Aко тврдиш дека нешто е апсурдно, тогаш треба да си цврсто убедена во твојот став дека е точен. А тоа што си го читала некаде, не те прави експерт. Очигледно лошо си читала, види пост на паталец над моево мислење. Затоа, кога следен пат ќе и кажеш на некоја дека не знае, дека има апсурдни коментари, препрашај се колку е твоето знаење потковано. Ова ти го кажувам со цел да не навредуваш друг дека не знае, кога ТИ самата не знаеш доволно. Инаку, феминката што праша за абортусот, не е фер да и каже некој дека е ороспија и дека се плеска со други. Ја осудивме за нешто недокажано. Всушност, тоа е нашиот менталитет и нашето општество, некоја абортирала, па ние сите знаеме дека е неморална, абортирала дека и е од друг маж, дека е неспособна дека е бесчувствителна. Од вакви алапачења, предрасуди, жените се плашат и молчат. Ние демек ќе се залагаме за правото на жената да убие нејзино дете или не, ама зад грб ќе и речеме, види ја ороспијава. Теорија и пракса некако не идат заедно, м?
A ако он баш го сака плодот, што тогаш, ќе му го даде он да си го износи и роди? Ако она не сака да роди, никој нема што да и кажува, а ако сака, пак си е нејзин избор. Ни маж, ни мајка, ни свекрва. Совет до неа, размисли што сакаш, како успеа и да сакаш да се разведеш и дете да правиш - не знам. Седни и одлучи, сакаш да го родиш ли? Ако одговорот е да, роди го, без оглед на проблемите потенцијални, ти си мајката и твоја е одлуката. Се постирај, ама ова секташиве абортусне, немој. Толку се одвратни, поодвратно нешто нема. Башка “наука“ од вакви судии рисјани, не е наука. Заклучоков... не, не постои психички проблем ако не се кае. Постои проблем ако упорно забременува и абортира, и не престанува.
Ако јас не сакам да го родам, ќе го родам затоа што тој сака? Не, нема право да одлучува, освен ако тој нема матка, на пример.
@Cka jaс ЗНАМ убаво што зборувам. Значи во ред е тоа што го кажа Моник како паталец, ама прочитај ја Абеја да видиш дека и таа го збори тоа што јас го кажав. И не сум експерт, не ни сакам да бидам. Не се напнувај одма. Стојам пак на истото дека коментарот на Мариз беше невкусен и збогатен со зборови како ЗБРЦУВА кој што делува како хорор во овој случај, да. А прочитај ја Моник како го има опишано процесот, иако таа самата го проживеала и пак не звучи така како на Мариз која раскажува од рекла-казала. Ама нели на темава МОРА се да биде што е можно похиперболизирано за да биде жената претставена како што е можно поголем убиец.
А извинете сите вие поборници против абортусот, зошто оправдувате абортуси при случај кога бебенцето не е комплетно здраво т.е. на пример има даунов синдром, му фали екстремитет и сл.? Тоа суштество нема ли душа и чувства како и оние останатите? Ако толку сте поборници против абортусот затоа што го сметате за убиство тогаш треба по секоја цена да бидете за тоа детето да се роди и да се одгледува онакво какво што е, без разлика дали ќе живее мерено во часови, месци или години. Да, животот ќе се претвори во нешто сосема поинакво од она што сте очекувале, но нели нема да бидете убијци. Или двојни аршини и тука ќе имаме? Бај д веј, познавам прекрасни деца и луѓе со даунов синдром, ведри, насмеани и добродушни, а веројатно и со многу повеќе чувства од сите нас овдека.
Еве јас за себе ќе си кажам. Без разлика дали ќе има здравствени проблеми или не, дали ми е планирано или не, дали го сака таткото или не, дали имам финансии или не Ќе го родам.
Морав да ја кропнам сликата. Ова го има напишано една моја професорка. Сликата се кажува " НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МАТКАТА! НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО ОДЛУКИТЕ " Според мене, секој има право да одлучи, дали ќе го роди бебето или не. Никој нема право на никому да му се меша во изборот на одлуката. Никој нема, никакво право да ја обвинува со погрдни зборови таа жена што ќе одлучи да абортира!!!
