Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.198 глас(а)
    71,0%
  2. Не, никако

    490 глас(а)
    29,0%
  1. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    91
    :o па ова е страшно! Како може да сакаш да родиш дете од твојот татко? како што кажаа и другите па тоа е инцест а најчесто таквите деца се раѓаат секогаш со некоја маана. Ако веќе не сакаш да разговараш со некој абортирај .Сепак тоа етвоја одлука со среќа и известувај не :o
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    4.211
    ИНЦЕСТ-кажи и на мајка ти како прво, како второ ке мораш да абортираш затоа што бебето ке има сигурно некоја фалинка. како трето мораш да се заштитиш од тој монструм - ,,татко,,.
    Малку не ми е јасно - ако е вистина ова, велиш се поврзуваш со плодот ??? и несакаш да абортираш ???? Ти свесна си што ти се случило ??? А дечко ти не ни помислувај да го лажеш затоа што кога тогаш ке дознае и ке биде полошо.
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.464
    МОРАШ да и кажиш на мајка ти, мораш. Не можиш да продолжиш така, со криење. Разговарај со неа, кажи и се и сигурна сум дека ќе те разбере и ќе ти помогне. Дечкото не ни помислувај да го лажиш зашто кога-тогаш ќе резбере и ќе има уште поголеми проблеми ако не му кажиш на време, сепак мислам дека заслужува да ја знае вистината, а и сигурно ќе сака да ти помогне зашто не си ти крива за тоа што ти се случило. Мислам дека, колку да ти е тешко и болно, треба да абортираш зашто детето не е плод на љубов, а и сигурно нема да се роди здраво и право, сигурно нешто ќе му фали, а и, како што напишаа погоре, што ќе ти е тоа: брат, сестра или син, ќерка? За татко ти, мораш да го пријавиш зашто ( извини ама) нормален и здрав човек не му го прави ова на сопственото чедо, ова е голем грев. Мораш да кажиш за ова и да најдеш реение дури не е доцна. Поздрав и кажи што си направила
     
  4. elenajaneva

    elenajaneva Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Како мајка можам да ти кажам само МАЈКА ТИ ПОД РАКА И ПРАВО ВО ПОЛИЦИЈА, ПА НА ЛЕКАР, а тоа што викаш дека си се поврзала со плодот, мислам дека малку претеруваш, тоа не е плод на љубов па да бидеш поврзана
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.464
    Не можам да поверувам :o Страшно. И кај нас ли почнаа да се случуваат истите работи што ги има во странство? :o Не смееш да го родиш детето, најдобро ќе ти биде да абортираш, не знам само како моеш да помислиш да го родиш? Не треба ни да размислуваш за таа опција, туку веднаш да си закажеш термин за абортус. И сигурно е претерано многу тешко и незамисливо, ама мораш да и кажеш на мајка ти, затоа што ќе ти биде многу лошо и ќе имаш огромни трауми ако го чуваш тоа во себе, а немаш на кого да кажеш. И мој совет ти е да одиш на неколку сеанси кај психолог, едноставно за да има на кого да го раскажеш твојот проблем и полесно да поминеш низ оваа стресна ситуација.
     
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    493
    Потполно се согласувам со Kitten.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.301
    искрено,не знам колку да верувам во ова,некако девојката многу релаксирано опишува.ако не е вистина,ваљда е свесна грев дека ќе ја фати,а ако не дај боже е вистина,освен што треба да каже на мајка и,треба и да абортира,најмногу за доброто на детето.не може татко и ќерка да имаат дете,ете и ако е се како што треба со него,како тоа дете ќе расте??без да знае кој што му е.лудост
     
  8. perdija

    perdija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Потполно се согласувам со femina90 , не сакав на почеток да бидам груба, па да ме нападнете сите, ама навистина ми е мн неверно сето ова ,а девојката да е толку релаксирана. не дај боже да е вистина, да не ми се пише грев,ама во овој случај доколку би бил вистинит се знае како се реагира, се знае кои мерки треба да се превземат, сепак да не си му во кожата на човек на кој му се има ова десено. Нормална личност јас верувам дека досега милион пати би изреагирала.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.237
    Само ќе кажам дека Притигрл-Ј треба овде да ги употреби нејзините врски :tmi: :$ и да го разоткрие монструмот што го направил ова и да го сместат онаму каде што му е местото- во затвор. Во секој случај овде постои монструм- ако е вистина постот тоа е таткото, а ако е лага тогаш тоа е членката која измислува такви ужасии. Се згрозив
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.624
    Луѓе, дај бидете реални малку... Девојкава ако навистина и се случува ова, сигурно нема да пише на форум па уште и да се изјасни дека детето ќе го чува. Како прво вели била на лекар и кажале се е во ред со плодот. Како може да биде се во ред со плодот кога е од татко и?! Велам јас, не треба се по телевизиите да даваат. Од филмови се уфилмуваат луѓево сега почнаа и од вести. Мене не ми е за верба ова ама ич.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.237
    мене ме загрижува тоа што луѓето имаат такви изопачени фантазии. Сфаќам сакаш да се регистрираш, да споделиш мислење, ама вакви лудости бе? :fubar:
    Кој изопачен ум се регистрира и пишува вакви глупости? Можеби таа фантазира за инцест со татко и. Ова е страшно луѓе.

