Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Овие денови ќе идам и на државна али и пиев некои апчиња и може и тоа да смета. Коа бев на псохијатрија ми препишаа и ама не се редовни тие у случај коа сум у гужва или ако се расправам пиев за да се смирам и др апчиња ми зголемија
     
    На ♡Gabby♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.283
    Ако вилица си снимала, зрачењето е 0,02 Millisievert (mSv). Обична споредба со лет од 10 часа кој е 0,1 mSv или 5 пати повеќе.
    Ај консултирај си се со поупатени од тој твој доктор.
     
    На Bender Rodriguez, mimi****, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Абортусот може дополнително да ти го искомплицира животот. Размисли и за тоа. Имам пријателка која правеше рентген на стомак без да знае дека е бремена. Лекарите и советуваа абортус, но таа одби. Си роди здраво бебенце. Размисли си добро. Можеби ова дете ќе биде причина повеќе да живееш, да се бориш и да си го средиш животот.
     
    На cresa-jagoda и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.521
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека те следам, туку дека по сплет на околности те прочитав.
    Точно дека форумов е за "споделување маки и смеење" но форумов е пред се за критика и совет за твојата искажана мака, да така како што си споделувала и пишувала на овој форум треба да бидеш свесна дека ќе добиеш и критика а не само тапшање по рамо и климање со глава.

    Размисли малку за сите потези што си ги правиш самата на себе и време би ти било да почнеш малку од малку да созреваш и да размислуваш за последиците бидејки имаш бебе во стомакот, а притоа не знам колку си ти свесна што значи тоа за тебе и твојот живот.

    Јас не сум "разгалена галеница" како ти што пишуваш туку сум возрасна. Можеме да направиме муабет тек кога ќе созрееш и ќе се дообразуваш, бидејки свесна сум дека сега не ме разбираш.
     
    На cresa-jagoda, mimi****, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Ок. Јас сум си зрела за мои години може не и колку што си мислам
     
    На ♡Gabby♡ и ♡Vildana♡ им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Девојче а да искулираш малку? Жениве пробуваат да ти помогнат ти рогови дигаш :fubar:
     
    На cresa-jagoda, srcence1607, mimi**** и 7 други им се допаѓа ова.
  7. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Tvoe pravo e kako ke odluces.Ti preporacuvam da si pobaras vtoro,pa i treto mislenje,da si zakazis kaj Pavle Dimcev vo Sistina dosta dobar doktor ti go preporacuvam od iskustvo toj najdobro ke ti kaze.Koja nedela si bremena ako e e tajna?
     
    На galapce и mimi**** им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ем шуто, ем боде.
    Прво види вака, овде форумџиките што ти пишуваат можат мајки да ти бидат, така да, покажи малку домашно воспитување и почит спрема постари.
    Друго, ако имаш толку многу проблеми и ако сакаш да пишуваш по јавен форум, нормално ќе сретнеш секакви коментари и осуди..па не знам што се потресваш толку. Ако не сакаш никој да ти соли памет, да ти кажува што да прајш, тогаш зошто пишуваш на форумов?
    Не мора ни да се правдаш на некому, ни да ги кажуваш твоите одлуки. Малку повеќе размислувај со главата и терај си.
    Толку млада, а во 300 проблеми си влегла, епа уклучи го малку мозокот. Од главата си патиме...
     
    На cresa-jagoda, Bebulleee, Eli23 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ♡Vildana♡

    ♡Vildana♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се има абортусот само со дукументи ако нема доволно сретсва или ако е болно детето не е во ред да се роди такво дете абортус е за со причина да се абортира а не без причина бидекќи на некоја не и се сакало...
     
    На ♡Gabby♡ и Slatkarka94 им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако не го сака жената ти ќе и ги пресметаш финансиите и ќе и кажеш? Не го сака е причина доволна од било која друга. што не ви е јасно? Стварно? Деца.
     
    На MacenceEna, srcence1607, oblace1 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. ♡Vildana♡

    ♡Vildana♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ајде бе зстоа сите кукаат сеа нема кај да се искочи со дете па ова па она или учат со години на факултет или идат у странство да заработат пати и да се формира семејство да тоа е така дома маж дете и жена живееш со 10илјади плата и тоа е живот да се мучи тоа е така мислитр се чуваат деца , секие дете бара нега храна и внимание.
     
