлуки кои воопшто не не засегаат нас.
Гледам сега дека во темава пак настанаа огномети. Како и да е, гледам и дека веќе некои членови абортусов не го оправдуваат ни кога ќе се утврдат аномалии на плодот. Кој што сака нека каже за мене, дека сум сурова и ваква и таква, но јас дете со генетски нарушувања не би сакала да се роди, би го абортирала. Зошто? Епа затоа што во потесно семејство имам случај на мајка која покрај две здрави и прави деца, одлучи да роди трето, свесно, знаејќи дека има Даунов синдром. Нема да коментирам на какви препреки наиде 1000000 пати до сега од општествена природа, туку детето е со слаб имунитет, па мора да пие еден куп додатоци за да биде во некоја нормална состојба. Кога беше помало имаше некои минорни проблеми со срцето, а денес има ослабен вид. И тоа не е толку битно. Толку многу е жената посветена на детето, што нема време да ги погледне другите две веќе возрасни деца, на кои сега им е особено потребна. И таа е про-лајф ориентирана и затоа реши да го роди детето, но за сметка на тоа комплетно ги запостави другите две. Многу ми е криво (не велам жал, за да не излезе дека ги сожалувам, тоа никој не го посакува) за родителите на кои им се родиле деца со некои генетски пореметувања, затоа што колку што тоа дете гледа маки во животот, а и родителите се под постојан стрес и страв да не му се случи нешто. Ете тоа е, неможност целосно да се ужива во животот и љубовта со детето.
@Bender Rodriguez мојата реченица дека треба да се прекине да се спомнува Бога напразно во темава се однесуваше на сите, не конкретно на тебе, затоа ја потенцирав. Во ред е да имаме некое мислење за некоја тема, секој поради своја причина нели. Нормално е да ни се разликуваат ставовите, на форумов сме куп луѓе. Ама тоа што ми боде очи мене конкретно е исмевањето на нечија вера, верување или побожност. Има луѓе што се верници и што не се, имало и секогаш ќе има. Ама нема никаква смисла да се исмејуваме едни со други! П.с. Зборував конкретно за христијанството бидејќи со тоа сум запознаена, неможам да зборувам за нешто друго што не знам.
Можеме да имаме различни мислења, да сме за и против абортус, ама користење на зборот убиство ми е премногу суров. Ако чинот е убиство, кој е убиецот, мајката или докторот? Кој е тој што суди за убиството, бог или некој друг? Ако погледнеме околу нас, секое семе носи живот, но не од секое се создава живот. Кај останатиот свет таа селекција ја прави природата, но затоа бог му дал разум на човекот за разлика од животните, да може сам да одлучува. И мојот бубрег може да спаси нечиј живот, дали јас сум убиец ако не сакам да го донирам? Можеби споредбата е несоодветна, но суштината е таа. Се додека ембрионот е дел од телото на жената само таа има право да одлучи сака ли од него да створи живот. Беше спомнато посвојување, беа спомнати генетски болести, божји чуда. Дали знаете само колку деца остануваат по домови без да почувствуваат родителска љубов? Можеби од нив ќе израснат вистински личности во секоја смисла на зборот, ама и самото лишување од родителска љубов за мене е исто толку трагично како абортусот. Секоја чест на оние мајки кои и покрај сознанието дека нема да роди здраво дете, сепак се одлучува на тој чекор. Голема пожртвуваност е тоа, а неретко во такви ситуации страда некој друг, другите деца, семејството. Имам пријателка со болно дете, секогаш има грижа на совест и кога му посветува време него, зашто ги запоставува другите две и кога седне едно кафе да испие, зашто тоа време може да поработи со него. Преголем товар е тоа за целото семејство.Верувам и во божји чуда иако не се декларирам како голем верник, повеќе почитувач на верата. Ама колку болни лица ја имаат таа "привилегија" да бидат излечени со молитва. Верник не се станува преку ноќ, нити може секој, тоа е процес на конфронтација на сите сознанија за настанокот на живиот свет и самоубедување, претпоставувам под влијание на некаков знак. Познавам и атеисти кои станале големи верници, ама исто така мислам дека не секој е избран за таква преобразба. И на крај пак до она, правото на избор, ако жената не е спремна да роди, да даде на посвојување, да се грижи за болно дете и уште милион причини, треба да има право на абортус без да биде наречена убиец.
Predhodniot mesec imav redovna menstruacija, no ovoj mesec mi docni, trebase da dobijam najkasno 14-15 ti.. Imav simptomi za pms ama nisto.. Utrovo napraviv test, I mi ispadna pozitiven ama problemot e sto jas seuste ne sum spremna za mamicka.. So partnerot prviot odnos ni bese so kondom, megjutoa vtoriot ni bese nezastiten, I ete od mnogu malku se sluci, koga saka da bide kje bide :/ Posto sum vo rana bremenost, Dali nekoj moze da mi kaze kako mozam da predizvikam spontan za teloto samo da go isfrli plodot preku menstruacija ili mora da mi pravat kireraza?
Можеш сопмни се од скали и падни на стомак,или земи палка и мавај се по стомакот,ако и тоа не помага.Тогаш барај го иван исцелителот он ке ти помогне 100%,он е вториот исус.
Постојат апчина со кои се исфрлува плодот во рана бременост.Истите мора да ти ги препише гинеколог.Оди побрзо доколку си веќе решена за абортус
Sum slusnala deka postojat ama ne bev sigurna deka gi ima kaj nas.. inaku ti blagodaram za sovetot...