Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Пред три дена морав да ја прекинам бременоста во 26 недела заради малформации на бебето со голема болка и сила го прифатив тоа и морав да го направам најдоброто за сите пред се за него.На оделението как што лежев имаше три жени кој што ја прекинуваа временоста во 6 месец заради сопствена желба повеќето имале проблеми со сопрузите ги тепале е пијанчеле трето дете им било со што ке ги гледале па во 6 месец ли им текнува да се прави тоа,па уште една барала да го види и вика што убаво беше гнаси за мене тоа несе мајки бе тоа е монструм.
     
    На TB., MargaritaD^2, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ma kakvi monstrumi ne postoi zbor za niv
     
    На honest girl, MargaritaD^2, samovila.red. и 5 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што си морала да поминеш низ таа болка. Ти посакувам брзо закрепнување, и уште побрзо да си се израдувате со ново ангелче. А тие што од кејф убиваат 6 месечни бебиња, оти им се изреметиле плановите во животот, и оти имале право на избор е дело на монструми. Се надевам ова напредново време нема да ги дотера 'напредниве' да бараат право да си ги убиваат новородените до 1 година, ако се премислат, оти нели секој има право на избор. (facepalm)
     
    На MargaritaD^2, samovila.red., kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Жал ми е за загубата моник....
    Мене ме интересира друго - во која болница прават абортуси (т.е. предвремено породување е тоа во 6ти месец) за такви банални причини? Државна ли е, приватна ли е?
    На мајка на ГАК не и дозволија да го абортира бебето ИАКО имаше недостаток (пократки нозе) зошто комисијата утврдила дека не е страшна малформација. Мајката НЕ ГО АБОРТИРАШЕ, ама на крај им го остави и им рече да и се јават кога ќе и го „оправат“, зошто не ја оставија да го реши кога требало.
    КОЈА болница извршила предвремено породување зошто некоја не сакала 3-то дете, а тоа и текнало во 6ти месец?
     
    На Lolo5, MargaritaD^2, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Абе рекла - казала е муабетот за Америка :) Тоа сакам да го кажам. Јас можам да ти кажам (пример) абортирав затоа што татко ми ме тепаше, маж ми ме избрка од дома и немав избор. А уствари ништо од тоа не е вистина. Едноставно не го знаеме случајот за да пресудиме туку така, а психичкиот склоп на некоја личност не се распознава по само една (со непозната точност) информација за неа.

    Реков дека гарантирам дека има повеќе во приказната, од тоа што е прикажано, а не дека тоа не е причината. Само дека е малце подлабока приказната од тоа што е прикажано од страна на докторот. И на крајот, можеме да претпоставуваме, ехеее... таа може е некоја со 8мо, едвај завршено, од нива неизлезена и поим нема што значи 35 недела. И шта речи? Него одма ја замислувате некоја нафрцкана, со кожна чизма до колк, силиконска муцка и тако даље :)

    Што се однесува на болдот истото го констатирав едно мислење погоре :)

    Абортусот НИКОГАШ не постои во 35 недела, раѓање е тоа, мислев дека е очигледно што сакам да кажам.
    Затоа и предложив лесна процедура за посвојување, за да не настане хаос и трагедии, не можеш никого да натераш да сака и чува некого, ако тој одлучил дека не сака. Хинд: бебето Најден.

    Знам како личи плод од 12 недела, од поодамна знам, со медицина се занимавам, океј е.

    Во однос на истото би рекла само - не сакаш абортус - не абортирај. Остај ги другите да одлучат сами.
     
    На kukla21, Lady Phoenix и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Феминки ми треба една информација ако знае некој.. Колку чини вакцина за РХ негатив после абортус на гинекологија и како се процедурите таму ? :)
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    На ГАК се изврши таков абортус дотичната си платила 15 илјади уште пред да ја примат а се плаќа кога се зима отписната листа.Значи се работи за незаконски и поткупување на болницата за да се заврши таа работа.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Тогаш е банално да го дискутираме, нелегално може да го роди и да го убие.

    Е сега, од оваа причина би ги олеснила сите можни процедури околу абортусот (во легални како и до сега рамки - 12 недели) а советувања и попувања - не. Ако сака жената само.
    Зашто и 50 комисии да речат не, ако таа сака да абортира, ќе најде начин.

    Само во 6ти месец е крајно грозно сето ова, и за неа, и за плодот.
    Помалку притисок, помали последици.
     