Имаш матка ама немаш сперма... или вие што одлучувате сами оти светиот дух ве зачнал???? Битно таткото мора да плаќа 50% алиментација при развод.... море море.... еднаквост шта да ти причам....
Абе што гледам татковци, ред се редат за алиментација да плаќаат...мхм, да. Јас познавам неколку кои немаат поима што им се случува со детето. Тоа си е со мајката, овие си имаат ново семејство и ич не им чуе. Сите се арни. Како викаат, само во куќа да не ти се...
Што ви е бе на сите!? Дали сте нормални. Сите душобрижници, ја мајката. Чувство на вина на тие што абортирале (глумци во кампања), па убиства, па инекции во глава, па распарчување на плодот. Секој по слободна воља има право да абортира па дури ни другата страна не мора да знае, телото на жената нејзина одлука. @lealealea ако си решила да се разведеш и мислиш дека со тој човек немаш иднина нема што да му кажуваш, да абортираш слободно. Подобро сега одколку детето да го осудиш да живее со двајцата во немир и расправии. И покрај законот ако дадеш образложение дека те малтретира не се сложувате ќе го добиеш потписот за абортус. На тема алиментација само ова хахахахахахахахахахахаааааааааааааааа, ете толку.
Колку што е она мајка на тоа дете, толку е и он татко. Двајцата придонеле за негово зачнување и на двајцата е одлуката што понатаму.
Aј не дроби, жити мајка баш така е нели! Колку силувања има во брак А!? Жената не сакала ама морала нели! Тој е сопругот семоќниот. Е баш тој не е татко тој е ѓубре, а ѓубрето оди во канта за отпадоци.
Далерон, поштено го отупе. Дробела, не дробела, девојката си кажа свое мислење, немаше потреба од дрскост и дробење, па и мешање мајки, не очекував од тебе. Зошто мажот да е ѓубре? Од кај знаеш ти кој е за во корпа, ја направивте бременава што сака да абортира жртвено јагне. Можеби нејзиниот маж е жртвата. Затоа повеќето овде сакаа да помогнат со совет да не дојде до развод или барем да се наведат причини. Вака без аргументи, причини, помислата е повеќе за осуда.
Абеја секој со слободна воља и разум има право да абортира. Сите ја нападнавте, епа јас не го делам вашето мислење дека не треба да се абортира, без разлика дали ќе каже или не кога веќе решила да се разведе(според нејзиниот пост).
Абе едно е да имаш свое мислење ама друго е да му се обратиш на некој со - не дроби, жити мајка, не јади гомна уште фалеше. Што има врска мајка и со муабетов па ја колнеш. Ова ме потсеќа на една на работа кога ќе рече ај жити мајка направи ми тоа и тоа, јас во себе тивко се дерам и пцујам, она на мене мајка ќе ми спомнува.
Е аман де и ние сме нечии мајки па не спомнуваат, тоа е чисто метафорички и не се фаќај за тоа, мислам дека ми ја разбра поентата.
Ццццццц... Не ја сфаќам потребата за вакви навреди. Најверојатно кога ќе навредите некого и ќе го направите од го*но подоле, автоматски си го билдате сопственото его. Друга причина за ова не гледам, навистина. Едно е да дадеш совет на тој што го бара, па дури и мислење, ама ова... ова ги премина сите граници. Се душебрижници, свети Марии и што уште не!!!
Ретко пишувам на форумот баш од истата причина што ја наведе @ninja35, а причината е што морам сто пати да си го препрочитам сопственото мислење за да сум сигурна дека некој нема двосмислено да ме сфати или да ми ги изврти зборовите. Многу подобро ќе биде да се одговара стриктно на прашањето што е поставено, а не веднаш со осуди. Нормално, добронамерни критики се прифаќаат, ама до толку да навлегуваме и членката да ја направиме курва, на мене лично не ми се допаѓа (и сега следува оправдувањето дека секој може да има свое мислење). Според мене прво треба да се ставиме во кожата на другиот, па потоа да советуваме или критикуваме. Јас лично не можам да и одговорам на @lealealea на прашањето за цените и постапката. Само сакам да кажам дека не ја осудувам.Според мене, треба да каже на сопругот, но последната одлука треба да биде нејзина. И за крај, поздрав до сите, а посебно до @joy1