    А инаку не верувам дека е вистина, како може невина силувана девојка и тоа од сопствениот татко, онака ноншалантно да си отиде на гинеколог и да праша како тече бременоста? Нема логика.

    А претходниот пост за Притигрл-Ј ми беше онака, повеќе на шала, ама сакам да кажам дека ако девојчето стварно може да открива идентитети, тогаш нека го открие идентитетот на психопатот/ката и да го смести таму каде што му е местото.

    Се прашувам каков "проблем" ќе се појави во иднина на форумов ? Фантазиите од ден на ден се поголеми.
    Ужас
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.624
    Остај тоа, па и ко да татко и прв пат имал односи со жена и незнае дека ако и сврши ќе остане бремена. Сигурно не е будала дете да и напраи. Бог да чува, свашта. Или тоа, туку така бремена се останува... Луѓено со години се обидуваат дете да си направат неможат, на оваа од прва и се трефнало, па и од татко и. Велам јас, почнаа и од вестите да се уфилмуваат.
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Божеее кој изопачени умови постојат.Ако ова што го пишуваш е само твоја болна фантазија,верувај голем грев ќе ти се пише.А ако е вистина Бог да го казни тој што на тој начин си го повредил чедото.....
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.882
    Пол:
    Женски
    Ах бе жени жени, наивни сме до немај-каде. Постот од девојката со таткото се гледа од километри дека е измислен. Не велам дека не постојат такви монстурми што силуваат ќерки, роднини, но ова ми е премногу филмски. Мислам, девојката би била во шок и траума, ќе седне на форум да пише, сигурно. |(
    Од една страна "сакам да го чувам бебето" бла бла, од друга "помогнете ми тешко ми е". Па треба да си БОЛЕН УМ, и да сакаш да зачуваш дете од татко. И срамота што на ваква сериозна тема си измислувате приказни, зошто има во светот илјадници жртви од инцести, силувања, а некој ќе си прави филмови и ќе се зафркава овде. Да го имаше осетено зборот "силување", верувај ми немаше да имаш сили да пишуваш на форум!!! Поздрав до тебе девојко.

    Инаку мое мислење за абортусот, право на избор. Не велам дека сум секогаш за, но во некои случаи мислам дека е подобро да се изврши абортус. На пример доколку се работи за силување, деформисан плод, или девојката не е спремна да стане мајка, премлада итн. Тешка одлука во секој случај, каде е потребна јака психа за да се издржи траумата после тоа :/
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.464
    Ако веќе е измислен постот на девојката, тогаш подобро админките нека ги избришат нејзините постови од оваа тема а не помалите девојчиња што ги има на форумот, да читаат секакви измислени глупости :puke: :puke: :puke:
     
  16. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    390
    Според мене абортусот не е лесна одлука...Не е тука само невниманието-и при најзаштитен секс постои многу мал ризик за забременување.
    Но прво, еве да тргнам од младината-врски кои се основани на 15, 16 години не се знае дали еден ден ќе стигнат до брак, бидејќи тој е период кога сеуште не сме целосно подготвени и зрели да се справуваме со животот онаков каков што е. Сексуалниот живот кај младите просечно започнува околу 17 година, а и при најголема информираност и пазење (користење контрацепции), може да се случи тоа да забремени девојката, иако доколку се користат соодветни контрацептивни средства, ризикот речиси се сведува на нула. Девојка на 17-18 години не може да одгледува дете. Тука мора да има помош од целото нејзино семејство и семејството на дечкото, најмногу финансиски. Ако таа го роди детето има да избира 2 опции-или ќе продолжи да живее како мајка, да се мажи и да го гледа детето и притоа да се откаже од нејзините планови кои ги кроела за на факултет или што и да е, или пак ќе го остави детето да расте со нејзината мајка (неговата баба) додека таа е на факултет, а подоцна гради кариера. Во првиот случај мајката отфрла се што замислила и нема потенцијал да го оствари тоа што го сакала, а во вториот случај детето не може целосно да почувствува мајчинска љубов. Одлуката тука е индивидуална, од двајцата партнери..но бидјќи возраста е прерана јас лично би абортирала...Бдејќи сакам кога ќе дознам дека го носам тоа дете, да се израдувам и на тој начин да го родам..А сигурно не би ми било сеедно ако забременам на овие години...
    Друго-девојката може да биде силувана...Во тој случај не се знае ни какво дете ќе роди, бидејќи као што велат круша под круша паѓа, а и тоа дете нема да има никаква иднина, па и во овој случај е подобро да се абортира.
    И не само кај младите, туку и кај постарите, кои веќе имаат деца може да се дојде до несакана бременост. Причини поради тоа се на пример немањето материјални и финансиски средства. Значи, ако во фамилијата се роди уште еден член, ќе има многу помалку за сите.
    Од сосема друга страна не го оправдувам абортусот, бидејќи се согласувам дека е убиство.
    Сепак абортусот е чекор, до кој треба да се дојде со многу размислување, бидејќи тоа размислување нема да ја одреди иднината само на вас-туку и на детето.
    Затоа, ако сметате дека можете да му овозможите убав живот и иднина на детето што сте го зачнале, колку и да сте млади, бидете храбри и родете го. Сепак, никогаш не знаеме што ни носи животот...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simona.blonde