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    На ГАК ти ја ставаат вакцината и не плаќаш ништо.
    Тоа е ако си имаш плави картони
    Иначе е околу 3000 денари
     
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    3000 е вакцината како што те разбрав, а абортусот колку чини ?
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас сум за правото на жената сама да носи одлуки за своето тело! Не може некои си таму 3ца кои не ме познаваат да гласаат за мојата иднина. Под абортус подразбирам лична одлука на жена да ја прекине бременоста на почетокот или ако има медицински индикации. Прекинување на поодмината бременост, освен ако не е од медицински причини, е лудост и не треба да се дозволува.

    Мое тело, моја одлука.
     
    На Sanjichka007, ocicka2014, m.i.g и 5 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Za da abortiras na Gak mora na komisija da odis.Toa e besplatno.
     
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.269
    Допаѓања:
    76.323
    Пол:
    Женски
    Или да фатиш опасни врски, како што познавам едно девојче абортираше во 5ти месец, како што знам инекција се збрцува во стомакот право во главата на бебето (во поодмината бременост) и после еден ден вистински пораѓај има жената, тоа е страшно јас незнам како се одлучуваат на тоа така доцна, според мене тоа е веќе убиство..
    Патем, здраво кај си ти, одамна не сум те начекала :rofl:
     
    На sagittarius57, zalosna и Kaetana им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Кога бев на амниоцинтеза на ГАК се влага во иста просторија по три жени (сите со различна проблематика)
    Јас бев за да потпишам изјава дека јас сакам амнио да ми направат (како да не...од што морав) а другите две беа со бременост па ги распрашуваа како-што....од таму знам дека на комисија се оди ако сакаш бесплатно, за таа да утврди дека мор да те чистат
    Иначе тука сум јас...се си читкам:D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно против. Знам дека никому неможам да му се мешам у сопствени одлуки ама за мене жена што туку така и текнало да абортира нема никаква грижа на совест а од такви нема дари бериќет.
    И се согласувам со Ска дека не е исто кога животот на мајката зависи од абортусот или кога според медицински лица едноставно препорачуваат абортус наспрема некоја неодговорна глуперда која си прави деца accidentally и си ги абортира ко ништо да не било. Грозоморно звучи. А знам такви. :envy: Има ли таа жена мајчински инстинкт или дали знае воопшто што е тоа? Јас на 23 ни деца имам ама самата помисла да абортирам ми создава некое чувство на вина и веднаш се ставам во одбрана на плодот, заштитнички, како мајката кон бебето.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Одамна на оваа тема дискутирав, кога се зборуваше за законот против абортус. Тогаш ама баш сите беа против мене зашто мислеа дека ја поддржувам владеачката партија. Целиот муабет ми беше дека абортусот не треба да се сфати како мачкина кашлица. Ниту како средство за контрацепција кое "еманципираните жени" уживаат да го користат.

    Од друга страна, ама баш никој не смее да и каже на жената дали треба да абортира или не. Новиот закон ама баш удара по човековото достоинство, мислам срамота е. Уште посрамота се жените кои се одлучуваат да абортираат ради некои смешни лични причини, како што напиша @Cka . Одбираат Америка, пред дете бре, абе ајде. Една епизода од Сексот и градот и ајде, детето е потенцијална закана за нивниот прекрасен, возбудлив живот. Што не направи толку нечувствителни, стварно не знам.

    Сепак пак ќе кажам, за да не ме нападнете сите како претходниот пат: жената сепак треба да има право на избор.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  17. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Законски да има избор нека има, она ако нема грижа на совест никој со инка не може да и тури и вака и онака ќе нема, ја го кажувам мојот однос кон таквите ликови, не можам од такви да очекувам некое високо емоционално ниво или воопшто ниво на сочуство.
     
  18. lealealea

    lealealea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    feminki mi treba pomos hitno
    sakam da znam cena za abortus I kolku vreme traj procedurata
    sega napraviv test izleze pozitiven, mm uste ne znaj I ne znam dali da mu kazam, neznam dali e pogode moment ...imame problemi si mislam deka treba da mu pobaram razvod, I psihicki I fizicki ne sum pojke sposobna ne znam so ke pram veje uff
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да си разговараш со маж ти. Да, да... знам твое тело ти одлучуваш, бла бла... ама и мт има удел за тоа бебе, и најголем грев е да скриеш од него дека во твојата утроба се наоѓа негово дете, и да си донесуваш одлуки за заедничко бебе без никаков разговор прво. Иако сум против абортуси, не ти велам да не абортираш, ама дека сакаш да скриеш за сево ова..... многу лоша одлука!
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.947
    Не знаеш очигледно и затоа не прави хорор филмови. Темава е доволно болна и осетлива и без твојот апсурден коментар.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.