Хахахаха, добра си..... што вика мајка ми... човек со негови камења да го удриш, тоа е тоа.... не ми ни текна на претходниве муабети негови
Ете, пак со етикетирања...бесчуствителна, проблем со психа, без чуство на вина. Абе како може да давате заклучоци и да правите здраствен профил на некого што не го познавате....Ете јас редовно контактирам со таа личност и многу добро знам дека е и одговорна и чуствителна дека е жена на место....со семејство, маж, деца... Што значи дека не е убаво да генерализирате да очекувате дека сиѕе треба да се покорат на вашето мислење ...и дека исправно е она што вие мислите дека е исправно.
Абе кој збори за таа твоја пријателка што абортирала, ич не ми е гајле за таквите што мува не ги лази после тоа. Ако ти ја поддржуваш, твој проблем. Јас само си правев општ профил на жените кои абортирале. И не мора да извртуваш муабети. Кажи си нешто свое, доволно го однесе муабетов во погрешна насока. Нема да го смениш моето мислење, макар ја донел и твојата пријателка да се зачлени. Кога ти постирав линк со исповеди на жени кои абортирале, одма - пропаганда било, ова она. А сега ти се нудиш да донесеш пријателка да се исповеда како ич не се секира откако абортирала. Епа контрапропаганда правиш.
@Abeja , не се пали толку...од кај пак ти си толку стручна да правиш општ профил? И воопшто не сакам да ти менувам мислење или да влијаам врз него, раѓај колку сакаш...тоа е твое право и твое тело. Како што и таа што се покајала и предомислила, има свое право и свое тело и таа решава што ќе прави со себе а не некакви квази комисии и експерти. И никој нема право да ја осудува
О мај гад. Каков стручен профил, какви бакрачи. Тебе лично да не те погоди некое мое мислење? Абе нека прават што сакаат, ама ти воопшто не разбираш јас што сакам да кажам. За какви квази комисии и експерти збориш. Јас не сум во комисја за прекинување на бременост. Јас само кажувам свое видување на работите. Прави разлика. Не зборувам за твојата пријателка. Зборувам за емотивната страна после абортусот.
Добив впечаток дека не е бремена од маж ѝ. Можеби тоа е причината што не сака да му каже и по секоја цена сака да абортира. Којзнае?!
Bolna rabota e da abortiras, neka znaat kakva e postapkata za abortiranje vo docna bremenost Ne sum navlegla dlaboko vo vakva tema ne me interesiralo, samo taka znam od devojceto koe abortirase, moze i ne e taka, ama znam deka so igla se stava tecnost nekoja koja kje go umrtvi plodot.
devojko ajde odi setaj ne tuku pisi gluposti ako si se akas ti so koj stignis ne znaci deka I drugite go prat toa ......toa sto jas sakam da abortiram ne e tvoj problem I ne pobarav mislenje od nikoj tuku cena I kolku vreme traj....za drugoto sama si odlucuvam
ne znam zosto odma napagate : bescustvitela, neodgovorna I red drugi raboti .....mislite deka mene lesno mie da znam deka sum trudna a da ne mozam to da go spodelam so mojot soprug ...so licnosta sto mislev da go pominam cel zivot, licnosta vo koja imav najmnogu doverba I sto bev podgotvena se da zrtvuvam za nego nema potreba od napad I navredi odma na nikoj ne ste mu vo kozata za da znajte sto custvuva I kako se oseka.
Само констатирав, а ти се навреди?! Ова е форум и секој има право на мислење и реплика на тоа што го чита. Мене така ми изгледа твојот проблем изложен на форумов. Патем, јас за разлика од тебе свесно го планирам своето семејство. Барем сега во денешно време не е толку тешко тоа. И прочитај погоре кој со каков речник се служи. Очигледно имаш голем проблем кој те вади од контрола. Со лесно и со среќа абортусот.
Vikas nema potreba za navredi a stotuku na majka koja ima bebence i ceka vtoro bebence i rece deka se aka so koj stigne, bezobrazna!
Не ѝ замерувајте, ни јас не ѝ замерувам. Штотуку ја читав дека одамна се распрашува за апчиња за контрацепција, а во друга тема планира семејство. Очигледно е дека девојката има многу поголем проблем од самиот абортус.