    На ♡Gabby♡ и Slatkarka94 им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Moze zenava em suta em bode,ama i vie ama ste i zapnale.
    Nemora da naoga opravduvanja za da ne bide osuduvana.
    Zivotot e nejzin,odlukata i posledicite isto taka.
    Ima li potreba od napadi?
    Razbiram sovetuvanje,ama proprateno so obvinuvanja i osudi?Komu mu e od korist toa?

    Slatkarka,odi na vtoro mislenje i ubavo razmisli si.

    Evw ubavo obvjasnila @Cka deka i porano bila protiv abortusot,no koga za prv pat ja osetila bremenosta sega e uste poveke.
    Znaci,koga ke si oseti covek nasvoja koza,togas e mnogu podrugo.
    Zatoa ostavete ja zenava,taa si znae najdobro niz sto minuvala,i niz sto minuva.
    Imam se izjasneto,ne sum protiv,koga se raboti za druga osoba,taa sama neka si odluci,jas ne veruvam deka bi imala hrabrost.
    No drugo e kogase komentira sta bi bilo kad bi bilo.
    Nikomu ne posakuvam nesakana bremenost.
     
    На CameliaMiller, MilaP и tessie им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Cka, сакам само едно нешто да прокоментирам. Во твојот пост видов нешто што повеќето пролајфери го прават, а е доста лицемерно.

    Немате ист аршин и судењево кој да живее, а кој не, не чини.
    Плодовите со малформации, од силување, ин витро или секс за една ноќ не бирале сами на кој начин ќе настанат, и од нивен аспект е тотално сеедно. Моментот ,,абортирај ако си силувана или ќе биде со Даунов детето,, и ,,убицо една убаво ти беше кога се е*беше,, не е ич ок, зашто воопшто не се зема предвид нели, положбата на ембрионот, туку се сожалува или осудува жената.

    Можеме само да се залажуваме дека можеме да спречиме абортус, можеме само да го направиме што е можно побезбеден. Таа што одлучила да абортира, со или без закон ќе ја спроведе одлуката.

    Абортусот, како и раѓањето, не е нешто што треба да не засега освен ако ние не сме бремените.

    Практикувам да не вперувам прст пред да прошетам во нечии чевли, никогаш не се знае што ме чека зад првиот агол.
     
    На SexiLy, cresa-jagoda, Giovanna и 18 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Убаво кажано. (лајк)
     
    На Eli23, Sanjichka007 и tessie им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.503
    Не е лицемерно. Ако детето се знае дека ќе живее живот на растение, или дека ќе умре по неколку дена од раѓањето, или дека никогаш нема да има нормален живот, или дека може да умре во утробата и да го загрози животот на мајката, која е поентата 9 месеци да се носи, или да го гледаш како се мачи цел живот? А со него и цело семејство.

    Не е исто, за да можеш да споредуваш, абортус поради болест на мајката или детето, и абортус од лични причини, сакала да оди во Америка, и во 35 недела да изврши убиство. За мене тоа никако не е исто.

    Ако е за тебе во ред да носи мајката дете кое никогаш нема да застане, да оди, да јаде самостојно, да биде цело време по болници, да биде терет на другите браќа и сестри, а имала шанса во 12 недела на задолжителен преглед тоа да го констатира, и абортира, и истото да е еднакво со здраво дете, кое треба да се роди баш кога вујче од Америка решил да те викне на гости, не е воопшто фер или еднакво. Раѓањето на детето го менува цело семејство. На вага помеѓу - сакам да имам здраво семејство и сакам да одам во Америка, јас имам став што е побитно.

    Верувам во тоа дека секој треба да има став, без ралика дали проживеал низ истото или не. Оти не може на сите истото да им се случи. И не може да немаме став и да не ни е гајле за нешто, особено ако се работи за убиство на 35 неделно дете.

    На крај, ниедна мајка не зажалила што го родила детето, не рекла, е, требаше да го абортирам, ич не го сакам. А многу зажалеле што абортирале и се прашувале како ќе им биде да било тука детето.
     
    На Mariangel, cresa-jagoda, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Cka, пак ќе кажам - секоја приказна е индивидуална, јас не би родила дете на 17 години, некои раѓаат, не е мое да кажам на таа како треба да живее.

    Дауновиот синдром нема да ја убие нит мајката нит детето.

    Што правиме ако е силувана? Ако е плод на инцест? А што со вишокот ембриони од ин витро? Ако плодот направен од ќеиф секс треба да живее, како да ја оправдаме смртта на овие примери?

    И пак ќе кажам - не знам за емисијата не сум ја гледала, ама од искуство знам дека обично тоа не е целата приказна.