    Simona.blonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    pozz do site sto me podrzaa. koj ne veruva niven problem kako mozam da izmislam takva bolna rabota bog da cuva . So toj covek Monstrum sto ziveam bil vo zatvor i poremeten covek e . Koja logika ja da go izmislam ova . Inace abortirav i on e vo zatvor pa go pustija uslovno . No najvise me boli koga mi postavija prasanje dali ja sum go terala na takvi raboti (odgovorot e ne nikako skraja da e ) . Toj covek mi se zakanuvase deka ke i napravi neso na majka mi i na sestra mi pa toa e toa sto ispadna nemam sto povise da kazam samo ke mu se sudi na covekot so go napravi ova pozz za tie sto mi veruvaat a za tie sto mislat deka sum go izmislila ova neka si mislat i ponatamu !!! (go kazav ova na net bidejki mi bese tesko i bev mnugu depresivna sekoj den skoro piev lexilium ili helex sea sum podobra i si go teram zivotot.
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.075
    Допаѓања:
    4.805
    знам дека си излегла јака знам дека сево ова ќе ти биде ноќна мора и кошмар кој ќе те следи. но добро што си собрала храброст и што се си признала и што си абортирала. лагите ќе те водеа од еден кош во друг. вака се надевам декља и со дечко ти излезе се ок дека те разбра и свати и дека ке имаш подршка од сите. што и да ти треба и разговор и пријател можеш да сметаш на мене. пиши лп и ќе си поразговараме. биди јака како што си и ова никогаш да не ти се повтори :hug:
     
  19. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    228
    Јас оправдувам само абортус доколку се знае дека бебето има некоја психичка или физичка маана,така да подобро воопшто да не се роди отколку цел живот и тоа и мајка му да се мачат,во други случаи не оправдувам
     
  20. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    48
    Јас го оправдувам абортусот како избор на жената. Абортусот не е контрацептивно средство ама грешки се случуват и ако не сакаш, не се подготвен, финансиски слабо стоиш, премлад си, во врска без обвраска си, имаш едно- две деца и не сакаш повеќе, има веројатност детето да се роди со мана, жртва си на силување итн се се тоа подеднакво добри причини за да се прекине бременоста. Секоја друга опција е полоша. Не мислам дека е попаметно да го родиш па да го дадеш на посвојување зашто еден ден ќе те побара или секој ден ќе мислиш како му е - копање по стари рани, не мислам ни да го родиш и да го одгледуваш а да не го сакаш и можеби несвесно таа мајка ќе биде фрустрирана зашто доаѓањето на дете во не-време и го променило животот и многу планови останале неостварени. Уште поглупаво е да родиш 5-6 деца и да немаш да ги прехраниш, а децата денес чинат многу.
    Што се однесува до психичката траума кај жената па се зависи од тоа колку силна личност си и колку ти е цврста одлуката. Не мора да е нешто којзнае колку трауматично па да се паѓа во депресии и слично. Ако знаеш дека не сакаш бебе абортусот ќе го доживееш како нормално решение на твојот проблем. Што се однесува пак до гревот во 21 век ќе ви речам - абе ај не ме зезај!
    Инаку не зборувам на памет. Имам дете знам што значи да бидеш родител и колку со нетрпение ја очекував и колку ја сакам. Но јас и сопругот се договоривме дека ќе имаме едно дете на кое ќе се посветиме макс за да имаме време и за самите себе и лична реализација. Кога кратко по породувањето случајно забременив немаше дилема отидов на абортус. Не сум ни истрауматизирана ни депресивна, не плачев едноставно животот ми продложи не ни размислувам за тоа.
     
    На Lolo5 и manu-chao им се допаѓа ова.