Бог да чува.... се мажат... стигнуваат до развод брака со брзина на светлината... во период каде што имаат проблеми со сопругот, неможат да го поднесат и сакаат да се разведат, се 'акаат' со него без заштита, и после абортуси ќе прават. Не ми е јасно, ако толку ти оди на живци еден човек и сакаш да се разведеш, не би требало ни да имаш желба да легнеш со него, ова све каша попара тука - шпански серии. И не ми беше поентава да постот да зборувам за нејзиниот брачен статус, туку кај наебала па и дрска. Не да седне да размисли со тоа тиквата.... не знаете што. Баталете го муабетот дали еден човек е ЗА или ПРОТИВ абортус, секој си има право за свое мислење. Ама жена ќе подразмисли дали на депилирање да оди неделава или не, а за абортус човече, нема размислување. Колку сериозна тема што заслужува барем разговор, размислување, планирање. Па да си направи човек слика во главата или да си направи листа што би било добро а што лошо. Не знам!!! Јас ете и да сум ЗА абортус (ама не сум), ама барем очекувам од нормална личност да размисли прво. Овие на форумов.... сега праев тест, позитивен е, колку пари е да абортирам???? АЛОООООО... чекај малку, диши, полека.
da se rasprasuvav zaradi med. pricini I kako sekoja dr mazena devojka I jas planirav semejstvo ...zabraneto li e ?
Alooo disam jas I jas ne sun drska I poubo e da ne kometiras pojke ne pobarav mislenje nikakvo od tebe......I ne vi e vas pojke maka I krivo od mene vo red ! zarem mislite deka mene lesno mie sto treba del od mene da go izgubam kako sto rekov od daleku e polesno da se komentira
Абе девојче, што те гледам чудна...имаш интернет, телефон, меил...пиши, сврти, јави се во некоја од клиниките. Државна, приватна, сеедно.... Тука, еден ќе ти одговори, пет ќе те критикуваат, шест ќе ти го извртат прашањето и пак на крај нема да добиеш одговор каков што посакуваш...гледаш дека повеќето ги боли тоа што се ду*иш со мажот без да постојат чуства меѓу вас, отколку твојот проблем...
На оваа тема се имам и претходно изјаснето сметам дека секоја жена има право на абортус од свои сопствени причини. Советување треба да постои, но сепак на крајот изборот треба да биде на самата жена. За причините дали се оправдани или не, за тоа дали тие жени се себични, бесчуствителни и сл. никој нема право да дава квалификации и да суди. Кога го читам форумот добивам впечаток дека на една страна се оние кои имаат совршен живот, идеални морални карактеристики и решение за секој проблем и оние кои не знаат што и како со себе, кои животот не го сфаќаат како што треба и дека постојано влегуваат од проблем во проблем,секако по сопствена вина. Форумов му доаѓа како една друга паралелна реалност од онаа која ја живееме. Како и за се останато и за абортусот постојат какви-такви статистички податоци. На пример во периодот од 1970-1980 година кога раѓале нашите мајки(хипотетички) односот бил 1:1, колку живородени деца толку абортирани. Исто така статистички жените во Македонија се на дното на листата на користење на контрацепција, па според тоа голем е бројот на оние кои веќе имаат основано семејство и кои по второто дете најчесто се решаваат да абортираат. Јас познавам голем број на жени кои абортирале и кои се нормални и кои сосема нормално функционираат. Секоја жена има право да одлучува дали ќе роди или не, па дури и тоа да е заради некој свој хир. Сите понатаму живееме со своите одлуки и постапки. Тоа дека голем број на парови чекаат да посвојат дете не значи дека жените имаат морална обврска да раѓаат за да направат некаков баланс во животот и природата. Муабетот ми е оставете ги луѓето да го живеат својот живот, никој од нас нема право да суди. Ако можеме некому да бидеме поддршка, да ја разбереме и испочитуваме неговата одлука во ред, ако не, не треба да квалификуваме, осудуваме и мудруваме по секоја цена.
Не ми се верува, девојката постави прашање, се испишаа три страни попување додека само @joy1, беше коректна и помогна со одговор @lealealea, се согласувам потполно со @ninja35, распрашај се директно по клиниките, тука ете и курва те направија. И нема потреба да се правдаш и објаснуваш, само ти знаеш низ што се поминуваш во моментов. Среќно, што и да решиш на крај.
Вака јас ке кажам како беше кај мене тешко мие но морам да кажам гледам дека има дискусија за тоа па да се изјазнам и јас,имав прекин на бременост во 25 недела с бебето одговараше на 28 беше тешко 1.200 кг.Прво ми ставија инекција во стомакот под папокот за да се умртви бебето една инекција за да се умртрви и една да добијам болки после чекав да добијам болки инекцијата ја примив во 1 поручек слаби болки добив вечерта цела ноќ имав контракции другиот ден сабајлето ми приклучија провокација се мачев со болки цел ден и цела ноќ се породив дури другиот ден во 8 сабајле го родив целото бебе немаше никакви сецкања и слично.