    А не можеш да кажеш која е среќна што родила или се кае што абортирала, освен ако немаш некое истражување да приложиш па да го разглабаме. Јас ете, имам друг впечаток, ама тоа не ми дава за право да им кажувам на жените што е подобро со себе да прават.

    Башка, јас на 17 да бев бремена немаше теорија да раѓам, ете некои раѓаат. Ако за мене би било тоа погрешно, за некоја друга е ете, исправно.

    Секако дека треба да имаме мислење за нештата, но за тоа што ние би правеле во дадена ситуација, а не што другите би требало да прават.
     
    На SexiLy, Sanjichka007, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Секоја жена има право на избор. Абортусот не е предмет на одлука на околината и општеството, комшиите или државата или тука некој што ќе каже.
    Имањето дете не е лакирање нокти, туку засекогаш, за цел живот, а секој има право да одлучува и да прави онака како што сака со својот живот.
     
    На vitamina, Sanjichka007, deskarada и 8 други им се допаѓа ова.
  18. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    @Cka nikade ne rece deka zenata nema pravo da odluci sama dali ke go abortira ili ne,no apsurdno e vo 35 nedela da go usmrtis bebceto zasto ne go sakas.Ti se molam,pominala 8 meseci bremena i resila bas vo 9mesec da go abortira??Dokolku deteto e bolno se znae vo 12 nedela i podocna od 20 do 22 nedela se pravat povtorno ispituvanja koi ukazuvaat kako se razviva deteto,pa sto imas ti tuka da cekas do 35 nedela.Ne osuduvam nikoj no sum protiv toa vo 35 nedela da ubies dete (zasto pred da go porodis go bockaat vo glava so inekcija,se ceka da umre,pa ti stavaat inekcija za provokacija da go porodis mrtvo).Zaradi zdrastveni pricini,siluvanje nema zbor togas sum za abortusot ili pak na mali godini deca ke cuvaat koga i samite tie se deca,ne sum protiv no si ima i za toa soodvetni nedeli koga da se pravi.
     
    На cresa-jagoda, slobodka, samovila.red. и 8 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Конкретниот случај го знаеме само преку тоа што го видела/чула членката, ни јас, ни било кој не сме разговарале со дотичната бремена, па да знаеме точно во што е проблемот.
    Јас ти гарантирам дека обичното шетање до Америка не е :)

    Јас сум секогаш за абортус (односно секогаш кога бремената сака, без оглед на причините), види, во 12та недела има срцева акција, ама нервниот систем сеуште не е функционален па плодот не чувствува болка. Во 35 недела не постои абортус, никаде :)
    Така што, таа сакала, не сакала, тоа и е, доволно е да и се овозможи лесен и што помалку стресен пристап кон служба за посвојување, оти ако не го сака, нема сила што ќе ја натера да го чува.
     
    На Bozica1980, bittersweet, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.503
    Малце чудно е што викаш, не знаеш што е проблемот, само јас сум чула, ама гарантираш дека не е обично шетање до Америка. Ако доктор член на второстепена комисија за абортус лаже на телевизија, онда и јас те лажам. Ама јас не гарантирам како тебе која и е причината, оти знам што кажа докторот - дека сакала да оди за Америка. Бидејќи ТИ гарантираш дека не е обично шетање и си толку сигурна за да ГАРАНТИРАШ кажи ја причината? Која е поголема причина од дете да биде умртвено во 35 недела? Кога веќе ја знаеш нели , па можеш да гарантираш која не е :)

    Абортус се вика до 12 недела, прекинување на бременост е после 12та. Жената сакала да ја прекине бременоста со умртвување на плодот и пораѓај.

    Еве линк да видиш како се одвива абортусот во 35 недела http://www.operationrescue.org/about-abortion/late-term-abortion/ кога нели веќе не постои, никаде го нема. Имаш 4 дневна процедура опишана во чекори за нешто што НИКОГАШ според тебе не постои. Мислам дека докторот кажа дека второстепената комисија не дозволила абортус во овој случај.

    Нормално, за тоа кои се твоите ставови за абортусот, и кои се моите можеме да дискутираме. Ако за тебе 12 недела е Free to kill, за мене не е. Има срцева акција, ама има и раце, нозе, мозоче.
    Еве како личи бебе во 12 недела
    images.jpg

    што за мене е веќе човече, има се на него. Абортусот е со сечење, па вадење дел по дел надвор. Одлука на мајката е, нормално, смрт или живот на ова бебе, ама бебето нема право на избор, а веќе е живо.
     
    На mimi****, cresa-jagoda, MacenceEna и 8 други им се допаѓа ова.