Не спомнав ништо дека треба или не треба да се разведеш. Тоа си е ваша одлука, ама бебето е подеднакво ваше и ти мораш да му кажеш дека си бремена и да си разговарате на таа тема. Себично е од мажите да се бара 50% алиментација за деца, а за абортус да не се ни прашуваат. Тоа бебе има 50% твои и 50% негови гени, заедничко ви е... заедно ќе си ја донесете одлуката... или и ти ако си ја носиш одлуката барем да си знае. Очигледно тежината во вашиот брак е тоа што не ни се трудите да комуницирате еден со друг, кога си криете сериозни работи како бременост, или си кроиш развод во памет без никаков разговор. Да не бегам од темата. Твојот маж, каков е да е, е татко на тоа бебе.... и има право да знае.
Освести се малку. Си дознала неодамна дека си бремена, тоа значи си зачнала пред околу пола месец до месец, значи си имала секс со твојот сопруг. Како си имала секс со него ако не го сакаш и сакаш да се разведете? Така преку ноќ ти текна за развод? Имате ли деца со сопругот? Што е тоа толку трагично што те води кон развод? Колку време сте заедно? Сте посетиле ли брачно советувалиште? Размисли за сите овие работи и не го убивај животот кој ти е подарен од Господ и кој ти е поклонет во периодот кога треба да се обидете да си го зачувате бракот. Не можеш ти сама да учествуваш во одлуката за развод, двајца сте во брак, како што ти си мајка така тој е татко. Сите жени кои абортирале, целиот живот не можат да си простат себеси за таа погрешна одлука. Ладнокрвни на тоа се само оние бесчувствителните.
I dvete ste vo pravo no momentalo sum vo sok... ako znaj nekoj neka mi odgovori kolku vreme traj procedurata za abortus
Еве на 3:30 оди. Јас пострашен хорор врз здраво дете не сум видела. Ти знаеш како се абортира кај доцно прекунивање на бременста? Инаку оваа постапка е и кај нас.
Јас знам дека инекција не се збрцува во главата на бебчето преку стомакот на мајката. А видеото за жал не можам да го пуштам, не можам да гледам такво нешто колку и да е информативно.
А од каде знаеш? Ако не сакаш видео, можам текст да ти дадам за начин на прекинување на бременост во покасни недели.
Како бе ги носите овие заклучоци ??? Како му влегувате во мозокот на тие што абортирале па знаете дали носат чуство на вина или каење... Од кај знаете каква мака ги тера луѓето да донесат таква одлука за да ги наречете бесчуствителни... Не сум женско, не знам какво е чуството да донесеш таква одлука...не одобрувам абортус без никаква причина...ама и дефинитивно не ми се допаѓа кога оние што донеле одлука за такво нешто, да бидат жигосувани, омаловажувани, или да бидат малтретирани од институциите со цел да им се влијае на нивната волја...
Инекција се става преку инфузијата а ефектот е ист, умртвување на плодот и потоа детето се раѓа како природно пораѓање. Видеово ме ужасна, многу е нечовечно, злобно, трогателно. Го распарчуваат бе... @ninja35 не мора да си жена за да дојдеш до таков заклучок. Не се работи за омаловажување, жигосување, не знам кај забегуваш. Се работи за доживотно каење. А бесчуствителноста се однесуваше на жена која нема никакви чувства на вина, каење и сл. после абортус. Некако ги мешаш брзините. Еве читај искуства на жени кои абортирале и не се фрлај многу да напаѓаш http://abortusne.org.mk/index.php?o...140:licni-svedocenja&catid=46:fakti&Itemid=99
Никој не беше жигосан во муабетов.... да, повеќето кои абортирале онака од кејф, се каат.... и убаво си кажа... само ладнокрвни и бесчувствителни немаат воопшто гајле за тоа. Машко си, незнаеш што значи мајчин инстинкт, и како се добива од сам почеток.
Тие што сакате да раѓате, слободно, ама оставете ги останатите си поинакви одлуки да го живеат својот живот. Баш е таа, ако секој што има матка мора да роди, тогаш и секој што има гласни жици мора да стане оперски пејач.
Јас незнам како тоа си влезена во брак со толку незрело и неодговорно однесување. Не би ти рекла нит судела што да направиш, бидејки тоа е твое лично право. Но побогу, биди малку почовечна и хумана, размисли ако треба и 100 пати пред да пресечеш толку драстична и болна одлука. Тоа што расте во тебе не е играчка, за кога на тебе ќе ти текне така лесно да ја фрлаш од себе. Твојот маж ЗАСЛУЖУВА да го знае тоа па колку год да ви било тешко и лошо. Кога имавте незаштитени односи мислевте на развод? Мислевте на можните последици од вашиот однос? Па зар толку си себична да криеш и да правиш работи позади грб некому а убаво ти беше кога уживаше? Пак ќе кажам дека ти си знаеш, но испадни бар малку човечна и разговарај со маж ти, па потоа и двајцата донесете одлука што понатаму. Абортусот е лесен, за некој час ќе бидеш ослободена, но чуствата и совеста твоја према маж ти незнам дали ќе ти останат и така лесни.
Абортирав во 9ти. Прашањево Цка, сериозна си?! Сум читала, ете од таму знам и сум го прочитала тоа што го кажа Абеја, а не како што беше опишано во постот на Мариз.
Можеби го има и тој метод кога не може да дојде до природно раѓање на плодот и се надевам дека е во крајна нужда истото. Ма да се е крајна нужда. За инекцијата ти кажувам со сигурност дека се става преку инфузија и се чека на предпородилни болки.
Ова со сведоштвата ме потсетува на оние што коментираат на производите од Телешоп...име и нарачан коментар...особено што доаѓа од пропаганден веб сајт, кој се бори против абортусот. Јас ќе ти донесам девојка која абортирала и воопшто ме се кае и тоа ќе ја замолам да се регистрира тука и сама да си го каже тоа...не за друго, за да знаете дека не се оптоварени сите сонтоа и дека немаат такви психички проблеми како што вие тука преставувате...
Ти го лајкнав мислењево не дека ми се допадна напишаното туку заради упорноста. Не мора да ја тераш да се зачленува, јас реков дека има и такви, кои не се каат за ништо, кои немаат тронка грижа на совест, вина, емоции за она дете кое го убила. Ајде ете имала причини како што викаш, ама да не се кае ни најмалку после тоа, станува страшно дури, постои некој проблем во психата на таа жена.
Браво за девојката, не мораш да се мачиш да ја носи на форумов да ни докаже, ти веруваме. Тоа што не се кае или воопшто не и е грижа значи дека е бесчувствителна можеби тоа е добра особина, кој знае како да каже човек... ама кога мене уште ми е криво што ми го умртвија живецот на забот, а таа не се кае што направила абортус.... тогаш дефинитивно ми изгледа како бесчувствителна.
Не бе зашто да му веруваме, одма ќе му кажеме дека е тоа пропаганда и шири невистини само во одбрана на поддржувачите на абортусот. Нешо као со производите од телешоп, така беше мислам споредба у пм.
Abortus opravduvam, bidejki go smetam za licna odluka na majkata. No sepak takvi slucaevi kako predocen abortus od licni pricini a ne od zdrastveni , ne e normalno za mene. Nekoj da nosi Bebe 8 ili 7 meseci i togas da i tekne deka nejke, e mnogu e. Pa cim go nejke neka go abortira vo rana bremenost. Vo kasna bremenost, neka go rodi bre luge cekaat deca za posvojuvanje kolku sakas. Nikoj ne ja tera da go cuva.